Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се соочува со сè поголеми критики, а шпекулациите околу неговата иднина стануваат сè почести. Причините се непостојаната форма, лошата позиција на табелата и фактот дека тимот има само една победа на последните шест натпревари во сите натпреварувања. Сепак, Хау верува дека „чавките“ можат да врзат серија на добри резултати и успешно да ја завршат сезоната, а надежта му е таа серија да започне на утрешниот дуел ...
Силекс на импресивен начин ги освои бодовите против АП Брера, славејќи со убедливи 4-0 на отворањето на 28-то коло од Првата фудбалска лига. Тимот од Кратово ја продолжи победничката серија и сè појасно ја истакнува својата амбиција за висок пласман. Натпреварот започна со контрола на Силекс, а иницијативата беше крунисана веќе во 19-тата минута. По корнер, Бутуровиќ најдобро реагираше во мешаницата пред голот и со удар со глава го отвори ...
Тренерот на Интер, Кристиjан Киву, одржа остар говор на прес-конференцијата пред натпреварот со Каљари од 33-тото коло на Серија А. Неговиот тим е лидер на табелата со 75 бода, со девет повеќе од второпласираниот Наполи. Киву беше прашан за иронијата кон Алегри од минатата недела. Тогаш романскиот тренер изјави: „Скудето? Ќе направам како моите колеги кои зборуваат за Лигата на шампионите и ние ќе се приближе кон нашата цел.“ „Ако не ја ...
Во Шпанија продолжуваат да се појавуваат спротивставени информации во врска со иднината на главниот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа. Според „ТВЕ“, стручњакот ќе ја задржи својата позиција и во следната сезона, без оглед на испаѓањето во четвртфиналето од Лигата на шампионите и заостанувањето од девет бода зад лидерот во Ла Лига, Барселона. Раководството на Кралскиот клуб, барем засега, го поддржува младиот тренер и планира не само да го ...
Фудбалерот на Челзи, Мојсес Каиседо, дефанзивен играч за врска кој уште во Брајтон се докажа како еден од најдобрите на својата позиција во најсилната лига во светот, ќе го продолжи договорот со лондонскиот клуб. Првично неговиот договор важеше до 2031 година, но благодарение на својата посветеност, заслужи нов договор и зголемување на платата. Еквадорецот, кој го собори трансфер-рекордот меѓу премиерлигашките клубови во тој момент, а подоцна ...
По елиминацијата на Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, разочарување ги зафати фудбалерите на Кралскиот клуб, кои одбија да дадат изјави. Еден ден подоцна, Килијан Мбапе беше меѓу првите што го прекинаа молкот. „Се боревме до самиот крај, но тоа не беше доволно. Разочарувачки е да се испадне од толку важно натпреварување, но мора да продолжиме напред. Треба внимателно да се погледнеме меѓу себе за да избегнеме повторно ...
Работнички е еден од клубовите кој никогаш нема испаднато во второлигашка конкуренција во суверена Македонија, а оваа сезона се најде во многу тешка ситуација откако имаше очаен прв дел од сезоната. Оваа пролет тимот игра подобро, но сѐ уште е во загрозена позиција на табелата. Младинскиот репрезентативец Никола Манојлов заедно со соиграчите има мисија да обезбеди опстанок за тимот од Дебар Маало, а ќе се обиде да погоди и хуманитарен тикет ...
Квоти од 12.0 до 18.0 ќе најдете во четирите Бет билдер комбинации кои ги нуди Sport Life за денеска. Ако верувате во победи на Комо, Интер и Ленс, имате избор, а за Сент Паули – Келн не се фаворизира никој и таму еден од условите за добивка е двата тима да постигнат гол. Иако квотата кај Сасуоло – Комо е 18.0 и е една од најголемите, но не е нереално, напротив. Победа на Комо во меч на кој Нико Паз би имал гол или асистенција, Дувикас барем ...
Силекс и Брера Струмица од 13 часот во Кратово отвораат ново коло во Првата македонска фудбалска лига, а тоа е меч во кој кратовци се фаворити на хартија. Силекс има серија од три лигашки победи по ред, а и струмичани имаат три кола по ред без пораз, нив целта им е да избегнат бараж за опстанок и да осигурат директно останување во елитното друштво. Првите два дуела на овие екипи сезонава беа голеади: во Кратово во август Силекс победи со 5-0, ...
3001 Сасуоло – Комо (18.30 часот) Комо освои само еден бод во претходните две кола и почна да губи здив во трката за четвртото место кое води во Лигата на шампионите, а на стартот на 33-тото коло има гостување кај непредвидливиот Сасуоло, кој има само шест ремија и двојно повеќе победи, а и уште повеќе порази од победи. Во последните три кола, двата тима имаа по една победа, реми и пораз. Сасуоло дома има само два нерешени резултати во 16 ...
Со полуфиналните дуели во машка конкуренција, ГРК Охрид – Еурофарм Пелистер од 17 часот и Алкалоид – Вардар 1961 од 20 часот, вечерва во салата „Парк“ во Струмица почнува спектакуларниот финален турнир во Купот на Македонија. Годинава, како ретко кога, не само што нема топ фаворит кој се издвојува, туку сите четири тима имаат реални шанси да дојдат до победничкиот трофеј. Можеби во мала предност е бранителот на трофејот во Купот, Вардар, кој ...
Супер типот на Sport Life за денеска е пребогат, има дури 80 зголемени квоти, по пет опции за 16 натпревари кои се играат вечерва низ фудбалските терени во Европа. Овие квоти се најголеми за тие игри и може да се искористат како џокери за подобрување на потенцијалната добивка на тикетите уплатени во најдобрата обложувалница во Македонија. Изборот е голем, има „зицери“ кои би било чудо ако не бидат добитни, а има и нешто поризични игри кои ...
До пред една недела, во Шпанија беа речиси сигурни дека ќе имаат петти тим во Лигата на шампионите во следната сезона, но сега ситуацијата е критична, предноста во однос на Германија е драстично намалена, може да се каже дека дури и Германците се фаворити да бидат втората земја по Англија која ќе добие и петти тим благодарение на коефициентот. Победите на Баерн над Реал Мадрид и на Фрајбург над Селта ја сменија ситуацијата која сега е ...
Вкупна квота од 38.7 ќе добиете ако на ист тикет ги уплатите петте Квоти на денот кои ги нуди Sport Life. Прв предлог е да одиграте дека на Сасуоло – Комо ќе има 3+ голови, и дека ќе има гол во прво полувреме. Оваа комбинација носи квота од 2.05. Монако да ја добие првата четвртина во евролигашкиот меч против Хапоел Тел Авив, е со квота од 2.00. Второто полувреме да биде поефикасно од првото на Санкт Паули – Келн, е игра за која квотата која ...
На кошаркарскиот натпревар Реал Мадрид – Црвена ѕвезда кој се играше синоќа во главниот град на Шпанија, во првиот ред присуствуваа и НБА ѕвездата Лука Дончиќ кој е „дете на Реал“, и најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ. Пред мечот, тие добија подарок дрес од Реал Мадрид. Лука си ја доби неговата седумка која ја носеше додека играше во Реал, а Новак доби дрес со бројот 1, што покажува на кое место Кралскиот клуб го рангира Србинот. ...
Фудбалска Италија уште не може да се опорави од шокот што пак нема да бидат учесници на Светско првенство, а дојде ново понижување, првпат по 2018/2019, ќе немаат тим во полуфиналето на некој од европските купови. Синоќа Болоња и Фиорентина го завршија својот пат и ја оставија Италија без екипа во Европа. Во следната сезона, Италија ќе има седум тима во Европа, четири во Лигата на шампионите, два во Лига Европа и еден во Конференциската ...
Нотингам форест го елиминираше Порто и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а Шумарите се во една многу чудна ситуација. Англискиот тим во полуфиналето на ЛЕ ќе се соочи со Астон Вила, а во исто време, Форест е во опасност да испадне од Премиер лигата на крајот од сезоната, во моментов е на 16-то место на табелата со само три бода пред Тотенхем, кој е на 18-то место кое води во ранг подолу. Значи, теоретски, останува отворена ...
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, има затегнати односи со раководството, што би можело да го натера италијанскиот стратег да го напушти клубот на крајот од сезоната дури и ако тимот се квалификува за Лигата на шампионите. Иднината на Алегри во Милан е неизвесна поради заладените односи со дел од клупските директори, тврди италијанскиот медиум „Кориере дело спорт“. Според изданието, Алегри не секогаш ја чувствувал поддршката од клубот ...
Екипите на Астон вила, Брага и Нотингем форест се приклучија на Фрајбург во полуфиналето од Лига на Европа. Астон вила немаше никакви проблеми и втор пат убедливо ја победи Болоња, овојпат со 4:0 и со вкупни 7:1 оди во следната фаза во второто по ранг натпреварување на УЕФА. Меѓу четирите најдобри ќе биде и Брага, која направи подвиг и со 4:2 славеше на теренот на Бетис. По првиот меч резултатот беше 1:1, а вечерва Бетис водеше со 2:0, на ...
Францускиот тим на Стразбур направи подвиг откако со 4:0 славеше над Мајнц во реванш дуелот од четвртфиналето во Конференциската лига на УЕФА. На првиот меч Стразбур на гостувањето во Германија загуби со 2:0 и едноставно сега покажа дека има квалитет да надокнади сериозно заостанување против еден бундеслигаш. Стразбур водеше со 2:0 на полувреме, потоа промаши пенал во вториот дел, но и тоа не ги „скрши“ туку домаќините продолжија да напаѓаат ...
Поранешниот англиски репрезентативец Мајкл Овен има свој фаворит за освојување на златниот медал на претстојното Светско првенство, а тоа не е Англија. Овен, кој во 2001 година ја освои најпрестижната индивидуална награда, Златната топка, анализираше дека зголемувањето на бројот на учесници на завршницата од Мундијалот има свои позитивни, но и негативни страни. Овен потенцираше дека сега на завршницата од планетарниот собир се дел од ...
Реал Мадрид е елиминиран од Лига на шампиони, па сега единствената надеж да освои пехар сезонава е првенството на Шпанија. Сепак, Кралскиот клуб и во оваа трка е во заостанување, има девет бодови помалку од Барселона и тоа на седум кола до крајот. Најголемите ривали во Шпанија ќе играат меѓусебе и тоа на „Камп ноу“ во рамките од 35. коло. Иако има уште мнгоу до тој меч, веќе започнаа калкулациите дали може да се случи Барселона да има доволен ...
Марко ван Бастен, холандска и светска фудбалска ѕвезда, е цел на вознемирување од страна на збунета жена. Поранешниот врвен напаѓач го потврди тоа за телевизискиот канал во својата татковина RTL Boulevard. Жената тврди и дека сопругата на Ван Бастен, Лизбет, има афера со друг маж. „Збунета жена од Италија тврди дека мојата сопруга ме изневерува и дека е опседната од ѓаволот“, изјави Ван Бастен за RTL Boulevard. „Наводно, и моите деца се лоши ...
Напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике, преку социјалните мрежи ги сподели своите први зборови по тешката повреда. Французинот ја скина Ахиловата тетива, па покрај тоа што ќе ги пропушти сите преостанати натпревари на Ливерпул до крајот на сезоната, нема да му биде на располагање ниту на селекторот Дидие Дешан за претстојното Светско првенство. Се очекува неговото закрепнување да трае околу девет месеци. „Тешко е, можеби дури и неправедно… но ...
Од 36 клубови кои се изборија за настап во лигашкиот дел од Лига на шампиони, останаа само уште четири екипи, оние кои ќе играат во полуфиналето. Атлетико Мадрид – Арсенал и Баерн Минхен – Пари Сен Жермен се полуфиналните двојки кои ќе играат двомеч, а потоа ќе се знаат патниците во финалето. Јасно е дека во финалето ќе има еден клуб кој никогаш не бил европски првак, а прашање е дали тоа ќе биде Атлетико Мадрид или Арсенал. Двата клуба ...
Германскиот бундеслигаш Фрајбург во голем стил се пласираше во полуфиналето од Лига на Европа, откако вечерва втор пат убедливо славеше над Селта Виго. По победата на свој терен од 3:0 пред една недела, фудбалерите на Фрајбург вечерва беа убедливи и во Виго и ја победија Селта со 3:1, што значи дека место во следната фаза обезбедија со вкупна победа од 6:1 по двете средби. Да нема дилеми и во реваншот гостите се погрижија со двата гола во ...
Поранешниот француски репрезентативец Патрис Евра го критикуваше однесувањето на ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус јуниор. „Винисиус е фантастичен играч, но неговиот однос навистина го доведува во заблуда. Театралноста, постојаните реакции, тоа е здодевно за гледање. Лесен допир и тој паѓа на земја, барајќи црвен картон, а потоа веднаш станува, како ништо да не се случило“, изјави Евра. „Минатата година беше Кимих. Минатата ноќ, истата ...
Реал Мадрид синоќа испадна од Лигата на шампионите откако загуби од Баерн Минхен во реваншот на „Алијанц арената“ со 4-3. Во полуфиналето оди германскиот гигант, кој славеше со вкупен резултат 6-4. По натпреварот, кој беше исполнет со тензии, претседателот на Реал Мадрид влегол во соблекувалната на своите играчи и им кажал што му лежи на душа. „Ти (Арда Ѓулер) излегуваш, не гледај што ќе се случува сега. Една сезона без трофеј е неуспех, две ...
Лионел Меси летово треба да го одигра неговото последно Светско првенство, а сигурно не многу потоа ќе дојде време кога аргентинскиот виртуоз ќе мора да стави крај на својата неверојатна играчка кариера. Според најавите, Меси и по завршување на играчката кариера ќе остане активен во фудбалот, а тоа го потврдува и фактот дека Аргентинецот купил свој клуб. Повеќе светски медиуми, меѓу кои и реномираната „Марка“, објавија дека Меси го купил ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија со денешната ждрепка ги доби ривалите за Европското првенство кое ќе се одржи во декември во вкупно пет држави. Ракометарките ќе играат во група заедно со селекциите на Норвешка, Романија и со Швајцарија. Македонија секако не е меѓу фаворитите, но ќе се обиде да стигне до добри резултати на континенталниот ракометен собир. Европското првенство за ракометарки ќе се игра од 3 до 20 декември. ...