Машката селекција на одбојкари до 20 години утринава отпатува за Софија, Бугарија, каде од утре до 29 август ќе игра премиерно во БВА Зонските квалификации за Европското првенство 2027. По тринеделни подготовки во Крушево, каде првите десет дена репрезентацијата работеше паралелно со националниот А тим, селекторот Јован Шапе донесе одлука кои 14 момци ќе добијат шанса во натпреварување, кое ќе носи големи предизвици, особено поради тежината ...

Со убедлив пораз од Бугарија од 3:0 (25:13, 25:12, 25:12), младите одбојкари до 20 години ги почнаа Зонските квалификации во Софија. На Балканското првенство кое се смета и за квалификациски дел за ЕП 2027, нашата млада репрезентација предводена од селекторот Јован Шапе немаше шанси на дуелот со домашната репрезентација, која покажа завиден квалитет во трите сета. Доминацијата на домашниот тим беше воочлива од првиот до третиот сет, во кој ...