Не изостанаа партиските препукувања за автопатот Скопје-Блаце. Од ВЛЕН, алудирајќи на претходните владеења, рекоа дека повеќе од една деценија автопатот останал политичко ветување, со симболични почетоци и предвидени средства, но никогаш не бил завршен. Опозициската ДУИ, пак, го обвини ВЛЕН дека продолжувањето на автопатот Скопје-Блаце го претставува како успех, иако, според партијата, проектот бил завршен на 2 мај 2023 година и истата година ...
Пред две години Влен и нивните политички партнери го напаѓаа проектот за изградба на автопатот Скопје – Блаце како премногу скап и несоодветен, а денеска го претставуваат како успех и истиот ќе го градат за околу 30 милиони евра повеќе од првично предвидениот износ. Ова е денешната реакција на Демократската унија за интеграција (ДУИ) откако денеска е поставен камен-темелник за изградбата на автопатот Скопје – Блаце во должина од околу 10,5 ...
Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект кој треба да го зајакне транспортното и економско поврзување на Македонија и регионот, истакна денеска заменик пртеседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. ” Автопатска делница е во должина од 10 и пол километри, исклучително комплициран терен, исклучително тежок терен. Ќе имаме 5 тунели, ...
Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Почетокот на изградбата на автопатот Скопје - Блаце, според премиерот Христијан Мицкоски, е историски зашто денеска таа станува реалност - почнува да се реализира иако, рече, повеќе од две децении проектот бил претставуван како „само што не почнал да се реализира“. Посочи дека овој проект бил меѓу приоритетите на Владата од нејзиното формирање пред 25 месеци. - Ќе биде од особено значење за граѓаните на нашите ...

