Со 59 гласа за и 9 против, Собранието го изгласа предлог-законот за игрите на среќа. Со новиот закон казина нема да смеат да се во растојание од 500 метри до училиштата, забрана за рекламирање на излозите на коцкраниците, се забранува рекламирање со кое коцкањето се претставува како начин до личен успех, секој апарат мора да има задолжителен систем за локација (GPS) за тековна контрола од страна на УЈП, лиценците нема да можат да се ...

Жителите на населбата Капиштец се собраа на протест против гласната музика која доаѓа од кафулето „Интермецо“, кое се наоѓа на просторот помеѓу густо населениот станбен блок во оваа населба и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. „Овде сме собрани соседи, поради тормозењето, поради малтретирањето последните десет и повеќе години. Од најурбана, најмирна населба, Капиштец се претвори во една модерна џунгла“, вели Горан Гацовски, жител на ...

На денешната седница, Советот на јавните обвинители го продолжи ангажманот на Наташа Крстевска Цалева како вршител на должноста Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Со тоа продолжува функцијата на Крстева-Цалева, се со цел да обезбеди континуитет во работата на Вишото јавно обвинителство. Сепак, постапката за избор на Виш јавен обвинител и натаму тече, информираше претседателот на Советот, Башким Бесими. На денешната ...

Ел Нињо – природниот пацифички временски модел што ги зголемува глобалните температури – официјално започна, велат американските научници. Националната океанска и атмосферска администрација на САД (NOAA) објави дека во тропскиот Пацифик се во тек услови на Ел Нињо, при што температурите на површината на морето нагло се зголемија во последните месеци. Многу прогнози сугерираат дека ова би можело да заврши како таканаречен „супер“ Ел Нињо, па ...

Државниот завод за ревизија откри голем број неправилности во системот за исплата на правата за финансиска помош од социјална заштита, според ревизијата за периодот 2022 – јуни 2025 година. Во извештајот се нагласува дека системот на спроведување, контрола и исплата на социјална помош не е целосно усогласен со законската регулатива и дека постојат сериозни недостатоци во документацијата, верификацијата и спроведувањето на законските ...

Занаетчиската организација од Скопската Чаршија изрази загриженост за составот на раководните органи на Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, оценувајќи дека недостасува застапеност на Старата Чаршија во овој важен културен проект. Според јавната реакција, Скопје е мултикултурен град и секој проект што има за цел да го претстави неговиот идентитет треба да ги вклучи сите заедници и културни фактори. Занаетчиската ...

По трет пат се распишува тендерот за набавка на нови автобуси за Град Скопје од страна на Министерството за транспорт. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изрази жалење што владиниот тендер за набавка на нови автобуси по втор пат пропадна. На последната седница на Советот, одговарајќи на критики од советниците, тој изјави дека хаосот со јавниот превоз во главниот град ќе се нормализира по пристигнувањето на 100 електрични автобуси за ...

Опозициската СДСМ побара од претседателот на Собранието Африм Гаши да овозможи одржување надзорна расправа за Законот за употреба на македонскиот јазик. Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска обвини дека власта две години нема имплементирано ниту една одредба од овој закон и покрај барањата на опозицијата. Ваквата реакција доаѓа откако деновиве претседателката на Советот за македонски јазик Симона Груевска Маџоска си поднесе оставка со ...

Околу 50 вработени во Клиниката за детски болести кои не ги добиле платите за последните 6 месеци и сè уште имаат нерегулиран статус, немаат одговор од институциите. ТВ21 контактираше со нивни претставници, кои изјавија дека сè уште немаат информации од Министерството за финансии, каде што протестираа и одржаа состанок минатата недела. Тие не сакаа да зборуваат пред камера, бидејќи тоа ќе го направат утре на новиот протест, овојпат пред ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека владата останува во проекциите за економски раст над 3,5 проценти, нагласувајќи дека во првиот квартал е забележан реален раст од 3,1 процент, односно 3,3 проценти според усогласени и сезонски вредности. Тој додаде дека Македонија моментално се рангира меѓу земјите со најдобри перформанси во Европа во однос на бруто домашниот производ. „Ние остануваме на тие проекции што ги имавме, дека растот ќе биде ...

Светското првенство ќе се игра на 16 стадиони во три земји – САД, Канада и Мексико, а 1.248 играчи се наоѓаат на списокот на 48 екипи учеснички. Ќе видиме дури 104 натпревари, никогаш повеќе национални тимови, никогаш повеќе натпревари. Но, уште пред да почне, имаше големи проблеми и недостатоци. Американските власти беа строги кон издавањето на визи, особено за селекцијата на Иран, чии фудбалери во последен момент добија дозвола да влезат во ...

Независниот синдикат на судската администрација изразува незадоволство поради недостигот на транспарентност во процесот на донесување на Законот за судска служба, истакнувајќи дека не бил информиран за дел од измените објавени на ЕНЕР. Според синдикатот, додатоците на плата за вработените во судскиот систем и понатаму зависат од други институции, додека улогата на синдикатите во процесот на унапредување и оценување на вработените е ...

Голем пожар во близина на штипското Ново Село. Се бара да се дејствува со хеликоптери и авиони за да се локализира овој голем пожар, кој според очевидци зафатил и викендици. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека еден сопстеник на викендица е повреден. Ангелов веќе се упати кон местото, и наскоро ќе се јави со повеќе информации. Голем пожар во близина на штипското Ново Село. Се бара да се ...

Нема нови барања од Бугарија, туку тоа се барања од 2022 година која ги потпиша претходната Влада. Ова го изјави премиерот Мицкоски по информациите кои протекоа по вчерашната посета на претседателката Силјановска и шефот на македонската дипломатија Муцунски на Бугарија. Мицкоски објасни дека уставните измени се само почеток на она што ќе следи со бугарските барања. Работата на Историската комисија не е формална, туку суштинска и во Бугарија ...

Две лица загинаа, а неколку други се повредени во пожар што избувна во станбена зграда во туристичкото одморалиште Магалуф на шпанскиот остров Мајорка рано утрово, соопштија властите. Пожарот зафати околу дваесет жители, а четворица од нив се хоспитализирани, пренесува „Еуроњуз“ . Според Цивилната гарда, пожарот избувнал околу 5 часот наутро на третиот кат од зградата. Станарите безуспешно се обиделе да го изгаснат, но пожарот се проширил на ...

Јубилејното петто издание на МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ 5.0, ќе се одржи на 11, 12 и 13 јуни 2026 година во КСП Центар – Јадро и во Паркот на Франкофонија. Во текот на трите фестивалски дена посетителите ги очекуваат добро познати маалски програми и лица од претходните изданија, но и нови содржини за овој јубилеј: работилници, изложби, уметност во јавен простор, филм, музика, базар и многу простор за средби и маалска дружба, соопштуваат организаторите. ...

Тројца индиски морнари, кои претходно биле пријавени како исчезнати, го загубиле животот откако американската војска нападнала нафтен танкер во Оманскиот Залив, соопшти во четврток индиски федерален министер. Танкерот „МТ Сетебело“ (MT Settebello), кој пловел под знамето на Палау, бил нападнат во средата откако американската војска го обвинила дека не ги почитува „наредбите на американските сили“. На бродот имало 24 членови на екипажот од ...

Политичката дебата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжува со меѓусебни реакции околу резултатите од анкетите за јавното мислење, реформските процеси и евроинтегративниот пат на државата. Од СДСМ оценија дека владејачката партија објавува нарачани анкети со цел да го прикаже сопствениот рејтинг во подобро светло. Според опозициската партија, Владата не испорачува доволно резултати во делот на реформите и европските интеграции, а прашањето за ...

На 10.06.2026 во 18:50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(26) од Скопје. Претходно, околу 18:20 часот на бул.„Партизански одреди“ тој со мотоциклот кој го управувал не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, кои биле со мотоцикли, и продолжил со ...

Вечерва официјално започнува Светското првенство 2026, најголемиот турнир што досега го организирала ФИФА. За првпат во историјата учествуваат 48 репрезентации, а натпреварите ќе се играат во три земји-домаќини: Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Вкупно ќе се одиграат 104 натпревари, што го прави ова издание најобемно од почетокот на најпрестижното фудбалско натпреварување. По четири години пауза од триумфот на Аргентина во ...

Иран возврати на американските воздушни и крстосувачки ракетни напади, додека во четвртокот насилствата ескалираа со напади врз Кувајт и Бахреин, во обновени борби по предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Техеран ќе „ја плати цената“ за застојот во преговорите. Размената на удари се случи кратко по тоа што САД започнаа втора рунда воздушни напади во текот на ноќта кон четврток. Бахреин е седиштето на Петтата флота на ...

Амнести Интернешнал во средата ја обвини Израел дека спроведува кампања на „етничко чистење“ на Палестинците од окупираниот Западен Брег, со намера за анексија на палестинската територија. Обвинувањето доаѓа во нов извештај од 149 страници, во кој се наведува дека присилното раселување на Палестинците од Западниот Брег е резултат на координирана државна политика, а не само на дејствија на насилни доселеници. Иако голем дел од раселувањето се ...

На 10.06.2026 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачје на општина Ѓорче Петров и Сарај Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што беа преземени 156 мерки. Oд нив 35 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, седум мерки за возачи кои управуваат велосипед со помошен мотор без положен ...

Менувачниците во Македонија и понатаму играат значајна улога на финансискиот пазар, а податоците покажуваат дека секторот и минатата година работел со милионски приходи и позитивни резултати. Според анализата на порталот „Пари“, изработена врз основа на податоците од Бизнис мрежа, вкупно 195 менувачници во текот на 2025 година оствариле приход од 18,7 милиони евра, додека добивката на ниво на сектор достигнала 1,2 милиони евра. Во споредба со ...

Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица. Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката ...

Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, гостин беше пратеникот од ВЛЕН, Аднан Азизи, кој зборуваше и за Законот за правична и соодветна застапеност. Азизи истакна дека овој закон се носи со цел да се обезбеди правична застапеност по укинувањето на „балансерот“. На прашањето во врска со утврдувањето на етничките квоти, тој одговори дека тие се предвидени во процесот на планирање и во методологијата. Меѓу другото, пратеникот Азизи нагласи дека нема ...

Цените на нафтата пораснаа во четврток поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран, но подоцна делумно ги намалија добивките бидејќи трговците го проценуваа реалното влијание врз снабдувањето со нафта. Техеран соопшти дека Ормутскиот теснец е затворен, откако САД извршија нови напади врз Иран, а американскиот претседател Доналд Трамп се закани со уште посилни удари доколку не биде постигнат мировен договор. Фјучерсите на нафтата Брент ...

По исклучително тежок и турбулентен викенд во Чешка, исполнет со бројни предизвици, но и со освоено трето место на подиумот, трикратниот европски шампион Стефановски овој викенд со нов настап во Германија на легендарната трка Glasbachrennen. За жал, последиците од силниот удар што го доживеав при првото возење во Чешка сѐ уште се чувствуваат. И покрај огромниот напор на мојот тим, автомобилот не е целосно вратен во состојбата во која беше ...

Земјотрес со локална магнитуда од 3,0 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во охридско-струшкиот регион, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците на опсерваторијата, потресот се случил во 05:36 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. Досегашните информации покажуваат дека земјотресот бил почувствуван од жителите ...

Добивките на банкарскиот сектор во земјава продолжуваат да растат, а значителен дел од заработката и натаму доаѓа од надоместоците и провизиите што ги плаќаат граѓаните и компаниите за банкарски услуги. Според најновите податоци од Народната банка, банките во текот на 2025 година оствариле повеќе од 118 милиони евра нето-приходи од провизии и надоместоци. Во споредба со претходната година, тоа претставува зголемување од околу 3 милиони евра ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Калај

53.60

Рутениум

48965.59