Ниту по последната средба на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија не е постигнат напредок. Состанокот, одржан на 5 и 6 ноември во Скопје, завршил без конкретни резултати, објави бугарската новинска агенција БТА. Според објавените информации, претставниците на двете земји повторно не постигнале договор за начинот на кој Охридската архиепископија треба да биде ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила на експресниот пат Прилеп – Градско, откако камион со приколка излетал од коловозот и удрил во металната заштитна ограда. Возачот се здобил со тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 6 ноември, во 20:40 часот, во ОВР Кавадарци. Во несреќата учествувало влечно возило „ман“ со приколка и скопски регистарски ознаки, управувано од ...

Струга и Вардар забележаа минимални побед во 13-то коло, во домашниот шампионат. Струга ја победи Шкендија, а Вардар во Кратово го совладса Силекс. Струга со побдата над Шкендија се искачи на првата позиција во првенството. Натпреварот во Струга го реши Малески во 72-та минута. На стадионот во Кратово, Вардар добрата игра во финишот на првото и почетокот на второто полувреме, ја круниса со голот на Закариќ во 47-та минута. Табела: Foto/ ...

Франција влегува во четврти последователен викенд на протести, откако синдикатите, младинските организации и движењето „Жолти елеци“ повторно повикаа на масовни собири низ целата земја. Незадоволството поради растот на цените, ниските плати и недоволните социјални надоместоци продолжува да мобилизира стотици илјади граѓани. Во текот на неделата беа организирани блокади и протестни акции, а во четвртокот беше одржан и генерален штрајк. Според ...

Денеска, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Во ...

Полициски службеници од СВР Охрид на 7 ноември го лишиле од слобода 49-годишниот Б.Н. од Охрид, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени три пакувања со бела прашкаста материја и пари. Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле одземени пронајдените предмети. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Полициски службеници од СВР Охрид на 7 ноември го ...

Во автобуска несреќа што се случи утрово во источна Франција, во близина на границата со Швајцарија, има повеќе настрадани лица, потврдија локалните власти, пренесува „Ројтерс“. Засега има спротивставени информации за видот на автобусот. Министерот за образование Едуар Жефре изјави дека станува збор за училиштен автобус, додека префектот на регионот наведе дека во несреќата учествувал меѓуградски автобус. Француската телевизија БФМ ТВ ...

Литванскиот претседател Гитанас Науседа предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин продолжува со провокации и тестирање на границите на НАТО, со што, според него, го зголемува ризикот од активирање на членот 5 за колективна одбрана. „Не мислам дека Русија во моментов е подготвена за воени операции од големи размери. Руските ресурси се ангажирани на бојното поле во Украина, каде што Русија не постигнува успех“, изјави Науседа во ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повторно упати остри обвинувања против американскиот изборен систем, тврдејќи дека изборите во земјата биле во голема мера наместени и посочувајќи на спорното броење на гласовите во трката за градоначалник на Лос Анџелес. „Нашите избори се толку наместени што не можете ниту да замислите“, рече Трамп за време на своето обраќање пред новинарите, според порталот „Клеш репорт“. ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека неговата влада бара од западните сојузници конкретни гаранции за начинот на кој ќе функционира безбедносната поддршка по завршувањето на војната, која започна со руската инвазија во февруари 2022 година. Во интервју за украинската приватна телевизија „1+1“, емитувано доцна синоќа, Зеленски истакна дека е потребно идните безбедносни гаранции да бидат јасно дефинирани и потврдени со ...

Кремљ изјави дека Европа не успева да се договори кој ќе ја претставува во идните разговори за безбедноста на континентот, кои се сметаат за дел од можното решение за ситуацијата во Украина, објави Ројтерс. Изјавата уследи по состанокот во Брисел меѓу САД, Украина, НАТО и европските партнери за безбедносните гаранции за Украина и пошироката безбедносна архитектура во Европа. Во исто време, американскиот претседател Доналд Трамп вчера ...

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во владината уредба објавена денеска, со цел да се обезбеди доволно количество за домашниот пазар. Владата го утврди лимитот за извоз на странските пазари на 18,8 милиони тони ѓубрива за наведениот период. Оваа бројка опфаќа 11,3 милиони тони ѓубрива на база на азот и 7,5 милиони тони сложени ѓубрива. Квотата за периодот од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов безбедносен договор за Украина, кој би можел „да се прошири на цела Европа“. Тој го изнесе предлогот по средбата со висок руски претставник, но не даде конкретни детали – недостаток на јасност што предизвика неизвесност во европските престолнини, пренесува Си-Ен-Ен. Трамп ги даде овие изјави по средбата со Кирил Дмитриев, шефот на рускиот државен инвестициски фонд кој е под санкции и кој ...

До телевизиски станици ширум Европа беа испратени дојави за поставени бомби со предупредувањето „часовникот отчукува“, што доведе до евакуации и прекини во програмата. Предупредувања биле испратени до ирскиот јавен сервис RTE, британскиот „Скај“, бугарската приватна телевизија „Нова ТВ“ и други медиуми, соопштија компаниите. Лажни дојави На ниту една од погодените локации не беше пронајдена бомба. Овие дојави уследија по серијата лажни ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави нови кадровски промени во вооружените сили на Украина, но не откри кои функции и позиции ќе бидат опфатени со одлуките. „Врховниот командант и јас подготвуваме кадровски одлуки во вооружените сили на Украина. Сакам да им се заблагодарам на сите што ѝ служат на Украина“, изјави Зеленски, мислејќи на врховниот командант Михаило Драпатиј. Воедно, тој упати апел до припадниците на украинската ...

Руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта меѓу 6 и 7 ноември, при што биле оштетени станбени објекти, детска градинка и Северниот мост. Според последните информации, повредени се пет лица, меѓу кои и 14-годишно дете. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека остатоци од ракети погодиле петкатна станбена зграда во западниот дел на градот, а била оштетена и фасадата на уште една зграда. ...

По достигнувањето на највисокото ниво во последните четири години, светските цени на храната бележат благо намалување. Според најновите податоци на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), октомврискиот пад главно се должи на пониските цени на житарките, месото и млекото. Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, во октомври ...

Американската војска извршила нови ограничени напади врз Иран, при што бил погоден ирански систем за противвоздушна одбрана, потврди американскиот претседател Доналд Трамп. Тој операцијата ја опиша како мала воена акција, тврдејќи дека системот бил онеспособен за само неколку минути. „Изградиле мал систем за противвоздушна одбрана, а ние го онеспособивме за околу 15 минути, можеби и за пет“, изјави Трамп пред новинарите при пристигнувањето ...

На околу 35 километри од брегот на бразилската сојузна држава Сао Пауло се наоѓа остров на кој луѓето речиси и да немаат пристап. Илја да Кејмада Гранде, познат и како Островот на змиите, е природно живеалиште на околу 3.000 примероци од еден од најнеобичните и најретките видови отровни змии во светот. Островот зафаќа површина од околу 43 хектари, долг е приближно 1,5 километри и има стрмни брегови поради кои е тешко достапен. Нема постојани ...

Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“, која беше прогласена за банкротирана, бил приведен синоќа, пренесуваат медиумите во регионот. Потсетуваат дека Народната банка на Србија поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран криминал против правното лице „Алта банка“ а.д. Белград и неколку одговорни лица на таа банка. Обвинителството, според написите, наведува дека кривичната пријава им е доставена по е-пошта, и дека од ...

Илијана Јотова победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, со што стана првата жена која застанала на оваа функција во таа земја. По обработени 99,95 проценти од гласачките ливчиња, Јотова освои 57,58 отсто од гласовите, односно околу 1,1 милион, додека нејзиниот противкандидат Андреј Ѓуров, поддржан од прозападната опозиција, доби 39,47 отсто. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и’ ја честита победата. „Во име на ...

Авион на авиокомпанијата „Виз ер“, кој летал од Лондон кон Софија, денеска бил пренасочен кон аеродромот во Будимпешта поради дојава за бомба, објави унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди на Фејсбук. Авионот сообраќал на релацијата Лондон – Софија кога пристигнала дојавата за бомба, поради што бил принуден да ја промени првично планираната рута. За придружба на патничкиот авион бил испратен унгарски борбен авион од типот ...

Александар Вучиќ, до неодамна претседател на Србија, соопшти дека остварил телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Во пријателски телефонски разговор, премиерот Бенјамин Нетанјаху ми се заблагодари за нашата долгогодишна, успешна соработка и за мојот значаен придонес во развојот на односите меѓу Србија и Израел. Тој изрази надеж дека и понатаму ќе имаме можности за развој на партнерството меѓу нашите две земји. Како ...

По објавувањето на списоци со поединци помилувани од поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, „Студентска листа“ излезе со реакција. Тие посочуваат дека институтот помилување е целосно обезвреднет. „Одлуката на поранешниот претседател да помилува возач обвинет за обид за тешко убиство – во случајот со прегазувањето на нашата колешка Соња во јануари минатата година – е неприфатлива“, велат од „Студентска листа“. Таквата одлука, ...

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, изјави дека „криминалниот клан од Врачар“ упатува закани кон успешни поединци низ Србија, првенствено бизнисмени и имотни луѓе. Тој, исто така, ја прочита содржината на две такви пораки. „Во моментов се одвива една од најгнасните кампањи видени во Србија од 1945 година наваму. Имено, ’криминалниот клан од Врачар‘, огранок на еден од црногорските криминални синдикати, упатува закани ...

Во среда, заедно со извештајот за напредокот на земјите во процесот на проширување на Европската Унија, Европската комисија ќе објави насоки што содржат временска рамка и конкретни чекори за завршување на пристапните преговори на Црна Гора, која досега најмногу напредуваше на патот кон членство. Според планот на Европската комисија, Црна Гора треба да ги затвори сите преостанати 12 преговарачки поглавја до крајот на оваа година. Планирано е ...

Носителот на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, Александар Вучиќ, изјави дека претставниците на Студентската листа сакаат да ги променат традиционалните вредности на Србија, обвинувајќи ги дека се залагаат за промена на црковниот календар и се мешаат во прашања поврзани со Српската православна црква. Во интервју за ТВ „Информер“, Вучиќ оцени дека новата власт ќе ѝ нанесе сериозна економска штета на земјата, предвидувајќи ...

Албанскиот премиер Еди Рама зборуваше за предизвиците на европската интеграција на Албанија и земјите од Западен Балкан во интервју со новинарката Марија Тадео на самитот „Euronews Enlargement Summit“. Рама се осврна на односите на Србија со Косово и Европската Унија, како и на перспективите за членство на Албанија во ЕУ, нагласувајќи дека целта на неговата влада е да ги заврши пристапните преговори до крајот на 2027 година, пишува „Топ ...

Крузерот „Crown Iris“, кој требало да исплови од грчкото пристаниште на островот Сирос кон Хаифа во Израел, во вторникот бил евакуиран откако била пријавена бомба. Според информации од грчкиот јавен сервис ЕРТ, дојавата се покажала како лажна. Претресот на бродот е завршен, не се пронајдени експлозиви, а патниците се вратиле на бродот. Евакуација на повеќе од 1.500 луѓе На бродот, кој плови под панамско знаме, имало 940 патници и 597 членови ...

Тело на 58-годишен гостиварец било пронајдено на улицата „Беличица“ во Гостивар. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а при интервенцијата не биле забележани видливи траги на насилство, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, на 6 ноември, околу 19:50 часот, Итната медицинска помош од Гостивар пријавила во СВР Тетово дека добила повик за укажување лекарска помош на лице на улицата. По ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Злато

130856.75