Некогаш еден од најголемите фудбалски таленти на планетава, и член на репрезентацијата на Белгија Дивок Ориги на само 31. година ја заврши својата кариера. Некогашниот напаѓач на Ливерпул и стрелец на неколку клучни голови во годините на големите успеси на овој тим преку социјалните мрежи и официјално стави крај на фудбалската кариера. „Благодарам до сите мои обожаватели ширум светот, кои што ми помогнаа да станам она што сум. Секој ...

Од денеска најавите и официјално се остварија. Интернационалецот од Португалија, Мигуел Пиреш и дефинитивно е нов член на Вардар. Досегашниот офанзивец на Силекс направи трансфер од Кратово во нашиот најтрофеен клуб и ќе биде и тоа како големо засилување во офанзивата на „црвено – црните“. Пиреш за Вардар потпиша едногодишен договор до јуни 2027 година. Португалецот имаше одлична сезона во дресот на Силекс, не само што со 11 постигнати ...

Некогашниот светски шампион со репрезентацијата на Италија, Фабио Гросо, и официјално е нов тренер на тимот на Фиорентина. Клубот предмалку го потврди Гросо како нов кормилар, кој што го презема клубот по уѓазната сезона, пред се на резултатски план, во која што тимот од Фиренца долго време стравуваше и за својот опстанок. „Фиорентина со задоволство објавува дека Фабио Гросо е назначен за нов главен тренер на првиот тим“, се вели во ...

Една победа против Луксембург и еден пораз од Холандија е исходот по првиот турнир во Европската лига 2026 за машкиот национален тим. Момците предводени од селекторот Јошко Миленкоски успешно го одработија првиот викенд во новото издание и ја остварија целта која претходно им беше поставена. Предводникот на Македонија е задоволен од отпорот кој неговиот тим го понуди на фаворитот Холандија, како и од триумфот на Луксембруг. „На стартот на ...

Откако нема некој друг, мора да се врати оној кој што беше шокиран од Македонија во Палермо, во баражот за пласман на СП 2022 во Катар. Роберто Манчини во моментов е најсериозен кандидат за функцијата селектор на италијанската фудбалска репрезентација, според италијанските медиуми. Според неколку извори, меѓу кои и познатиот новинар Џанлука Ди Марцио, враќањето на искусниот стручњак на клупата на „Азурите“ е практично сигурно, а ...

Најновото издание на фудбалскиот Мундијал, најголемиот фудбалски турнир на планетата, започнува в четврток на 11. јуни. Светот е во искечување на она што следува, а Спортспорт ги прашува дел од нашите репрезентативци кои се нивните фаворити. За кого сметаат дека ќе биде во фокусот на вниманието, кој има најголеми шанси за освојување на планетарниот трофеј. „Мој фаворит е репрезентацијата на Португалија. Кристијано Роналдо и „компанија“. ...

Најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР е В.А. од Виница. Тој освои џекпот вреден 7.334.957 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Златна копачка на 23.05.2026 година во Виница. Среќната игра е 40 Супер хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот. Во периодот од 01.06.2026 до 07.06.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 6.298.642 денари ...

На денешниот пријателски дуел кој што македонската фудбалска репрезентација до 20. години го одигра против соодветната селекција на САД доживеан е пораз од конечни 2:0. Дуелот инаку се одигра во соседна Бугарија поточно во градот Петрич. Избраниците на селекторот Александар Таневски примија голови во последните моменти од двете полувремиња, односно во 45. и 90. Оваа генерација е онаа која што се подготвува да биде дел од У21 квалификациите ...

Делегацијата на иранската фудбалска репрезентација, конечно, пристигна во Мексико, поточно во Тихуана, каде што ќе биде нивна база за време на Светското првенство. Видливо лути и вознемирени, поради проблемите со визите за некои членови на делегацијата, Иранците велат дека многу порано требаше да бидат во својот камп. „Требаше да бидеме тука минатата недела. Временската разлика од 12 часа бара две недели прилагодување. На турнири како овој, ...

Довчерашниот селектор на Словенија, Матјаж Кек е новиот тренер на хрватска Риека. Најтрофејниот стратег во историјата на клубот се врати на клупата каде што седеше на 274 натпревари. Кек е тренерот кој ја освои првата шампионска титула во историјата на Риека, а имаше и два трофеи во Купот на Хрватска и еден Суперкуп, и оствари најмногу победи на клупата на Риека, 165 во сите натпреварувања. Матјаж Кек се враќа на Рујевица по речиси осум ...

Искусниот македонски одбојкарски репрезентативец Владо Милев и следната сезона ќе го носи дресот на унгарскиот тим Казинбарчика. Според информациите, Милев добил понуда за продолжување на соработката ос унгарскиот клуб во чии редови настапуваше во втората половина од минатата сезона. Милев и Казинбарчика завршија како третопласирани во плеј-офот во Унгарија, а следната сезона сигурно ќе имаат и поголеми амбиции. За струмичанецот Унгарија и ...

Над 700 дечиња беа дел од „Денот на спортот“ во Охрид. Плазма Спортските игри за млади и езерскиот град се покажаа како совршена комбинација. Токму од градот на УНЕСКО беше испратена порака преку „Zero Waste“ – „Биди дел од играта – да ја заштитиме нашата планета“. Ова е уникатен проект, создаден со долгогодишниот партнер на Плазма Спортските игри за млади, Coca-Cola, кој креативно ги едуцира младите преку игра и спорт, овозможувајќи им ...

Машката сениорска репрезентација на Македонија во ракомет на плажа, денеска и официјално го имаше својот собир во Охрид, за претстојниот силен турнир во Полска на кој што ќе учевствува нашиот национален тим. По неколкудневните подготовки во Охрид, националниот тим на 12 јуни ќе отпатува за градот Плоцк, Полска. Македонија е распоредена да ги одигра мечевите против Чешка, Германија и Полска. Машката сениорска репрезентација на ...

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен е отпуштен од болница на домашна нега откако му беа извршени детални кардиолошки тестови откако се онесвести на пријателскиот натпревар против Украина, објави Данската фудбалска федерација. Медицинскиот тим на болницата во Оденсе, во координација со докторот на данската репрезентација Мортен Боесен, потврди дека состојбата на Ериксен е целосно стабилна и дека неговото срце го претрпело инцидентот ...

Македонските одбојкарски шампиони во машка и во женска конкуренција, Штип УГД и Работнички се уште официјално не потврдиле дали ќе се пријават за учество во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите на ЦЕВ. Со оглед на тоа што Македонија во последните неколку сезони беше редовен учесник во најсилното европско натпреварување, останува отворено прашањето дали тоа ќе биде случај и оваа сезона. Официјално, пријавувањето е ...

Додека играчите се собраа околу Кристијан Ериксен, данскиот тренер Брајан Ример им пристапи на својот украински колега и на судијата на натпреварот само за неколку моменти. Немаше сомнение дека фудбал повеќе нема да се игра откако данската ѕвезда се сруши на теренот на стадионот во Оденсе, дури и откако брзо стана јасно дека е свесен, пишува ТВ 2 Спорт. „Веднаш разговарав со украинскиот тренер, нивниот менаџмент и судијата за да им кажам ...

Вардар денеска ги почнува подготовките за наредната сезона и настапите на клубот во квалификациските кола од Лигата на шампионите. Нов почеток на „црвено-црните“ – шампионски со нов тренер во името на аргентинскиот стратег Кристиан Фабиани, кој уште од март е тука, скенира, анализира, но ете попладнево од 17 часот е неговиот прв тренинг со новиот клуб. Клуб кој ги почнува подготовките без играчите кои настапуваа за националните селекции и ...

Централниот дефанзивец на француската репрезентација, Ибрахимa Конате, веќе потпиша договор со Реал Мадрид. Според „РМЦ Спорт“, 27-годишникот, кој го напушта Ливерпул како слободен играч, потпишал договор со Мадрид до летото 2030 година. Ибрахимa ќе му се приклучи на Реал Мадрид по Светското првенство во 2026 година, по пет години поминати во дресот на „црвените“. Централниот дефанзивец на француската репрезентација, Ибрахимa Конате, веќе ...

Во неизвесен финален натпревар до самиот крај, Пробаскет за два поени подобар од екипата на МЗТ Бела вода (43:41). Богојевска заврши со ефект од 15 поени и 8 скока (имаше и две асистенции), Ѓорѓиева дојде до скор од 12 поени (четири скока и три асистенции), додека можеби и најбитен „фактор“ за титулата беше Мицева, која освен седум поени додаде и неверојатни 24.скока, за индекс 29, најголем во финалниот меч. Во екипата на МЗТ Бела вода, ...

Познатиот спортски новинар од „ТимТок“, Руди Галети, денеска пишува дека македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Деспотовски ова лето ќе замине од Србија и ќе се пресели во некое од посилните европски првенства. Според објавата на Галети, за десниот бек на македонската фудбалска репрезентација се заинтересирани клубови во Белгија, Русија и Турција. Тимови од Полска, Швајцарија и Австрија исто така го следат 23-годишниот репрезентативец ...

Англиските медиуми денеска пишуваат дека Жозе Мурињо, кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, побарал од Флорентино Перез да го обезбеди потписот на играчот од средниот ред на Вест Хем, Матеус Фернандес. Весникот „Сан“ објави дека Реал Мадрид би се приклучил во трката за Матеус Фернандес, 21-годишниот португалски фудбалер висок 1,78 метри, чиј трансфер од Вест Хем би можел да се процени на повеќе од 92 милиони евра. ПСЖ и Манчестер ...

Александар Зверев влезе во историјата со освојувањето на својата прва титула на Гренд слем, откако ја победи Флавија Коболи, а на прес-конференцијата по финалето отворено зборуваше за сè низ што поминал за време на натпреварот и целиот турнир. Германскиот тенисер особено се осврна на четвртиот сет, во кој имаше физички проблеми, но и, како што истакнува, многу повеќе ментални блокади. „Да, имав грчеви. Малку се мачев физички, иако не мислам ...

Полтиката и овој пат застана на патот на спортот, единственото нешто што обединува. Израел повторно беше мета на напади, откако продолжија воените конфликти помеѓу Иран и САД, а токму поради тоа не се доигра полуфиналниот натпревар во тамошниот шампионат помеѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим. Според информациите од оваа земја мечот беше прекинат поради најновиот ракетен напад на Иран врз Израел. Засега нем други детали… Полтиката и овој ...

Флорентино Перез победи на претседателските избори за Реал Мадрид и обезбеди нов мандат што ќе трае до 2030 година. Сегашниот претседател ја доби довербата на членовите на клубот, победувајќи го својот противник Енрике Рикелме. Според официјалните бројки, Перез освоил 65 проценти од гласовите, или 21.741 член. Рикелме, бизнисмен од Аликанте, добил 35 проценти од гласовите, или 11.814 гласачки ливчиња, објави АС. Ова ќе биде осмиот мандат на ...

Жозе Мурињо ја споделува својата реакција на победата на Флорентино Перез на претседателските избори на Реал Мадрид „Да, Флорентино Перез победи. Секако“, рече Мурињо во видео објавено на социјалните мрежи. Перез го победи шпанскиот бизнисмен Енрике Рикелме и ќе продолжи да го води клубот до 2030 година. Ова ќе биде негов осми последователен мандат на функцијата, а вчерашното гласање беше прв избор во клубот од 2006 година. Жозе Мурињо беше ...

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен е свесен и „се чувствува добро со оглед на околностите“ откако се онесвести на теренот за време на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина во неделата, соопшти Данската фудбалска асоцијација (DBU). Натпреварот беше прекинат откако 34-годишниот играч од средниот ред, кој игра за германскиот Волфсбург, се струполи на тревата во 65-тата минута од натпреварот, откако претходно се фати за градите. ...

Швајцарската репрезентација го привлече вниманието на јавноста откако го откри планот и распоредот на својот основен камп за Светското првенство во 2026 година. Иако самите полиња и придружните објекти изгледаат одлично, еден шокантен детаљ на мапата на кампот предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, а станува збор за близината на гнездо на опасни змии. Популарниот фудбалски сајт „Лајвс Фут“ го сподели кампот, истакнувајќи дека ...

Владимир Петковиќ и неговиот тренерски штаб добија нови договори од Алжирската фудбалска федерација. Договорот на Владимир Петковиќ како селектор на репрезентацијата всушност требаше да истече по Светското првенство ова лето, но тој веќе е награден од Алжирската федерација. Денеска беше објавено дека 62-годишниот стратег потпишал нов договор кој ќе важи до 2028 година. Истото важи и за персоналот кој работи со него. Петковиќ е на чело на ...

Првите прелиминарни резултати од изборите во Реал (М) покажуваат дека Флорентино Перез освоил околу две третини од гласовите, и дека на крајот го победил Енрике Рикелме на претседателските избори. За првпат од изборите во 2006 година, навивачите на Реал Мадрид имаа можност да гласаат за двајца кандидати, но Флорентино Перез повторно излезе како победник. Енрике Рикелме имаше некако неискусна бомбастична кампања во која им вети на фановите ...

Холандиските „Де Телеграф“ и „Фудбал Интернационал“ објавија дека Робин ван Перси е отпуштен од тренерската позиција во Феенорд. Деви Риго, кој беше претставен како нов технички директор во Феенорд кон крајот на мај, не даде никакви гаранции за иднината на тренерот ван Перси, а објаснувањето за ова сега е откриено. Според неколку големи холандски медиуми, Робин ван Перси е отпуштен. Феенорд сè уште не ја потврдил, ниту ја негирал веста. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

13.01