Вработените во Детската клиника, кои немаат земено плати од јануари, протестираа пред Министерството за здравство, барајќи решение за нивниот работен статус и заостанатите исплати. Рекоа барале состанок со Министерот за здравство за да разговараат за нивните вработувања и платите, но не добиле позитивен одговор. Одговор сè уште немаат ниту од Министерството за финансии, пред кое протестираа минатата недела. „Шефицата на кабинетот и не знам ...

Бидете дел од развојната приказна на Македонија – држава што има јасна визија за иднината, отворена врата за нови инвестиции и силна определба за економски развој. Оваа порака премиерот Христијан Мицкоски им ја упатил на турските бизнисмени на бизнис форумот во Истанбул. Мицкоски, заедно со уште неколку министри, меѓу кои Дурмиши, Николоски, Муцунски, но и бизнисмени од Македонија, во овие два дена ќе бидат во најголемиот економски центар во ...

Засилена контрола и строги правила за казината предвидува новиот закон за игрите на среќа кој со 59 гласа за и 9 против, вчера доцна попладнето беше изгласан на собраниската седница во прво читање. Во иднина казината нема да смеат да бидат лоцирани во близина од најмалку 500 метри до училиштата, што треба да придонесе во заштитата на младите од влијанието на коцкањето. Во овој контекст се забранува учество на лица под 18 години, за што ќе ...

Жителите на Голема Речица во Тетово протестираа на наплатната рампа поради тоа што, како што тврдат, нивната земја што треба да се земе за изградба на Коридорот 8 се плаќа со многу ниска цена. Тие велат дека не се против изградба на патна инфраструктура, но цената од 3 или 4 евра за квадратен метар е смешна и неприфатлива. „Полињата и нашите земјишта се трудот на нашите семејства, тие се извор на нашата егзистенција и наследството што им го ...

Новиот Клинички центар кој премиерот Христијан Мицкоски го најави деновиве ги скара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. За опозициската СДСМ овој проект е уште еден од лагите на премиерот, бидејќи како што рекоа, во време кога СДСМ ја предложи изградбата на новиот Клинички, ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше во Собрание, а сега ветуваат изградба на нов, кој според нив има отворени прашања. „Локацијата што ја најавува е целосно несоодветна за изградба на толку голем и ...

Најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“ доживеа огромен пад, откако голем број корисници пријавуваат дека не можат да пристапат. Проблеми има и со алатката за комуникација „Месенџер“ која исто така не функционира. Наскоро се очекуваат детали за овој голем пад, на кој се жалат и корисници од Македонија, но и од другите земји. Најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“ доживеа огромен пад, откако голем број корисници пријавуваат дека не можат ...

Изградбата на нов Клинички центар повторно стана тема на жестока политичка пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, откако двете партии разменија обвинувања за одговорноста за нереализирањето на овој капитален здравствен проект. Од СДСМ обвинија дека актуелниот премиер Христијан Мицкоски повторно дава ветувања за нов Клинички центар, иако, според нив, токму ВМРО-ДПМНЕ во минатото ја блокирало реализацијата на проектот. Од партијата потсетија дека во ...

Девет години нерешени прашања ја загрозуваат работата на такси-превозниците и безбедноста на патниците, соопшти Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје. Таксистите укажуваат на диви превозници, непријавени возачи и нерегуларности со таксиметрите. Дополнителен револт предизвикало одбивањето за издавање лиценци на возила постари од 2011 година. Според нив, ваквата мерка може да остави стотици возачи без работа. Од Владата бараат законски ...

Денеска започна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат ќе ја доставуваат потребната документација. Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Во августовскиот уписен рок ...

Министерство за финансии работи на измени на Законот за финансиските друштва со цел зајакнување на контролата и транспарентноста во секторот. Поконкретно ова се однесува за поголема контрола на брзите кредити. Се предвидува воведување задолжителни внатрешни тела, како одбори за ревизија и кредитен ризик, како и построги услови за отворање нови деловни простории. Измените предвидуваат и зголемување на основната главнина на финансиските ...

Претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, изјави дека вчера во Собранието беше изгласана првата фаза од измените на Законот за игри на среќа, со што, како што рече, започнува вистинското институционално ограничување на игрите на среќа и нивно оддалечување од децата и училиштата. Меџити посочи дека очекува целосно да заврши постапката за усвојување на законот, со што, според него, ќе се реализира едно од најзначајните ветувања на ВЛЕН. „Со ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) упати јавен повик до поранешни припадници на полицијата, Армијата и противпожарните единици да се вклучат во справувањето со пожарите на отворен простор и шумските пожари во текот на летната сезона. Како што соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, потребни се лица за повеќе позиции, меѓу кои возачи на специјални противпожарни возила, оператори на противпожарни пумпи и оператори со противпожарни ...

Македонија нуди стабилна деловна средина и нови можности за странски инвестиции, порача премиерот Христијан Мицкоски на Бизнис-форумот Македонија – Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Обраќајќи им се на претставниците на турската бизнис-заедница, Мицкоски ги повика компаниите од Турција да ја препознаат земјата како партнер за идни инвестиции и економска соработка, нагласувајќи дека постојат сите предуслови за продлабочување на ...

Пожарот во близина на Штип е локализиран и ставен под контрола, а беа зафатени се неколку викендички. Според градоначалникот Иван Јорданов, огнот избувнал на околу еден километар од првиот пожар кој би ставен под контрола, што отвора сомнежи за можните причини за негово настанување, односно дека е подметнат. Во пожарот е повреден сопственик на викенд куќа, кој е во стабилна здравствена состојба. Во акцијата биле вклучени и воздушни сили, при ...

Министерот за здравство, Азир Алиу во видео-обраќање изразува поддршка за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој помина во прво читање на пленарна седница во Собранието и апелира дека зависноста е здравствен ризик, а најефективната терапија за неа е превенцијата. „Не може да зборуваме за коцкањето дека е забава, кога истото станува навика и зависност. Кога влегува во семејството како долг, стрес, вознемирување и кога подмолно се ...

По разузнавачка царинска информација, Царинската управа спречи обид за неовластен промет со дрога којашто државјанин на САД се обидел нелегално да ја внесе во државава преку поштенски пратки со ДВД ЦД-а коишто пристигнале во ЦИ Пошти од Франција. По пристигнување на пратките во ЦИ Пошти, наменети за лицето Ј.Е., царинските службеници извршија контрола со скенер за поштенски пратки, при што е детектирана сомнителна содржина. Повикан е мобилен ...

Министерство за финансии работи на измени на Законот за финансиските друштва со цел зајакнување на контролата и транспарентноста во секторот. Поконкретно ова се однесува за поголема контрола на брзите кредити. Се предвидува воведување задолжителни внатрешни тела, како одбори за ревизија и кредитен ризик, како и построги услови за отворање нови деловни простории. Измените предвидуваат и зголемување на основната главнина на финансиските ...

Две лица го загубија животот, а едно е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на експресниот пат Градско-Прилеп, веднаш по исклучокот за Кавадарци. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во ОВР Кавадарци на 11.06.2026 година во 13:30 часот. Во несреќата учествувале две патнички возила со прилепски регистарски ознаки: „шкода октавија“, управувана од Ж.Р. (51) од ...

Демократската унија за интеграција реагираше за начинот на распределба на 36 проекти од Министерството за односи меѓу заедниците, со вкупна вредност од околу 18 милиони денари, наменети за промовирање на меѓуетничките односи. Според ДУИ, резултатите од овој конкурс покажуваат нерамномерна распределба на средствата, при што од 36 финансирани проекти, само едно албанско здружение добило поддршка, додека останатите средства им биле доделени на ...

Оркестарот на Филхармонија на 20 јуни, со почеток во 21 часот во Градскиот парк ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, која ќе биде моќна завршница на концертната сезона „Без Филтер“. Покрај оркестарот на Филхармонија на РСМ, учествуваат музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на МОБ, детскиот хор „Пиколо“ и хорот од Музичкото училиште од Солун. Диригент е маестро Најден ...

Утринава околу 5 часот избувнал пожар во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, при што огнот се појавил пред самиот влез на објектот. Настанот предизвикал паника меѓу станарите, кои биле разбудени од силен чад, тропање и звуци на детонации што, како што сведочат, личеле на експлозии, објави 4news.mk. Според првичните информации и сведоштва на жителите, пожарот најверојатно започнал од електрична инсталација на која претходно ...

Рано утрински напад во Набатија ја заокружи неделата на ескалација на непријателствата во кои САД и Иран разменија директни напади. Додека Израел продолжува да ги отфрла барањата на Техеран за поврзан прекин на огнот со Хезболах, немилосрдното бомбардирање ја остави јужната либанска граница речиси напуштена. Израелски воени авиони извршија воздушен напад во областа Набатија во јужен Либан во петокот наутро, при што се издигна голем облак чад ...

Канадскиот премиер Марк Карни стана симбол на отпорот на средните сили на меѓународната сцена по неговиот забележан говор на почетокот од годинава, но се очекува да биде значително повоздржан во критиките кон американскиот претседател Доналд Трамп на претстојниот самит во Европа. Говорот на Карни на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, во јануари му донесе меѓународна политичка популарност. Тогаш тој изјави дека глобалниот поредок ...

Светските нафтени пазари бележат значително намалување на цените, откако растечките очекувања за дипломатско решение на кризата меѓу САД и Иран ја намалија загриженоста кај инвеститорите околу снабдувањето со енергенси. Во текот на тргувањето, цената на суровата нафта Брент се спушти на 88,17 долари за барел, што претставува најниско ниво забележано во речиси два месеци. Последен пат ваква цена беше регистрирана на 17 април, кратко по ...

Надежите за постигнување мир меѓу Иран и Соединетите Американски Држави пораснаа во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договор би можел да биде потпишан уште овој викенд, иако Техеран соопшти дека сè уште нема донесено конечна одлука за спогодбата. Доколку биде потврден, договорот би претставувал најзначајниот дипломатски пробив досега за ставање крај на тримесечната војна, во која загинаа илјадници луѓе и која ...

На 11.06.2026 во периодот од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа Б.М.Б.(21), К.У.(25), А.Е.(24) и К.Б.(24) сите од Р.Турција, поради нерегулиран престој во државата. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 11.06.2026 во периодот од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на ...

Овен Љубов: Вашиот партнер прави работи што треба да ве направат да се чувствувате поласкани или задоволно. Одговорете на сличен начин. Работа: Сè е во ред сè додека некој не ве замоли за услуга или одреден придонес. Сепак, сте обврзани со одредени услови. Здравје: Избегнувајте лоши навики, ќе уживате во природата. Бик Љубов: Некој ве иритира со своето однесување. Избегнувајте сомнително друштво или средби со личност која има „лошо име“. ...

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 20 до 27 степени. Во Скопје, ...

Немаше проблеми Мексико да дојде до победата на отворањето на Мундијалот против селекцијата на Јужна Африка. Африканците не покажаа ништо од својот потенцијал на овој меч, а низ целосна доминација еден од домаќините успеа да слави триумф. Задачата им беше олеснета со двата црвени картони кои го добија играчите на Јужна Африка. Доминацијата на Мексико беше видлива од првиот свиреж, а веќе во 9. минута голема грешка на одбраната на Јуна Африка, ...

Премиерската функција на Кир Стармер е доведена до работ на колапс откако шокантната оставка на Џон Хили од функцијата министер за одбрана ги поткопа неговите безбедносни квалификации и ризикуваше да го уништи неговиот преостанат политички авторитет. Во острата оставка, Хили ги обвини Стармер и Рејчел Ривс, дека ја довеле во опасност безбедноста на земјата, велејќи дека долгоочекуваниот план за инвестиции во одбраната (Dip) не ги исполнил ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Бакар

13.01