Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил билатерална средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при што двајцата соговорници ја потврдиле посветеноста на натамошно зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција. Како што информираше Мицкоски преку социјалните мрежи, на средбата било истакнато задоволството од високото ниво на политички односи меѓу двете држави, кои се темелат на меѓусебна доверба, почит и долгогодишно ...

Драматичен инцидент среде бел ден во скопската населба Карпош пријавил 36-годишен жител на Скопје, кој тврди дека бил нападнат, насилно внесен во возило и однесен на друга локација. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен синоќа во 21:30 часот во СВР Скопје. Д.Е. (36) изјавил дека околу 14 часот, додека управувал патничко возило „мерцедес“ на подрачјето на Карпош, бил пресретнат од три автомобили – ...

Македонија летово ќе добие нов голем инфраструктурен проект, откако беше избран изведувач за изградба на втората делница од автопатот Скопје–Блаце. Станува збор за дел долг 10,5 километри, кој треба да обезбеди побрза и побезбедна патна врска со Косово и понатаму со регионот. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека на тендерот е избран конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“, а ...

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска обвини за неправилности во постапката против него, откако добил покана за издржување на затворска казна пред официјално да му биде доставена пресудата од судот. На прес-конференција, Јакимовски изјави дека во четвртокот му бил врачeн упатен акт со кој е повикан најдоцна до 2 јули да се јави во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, но нагласи дека до денеска не ја добил писмената ...

Иран во саботата соопшти дека би можел во наредните денови да го потпише рамковниот договор за мировен договор со САД, но ја отфрли изјавата на медијаторот Пакистан дека тоа ќе се случи во следните 24 часа. САД и Иран во петокот сигнализираа дека договорот за завршување на три месеци војна е блиску, при што висок претставник на американската администрација изјави дека двете страни се договориле за текстот и дека Вашингтон очекува да потпише ...

На Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, претседателот на партијата, Али Ахмети изјави дека тие се најорганизираната партија во земјата и регионот, која, како што рече, направила 83 отсто промени во раководството на партијата и 73 отсто промени во раководството на кумановскиот огранок. Ахмети истакна дека оние што ја основале ОНА и ДУИ им отстапиле простор на новите генерации, додавајќи дека тоа било и мотото на ДУИ „да се ...

„Скопје сега поблиску до Приштина“, така изјави претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, и соопшти дека се издвоени 200 милиони евра за патот Скопје–Блаце–Приштина. Меџити рече дека градат патишта за да ги приближат луѓето и да создадат нови можности за идните генерации. Од друга страна, и копретседателот на ВЛЕН, Билал Касами, изјави дека се завршени сите бирократски процедури и дека е отворен патот за почеток на работите на автопатот ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а еден и бил и под дејство на алкохол. По две лица во Скопје и Прилеп и по едно лице во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод (малолетник) и Кривогаштани (малолетник) возеле без дозвола. Лицето во Кратово претходно учествувало во сообраќајна ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 12 лица кај кои била пронајдена дрога. На 12.06.2026 во 21:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода С.К.(21), К.П.(20) и А.С.(21), сите од Гевгелија. Тие биле затекнати како во патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки употребуваат марихуана, а кога им пристапиле ...

На 12.06.2026 во 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 07:00 часот од река Вардар на подрачјето на Карпош очевидец извлекол машко лице кое се давело во реката. Станува збор за лицето Д.И.(83) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и кој по укажаната помош на местото од екипа на Итна медицинска помош Скопје бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје за понатамошно лекување. Извршен бил увид од увидна екипа од ...

Американските сили собориле неколку ирански дронови кои се движеле кон Ормускиот Теснец, пренесуваат странските медиуми, повикувајќи се на извор запознаен со случувањата во регионот. Според официјалниот претставник, кој зборувал под услов на анонимност, иранските дронови претставувале закана за трговскиот поморски сообраќај на една од најважните светски пловни рути. Во меѓувреме, Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека Иран започнал ...

Народната банка на Северна Македонија го објави конкурсот за доделување на Годишната награда за млади истражувачи за 2027 година, овозможувајќи им на младите до 35-годишна возраст да аплицираат со истражувачки трудови од областа на макроекономијата, банкарството и банкарските системи. Според Народната банка, наградата има за цел да го поттикне развојот на научната мисла, да ја охрабри истражувачката активност и да ги промовира младите стручни ...

Новото клучно прашање во енергетскиот сектор е каде и како ќе се складира произведената електрична енергија од обновливи извори, изјави Тодор Анѓушев, управител на ЕМС во рамките на ФЕРО ИНВЕСТ, на стручната трибина „Складирање на електрична енергија и интеграција на производство од обновливи извори – Предизвици и решенија“, организирана од МАКО СИГРЕ на ФЕИТ во Скопје. Тодор Анѓушев нагласи дека без батериски системи е невозможно целосно да ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12 – годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, ...

Филипче е на страната на бугарските барања за Уставни измени, а ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интереси, се вели во денешното соопштение на владејачката партија. „Уставните измени не се последната, туку првата отстапка од низата барања кои Бугарија сака да ги наметне на Македонија. Отворањето на Уставот значи отворање на Пандорината кутија за нови условувања, нови притисоци и нови удари врз македонскиот идентитет“, ...

Општина Чаир соопшти дека ќе бидат поставени 100 нови контејнери на местата каде што потребата за собирање отпад е најголема, што според општината претставува инвестиција во подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, нагласи дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден од приоритетите на општината. „Постојано инвестираме во создавање подобри услови за граѓаните. ...

Вчера пред полноќ на патот помеѓу с.Шишево и с.Грчец во Општина Сарај, од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.С.(54) од с.Сарај и Р.С.(58) од с.Крушопек. “При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ловечки патрони и други предмети. Лицата се ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп во петокот изјави дека американските сили извршиле напад во кој бил убиен Хектор Рустенфорд Гереро Флорес, познат и како Нињо Гереро, лидерот на венецуелската затворска банда „Трен де Арагуа“. „По моја наредба, Јужната команда на Соединетите Американски Држави изврши брз и смртоносен воен удар и успешно го елиминираше Нињо Гереро, озлогласениот лидер на Трен де Арагуа, една од најкрволочните терористички ...

Реакциите против Калас ги откриваат суровите вистини за надворешната политика на ЕУ Каја Калас се најде во политички вртлог откако неформален документ поврзан со француската влада предложи неколку идеи за драстично преуредување на нејзината функција како висок претставник на Европската Унија за надворешна политика, пишува Еуроњуз. Документот нуди три опции, од кои една би го зајакнала нејзиното портфолио и би ги проширила нејзините ...

Швајцарија во недела ќе бара на референдум одговор на прашањето – може ли една држава да постави фиксна граница на бројот на жители? Гласачите ќе излезат на гласачките места за да одлучат за предлогот населението да се ограничи на 10 милиони жители. Овој потег го поддржа десничарската Швајцарска народна партија, која го опишува како „иницијатива за одржливост“ насочена кон намалување на притисокот врз домувањето, јавните услуги и животната ...

Уште еден возбудлив ден на Светското првенство е пред нас, со возбудувања и борба за првите бодови. Фудбалскиот „маратон“ од пет натпревари до утре почнува во 21:00 часот со мечот помеѓу Катар и Швајцарија, додека дербито во групата Ц помеѓу Бразил и Мароко е закажан за полноќ. Потоа во 03:00 часот играат Хаити и Шкотска, а во шест часот ќе се будиме со дуелот помеѓу Австралија и Турција. Утре продолжуваат возбудувањата со дуелот помеѓу ...

Овен Љубов: Нема причина да играте двојна улога или да криете дел од вистината. Не можете да го излажете партнерот. Работа: Променете ја вашата оригинална стратегија за да ги зачувате вашите основни интереси во деловните преговори. Здравје: Обрнете внимание на правилна исхрана или подобра заштита. Бик Љубов: Нема потреба да отворате чувствителна тема на начин што ќе ја иритира вашата сакана личност. Внимателно бирајте ги зборовите што ги ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ...

Имаше селекцијата на Босна и Херцеговина предност во мечот со ко-домаќинот на Мундијалот Канада во дуелот во Торонто, но на крајот мораше да се задоволи со еден бод. Јово Лукиќ во 21. минута ги донесе Босанците во предност. Колашинац асистираше од корнер, а Лукиќ успеа да ја израдува публиката на БиХ. Во второто полувреме Канада притисна да израмни. Имаше една супер шанса, кога Колашинац спасуваше од гол линијата, а потоа Ларин успеа да го ...

Универзитетскиот професор Владимир Филиповски вечерва во Бизнис 21 кажа дека во првиот квартал од 2026 година, веќе е креиран буџетски дефицит од 64% од вкупниот буџетски дефицит за оваа година. „Фискалниот простор на македонскиот буџет не е многу голем и е ограничен, а токму е тоа идејата на фискалниот простор, кога има нормални времиња, фискалната политика да создаде резерви, за да кога ќе се случи ваков шок, да имате доволно ресурси и ...

Корисниците на „Фејсбук“ „Месинџер“ и „Инстаграм“, повторно ќе можат да ги користат овие социјални мрежи. Од компанијата „Мета“ изјавија дека се вратени во функција, и дека ќе биде потребно време да се нормализира работата. „Се враќаме, иако можеби ќе биде потребно малку време за сè целосно да се врати во нормала“,вели шефот за комуникации на „Мета“, Енди Стоун во објава на Икс. Претходно корисниците на мрежите автоматски беа одјавени и не ...

Соединетите Американски Држави и Иран дадоа сигнали дека е близу до постигнување договор за завршување на нивната војна, а висок функционер на американската администрација изјави дека е подготвен текст што им се одговара на двете страни. Телата за донесување одлуки во Иран се состануваат за да разговараат за меморандумот, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи. Пакистан, кој со недели се обидува да посредува во ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници. Вкупно 5.058 должници, за даноци и придонеси должат над 12,7 милиони денари. „Најновата листа ги опфаќа долговите доспеани до 28.02.2026 година и неплатени до 31.05.2026 година. Вкупниот број на должници објавени на оваа листа изнесува 5.058. Вкупниот нето – долг за даноци и придонеси е 12.723 милиони денари. Од претходната листа бр. 05/2026 се повторуваат 4.922 должници, ...

Успешните средби на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара -Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата, Николоски. Министерот за трговија на Турција на социјалната ...

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ги поканија новинарите на организирано патување од едниот до другиот крај на главниот град, при што се разговараше за јавниот превоз во Скопје и за патувањата со автобусите на БРТ-линиите и градскиот воз. „Целта на тој бесплатен јавен превоз е патниците да се задржат во автобусите, спротивно на тоа што се случува во Скопје во последните години, кога јавниот превоз е ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Калај

53.60