По периодот на зголемен број стомачни тегоби кај жителите, епидемиолошката состојба во Гостивар се стабилизира. Центарот за јавно здравје Тетово донесе одлука за прекинување на епидемијата, откако во последниот период нема регистрирано нови случаи на гастроентеритис и ентероколитис поврзани со водата за пиење. Информацијата ја соопшти министерот за здравство Сашо Клековски, кој посочи дека актуелните епидемиолошки податоци покажуваат дека ...

Нови улици, водоводна и канализациска мрежа, социјални станови и други инфраструктурни проекти се реализираат во Прилеп со поддршка од Владата, а вкупната вредност на инвестициите преку програмите на Министерството за транспорт надминува 9,5 милиони евра. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на Прилеп, каде заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски ...

Со денешното одржување на работната седница на Советот на амбасадори, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците се враќаат на парламентарните активности по августовската пауза. Првата нова пленарна седница на Собранието е закажана за 2 септември. На официјалната веб-страница на Собранието се најавени и две средби на Африм Гаши на 25 август – со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната координаторка на ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Н. Е. Мартин Памер, на која беа разгледани можностите за натамошно унапредување на односите и партнерството меѓу двете земји во областа на правосудството. „Соработката со Австрија не треба да се гледа само како билатерална правна помош, туку како партнерство за модернизација на правосудниот систем, јакнење на институциите и забрзување на нашата европска ...

Град Скопје воведува систем на целосна контрола и мониторинг на службените возила со цел намалување на непотребните трошоци, спречување злоупотреби и поефикасно управување со јавните средства, информираа од Градот. „Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар. Системот овозможува во реално време да се следи локацијата на возилата, нивната ...

Странските државјани кои со возила со странски регистарски таблички сообраќаат во Македонија од сега можат онлајн да ги проверуваат сообраќајните казни и да ги плаќаат електронски. Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, информираше дека е активирана апликацијата „Безбедна земја“, која во оваа фаза е наменета токму за возачите на возила со странски регистарски таблички. Преку апликацијата, возачите можат да ги видат прекршоците ...

Состојбата со пожарите во Македонија и натаму е сериозна, а најголем предизвик во моментов претставува пожарот во атарот на селото Никуштак, Општина Липково, кој е вон контрола и се движи кон манастирот над Матејче и кон самото село, информираше утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Овој пожар и покрај вчерашната интервенција на „ер-тракторите“ на ДЗС останува активен. Според Ангелов, леталата вчера ...

Не обвинувањата помеѓу власта и опозицијата за загадувањето на водата во Гостивар. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата. „Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја носи Турција кон „опасни авантури во Сирија“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац, по нападот врз сириската воздушна база на почетокот на оваа недела. Израел во вторникот ја нападна воздушната база Абу ал-Духур во Сирија, предупредувајќи дека Сирија е пред прекршување на „договорениот статус кво со Израел во однос на безбедносните прашања“, со што би се овозможило распоредување турски ...

Американскиот секретар за финансии Скот Бесент изјави дека САД ќе воведат „најстроги санкции во историјата“ против Иран, мерка за која оцени дека би ја намалила потребата од нови големи воени операции. Изјавата на Бесент уследи по заканата на претседателот Доналд Трамп еден ден претходно дека ќе спроведе „економска војна“ и по предупредувањето дека секоја земја која ќе му обезбеди „каква било форма на спас“ на Иран ќе се соочи со економски ...

Овен Ќе имате повеќе енергија и желба работите да ги завршите веднаш. Внимавајте да не влезете во непотребни расправии. Во љубовта, искрен разговор може да расчисти недоразбирање. Бик Денот носи стабилност, особено на финансиски план. Можно е да добиете информација што долго ја очекувате. Во љубовта не брзајте со заклучоци. Близнаци Очекувајте повеќе комуникација, пораки и средби. Некој може да ви понуди интересна можност. Во љубовта, бидете ...

Белгискиот принц Лоран официјално го призна 26-годишниот поранешен продавач на автомобили, Клеман Ванденкеркове, како свој син и наследник. Ванденкеркове, кој е резултат на врската на принцот со белгиската пејачка Венди Ван Вантен, пред шест месеци тивко бил вклучен во семејството на Лоран на свечена церемонија. Деталите за тоа дури сега излегоа во јавноста. Иако официјално ја доби титулата принц, тој нема да има право на финансиски средства ...

Foo Fighters се најавени како замена за The Pretty Reckless и ќе настапат како предгрупа на AC/DC на „само една вечер“, а фронтменот Дејв Грол ја опиша можноста како „буквално остварување на сонот“. Концертот ќе се одржи на 8 септември, кога AC/DC ќе настапат во Сент Луис во рамките на светската турнеја „Power Up“. На сите досегашни концерти, вклучително и настапите во Велика Британија и Европа во 2025 година, рок-легендите како предгрупа ги ...

Лидерите на седум земји, меѓу кои и четири членки на ЕУ, го осудија големиот проект за изградба на населба на Западниот Брег и повикаа Израел да престане со проширувањето на населбите на окупираната палестинска територија, откако израелските власти објавија тендер за изградба на повеќе од 1.200 станбени единици во областа. Изјавата ја потпишаа Франција, Германија, Италија и Холандија, како и Обединетото Кралство, Норвешка и Канада. „Во време ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја истакна потребата ЕУ да изгради „капацитет за одвраќање на провокации и агресија“, откако Романија уништи поморски дрон со експлозив во близина на гасна платформа во Црното Море. „Во тек е ескалирачка кампања на закани, која ги вознемирува нашите граѓани и има за цел да ја подели нашата Унија. Ова е хибридна војна“, изјави Фон дер Лајен на социјалната мрежа X. Романскиот ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека парламентарните избори во Србија ќе се одржат на 18 или 25 октомври, додавајќи дека многумина постепено сфаќаат дека изборните резултати нема да бидат такви какви што си ги замислувале. „Парламентарните избори во Србија ќе се одржат или на 18 или на 25 октомври… бидејќи гледам дека некои не знаат да пресметаат“, рече тој. На прашањето дали Србија постепено влегува во референдумска ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странските државјани, односно за сопствениците и возачите на возила со странски регистарски таблички. Преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат ...

Состојбата со пожарите на отворен простор и натаму е сериозна на повеќе локации низ земјата. До 18 часот денеска се регистрирани вкупно 22 пожари, од кои осум остануваат активни, еден е ставен под контрола, а 13 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Најголем број активни жаришта се регистрирани во различни шумски и рурални подрачја, при што на дел од локациите огнот зафатил ниска и деградирана вегетација, но и шуми. ...

Најмалку 13 лица загинаа, а седум се повредени во одрон на површински коп во рудник за злато во колумбискиот департман Нарињо, на границата со Еквадор, соопштија денеска властите. Несреќата се случила во средата попладне во селото Порторико, оддалечена област која е дел од општината Поликарпа, изјави Габриел Окања, директор на Националната единица за управување со ризик од катастрофи (UNGRD) во Нарињо, објави агенцијата ЕФЕ. „За жал, дошло до ...

По 30 дена од прогласувањето на кризна состојба, Гостивар повторно има безбедна вода за пиење, а со истекот на кризата одговорноста за натамошниот квалитет на водоснабдувањето преминува во рацете на локалната власт. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше дека според последните анализи водата е чиста и безбедна за употреба за пиење. Кризната состојба во Општина Гостивар истече синоќа на полноќ. ...

Километарска колона до граничниот премин Табановце и долги чекања на шалтерите. Ова се случува бидејќи лицата транзитирале низ Македонија со странски таблички, а направиле прекршок кој е евидентиран преку системот „Безбеден град“, мора да ги платат казните. „Долги редици на чекање, овде на граничниот премин Табановце, каде што странските државјани кои престојувале или поминале низ нашата земја и биле снимени од камерите на „Safe City“, сега ...

Посакува ли премиерот Христијан Мицкоски предвремени избори откако и во вчерашното интервју, а и во изминатиот период во неговите изјави постојано ги спомнува. Мицкоски повтори дека власта е подготвена за избори доколку тоа го посакува опозицијата, иако како што рече, граѓаните тоа не го сакале. -Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме Влада 4 години, но она кое што јас вчера го кажав ќе го потврдам а тоа е – ...

5 милиони евра изнесува долгот на Општина Струга, додека не се знае точниот износ на дополнителниот долг кој е во постапка. Со овој долг се обидува да опстои општината, рече градоначалникот Менди Ќира. -Долгот кој е врз основа на извршни постапки изнесува 5 милиони евра, додека останатите долгови се екстра и не се документирани, бидејќи се во тек постапки во кои се пресметуваат и други трошоци, како камати и слично. Засега сме фокусирани на ...

Поради случаите со зарацени лица со Западнонилска треска во Скопје, вклучен е алармот во Полошкиот регион. Соочени со овој здравствен ризик, општините во овој регион се активираа за дезинсекција од комарци и инсекти, но со различно темпо и во различни периоди. Општина Тетово последната дезинсекција ја реализирала на 6 јули. Од локалната самоуправа велат дека следната акција е планирана за понеделник, но нејзината реализација зависи од ...

Ќе се вратат ли уставните измени со одложено дејство на преговарачка маса со Бугарија? Премиерот Христијан Мицкоски вели дека тој е подготвен да преговара со нашиот источен сосед се додека не се постигне решение. За сега нема најава за некаква средба меѓу македонскиот и бугарскиот премиер, но очекува претходно со дипломатски контакти да се доближат ставовите. -Ние ќе продолжиме да разговараме, се разбира ние знаеме кои се нашите црвени линии ...

Надлежните институции бараат дополнителна меѓународна помош во справувањето со болеста кај овците, а вакцинацијата засега ќе може да започне само откако ќе бидат обезбедени и проверени соодветни вакцини. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информираат дека до Европската Комисија и до Република Турција е доставено барање во врска со донација на вакцини. Дополнително, ...

Нелегалниот ископ на минерални суровини во близина на изворите за вода во струшкото село Шум довел до сериозен проблем со водоснабдувањето во Струга, поради што против две лица и едно правно лице е поднесена кривична пријава. ОВР Струга поднесе пријава против Х.М.(50) и Н.К.(54), двајцата од село Велешта, како и против правен субјект од истото село, поради сомнение за повеќе кривични дела – „узурпација на недвижности“, „незаконита ...

Паметни камери кои ги читаат регистарските таблички и ги селектираат возачите што направиле сообраќаен прекршок ќе бидат дел од новиот систем на граничните премини, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој објасни дека камерите се поставени при приближувањето кон граничниот премин и преку читање на регистарските таблички обезбедуваат информации врз основа на кои се врши селекција на возилата. „Со паметни камери при ...

Граничниот премин „Табановце“ денеска повторно се соочува со долги колони, повеќечасовно чекање и тензии, откако системот „Сејф Сити“ започна да се применува и за возилата со странски регистарски таблички. При излез од земјава, на дел од возачите им биле врачени платни налози за сообраќајни прекршоци кои биле евидентирани претходно. Ова предизвикало долги задржувања и дополнителен хаос на граничниот премин. Од Министерството за внатрешни ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска е спроведена 14. дезинсекција против комарци оваа сезона, додека прскањата ќе продолжат и во наредните денови. Утре е планиран уште еден воздушен третман, додека од 23 до 26 август ќе се спроведува и теренска дезинсекција на територијата на градот. Според Ѓорѓиевски, досега се реализирани редовни третмани и против комарци ипротив нивните ларви, преку воздушни и теренски ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07