Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Иницијативата која што на вчерашната седница едногласно беше прифатена од Советот на Општина Битола, а предложена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за ослободување од комунална такса на угостителските објекти (ресторани и кафе барови), на првата наредна седница на Советот ќе биде донесена Одлука со која ќе се дефинира опфатот во Старата чаршија и истата ќе важи од наредната година. Ова е една од првите конкретни мерки на оваа локална ...
На 12.06.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат с.Љуботен – с.Радишани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишната Ф.М. и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(20), двајцата од с.Љуботен, скопско. Во несреќата од возилото „мерцедес“ со тешки телесни повреди се здобила Ф.М. и ...
Локалната полиција спречи во централното подрачје на Нов Травник конфликт од поголеми размери меѓу навивачки групи на фудбалските репрезентации на БиХ и Хрватска, јавија денеска сараевските медиуми. Според истите извори, инцидентот се случил по синоќешниот натпревар на Светското првенство меѓу на БиХ и Канада (1-1), кога бројни навивачи на босанската репрезентација на улиците за да го прослават освоениот бод, а ситуацијата „ескалирала“ пред ...
Европската комисија (ЕК) ќе предложи покренување постапка против Бугарија за прекумерен дефицит откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската унија, потврди еврокомесарот за економија, Валдис Домбровскис. Зборувајќи по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург, Домбровскис изјави дека Комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила дека ...
Битола отсекогаш била град со посебен шарм, но во последните неколку години сведочиме на една поинаква, впечатлива креативна енергија која го издвојува градот на конзулите од сите останати во државата. Од фасцинантната „Зимска приказна“ која ги обедини сите генерации, преку носталгичните враќања на детските хитови од СИДО, па сè до најавените летни спектакли со балканската легенда Здравко Чолиќ и светскиот диџеј Стив Аоки, Битола е ...
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР-Скопје вчера во 23:45 часот на патот помеѓу селата Шишево и Грчец на подрачјето на општина Сарај ги лишија од слобода Н.С.(54) од село Сарај и Р.С.(58) од село Крушопек. При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ...
Фудбалската репрезентација на Турција се најде во центарот на вниманието на Светското првенство откако тројца репрезентативци биле снимени на балкон додека пушеле. According to this video and reports, Çağlar Söyüncü and 2 other national team players, who aren’t clearly recognizable, were caught smoking. Some say it was a joint, others say cigarettes. Unbelievable. You already don’t deserve to be at the National Team and now you smoke.🤨 ...
СВР-Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела ...
Мојата перцепција за Европа, за членство, не е на зелената маса да блокирате некој друг. Напротив, да креирате заеднички политики или да му помогнете на тој другиот да седне до вас, за да можете полесно да ги надминете проблемите кои ви се заеднички. Но, повторно велам, ние, како и досега, некако сме исклучок. Но, не поради нашата себеисклученост во поглед на многу прашања, туку поради тоа што некој друг сега има забелешка на нешто што е само ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12-годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што ...
Избран е конзорциум кој го предводи домашната компанија Гранит за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Ова е сигнал за целиот градежен сектор во Македонија и за целата држава дека можеме да градиме големи инфраструктурни проекти. Проектот Скопје-Блаце е исклучително комплексен проект. На него имаме пет тунели, имаме две галерии, 12 мостови или вкупно околу 40-тина објекти што претставува голем инженерски потфат. Очекувам да го изградиме за три ...
На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од страна на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2026 до 01.05.2026 годинаКомисијата, согласно одредбите на истиот, по завршувањето на предвидените фази за својата работа, на состанокот одржан на 10 јуни го утврди поширок избор од 10 автори: 1. ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која се разговараше за изградбата на автопатот Скопје – Блаце. На средбата, претставниците на ЕБОР информираа дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта успешно е завршена постапката за избор на Изведувач. Изведувачот на ...
Општина Илинден успешно го реализираше капиталниот инфраструктурен проект за целосна реконструкција на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, со што значително се унапредуваат условите за сообраќај, безбедноста и локалната поврзаност, информираат од локалната самоуправа. Проектот, како што велат, претставува една од позначајните инвестиции во патната инфраструктура на општината, обезбедувајќи современа, ...
По повеќедневната потрага по дедо Јане од селото Јастребник на планината Осогово денес е пронајден починат. Тој беше пријавен за исчезнат а денеска е потврдена веста дека тој е пронајден починат во планински предел. Починатиот дедо Јане боледувал од деменција. Во изминатите денови во потрагата беа вклучени припадници на полицијата, членови на Доброволната планинска спасителна служба, ловџии, моторџии и бројни граѓани кои несебично се ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и пратеникот Бојан Стојаноски го означија почетокот на реконструкцијата на една од најважните сообраќајни артерии во Волково, општина Ѓорче Петров. -Станува збор за целосна реконструкција на коловоз во должина од повеќе од 1.000 метри, изградба на попивателни бунари, уредување на просторот кај последната станица на линијата „22“, како и поставување нова автобуска постојка, објави Ѓорѓиевски. Тој ...
Додека раководството на СДС и нивниот претседател Венко Филипче, познат како специјален пратеник на Бугарија во Македонија или народски кажано – слуга на официјална Софија, гледаат само да распродадат се македонско, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните и секојдневно работи за подобар животен стандард. Колку за илустрација во таа насока се и активностите деновиве за привлекување на странски инвеститори, изјави Бране Петрушевски, ...
Американската поп-ѕвезда Аријана Гранде побара од Белата куќа да не ја користат нејзината музика во видео што американската администрација го користи за да ја промовира својата имиграциска политика на „Тикток“. Белата куќа во понеделникот објави видео на кое се гледаат агенти на Службата за имиграција и царина (ИЦЕ) како им ставаат лисици на луѓе додека во заднината се слуша хитот на Аријана Гранде „Bye“ (Довидување) од 2024 година. Акциите ...
Стратешкото партнерство со Турција добива нова димензија преку економската соработка и поттикнувањето на инвестициите, во согласност со визијата на ВРЕДИ за одржлив развој, конкурентна економија и повеќе можности за граѓаните, соопшти коалицијата ВРЕДИ. Учеството на првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на Бизнис форумот Турција-Македонија во Истанбул е доказ за активниот пристап ...
Европската Унија в понеделник ќе почне формални преговори за членство со Украина и Молдавија, откако беше укината блокадата од страна на Унгарија. Кипар, кој во моментов претседава со Советот на Европската Унија, соопшти дека земјите-членки постигнале договор за заеднички став во врска со првата фаза од преговорите, со што се комплетирани сите неопходни подготовки. Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку социјалните мрежи им се ...
Без електрична енергија денеска во периодот од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Бадар, Кожле и Блаце, корисниците од населба Тотинци и тунелите Катланово во општина Петровец, информира ЕВН Македонија. Без струја во периодот од 08:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од село Сарај лоцирани позади старата џамија во општина Сарај. (МИА) Без електрична енергија денеска во периодот од 08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците ...
Прекин во водоснабдувањето денеска ќе има за корисниците на неколку улици во Скопје. ЈП Водовод и канализација најавува прекин на водоснабдување денеска за корисниците на улиците „Бул Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“ од 8:00 часот изутринава. Прекинот ќе биде поради поправка на затворач со пречник од 300милиметри на двете улици, а ќе трае до завршување на работните активности. Од 8:00 часот прекин во водоснабдувањето поради поправка на ...
Општина Чаир продолжува со инвестициите во подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Од денес започна поставувањето на 100 нови контејнери на територијата на општината, на локации каде што потребата е најголема, со цел поефикасно собирање на отпадот и подобрување на чистотата во различни населби на Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден од ...
Филипче е на страната на бугарските барања за Уставни измени, а ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интереси, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Уставните измени не се последната, туку првата отстапка од низата барања кои Бугарија сака да ги наметне на Македонија. Отворањето на Уставот значи отворање на Пандорината кутија за нови условувања, нови притисоци и нови удари врз македонскиот идентитет, додаваат во денешното соопштение од ...
Младите остануваат во центарот на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ покажува со дела, а не со зборови. Намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места остануваат врвен приоритет на Владата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално. Со зголемени средства за мерките за вработување и јасен фокус кон младите, резултатите се веќе видливи. Само преку Оперативниот план за вработување ...
Овен Ве очекуваат обврски кои бараат брза реакција и добра организација. Не дозволувајте грешките на другите луѓе да ве отфрлат од вистинскиот пат. Денес ќе посакате повеќе внимание и потврда од саканата личност. Слободните би можеле да започнат интересен разговор што ќе прерасне во нешто повеќе. Имате доволно енергија за сè што сте планирале. Кратка физичка активност дополнително ќе ви го подобри расположението. Бик Бикови, финансиските ...
околината на Александрија. За време на прогонствата на христијаните Свети Философ не сакаше да се одрече од Господ Христос пред незнабожните кнезови и судии. Заради ова незнабожците го удрија на лути маки. Откако беше мачен со најразлични маки, го положија најпосле во мека постела, му ги врзаа рацете и нозете и му пуштија една развратна жена да го наведе на грев. Кога Свети Философ почувствува дека во него се буди желба од допирот на женските ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од ...
Еден од најдоминантните ракометари на денешницата, Матијас Гидсел, кој веќе неколку сезони наназад важи за најдобар играч во светот, продолжува да ги поместува границите и на теренот и надвор од него. Според информациите, станува збор за највредниот спонзорски договор во историјата на ракометот, кој во основа ќе надмине сума од три милиони евра. Иако деталите не се целосно објавени, се знае дека покрај фиксните годишни исплати, Гидсел ќе има ...
На 80-годишна возраст почина Светислав Димовски, познат како „Срцка“, легендарна фигура на скопските спортски сали. Со над 10.000 натпревари зад себе, тој беше незаменлив дел од македонската спортска историја. Почитуван од генерации спортисти поради својата посветеност, скромност и љубов кон спортот, оставајќи трајна трага во колективната меморија. Иако не беше професионален спортист, неговиот придонес беше вреднуван како клучен за ...