Роден е во ерменскиот град Мелитина близу реката Еуфрат околу 377 година од благородни и угледни родители. Единец син, роден по молитвите на мајка му Дионисија, којашто имаше небесно видение за раѓањето на Ефтимиј. Се подвизуваше од младоста, најпрво во близина на својот роден град, а откако го посети Ерусалим во дваесет и деветтата година од животот, во пустината меѓу Ерусалим и Јерихон, наречена Фара. Деновите и ноќите ги исполнуваше со ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, потврди дека Македонија и Албанија заеднички го испратиле извештајот за состојбата со Охридскиот регион до седиштето на УНЕСКО и дека сега се чекаат повратните препораки од организацијата на ОН. Одговарајќи на новинарски прашања рече дека проблемот со загрозеноста на статусот на Охрид е наследен и долгогодишен. „За една и пол година откога го презедов ресорот направени се големи интервенции. ...

Кога сонцето ќе зајде над Охридското Езеро, старите ѕидини на Самуиловата тврдина нема да потонат во мрак. По шести пат, овој февруари, тврдината ќе облече прекривка од бои – зелена, сина, розова и виолетова. Тоа не се само светла. Тоа се светилници на надежта за сите наши сограѓани, пријатели и деца кои во тишина ја водат својата најтешка битка со ретките дијагнози. Благодарност до Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид ...

Денеска (01.02.2026) во 17:00 часот на ул.”Железничка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид сопреле патничко возило “бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (44) од Охрид, а по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал со впишана заштитна мерка “забрана за управување со моторно возило од Б категорија”. Известен е јавен обвинител, возилото е одземено и по документирање на случајот, против лицето ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. При преглед во патнички автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот како му овозможил користење марихуана на лице од Охрид, по што беше лишен од слобода. СВР Охрид ...

На 31.01.2026 година во 23:20 часот во СВР Охрид лишен од слобода е лице на (49) од Охрид, по претходна пријава дека на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, со дрвен предмет го нападнал лице на (40) од Охрид, по што извадил нож и замавнал кон нападнатиот. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 31.01.2026 година во 23:20 часот во СВР Охрид лишен од слобода е лице на (49) од Охрид, по ...

На 01.02.2026 година во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 01.02.2026 година во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, ...

ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2026 Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по ОСМИ пат ќе се обидеме да се сретнеме со храбрите приказни и поблиску да Ве запознаеме со сите оние кои живеат со предизвиците и проблемите кои се невидливи. Ајде да започнеме нова страница во разбирањето и емпатијата, бидејќи ...

Неделата на митарот и фарисејот е првата од трите недели, подготвителни за Великиот Пост. Тие се од светите отци смислени како обука и поттик, за да бидеме готови за духовниот подвиг на постот, оставајќи ги скверните обичаи и навики. Оние кои се готват за телесна битка, најпрвин од војсководците го дознаваат времето на битката, за навремено да го исчистат оружјето, и сè друго добро да устројат, и откако ќе ги отстранат сите пречки, усрдно да ...

Духовната ризница на сестринството на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица се збогати со уште еден непроценлив дар. Во свештеното сокровиште на оваа света Обител пристигна дел од чесните мошти на нашиот отец меѓу светиите – свети Василиј Велики, еден од најголемите столбови на Црквата Христова и неуморен проповедник на правата вера од првите векови. Овој благословен настан е плод на искрената духовна љубов и длабока почит на ...

На 31.01.2026 година во 02:55 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е лице на (52) од Охрид кој се сомничи дека е сторител на кривично дело по член 297 од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило“. Тој, на пресекот на кеј „Македонија“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, управувајќи патничко возило „Нисан“ со охридски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „Голф“ со охридски регистарски таблици, кое го управувала лице ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (49) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа семки од растение Cannabis кои, неовластено ги набавил со цел, понатамошно производство на наркотична дрога како и предмети со ...

Отсекот за превенција при СВР Охрид, отпочна со реализација на проектот ,,Мојот пријател полицаец“. Полициски службеници од СВР Охрид, ги посетија децата од предшколска возраст во детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид каде, низ типизирана проактивна комуникација, на најмладите им беше објаснета улогата и значењето на полицаецот во општеството, што е безбедност и каква е полициската работа, зошто треба да се почитуваат сообраќајните ...

Роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар, и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Символот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на ...

Подигнување на повисоко ниво на гласот за ретките болести, предизвиците со кои се соочуваат овие лица, како и животот кој го живеат веќе осма година по ред продолжува да се говори гласно преку кампањата на проектот “Ги запознаваме ретките болести“ каде денес преку прес конференција беа изнесени сите предвидени планови, но како посебен акцент беше налгасена долгата временска процедура на дијагностицирање на болеста, почетокот на лекување како ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (41) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и лице на (44) од Охрид, за сторено кривично дело „Овозможување на употреба на наркотични дроги“. При претрес извршен во домот на второпријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога Кокаин и ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (38) од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Тој, делото го сторил на 28.12.2025 година кога од лице од Струга, изнајмил патничко моторно возило за времетраење од три дена, му извршил уплата само за првиот ден и возилото не му го вратил. Со тоа, пријавениот го оштетил лицето за сума од 240000 денари. ОВР Струга поднесе ...

Црвен крст Охрид е овластена организација за спроведување на обуки за Негувател/ка за помош и нега на стари лица во Охрид и Дебрца, согласно верификувана програма од страна на Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Со цел унапредување и развивање на услугите за долготрајна нега на стари лица преку ангажирање на стручен и професионален кадар, Црвен крст Охрид организира ...

Египќанец, роден околу 250 година во некое село Кома, близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрвин, се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне обеспокојувањето од ...

Во текот на вчерашниот ден (28.01.2026) Отсекот за превенција при СВР Охрид почна со спроведување на превентивна кампања за безбеден сообраќај, насочена кон мотоциклистите, велосипедистите и лицата кои управуваат електрични тротинети. Притоа, низ директна комуникација и делење на едукативни летоци, на граѓаните им беше посочена потребата од почитување на сообраќајните прописи со цел безбедно учество во сообраќајот, особено околу законските ...

Градските советници денес ја одржаа шестата седница, на која преовладуваа точки од урбанистичката сфера за вклопување на бесправно изградените објекти. Во првиот дел од седницата беа избрани нови членови на училишните одбори во повеќе училишта во градов, а беше донесена и одлука за утврдување на детален урбанистички план за УЗ 8, УБ 8.1. Во продолжение се точките кои денес беа на дневен ред на шестата седница. Предлог-одлука за определување ...

Физичките лица кои вршат угостителски услуги од мал обем за сместување во куќи, апартмани, соби и станови за одмор, а се регистрирани во регистарот што го води Градоначалникот на Општина Охрид, согласно Законот за угостителска дејност, се должни да го продолжуваат Решението за категоризација на секои три години, во рамки на неговата важност. За таа цел, приватните станоиздавачи потребно е да поднесат Барање за продолжување на решението за ...

Поради големиот број сензационалистички наслови и медиумски објави со неточни и погрешно интерпретирани информации во врска со Ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид, кои предизвикаа дезинформации и конфузија во јавноста, во духот на транспарентноста и отчетното работење, Општина Охрид го упатува следново соопштение: Најнапред, важно е да се потенцира дека Извештајот на Државниот завод за ревизија се однесува на периодот од 2019 до ...

Со длабока тага ја споделуваме веста за заминувањето на нашиот почитуван професор, проф. д-р Самир Салиевски. Проф. д-р Самир Салиевски беше ценет колега и значаен дел од академската заедница на Универзитетот, кој со својата стручност, посветеност и професионален ангажман остави траен белег и даде значаен придонес во развојот на високото образование. Неговата професионалност, интегритет и човечност ќе останат во сеќавањата на колегите, ...

Денес сакаме да укажеме на сериозната состојба во која се наоѓа Општина Охрид, состојба која е јасно потврдена и документирана во последниот ревизорски извештај. Ова не се политички квалификации, туку наоди на државна институција, кои недвосмислено укажуваат дека општината се води без план, без соодветна контрола и без отчетност. Наместо урбанистички ред и долгорочна визија за развој на градот, сведочиме на агресивна бетонизација и ...

Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 09:30 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Стив Наумов“, „Јабланица“,„Дејан Војвода“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“ и дел од „Бул.Туристичка“. Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен , до целосно завршување со санацијата. Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 09:30 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Стив Наумов“, ...

Овој ден се споменува заради веригите во коишто свети Петар беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол, толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх, свети Јувеналиј, овие вериги ѝ ги ...

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид. На средбата беше изразено заемно задоволство од конструктивната комуникација и добрососедските односи меѓу двете општини. Во фокусот на разговорите беа повеќе прашања од заеднички интерес, меѓу кои состојбата со плажите, како значаен сегмент за туризмот и заштитата на животната ...

За стравичната трагедија, во која при пад во отвор за лифт загина 28-годишниот охриѓанец Кристијан Љушев, Трудовиот инспекторат ќе поднесе кривични пријави против две фирми, објави ТВ Алфа. По двонеделното темелно истражување на околностите, трудовите инспектори утврдиле дека двете фирми не ги исполнувале законските прописи за безбедност при работа на градилиште, но во интерес на истрагата, не се открива за кои фирми станува збор. Младото ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (35) од струшкото село Велешта, поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој, на 28.11.2025 година, во близина на бензинска станица на магистралниот пат Охрид-Струга, на лице од Охрид, му продал две најлонски опаковки со наркотична дрога кокаин, по што се лишени од слобода. ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
74%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.2
69%
1025
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 0ᴼ
0.51
72%
1026
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
66%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1024
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.24
50%
1025
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 8ᴼ
3.58
53%
1027
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1025
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Злато

166049.28

Паладиум

52823.68

Иридиум

221848.72

Платина

69606.37

Цинк

3.28

Сребро

2704.52

Алуминиум

3.35

Бакар

11.80

Рутениум

45750.51

Родиум

368126.05

Кобалт

66.14

Калај

51.64