Оваа учебна година ќе започне со 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средно. Во 26 села на училиштата ќе им се стави клуч на вратата, бидејќи нема запишани ученици во прво одделение или има мешани паралелки со помалку од 10 ученици. Министерката за образование Весна Јаневска истакна дека ова се прави со цел да им се овозможи на учениците социјализација и да се подобри квалитетот на образованието, да не ...

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, најави реформи на процесот на проширување на Европската Унија, со цел приспособување на ЕУ кон можно проширување со нови членки. На Конференцијата на хрватските амбасадори во Загреб таа рече дека процесот влегува во нов момент и дека Европската комисија подготвува нова методологија за интеграција на земјите кандидатки. Кос истакна дека проширувањето ќе биде проследено со построга контрола и значајни ...

Американски воен транспортен авион во вторникот слетал на московскиот аеродром Внуково, покажуваат податоците од сервисот за следење летови Flightradar24. Големиот авион „Боинг Глобмастер“, со американски регистарски број 07-7181, директно летал од Рига, Летонија, и слетал во Москва околу 07:00 часот по Гринич. Светските агенции и локалните медиуми немаат детали за слетувањето и авионот. И од Кремљ соопштија дека засега немаат информации. ...

Во текот на утрешниот ден, премиерот на Косово, Албин Курти, ќе ја посети Македонија, известува ТВ21. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе има посебен сообраќаен режим. „На 26.08.2026 (среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, г-дин Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за ...

Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, вели дека во моментов нема причина за предвремени парламентарни избори. Тој ја обвини ДУИ дека постојано ја одржува оваа тема за да не го изгуби електоратот, додека рече дека Владата има апсолутно мнозинство во Собранието и дека процесите не се блокирани. “Сметам дека ДУИ, за да не ѝ избега електоратот, постојано ја одржуваше оваа тема. По три месеци, по шест месеци, поминаа, се знае. Опозицијата во ...

Царинските управи на Македонија и Косово во Приштина разговараа за зајакнување на соработката, побрза размена на податоци и олеснување на трговијата. Во фокусот беше концептот „One-Stop Shop“ на граничниот премин Блаце–Елез Хан, со цел забрзување на протокот на стоки и патници. Страните разговараа и за дигитализација на царинските процедури и размена на информации за побрзо откривање на шверц, царински измами и прекуграничен криминал. ...

Дизел горивото во Македонија е за половина евро по литар поевтино тоа во Албанија, 35 центи од Србија, 30 до 50 центи по литар поевтино од сите држави во регионот, рече премиерот Христијан Мицкоски одгаоварајќи на новинарски прашања. „Така што ако ја оставиме политиката на страна и почнеме да ги гледаме бројките, ќе дојдеме до заклучок дека во моментот, бидејќи сите купуваме од исто место, не купуваме од различно место, сите купуваме од исто ...

Центарот за управување со кризи известува дека до 13:00 часот се регистрирани 11 пожари на отворен простор. Од нив, шест сè уште се активни, еден е под контрола, додека четири се изгаснати. Активни се пожарите во Студеничани, Зелениково, Гостивар, Чашка, Пробиштип, Градско и Кичево. Во Кичево, пожарот во Тајмиште е под контрола, додека четири пожари се изгаснати во Сарај, Гостивар, Куманово и Берово. ЦУК продолжува да ја следи ситуацијата на ...

Една недела пред почетокот на учебната година, министерката за образование, Весна Јаневска, меѓу другото информираше дека во учебната 2026/2027 година се запишани околу 14.500 првачиња, но тоа не е конечниот број, бидејќи до крајот на септември продолжува запишувањето на учениците од прво одделение кои го пропуштиле рокот за упис. Во однос на оптимизацијата на училишната мрежа поради воведувањето на едносменска настава, министерката рече дека ...

Во текот на денешниот ден до граѓани пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи (УЈП), со известување дека „даночниот поврат е подготвен“ и со приложен линк, информираа од Управата. „Доколку ја добиете оваа порака, НЕ ГО ОТВОРАЈТЕ ЛИНКОТ и не внесувајте лични, банкарски или други чувствителни податоци. Станува збор за порака која може да биде обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци. Ги повикуваме ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше прашан за планот на САД за масовно одземање на визите за барателите на азил, со кој би можеле да бидат опфатени до 200.000 лица, известува ТВ21. Мицкоски рече дека сака да се заострат условите за американските имигрантски визи, бидејќи, според него, политиката на Владата е да ги врати иселениците. „Ако може да ги затегнат условите Aмериканците за иселенички визи за македонските граѓани, јас би бил ...

Европа се соочува со едно од најсмртоносните лета досега, откако серијата екстремни топлотни бранови предизвика значително зголемување на смртноста во повеќе земји. Прелиминарните податоци покажуваат дека најмалку 35.000 луѓе повеќе од очекуваното починале за време на четирите последователни топлотни бранови ова лето. Станува збор за податоци што засега опфаќаат околу половина од европскиот континент, а во пресметките не се вклучени целосните ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик. Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека правното лице е ...

Само два танкера вчера поминале низ Ормускиот Теснец, клучна поморска рута за транспорт на енергенси. Тоа е најмалиот број пловила со товар што во еден ден поминале низ теснецот од почетокот на мај, покажуваат податоците за движењето на бродовите. Бројката е значително пониска и од десетдневниот просек, кој изнесува 14 пловила. Според податоците на платформата за следење бродови „Кплер“, до 8:57 часот по средноевропско време низ теснецот од ...

Од утринските часови продолжуваат интензивните активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК, Мухамед Али, е на терен заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. Приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи ...

По серијата пожари, Франција се соочи со ново невреме. Торнадо во понеделникот го погоди селото Помас во југозападниот дел на земјата, при што се повредени околу 40 лица, а оштетени се приближно 300 домови, соопштија локалните власти. Најтешко погодено е Помас, населено место со околу 1.000 жители во подножјето на Пиринеите. Силното невреме корнело дрвја и сериозно оштетило покриви на куќи, додека неколку објекти претрпеле значителни ...

Соединетите Американски Држави ја отстранија Сирија од листата на држави кои поддржуваат тероризам, со што завршува повеќедецениската ознака која беше проследена со строги економски ограничувања. Американскиот Стејт департмент, исто така, ја укина ознаката за Фронтот Ал Нусра – подоцна познат како Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ) – како глобална терористичка организација, додека Министерството за финансии најави олеснување на санкциите. Бунтовниците ...

Претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемена облачност, а наместа ќе ...

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, изјави дека САД не ја исклучуваат можноста за употреба на воена сила против Иран. Неговата изјава следува откако Вашингтон воведе нови санкции против речиси 60 субјекти, поединци и бродови, во рамките на напорите за зголемување на економскиот притисок врз Техеран. „На никаков начин не ја исклучуваме можноста за воени напади во Ормускиот Теснец или во близина на Иран“, им изјави Хегсет на ...

Сообраќајната контрола на автопат во близина на Краљево завршила со апсење на македонски државјанин, кој е осомничен дека се обидел со пари да избегне санкција за направени сообраќајни прекршоци. Според српското Министерство за внатрешни работи, станува збор за 43-годишниот З. А., кој бил приведен од припадници на Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против корупцијата. Акцијата била спроведена по налог на Посебното ...

Зајакнување на билатералните односи и отворање нови можности за соработка биле во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и неговиот израелски колега Гидеон Саар. Муцунски, кој престојува во посета на Израел, на средбата со Саар ја потврдил определбата на двете земји за понатамошно унапредување на партнерските односи и продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес. ...

♈ Овен – Денот носи повеќе динамика. Ќе имате енергија да завршите обврски што долго ги одложувате. Во љубовта, искрен разговор може да расчисти недоразбирање. ♉ Бик – Финансиските прашања доаѓаат во преден план. Не брзајте со поголеми трошоци. Во љубовта ве очекува стабилност и пријатна атмосфера. ♊ Близнаци – Комуникацијата е вашата најсилна страна денес. Можно е да добиете интересна вест или понуда. Внимавајте да не ветите повеќе отколку ...

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има ...

Во дерби натпреварот со кој вечерва се комплетираше четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ-, тетовска Шкендија ја совлада Струга со 2-1 (1-0) и остана со максимален ефект во новата сезона. Шкендија до својата четврта прволигашка победа дојде со голот од пенал на Ибраими во 86/ минута, откако претходно Ндзенгуе му донесе водство на тетовскиот тим во 29. минута, а Малески израмни од пенал по еден час игра на ФФМ Тренинг ...

Македонските спортисти ги освоија првите медали на Медитеранските игри во Таранто, Италија. На третиот натпреварувачки ден, борачите Фати Вејсели и Реџеп Хајдари се закитија со сребрени медали, додека Ахмад Магомедов освои бронзено одличје. Хајдари во финалето во категоријата до 97 килограми во слободен стил загуби од грчкиот борач Даурен Куруглиев со 6-0. Вејсели, пак, во борбата за златниот медал во категоријата до 74 килограми беше поразен ...

Силна бура што ја погоди северна Италија предизвика хаос на аеродромот во Форли. Налети на ветер поместија мали авиони околу платформата, а еден од нив се преврте на покривот. Драматичниот момент беше снимен со камера, а снимката беше споделена на социјалните медиуми и низ целиот свет. Бурата го погоди Форли, град во регионот Емилија-Ромања, во петок, 21 август. Снимките покажуваат како ветерот неконтролирано ги движи лесните авиони, при што ...

Густиот чад што попладнево беше забележан над Скопје доаѓа од пожарот на планината Китка, на територијата на општините Студеничани и Зелениково. Од Центарот за управување со кризи информираат дека чадот бил пренесен од ветерот во правец кон Скопје, а во текот на денот на терен дејствувал и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека досега нема пријави за пожар на Водно. Во меѓувреме, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес, по неуспешните трговски преговори со Отава, објави дека царините за сите автомобили, камиони и автоделови од Канада ќе бидат зголемени на 50 проценти од 1 јануари. Трамп оцени дека Канада, во однос на трговијата и другите елементи, е меѓу најлошите земји во светот. Нам не ни треба Канада, тие ни требаат ние, рече Трамп, пренесува Ројтерс. Минатата година, вредноста на трговската размена меѓу САД и ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, бара итно да биде ставен во функција ПЕТ-Центарот, обвинувајќи ги властите дека неговото нефункционирање ги загрозува пациентите со канцер. Филипче рече дека центарот работел само еден ден, а потоа повторно бил надвор од функција. Според него, ПЕТ-снимањето е одлучувачко за утврдување и промена на терапијата кај онколошките пациенти. „Беа снимени околу 10 пациенти. Околу 15 пациенти дневно кои се во тешка ...

На ден 24.08.2026 година, до 18:30 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои 7 се активни, 2 се под контрола, а 12 се изгаснати. Активни пожари – 7: Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума; Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица, ниска вегетација, нискостеблеста шума ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58