Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Бил Гејтс денеска ќе сведочи зад затворени врати на Капитол Хил, откако објавувањето на документите поврзани со Џефри Епстајн оваа година отвори нови прашања за наводните врски на милијардерот со починатиот финансиски инвеститор, кој беше осуден за сексуална злоупотреба. Ова сослушување се смета за едно од најзначајните сведочења пред истражителите на Конгресот досега. Комитетот за надзор на Претставничкиот дом побарал доброволна соработка од ...
На 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(43) од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје. На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил ...
Случај на сомнително малтретирање на дете е пријавен на 9 јуни 2026 година во СВР Тетово. Според информациите, околу 14:15 часот на улицата „Илирија“ во Тетово, една жена се сомничи дека извршила физичко насилство врз своето дете на возраст од три до четири години. Како што се наведува, по реакција на случајни минувачи кои интервенирале за да го заштитат детето, жената го оставила малолетникот на улица и се оддалечила со количка во која се ...
Во делови од Солунскиот Залив деновиве е забележана нагла промена на бојата на морската вода, која станала зеленикаво-жолта, по што следеле реакции и загриженост кај туристи што веќе престојуваат во регионот, како и кај оние што допрва планираат одмор. На социјалните мрежи, особено во групи на Фејсбук, биле споделени објави за појава на непријатен мирис, по што дел од содржините подоцна биле избришани. Станува збор за природен процес познат ...
ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека Македонија го започна процесот за приклучување кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“. Со ова, како што велат од таму, ќе им се овозможи на граѓаните да користат мобилни услуги, повици, интернет и СМС-пораки во земјите од ЕУ, по цени како домашните. Ова претставува директна придобивка за граѓаните, која ќе донесе пониски трошоци, олеснета комуникација и подобри услови за прекугранична соработка. -Со ...
Политики кои ќе ја вратат социјалната правда и економијата и ќе го стават човекот пред профитот. Ова се дел од мерките што ги најавува опозициската СДСМ во нивната програмата „Твоја држава, твоја шанса“. Како што велат од таму, правда е минималната плата автоматски да се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите, велат од СДСМ. -Државна поддршка за повисоки плати – намален ...
Во рамки на денешната 104. собраниска седница, македонското Собрание ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, со што формално заврши неговиот мандат во извршната власт. Фетаи оставката ја поднесе на 1 јуни, за што претходно информираше преку социјалните мрежи. Во објава на Фејсбук, тој наведе дека од функцијата се повлекува „со крената глава и чиста совест“, оценувајќи ја одлуката како најправеден и ...
Висок руски воен функционер е убиен во експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва, според медиумски извештаи. Експлозивна направа поставена под BMW детонирала околу 5:30 часот во вторникот, додека полковникот Дамир Давидов возел во близина на својот дом во градот Балашиха, објави независниот медиум Astra. Станува збор за најнов во серија атентати насочени кон руски воени функционери и истакнати про-воени фигури, откако Кремљ ја ...
Европската доверба во американската „безбедносна гаранција“ паднала на историски минимум, покажува една анкета, при што само еден од десет луѓе во 15 земји ги смета САД за сојузник, а мнозинството во сите земји се сомнева дека Америка би им помогнала доколку бидат нападнати. Анкетата, објавена во средата од тинк-тенкот European Council on Foreign Relations пред клучните самити на Г7 и НАТО во Франција и Турција во наредните недели, покажува ...
За основците и средношколците денеска беше последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За повеќе од 14 500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик, односно македонски, албански, турски или српски, а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во Софија каде што учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува под бугарското претседавање со оваа регионална иницијатива. Средбата е организирана по повод одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и се одвива под мотото „Заеднички компас за ...
Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Со трансферот, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. Ова претставува 92% реализација на кредитната линија што ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори втората седница на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст (Reform and Growth Facility – RGF), на која учествуваа претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, државните институции, граѓанскиот сектор и меѓународните партнери. Во своето обраќање министерот Сали истакна дека Северна Македонија останува ...
Маскирани лица во вторник навечер запалија домови на семејства и опожарија голем број возила во Белфаст, во бран на насилство насочено против имигранти, кој следуваше по напад со нож извршен од судански државјанин. Стотици демонстранти, многумина со покриени лица, нападнаа полиција и палеа возила на повеќе локации низ Северна Ирска, откако видео од нападот со нож – во кој едно лице беше тешко повредено во пределот на вратот и главата – се ...
На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа М.Е.С. (19), П.С.(23), Ј.С.(19), Д.Г.(250 и Б.Т.Б.(20), сите од Р.Турција, поради нерегулиран престој во државата. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Градот Скопје ги известува ...
Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе престојува во работна посета на Штип, во рамки на иницијативата за доближување на европските политики и процесот на евроинтеграција до локалните заедници низ државата. За време на посетата, Рокас ќе оствари средба со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, како и со членовите на Општинскиот совет. На средбите ќе стане збор за придобивките од членството во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во Софија, каде што ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). На собирот, посветен на регионалната соработка и безбедност, таа ќе има свое обраќање на пленарната сесија под наслов „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“. Самитот се одржува под домаќинство на потпретседателката на ...
Авганистан во средата соопшти дека Пакистан извршил нови воздушни напади врз територијата на земјата, при што загинале најмалку 13 лица, а уште 14 биле повредени. Ова е нов показател за растечките тензии меѓу двете соседни држави по неколкумесечните судири во кои загинаа стотици луѓе. Иако неколку часа по нападите состојбата долж границата била мирна, Кабул и претходно одговараше на пакистанските напади со гранатирање на пакистански позиции ...
Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши ...
Американските сили рано во средата започна воздушни напади врз Иран, откако САД го обвинија Техеран за падот на американски борбен хеликоптер, што предизвика нови напади и од страна на Иран. Ова ја прошири дополнително спиралата на одмазднички акции што се закануваат да ги срушат преговорите за завршување на војната. Иран изврши напади врз цели во Бахреин и Кувајт, кои ги активираа предупредувањата за населението и противвоздушната одбрана. ...
Овен Денот носи можности за напредок на работното место. Ќе добиете поддршка од личност од која најмалку очекувате. Во љубовта, искрен разговор ќе расчисти недоразбирања. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непланирани трошоци. Во приватниот живот ве очекува пријатна средба со блиска личност. Близнаци Вашата комуникација ќе биде на високо ниво, што ќе ви помогне да решите важни прашања. Можно е ново познанство кое ќе ви ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од ...
Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс успешно се врати на професионалните терени, забележувајќи победа во двојки на турнирот во Квинс по речиси четири години отсуство од натпреварувачкиот тенис. Четириесет и четиригодишната Вилијамс, која последен пат настапи на US Open во 2022 година, настапи во пар со младата канадска тенисерка Victoria Mboko. Двете славеа против третите носителки, Nicole Melichar-Martinez и Erin Routliffe, со ...
Норвешкиот аеродром Бодо е прогласен за најдобар аеродром во Европа според најновото рангирање на компанијата за компензација на патници при летови AirHelp. Во глобалната листа, аеродромот се најде на деветтото место, благодарение на високата точност на летовите и добрите оценки од патниците. Истражувањето ги анализираше 279 аеродроми од 76 држави, при што оценувањето се базираше на три главни критериуми: навременост на летовите, искуство на ...
Македонските филмови „Утре изутрина“, „Ветена земја“ и „Неми филмови“ освоија значајни признанија на Фестивалот на Југоисточна Европа (SEE FF 2026), кој се одржа во Париз, Берлин и Вашингтон. Американското жири му ја додели наградата за најдобар игран филм на „Утре изутрина“, кој ја освои и наградата за најдобро сценарио на авторот Јани Бојаџи. Македонските остварувања „Неми филмови“ на Крсте Господиновски и „Ветена земја“ на Ќендрим Ријани ...
На 08.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 06.06.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода. На 08.06.2026 во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34). На ...
Американската вселенска агенција НАСА го објави составот на екипажот за мисијата Артемис 3, која првично требаше да го означи враќањето на луѓето на Месечината за првпат по повеќе од пет децении. Сепак, поради технички доцнења и промени во програмата, мисијата повеќе нема да вклучува слетување на површината на Месечината. Според новиот план, Артемис 3 ќе се одвива во ниска орбита околу Земјата, каде што екипажот ќе тестира клучни технологии и ...
Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои во прво читање Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи и го проследи во понатамошна собраниска процедура. Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски истакна дека законските измени имаат цел да обезбедат поефикасна заштита на здравјето на граѓаните, особено на децата и младите, како и усогласување со европското законодавство. Тој нагласи дека ...