Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Безживотно тело на 66-годишен битолчанец било пронајдено во реката Драгор, кај местото викано „Дрвено мовче“ во населбата Кланица во Битола, информираат од СВР Битола. По извршеното препознавање било утврдено дека станува збор за лице чиј роднина на 2 јуни пријавил во полиција дека се оддалечило од домот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на ...
Европската Унија предлага воведување забрана за влез на руски државјани кои служеле во руските вооружени сили од почетокот на војната во Украина, како дел од новиот, 21-ви пакет санкции против Москва. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека целта на мерката е да се осигури дека „Европа ќе остане недостапна за секој што учествувал во инвазијата врз Украина“. „За првпат предлагаме забрана за влез во Европската ...
Бугарија повеќе нема да испраќа оружје за Украина, изјави во вторникот бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов. „Веќе јасно ставивме до знаење дека војната во Украина нема да биде решена на бојното поле“, им рече Стојанов на новинарите во Софија. „Она на што сведочиме е војна на исцрпување и без разлика колку оружје ќе се натрупа, единствениот резултат е губење човечки животи.“ Тој додаде: „На Украина ѝ се потребни повеќе луѓе, а не ...
Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас. Претседателот Гаши истакна дека Европската Унија за граѓаните на нашата држава не е само политички и економски блок, туку таа претставува посветеност на вредностите како демократија, владеење на правото, човекови права и солидарноста. Тој потенцираше дека покрај тоа што нашиот ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува градежните работи на терен за автопатот Скопје–Блаце да започнат најдоцна до крајот на овој месец. Според него, постапката за избор на изведувач веќе е завршена, откако биле разгледани и затворени сите жалби и приговори во двете инстанци. „За автопатот Блаце–Скопје, вчера добив информација дека постапката за избор конечно е завршена. Сите одговори на жалбите и приговорите се завршени, и во прв и во втор ...
„Вчера имавте состанок со работната група за правосудниот испит, за што се договоривте?“ „За ништо!“ Потоа премиерот изјави дека работните групи не се спротивставени страни, туку партнери во Владата и дека се приближуваат кон решение во рамки на Уставот и меѓународните стандарди. „Ние не преговараме! Ние сме коалициски партнери и разговараме за секоја тема. Ако ме прашате дали разговаравме како партнери, да – разговаравме и мислам дека се ...
Во Тетово функционираат три јавни претпријатија: ЈКП „Тетово“, „Градски паркинг“ и ЈКП „Шар“. Но, две од нив работат со загуба. Само за неисплатени плати на работниците, ЈКП „Тетово“ од општината добило 71 милион денари или околу 1,15 милиони евра, бидејќи вработените четири месеци не примале плата, а здравственото осигурување не им било платено повеќе од 20 месеци. Ситуацијата е поинаква во ЈКП „Шар“, кое управува со водоснабдувањето и ...
И оваа Влада со најава за изградба на нов Клинички центар. Според премиерот Христијан Мицкоски се планира да биде во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а доколку се оди според планираното изградбата би можела да започне во текот на идната година. Според него самата локација е привлечна бидејќи се наоѓа на два булевара што би овозможило поголема пристапност, како и близина на обиколницата по која пациенти ќе можат да доаѓаат и од ...
Според професорот Јетон Шасивари, кој е и член на работната група што работи на изнаоѓање решение за правосудниот испит, предложеното решение е во согласност со Уставот, законите и европските стандарди и ја одразува заложбата на студентите од трите правни факултети со настава на албански јазик испитот да можат да го полагаат на својот мајчин јазик. „Предложеното решение предвидува реално, оптимално, уставно и законско решение, усогласено со ...
Апелацискиот суд Скопје ја потврди едногодишната затворска казна за поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, во предметот за бесправно градење на општинската административна зграда. Во казната му се пресметуваат и околу петте месеци поминати во куќен притвор во 2019 година, па му остануваат за издржување уште околу седум месеци затвор. Истовремено, Апелација ја уважи неговата жалба за делото злоупотреба на службена положба и ...
„Ова е постигнато благодарение на довербата и посветеноста на членовите и институционалните партнери, како и на сите што беа дел од ова патување. Денес, соочени со новите економски предизвици и брзите глобални промени, потребни се повеќе соработка, повеќе визија и повеќе дијалог.“, порача Нухи Алиу. Со овие зборови беше отворена прес-конференцијата на Стопанската комора на Северозападна Македонија, каде што нејзиниот претседател Нухи Алиу, по ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба со предлог гаранција на осомничениот С.Б., изјавена против решение на судија на претходна постапка од 04.06.2026 година со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена, донесе решение со кое ЈА УВАЖИ жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот. Определената гаранција се состои од готови средства во ...
Израел го нападна историскиот пристанишен град Тир во јужен Либан во вторник, при што загинаа најмалку осум лица, соопшти либанското Министерство за здравство. Во понеделник, Израел и Иран ги прекинаа директните напади еден врз друг по апелот на американскиот претседател Доналд Трамп да престанат, но Техеран соопшти дека ќе ги продолжи непријателствата ако Израел продолжи да го напаѓа својот сојузник, милицијата Хезболах во Либан. Израелските ...
Портпаролот на владата, Павлос Маринакис, во вторникот повтори дека изборите ќе се одржат на крајот од тековниот мандат на Нова демократија во 2027 година, отфрлајќи ги шпекулациите за предвремени избори на есен. Маринакис рече дека тоа е „доследен став“ и „стратешки избор“ од страна на владата со цел да се исполнат обврските како што се зголемување на платите и спроведување на големи проекти. Коментарот доаѓа еден ден откако премиерот ...
Реформите на власта се само илузија, велат од СДСМ, и додаваат дека Брисел по скратена постапка побарал измени на Законот за судски совет. Од таму кажуваат дека посочувале за законот дека е усвоен без целосно почитување на препораките на Оценската мисија и Венецијанската комисија. „Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет. А, владата со месеци го претставуваше Законот како доказ за наводен реформски напредок. Сега ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, зборуваше за разговорите што ги имал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата навечер, во време кога Израел изврши ракетни напади врз Иран. Во кратко телефонско интервју за Би-Би-Си, Трамп беше прашан дали Нетанјаху дејствувал против неговите желби со наредбата за напад врз Иран. Американскиот претседател го негираше ова, нагласувајќи дека ракетите веќе биле лансирани ...
На 8 јуни 2026 година, околу 18:40 часот, во Полициската станица Гостивар било пријавено дека петгодишно дете од село Чегранe е примено на Педијатриското одделение, кое страдало од труење со лекови. Според првичните информации, детето дошло во контакт со лекови оставени на достапно место и ги проголтало. По укажаната прва помош, било пренесено во Детската клиника во Скопјe за понатамошен третман и прегледи. „На 08.06.2026 година во 18:40 ...
Се размислува за изградба на нов Клинички центар. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој напомена дека локацијата би можела да биде во близина на базенот и спортскиот центар Борис Трајковски, и да се поврзе со „8-ми Септември“ и „Букурешт“. „Размислуваме и за големиот Клинички центар, кој би требало да се изгради во Скопје. Разгледуваме локација пред базенот „Борис Трајковски“. Таа локација е на два булевари, има пристап до гас, и е ...
Во среда, 3 јуни, во дворот на ООУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово свечено беше пуштено во употреба новото мултифункционално спортско игралиште, реализирано со поддршка на финансиското друштво Flex Credit како генерален спонзор и донатор на проектот. Новото игралиште ќе го користат учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“, а неговата посебна вредност е инклузивниот пристап што овозможува активно користење и од страна на ...
Министеството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден се случил инцидент на аеродромот во Охрид, при што со тешки телесни повреди се здобил работник од Кавадарци. „На 08.06.2026 во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан ...
На 11 јуни со почеток во 20ч, во културно-едукативниот центар Лабораториум ќе биде отворена изложбата на фотографии на младата авторка Јана Наскова, која е резултат на едномесечната резиденција реализирана во рамки на иницијативата „Градски ѕид за Нови Лица на македонската културна сцена“. Изложбата претставува прв јавен настан од оваа иницијатива, преку која Лабораториум ги поддржува и афирмира новите генерации уметници и креативци од ...
Водата претставува стратешки ресурс чија заштита и одржливо управување се од суштинско значење за економскиот развој, безбедноста на храната, заштитата на животната средина и благосостојбата на граѓаните. Ова беше една од клучните пораки од заедничката 7. сесија на Работната група 5 – Животна средина (Поглавје 27) и 14. сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11), што денеска се одржа во рамките на Националната ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Синоќа околу полноќ, во семејниот дом во Скопје, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ги ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, известува LAMM. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е просечен. На граничните премини, од страната на РМВ, нема долги задржувања за влез и излез од земјата. LAMM препорачува прилагодување на брзината на движење, почитување на утврдените сообраќајни знаци и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ долини, речни долини и ...
Помал авион се урна во близина на аеродромот во Врсар, Хрватска. Според првите информации, едно лице е повредено. Инцидентот се случил утрово во 8:35 часот, откако полицијата добила пријава. Како што објавија медиумите, пилотот на авионот е словенечки државјанин. Врсар е место во Истра во близина на градот Пореч. Ова е втора авионска несреќа за една недела во Хрватска. Исто така, во Истра, на 4 јуни, мал авион се урна во близина на Медулин, ...
Албанија ќе продолжи со проектот за изградба на луксузно одморалиште, планирано од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, во изолирана област на балканскиот брег, и покрај тековните протести поради неговото влијание врз животната средина, изјави за новинската агенција Ројтерс албанскиот премиер Еди Рама. Илјадници луѓе излегоа на улиците на главниот град Тирана и на јужниот брег, каде што е предложен одморалиштето, ...
Спасувачите во вторникот пребаруваа урнати згради во јужниот дел на Филипините за да се осигурат дека нема никој заробен, еден ден откако еден од најсилните земјотреси што ја погоди земјата за половина век усмрти најмалку 37 лица, а расели повеќе од 20.000. Само четири лица се сметаат за исчезнати во официјалните евиденции во јужните провинции во близина на местото каде што се случи земјотресот со јачина од 7,8 степени по Рихтер во понеделник ...
Европска слободна алијанса (ЕФА) со едногласно усвоена декларација бара Бугарија да се извини за злосторствата врз македонското малцинство за време на комунистичкото владеење и неговата асимилација. ЕФА е составена од европски партии, што претставуваат региони, малцинства, народи без држава и движења што бараат поголема самоуправа, културни права и заштита на јазичката и идентитетската различност во Европа. Од ЕФА бараат Бугарија да ги ...
Американскиот претседател Доналд Трамп рано во вторникот изјави дека пилотите на армиски хеликоптер „Апачи“ на САД, кој се урнал во близина на Ормускиот Теснец, „се во добра состојба“. Говорејќи на пистата на Меѓународниот аеродром Џон Кенеди пред да се врати во Вашингтон, Трамп рече дека „нема повредени“. Тој додаде дека администрацијата ќе објави извештај за инцидентот подоцна во текот на денот. „Њујорк тајмс“ објави доцна синоќа дека ...
Овен Денот ви носи нова енергија и можност да завршите обврска што долго време ја одложувате. Во љубовта, искрен разговор ќе расчисти недоразбирање. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непланирани трошоци. Емотивно, можно е пријатно изненадување од саканата личност. Близнаци Вашата комуникативност ќе биде на високо ниво. Искористете ја за нови контакти и договори. Во љубовта ве очекува интересна средба. Рак Потребен ви е ...