Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Во 2025 година се родени 15.932 деца вкупно, од кои живородени се 15.850, а 82 се мртвородени. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,7 %, односно на 100 живородени женски деца, 106,9 се машки – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во јули: 1.531. Според возраста на мајката, најголемо учество, односно ...
Советот на јавните обвинители на денешната седница го продолжи ангажманот на Наташа Крстева Цалева како вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот не назначи ново лице, туку ја продолжи функцијата на досегашната ВД, со цел да обезбеди континуитет во работата на ВЈО Скопје. Како што информираше претседателот на СјОРМ, Башким Бесими, постапката за избор на нов Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје, уште ...
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули ќе треба да влезе во затворот ,,Скопје” во Шуто Оризари. -Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година, информираа од Кривичниот суд. Пред неколку дена од Кривичниот суд информираа дека со пресуда на Апелација, ...
Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ при Медицинскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје беше добиен и поставен демо роботски хируршки систем EdGe Medical на кој успешно е изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион. Станува збор за уролошка операција кај пациент со карцином на простата, изведена со примена на ...
Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската Бизнис Заедница. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридор 10 и кракот 10 ...
Народната банка го објави Конкурсот за доделување на Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2027 година. Наградата се доделува со цел да се поттикне развојот на научната мисла и изработката на истражувачки трудови од областа на макроекономијата, банките и банкарските системи, како и да се афирмираат млади и стручни кадри. Право на учество на Конкурсот имаат државјаните на ...
Со изведување материјални докази од Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентира докази за Агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити солушнс“, а се однесуваат на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и на преземени и непреземени ...
Оперативниот план за вработување за 2026 година предвидува опфат на над 10.000 лица и средства во вредност од речиси 40 милиони евра, со фокус на отворање нови работни места, намалување на невработеноста и поддршка за младите, изјави денеска Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Според Панова, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку овој план настојува да ја зајакне домашната економија, да создаде нови можности за вработување и да ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе ги почне разговорите за најавената реконструкција на Владата, која, потенцира денеска во изјава за медиуми, влегува во втората половина на мандатот и политички умно е да биде подготвена на секакви сценарија, како што се и предвремени парламентарни избори. – За брзо време веќе сме во втората половина на нашиот мандат, ќе имаме парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат. Дали ...
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги прими учениците од општинските основни училишта кои во текот на учебната година постигнаа значајни резултати на државни натпревари и освоија високи пласмани во различни области. На приемот, градоначалникот им упати искрени честитки на наградените ученици и на нивните ментори за вложениот труд, посветеност и остварените успеси, нагласувајќи дека нивните достигнувања претставуваат ...
Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на Собранието, на денешната 61 седница ги разгледаа предлог законите за дополнување на Законот за електронските комуникации, за изменување на Законот за урбанистичко планирање и за дополнување на Законот за градење сите по скратена постапка. Членовите на комисијата го разгледаа предлог на законот за дополнување на Законот за електронските ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски денес присуствуваше на пуштањето во употреба на новата спортска сала во населбата Расадник, Општина Кисела Вода. Ристовски изрази задоволство од тоа што спортистите и рекреативците добиваат уште еден објект кој ќе можат да го користат за подготовка и натпревари. -Од она што некогаш беше руина, направивме сосема солиден спортски храм којшто има пропратни дејствија. Пред салата се наоѓа преубав плоштад на ...
Пуштена е во употреба спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода. Премиерот Христијан Мицкоски на пуштањето во употреба посочи дека како Влада секој ден се трудат дел од оние проекти коишто ги започнале да ги завршуваат, полека но сигурно со пролетта сега и со летото голем дел од тие проекти коишто се почнати се финишираат и ќе го добиваат она светло коешто го заслужуваат. -Еден од тие објекти е и оваа спортска сала, отприлика вака како што е ...
Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на Меѓународната конференција „Сојузништво за еднаквост“, која се одржа во Белград, Република Србија, каде беше панелист на дискусијата посветена на европските политики за родова еднаквост. Во своето обраќање, Трајков истакна дека родовата еднаквост претставува една од темелните европски вредности и важен предуслов за одржлив економски и демократски развој. Таа ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговараше на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП. -Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5%. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1%, а со усогласени вредности 3,3%, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто домашниот производ ...
Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за невреме со ретка појава на град, соопшти УХМР. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h), а дневната температура ќе опадне од 6 до 9 степени. Потоа времето ќе биде стабилно, во деновите од ...
Сите три „Ер трактори“ се сервисирани, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на подготвеноста на институциите за справување со пожари во пресрет на летната жешка сезона. Премиерот додаде дека воздухопловите се во Хрватска, каде останале поради силното невреме, но час поскоро ќе бидат во Македонија. -Направено е комплетно сервисирање на сите оние возила воени кои беа пренаменети за ...
Ова не се нови барања од Бугарија. Македонската јавност, македонските граѓани мора да знаат дека ова се барања кои постојат од 2022-ра година, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. -Јас разбирам дека некој има потреба да манипулира затоа што потпишал капитулација, затоа што бил политички неуспешен, затоа што бил национално исплакнат, бил обременет со криминал и корупција и бил подготвен бел лист хартија да ...
Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги промовира и поддржува, посочи Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Филипче и СДС се ставија директно на тацна на Бугарија и на Румен Радев и одработуваат во интерес на други држави, затоа што се уценети. Филипче и СДС одат против македонскиот народ кој бара пристапување на Македонија во ЕУ, со достоинство, интегритет ...
НУЦК “Ацо Шопов“ – Театар Штип ја најавува премиерата на претставата „Синдром Нора“ – кабаре, во режија на Наташа Поплавска, текст на Весна Куслеска (по мотиви на ”Нора” од Хенрик Ибзен), која ќе се одржи на 13 јуни 2026 година (сабота), со почеток во 20:00 часот, на сцената на Театар Штип. “Синдром Нора” не е само приказна за Нора. Ова е приказна за сите што некогаш живееле според туѓи очекувања, туѓи правила, туѓи стравови и туѓа претстава ...
Горе-долу реструктуирањето на ниво на општински комитети и структура во партијата е завршено, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, по официјалното отворање во употреба на салата „Расадник“ -Станува збор за 30% нови луѓе кои сега добиваат можност да покажат, да работат. Не само за партијата, најважно е да работат за државата. На овој начин, остануваат уште некои мали финеси да се доусогласат во ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали денеска ја отворил четвртата седница на Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за поддршка на ...
По исклучително тежок и турбулентен викенд во Чешка, исполнет со бројни предизвици, но и со освоено трето место на подиумот, трикратниот европски шампион Стефановски овој викенд со нов настап во Германија на легендарната трка Glasbachrennen. -За жал, последиците од силниот удар што го доживеав при првото возење во Чешка сѐ уште се чувствуваат. И покрај огромниот напор на мојот тим, автомобилот не е целосно вратен во состојбата во која беше ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја бранеше цената на билетите за Светското првенство во 2026 година по критиките од навивачите кои тврдеа дека цената е претерана. – Почетната цена од 60 долари е најниската цена за влез од кој било американски спорт во плејофот. Доколку ги продававме билетите по пониска цена, тие ќе завршеа на секундарниот пазар по многу повисоки цени. Секој собран долар се враќа во организацијата и ќе биде потрошен за ...
Ако сте љубители на свежи и хранливи оброци, оваа Цезар салата со пилешко месо е одличен избор. Комбинацијата од крцкави крoтони, сочни парчиња пилешко, крцкава сланина и кремаст дресинг создава совршен баланс на вкусови што ќе го освои секое непце. Потребни состојки: 400 грама пилешки гради 2 јајца 300 мл маслиново масло 10 грама инчуни 20 грама лук 20 грама сенф 100 мл павлака за готвење сок од половина лимон 50 грама сланина 350 грама ...
Нема поголемо разочарување на летна трпеза од лубеница која изгледа совршено однадвор, но е бледа, сува и безвкусна одвнатре. Колку пати сте се надевале дека сте ја избрале „вистинската“, само за да откриете дома дека тоа е целосен неуспех? На TikTok се појави едноставен трик кој брзо стана вирален и привлече милиони прегледи. Станува збор за познатото „правило на два прста“, кое, според многу корисници, навистина функционира и ви помага да ...
Упатство за постари: Генерација З се оние родени на крајот на 90-тите и почетокот на 2.000 и се првата генерација растени со смартфони и социјални мрежи како нивно секојдневие, еко -систем кој ја има обликувано нивната комуникација, однесување и вредности. Една од карактеристиките на Ген З е што им вртат грб на книгите со рекордно темпо. Резултат? Доаѓаат на колеџ неспособни да прочитаат цела реченица. На установите не им останува голем ...
Актерот Џејкоб Елорди предизвика онлајн дебата откако остро реагираше на обожавател кој му пријде за селфи за време на неговиот престој во Јапонија овој викенд. Во снимката, која оттогаш има милиони прегледи, 28-годишната ѕвезда од „Оркански височини“ се појавува незадоволна додека еден обожавател го поздравува со зборовите: „Што има, шефе?“. Потоа обожавателот го потапка по грбот за да го привлече неговото внимание, што очигледно го изненади ...
Елизабет Харли го прослави својот 61-ви роденден. За да го одбележи овој настан, британската актерка објави фотографија на Инстаграм на која позира во жолто бикини, насмеана и држејќи големо знаменце во ракав, додека во позадина се протега поглед на океанот. Таа сподели оптимистичка порака во описот. „Среќен роденден! Порано се плашев од стареењето, мислев дека сè ќе стане помалку возбудливо и дека ќе ми биде поуморно од светот… но со ...
По неколкугодишни рестрикции, Саудиска Арабија повторно го отвори својот пазар за увоз од Либан, укинувајќи ја петгодишната забрана воведена за оваа медитеранска земја, пренесе ДПА. Според Саудиската прес-агенција (СПА), Ријад го оправда овој потег наведувајќи ги охрабрувачките мерки што ги презеде либанската влада за зајакнување на државните институции. Забраната за увоз го прекина пристапот до еден од најважните извозни пазари на Либан и ...