Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на Тринаесеттата биенална конференција на Комитетот на Ирвинг Фишер за статистика на централните банки (IFC), којашто се одржа во Базел, во организација на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Годинашното издание на Конференцијата беше под наслов „Пополнување на информациските празнини во централното банкарство: ефикасно искористување на податоците и иновативните алатки“. Како што соопшти денеска ...

Светската економија го издржува енергетскиот шок од војната со Иран подобро од очекуваното, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева. Во исто време, Георгиева изрази загриженост за влошувањето на фискалните услови во некои земји, за што индикации се зголемувањето на приносите од обврзниците и запирањето на процесот на намалување на инфлацијата. Шефицата на ММФ разговараше со новинарите во Вашингтон пред ...

Глобалната борба за критични минерали станува сè поинтензивна. САД и Кина засега имаат предност пред Европската Унија во обезбедувањето на суровини неопходни за одбранбената индустрија и зелените технологии, додека европската индустрија предупредува на ризик од дополнително заостанување. Во ваквата ситуација, Македонија има можност да го искористи сопствениот геолошки потенцијал. Домашните експерти веќе подолг период укажуваат дека земјата ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во утринската програма на Телевизија Алфа, соопшти дека околу 300 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште, односно сите кандидати кои успешно ги поминале предвидените селекции, проверки и елиминациони критериуми. Иако првично беше предвиден прием на 200 ученици, по направените анализи и консултации, како и по обезбедувањето на потребните финансиски средства, ...

Омилената музичарка, актерка и филантроп Доли Партон почина на 81-годишна возраст, оставајќи зад себе неверојатна кариера и неизбришлив белег во светот на музиката и филмот. Позната по својот остар хумор, непоколеблив оптимизам и животна мудрост, Партон го остави светот со бројни изјави кои станаа дел од популарната култура. Во спомен на оваа единствена ѕвезда која остави зад себе живот полн со незаборавни мисли, еве некои од нејзините ...

Стратешкиот план на Собранието за 2027-2031 година се темели на сите потреби на Собранието и службата, како и активностите што треба да придонесат за натамошно унапредување на законодавната, надзорната и претставничката функција на Собранието, а планот ги задржува шесте функционални цели-функционално, отворено, дигитално, безбедно собрание, парламентарна дипломатија и една новина е додавањето на интеграцијата во ЕУ и ефикасна служба, истакна ...

Поп-ѕвездата и модна икона Каролина Гочева блеска во елегантна црвена долга тоалета, како поп дива, за време на концерт во Филхармонија, во сцени од новата рекламна кампања на телекомуницискиот оператор А1 Македонија, по повод нивниот седми роденден на македонскиот пазар. Таа го пее нејзиниот хит од 2000 година, „За нас“ на тандемот Дарко Димитров (музика) и Александар Ристовски-Принц ( текст) кој се најде и на нејзиниот деби албум „Јас имам ...

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски со сарказам ја искоментира вчерашната одлука на Советот на Општина Пехчево на 11-та седница едногласно да ја отфрли иницијативата поднесена од приватен инвеститор за отпочнување постапка за изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на дата-центар. „Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево не е во Шангај…… што би правеле денес со вишокот ...

Општина Аеродром продолжува со активности за ослободување на јавните паркинзи и подобрување на комуналниот ред. По спроведена постапка и претходно известување на сопствениците, општинскиот Инспекторат започна со подигнување и отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини. Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно место – депо на Општината, со што се ослободуваат ...

Едно до 10 деца на возраст од 12 до 17 години во период од една година во државава биле изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво. Од нив 48 отсто биле изложени на повеќе од една форма на злоупотреба или експлоатација. Поеднакво се засегнати и момчињата и девојчињата. Во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а само во пет отсто од ...

Случајот „Талир 2“ поврзан со Никола Груевски и криминално стекнатото седиште на ВМРО-ОКГ може да врати повторно со одлука на надлежниот Апелациски суд. Скопска апелација треба да донесе одлука да се преиначи првостепената ослободителна пресуда за Груевски, изјави денес генњералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ. Апелацискиот суд има рок до 31 август да одлучи по жалбите на обвинителството. „Партизираното судство под контрола на ...

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски кој беше обвинет во случајот ,,Талир 2″, што наедно значи дека ВМРО-ДПМНЕ си ја враќа белата палата и другиот имот што беа замрзнати со години. -Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-711/26, во јавноста познат како „Талир“, по одржана нејавна седница на ден 26.8.2026 година, разгледување на ...

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) бара санацијата и обновата на опожарените шуми да бидат прва обврска по секој пожар — со јасна институционална одговорност, стручни планови и целосна транспарентност — за да се оневозможи комерцијална сеча на опожарените дрва. -Пожарот на Китка, како и низата пожари низ Македонија, покажуваат дека одговорноста на државата мора да започне со стручна и транспарентна обнова на шумскиот фонд. Постојната ...

Претседателот Доналд Трамп негираше дека Белата куќа се обидела да се меша во францускиот јазик што се зборува во Квебек, додека двете земји разменуваат критики за тоа кој е виновен за трговската војна. Претседателот минатата недела прослави што САД и Канада постигнаа „ДОГОВОР“ по месеци преговори за спречување на американските тарифи. Но, тоа се распадна во петокот, кога канадскиот премиер Марк Карни вети дека ќе ги изедначи американските ...

Група палестински студенти и истражувачи веројатно нема да добијат стипендии на белгиските универзитети оваа есен поради несогласувања во коалициската влада на премиерот Барт де Вевер околу евакуацијата на луѓето од Газа. Палестинците во моментов не можат слободно да патуваат во или надвор од Газа која е под израелска окупација, иако трета земја може да побара евакуација на студенти и истражувачи. Земјите, вклучувајќи ги Италија и Велика ...

Почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километар автопат во близина на ГП Блаце. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови. Ќе го гради домашната градежна компанија „Гранит“ АД Скопје. Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта ...

Македонија продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во Таранто, а нашите репрезентативи досега освоија вкупно пет медали. По трите одличја освоени од македонските борачи, нова бронза за Македонија обезбеди Вероника Консевиќ, додека боксерот Ален Рустемовски со фантастичен настап се пласираше во полуфиналето и веќе има загарантирано најмалку бронзен медал. Вероника Консевиќ го освои бронзениот медал во категоријата до 57 ...

Бројот на жртвите од катастрофалните земјотреси во Венецуела пред два месеца достигна 6.509 луѓе – за 71 лице повеќе во споредба со податоците од минатата недела, пренесе шпанската новинска агенција ЕФЕ. Хорхе Родригез, претседателот на Националното собрание на земјата, изјави дека 226.696 лица биле лекувани во болниците, што е зголемување за 140.338 од 17 август. Истовремено биле инспектирани 60.785 станбени згради, од кои 11.001 се ...

Еко свест алармира дека според информации од локалното население, во Маврово се поставени машини за сеча на шумата и отворање пат за изградба на МХЕ Рибничка, објект околу кој има спор и е причина за кочењето на процесот на репрогласување на Маврово за национален парк. „Институцијата која треба да ја штити нашата природа е заглавена во правен вакуум, бидејќи функционира врз основа на прописи од далечната 1949 година. Ваквото функционирање, ...

ДУИ реагира на информациите за уште еден скандал поврзан со државни тендери. Според објавеното, тендерот во Психијатриската болница „Бардовци“, во вредност до 42 илјади евра годишно завршил кај компанија во сопственост на братучедот на директорот на болницата. „Сопственикот на „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи. Самиот директор ја потврдил семејната поврзаност, признавајќи дека станува збор за втор ...

Колкава беше нето вредноста на Доли Партон во времето на нејзината смрт? Легендарната кантри ѕвезда остави зад себе богатство. Иако условите на нејзиниот тестамент и наследниците на Партон сè уште не се јасни, иконата имаше години филантропско дарување и беше блиска со своите браќа и сестри и нејзините внуки и внуци. Според Форбс, Партон остави зад себе богатство од околу 450 милиони долари, од кои поголемиот дел доаѓа од нејзиниот тематски ...

Актерот Петре Арсовски е годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја доделува за исклучителен придонес кон македонската кинематографија. Наградата ќе му биде врачена на свеченото отворање на годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на 19ти септември во Битола. Со повеќе од пет децении присуство пред филмската ...

Рим – Холивудскиот режисер Мартин Скорсезе ќе стане почесен претседател на Италијанската филмска академија. Министерството за култура во Рим во вторник објави дека 83-годишниот Скорсезе ја прифатил понудата за функцијата од министерот за култура Алесандро Џули и надлежната фондација. Според соопштението, Скорсезе изразил благодарност за „престижната улога“, којашто ја прифаќа со чест. Назначувањето сè уште треба формално да биде одобрено од ...

Њујорк – Легендата на кантри музиката Доли Партон почина во вторник на 80-годишна возраст по кратка борба со ракот што ја криеше од јавноста. Во нејзина чест, Емпајр Стејт Билдинг во Њујорк светеше во посебен розов сјај. Кратко откако беше објавена веста за нејзината смрт, официјалниот Инстаграм профил на Емпајр Стејт Билдинг објави дека зградата ќе биде осветлена во „розов сјај“ во вторник во 21:25 часот. „Доли беше глобална културна икона ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО – Скопје. На минатото рочиште, на предлог на одбраната, беше сослушано вешто лице ...

Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во земјава се зголеми на 50, откако во текот на еден ден се регистрирани уште шест нови случаи. Петмина од нив се од Скопскиот регион, од кои тројца се жители на Гази Баба, сите на возраст над 70 години; еден пациент е од Зелениково и има 26 години, додека еден е од Аеродром и има 59 години. Нов случај е регистриран и во Куманово, каде што станува збор за 65-годишен маж од приградска населба ...

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, привремено ги прекина закажувањата термини за кандидатите за добивање виза од целиот свет, како дел од заострувањето на имиграциските политики за време на неговиот втор мандат. Портпаролот на Стејт департментот синоќа изјави дека е започната глобална програма за обука во сите американски амбасади и конзулати и дека термините за визи ќе бидат прилагодени како би се овозможило нејзино ...

Шпанската влада им се извини на жителите на Сеута за мигрантската криза што го зафаќа градот со недели и откри планови за реформа на законите за имиграција во земјата. „Сакам да им се извинам на сите оние кои можеби се чувствувале, или сè уште се чувствуваат, напуштени или недоволно опслужени. Јас ја видов од прва рака вашата вознемиреност, вашето чувство на напуштеност и несигурност“, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес пред ...

Косовскиот премиер Албин Курти денеска (26 август) ќе престојува во официјална посета на Скопје, каде што ќе учествува на повеќе настани посветени на одбележувањето на роденденот на Мајка Тереза. Централниот настан ќе се одржи во Музејот на современа уметност, под покровителство на првиот вицепремиер Беким Сали. На свеченоста, покрај Курти, се очекува да присуствуваат и претставници на државните институции, дипломатскиот кор и други гости. ...

Силна поплава го погоди хималајскиот регион на Непал, по должината на границата со Тибет, каде што водата ги однесе селата и сериозно оштети патишта, мостови и енергетски проекти. Властите предупредија дека постои ризик од човечки жртви, пишува Ројтерс. भोटेकोसी नदी रसुवामा तिब्बत तर्फबाट ठुलो बाढी प्रवेश गरेकोले अर्को सूचना नआउँदासम्म त्रीशुली नदीको तटिय क्षेत्रका जिल्लाहरु नुवाकोट, धादिङ, चितवन, गोरखा लगायतका स्थानहरूमा उच्च सतर्कता सहित ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Калај

46.54

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07