Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Автомобилскиот гигант БМВ повлекува речиси 28.000 автомобили поради проблем со погонскиот склоп што може да има многу непријатни последици во одредени околности. Според документите од Националната администрација за безбедност на сообраќајот на САД, повлекувањето се однесува на 27.720 примероци од одредени серии седан на BMW. Проблемот е поврзан со погонското вратило, односно компонентата што ја пренесува моќноста на задните тркала. Во најлош ...
Изборот на авиокомпанија може значително да влијае врз буџетот за едно патување. Според анализа на AirAdvisor, постојат големи разлики меѓу европските превозници кога се споредува приходот што го остваруваат по расположлив седиштен километар. Овој показател, познат како RASK, ги зема предвид приходите од патниците во однос на растојанието и понудениот капацитет, вклучувајќи ги и дополнителните услуги како багаж и избор на седиште. Повисок ...
Агенцијата Меккен Скопје доби нов генерален директор. Од крајот на месецов истата, која е членка на Групацијата AMA, ќе ја води Горан Димовски. Димовски ја започнал својата кариера во Меккен Скопје во 2010 година. Извршувал различни функции, вклучувајќи и директор за продукција и директор за операции. Во 2018 година, по основањето на продукциската куќа AdVenture, која исто така е членка на Групацијата AMA, тој го презеде нејзиното управување. ...
Анализата на порталот Пари направена според податоци од Бизнис мрежа, покажува дека 276 трговски друштва со целосен косовски капитал, чиишто службени адреси се во земјава, лани оствариле приход од 265,1 милион евра. Истиот споредено со претходната година е намален за 2,37%. Нивниот профит пораснал за 2,05%, и лани изнесувал 9,3 милиони евра. Најголем промет има СПАР Нортх Македонија – 111,7 милиони евра, и истиот бележи раст за 12,04%. ...
Генералниот извршен директор Драгољуб Арсовски изврши купување на 1.009 акции од друштвото ТТК Банка, согласно објавениот образец за трансакции на лица со раководни функции, соопшти Македонска Берза. Трансакцијата е порамнета на 19 август 2026 година, а по последното купување Арсовски поседува 2,1 отсто од вкупниот број издадени акции на компанијата. Објавата е направена во согласност со правилата за транспарентност и информирање на ...
„Жито Полог“ АД Тетово во периодот јануари-јуни 2026 година остварил негативен финансиски резултат од 22.557 илјади денари, односно околу 22,6 илјади денари загуба пред оданочување. Вкупните приходи во првите шест месеци изнесуваат 88.028 илјади денари, односно 88 илјади денари, и се за 2 проценти повисоки во споредба со истиот период минатата година. Најголем дел, 96 проценти, отпаѓаат на приходите од продажба на производи и услуги, кои ...
Благ пораст на инфлацијата во еврозоната. Евростат објави дека во јули трошоците за живот се зголемиле за 2,9 отсто, додека во Унијата годишната инфлација достигна 3%. Поскапело речиси се - и услугите и храната и пијалоците. Но, најголем е скокот кај енергијата. За една година над 10%. Зголемувањето на цената на енергенсите започна со стартот на војната на Блискиот Исток – од март годинава. Највисоки стапки на инфлација има во Романија-8,2, ...
Германија се обидува да ја ублажи кризата поради недостатокот на квалификувана работна сила со увоз на работници, а за да ги отвори вратите уште повеќе за доаѓањето на имигранти на работа, признава се повеќе странски квалификации, јави ДПА. Минатата година, според официјалната статистика, германските власти одобриле 86.600 барања за признавање на странски квалификации. Тоа е десет проценти повеќе од претходната година, односно 21 и 25 ...
Запознавање на даночните обврзници со нивните законски обврски, навреме да го пријават доходот остварен од туризам и да го платат соодветно данокот е целта на денешната информативна средба на претставници на Управата за јавни приходи во Охрид со туристичкиот сектор во Охрид во рамките на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“. Целта на Управата, според координаторката на даночно одделение – Охрид, Весна Николоска-Ристовска, не е ...
На 20 август, срцето на Дебар Маало ќе има нова причина за наздравување! СКОПСКО подготвува нешто поинакво – нов изглед, нова енергија и големо урбано дружење кое ќе ги спои луѓето, уметноста и музиката. Што точно се подготвува? Засега, велат, доволно е да се знае дека на аголот помеѓу „Бафо“ и „Нацак“ ќе се случува нешто што не се пропушта. Посетителите меѓу првите ќе можат да го откријат освежениот изглед на СКОПСКО, но тоа е само дел од ...
Цената на електричната енергија останува едно од најчувствителните економски прашања за граѓаните, но владината стратегија покажува дека фокусот постепено се поместува од краткорочно контролирање на цените кон зголемување на домашното производство. Целта е Македонија да увезува помалку струја, да произведува повеќе и на тој начин да создаде услови за постабилни и пониски трошоци. Во моментот, според податоците што ги презентира власта, ...
text size „СК Хајникс“ (SK Hynix Inc.) објави планови за откуп на сопствени акции во вредност од 40 билиони вони (29 милијарди долари), во обид да ги смири инвеститорите загрижени за одржливоста на трошоците за ВИ. Производителот на мемориски чипови соопшти дека ќе откупи и поништи до 24 милиони сопствени акции меѓу 20 август и 19 ноември, покажува регулаторна пријава објавена во средата. Неговите акции ги намалија загубите во тргувањето по ...
Бакарот се приближува до нов рекорд на Лондонската берза за метали, а зголемените ценовни распони укажуваат на сè поостро намалување на понудата на овој метал на светско ниво. Цената се приближува до врвот од над 14.500 долари за тон постигнат во јануари. Со ваквите цени на светските берзи Македонија има голем потенцијал за заработка, но не се охрабрува да се вклучи во трката и покрај тоа што државата лежи на бакар. Во земјава функционира ...
Подготовките за патување не мора да да бидат стресни, се’ додека знаете што точно сакате да понесете со себе. За некои луѓе, тоа се само есенцијалните работи: крпа, костум за капење, неколку пара резервна облека и се разбира, крема за заштита од сонце. Таков е случајот и со нашата позната водителка Билјана Дебарлиева, која не заминува на патување без нејзиниот Eucerin Sun Oil Control SPF 50+, кој обезбедува моќна заштита од силните сончеви ...
Цените на храната во светот би можеле значително да пораснат оваа година. Најголем раст се очекува кај пченицата, што би можело да доведе до зголемување на цената на лебот и тестенините, оценува британската компанија за економски анализи „Оксфорд економикс“ (Oxford Economics). Според анализата, глобалните цени на храната годинава ќе пораснат за 11,8%, додека следната година ќе пораснат за уште 4,8%. Житарките, овошјето, зеленчукот и млечните ...
text size „Тикток“ (TikTok) истражува функција што би им овозможила на корисниците да си испраќаат пари едни на други преку директни пораки, потег што би го проширил влијанието на апликацијата за социјални медиуми во финансиските услуги. Функцијата што е во развој, доколку се лансира, би ја користела понудата „Тикток пеј“ (TikTok Pay) што е веќе достапна во Југоисточна Азија за менаџирање со трансакциите. Доказ за евентуалното додавање на ...
Од јануари до крајот на јули во Хрватска се издадени околу 106.000 дозволи за престој и работа на странски државјани, што е за 7,5 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Во исто време, бројот на дозволи за нови вработувања е речиси преполовен, додека бројот на продолжувања на постојните и сезонските дозволи е зголемен. Директорот на Хрватската служба за вработување, Анте Лончар, изјави за ХРТ дека во Хрватска моментално се ...
Додека вниманието во јавноста е насочено кон можноста вештачката интелигенција да замени дел од работните места, европските компании во моментов се соочуваат со сосема поинаков проблем – недостаток на луѓе кои можат веднаш да ги пополнат потребните позиции. Податоците за европскиот пазар на труд покажуваат дека најголем број слободни места има во професии поврзани со техниката, производството, машинството, транспортот и администрацијата. ...
Министерството за внатрешни работи на САД вчера предложило продажба на концесии за длабокоморско рударство во водите околу Северните Маријански Острови. Предлогот е дел од поширока иницијатива на администрацијата на претседателот Доналд Трамп насочена кон обезбедување домашни залихи на клучни минерали. Администрацијата за морски минерали на САД (MMA) предлага да се продаде на аукција приближно 271.000 квадратни километри од морското дно ...
Компанијата „Мета“, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, се соочува со историска судска тужба во процесот што денеска започнува пред судот во сојузната американска држава Калифорнија, откако адвокатите на двете страни ги соочија аргументите околу клучните сведоци и висината на потенцијалната отштета. Коалицијата од американски сојузни држави ја поднесе тужбата уште во 2023 година, а четири држави — Калифорнија, Колорадо, ...
Од 27 септември компаниите во Европската унија ќе се соочат со построги правила за таканаречениот „greenwashing“, односно користење неосновани тврдења дека одредени производи или услуги се еколошки, зелени или климатски неутрални. Според новата европска регулатива, компаниите повеќе нема да можат да користат општи ознаки како „зелен“, „добар за животната средина“ или „климатски неутрален“ доколку за тие тврдења немаат соодветни докази. Тоа ...
Компанијата Самсунг („Samsung“) и Музејот за историја на уметноста во Виена (Kunsthistorisches Museum) денес објавија ново партнерство со кое 43 внимателно избрани ремек-дела од музејската колекција ќе станат дел од Samsung Art Store.[1] Почнувајќи од денес, љубителите на уметноста ширум светот ќе можат да пристапат до овие иконски дела во импресивна 4K резолуција, ексклузивно на компатибилни „Samsung“ телевизори.[2] „Музејот за историја на ...
„Кажете ни нешто за себе“. Речиси нема кандидат кој не го слушнал ова прашање на разговор за работа. На прв поглед изгледа едноставно. Нема точен и погрешен одговор, нема формула, нема тест. Но токму тука многумина прават грешка: почнуваат од факултетот, продолжуваат со првата работа и практично го прераскажуваат своето CV. А човекот од другата страна веќе го прочитал. Познавачите на процесот на вработување посочуваат дека работодавачот со ...
text size Основачот на „Индитекс“ (Inditex SA), Амансио Ортега, додаде уште еден имот во центарот на Лондон во своето огромно портфолио, купувајќи луксузен комплекс во Мерилебон. Семејната инвестициска компанија на Ортега, „Понтегадеа Инверсионес“ (Pontegadea Inversiones), купи станбена зграда за изнајмување во Лондон за 150 милиони фунти (202 милиони долари). Зградата се наоѓа на Бејкер стрит 219, изјави портпарол за „Блумберг њуз“, откако ...
Успешните компании најчесто се мерат во бројки – раст, приходи, нови пазари, број на вработени и освоени технологии. Но зад секој од тие резултати стои многу потешко мерлив фактор: луѓето и средината во која тие се развиваат. Токму човечката страна на успехот беше во фокусот на последното издание на „Свесност Live Session“, кое во „Училница“ ги собра Александар Мемца, основач на IWConnect, и неговите долгогодишни соработници Никола Поповски и ...
Рекордните горештини, суши и пожари силно ја погодија европската економија ова лето, од енергетиката и земјоделството до речниот транспорт и туризмот. Економистите проценуваат дека вкупната штета веќе е измерена во стотици милијарди евра и предупредуваат дека ова е само почеток. Посебен проблем е фактот што неколку екстремни феномени се случуваат истовремено. -Имаме топлотни бранови, суши, шумски пожари… Овие настани се случуваат во исто ...
Турција ќе формира ново државно тело кое ќе ја координира политиката за критични минерали, со цел зголемување на домашниот ископ и намалување на ризиците во снабдувањето за одбранбената индустрија, енергетиката и високотехнолошката индустрија. Т.н. Одбор, кој ќе го сочинуваат повеќе институции, ќе го одредува стратешкото значење на одреден минерал за индустријата, како и еколошките и социјалните ефекти од екстракцијата и преработката на ...
Nvidia поседува речиси 123 милиони акции во SpaceX, удел чија моментална вредност се проценува на околу 17 милијарди долари, покажуваат податоците од регулаторната пријава на компанијата до американската Комисија за хартии од вредност и берзи. На крајот на јуни, акциите што ги поседувала Nvidia биле проценети на речиси 21 милијарда долари, но нивната вредност се намалила по падот на цената на акциите на SpaceX по излегувањето на компанијата ...
„Дојче Телеком“ во понеделник објави дека се согласил да го купи полскиот мрежен оператор „Фајберхост“ (Fiberhost) и малопродажниот телевизиски и широкопојасен интернет провајдер „Инеа“ од австралиската инвестициска банка „Мекквари Асет Менаџмент“ (Macquarie Asset Management). Тој бизнис вреди една милијарда евра, соопшти германскиот оператор. Трансакцијата претставува нов чекор во трансформацијата на полската подружница на „Дојче Телеком“, ...
Винарската визба Тиквеш АД Кавадарци во првите шест месеци од годинава остварила бруто добивка од 885,6 милиони денари и истата е повисока за 21% споредено со истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Вкупните приходи забележаа зголемување од 9% во однос на истиот период од минатата година. Растот е резултат на зголемените приходи на странските пазари за 14% и 3% од продажбата на домашниот пазар. Трошоците за продажба и ...