Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Во прекрасна природа, со дружење, игра и забава, децата што ја следат Програмата за подготовка на деца за во училиште „Полетарче“ во организација на Црвен крст Охрид, вчера го одржаа последниот час од пролетниот циклус. Оваа програма веќе петта година успешно се спроведува во Црвен крст Охрид, а ја следат деца од 3-5 годишна возраст кои имаат единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата, да ...
На 02.06.2026 во 21:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (33) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 34-годишна сопруга дека околу 20:00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, се обидел со остар предмет да ја нападне и ѝ упатил закани. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На 02.06.2026 во 21:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид со приоритетна дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и против лице на (54) од Охрид, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Имено, второпријавениот во периодот од 28.04.2025 до почетокот на март 2026, не го известил ...
По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот: КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ Услови за учество на Конкурсот: Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија; Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ...
На 20-ти јуни во Охрид, во СРЦ „Билјанини Извори“, во организација на Таеквон-до клуб „Хва-Ранг ИТФ“ Лескоец-Охрид, а во склоп на Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација, ќе се одржи 6-тиот Меѓународен А-класа турнир „Ohrid Open 2026“ во Традиционално Таеквон-до. На турнирот се очекува учество на натпреварувачи од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Грција, Бугарија, Хрватска, Италија, Англија, Романија и други држави ширум Европа, ...
Повик од младинската репрезентација на Македонија за талентот на ГФК Охрид Лихнидос Виктор Грданоски Виктор Грданоски ќе настапи за селекцијата У-14 на пријателскиот натпревар против Србија. Младиот фудбалер на ГФК Охрид Лихнидос, Виктор Грданоски, доби повик за настап во У-14 репрезентацијата на Македонија за претстојниот пријателски натпревар против соодветната селекција на Србија. Натпреварот е закажан за 4 јуни 2026 година (четврток) во ...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска учествуваше на 10-тата јубилејна Дримска конференција што се одржа во Струга, на која учествуваа високи претставници на институции од земјите во Дримскиот Басен, меѓународни организации и експерти од областа на управувањето со водните ресурси и заштитата на животната средина. Во своето обраќање, Пецаков ја истакна важноста на регионалната соработка и заедничката одговорност во ...
Минатата Сабота (30 Мај), Владимир Четкар концертно се претстави во Будимпешта во најпопуларниот Унгарски џез клуб, Budapest Jazz Club. Ова е трет по ред настап на Четкар на ова место во кое редовно настапуваат некој од најпознатите имиња на европскиот и американскиот џез. Особено интересно е да се спомне дека на истиот ден и во истиот момент во Будимпешта се одржуваше и големото фудбалско финале на лигата на шампиони и беше огромен ...
Поради градежни активности од четврток (04.06 2026г.) ќе биде воведен привремен режим на сообраќај на улица „Кленоец“ од пресекот со улица. „7-ми Ноември“ до пресекот со булевар „ Железничка“. Се апелира до граѓаните во период на реконструктивните активности да се почитуваат сообраќајните правила и знаци, да не се паркираат или привремено оставаат возила на оваа јавна површина. Поради градежни активности од четврток (04.06 2026г.) ќе биде ...
Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го имаше само овој Константин. Три големи борби имаше Константин кога се зацари: една против Максенциј, тиранин во Рим, друга против Скитите на Дунав, и трета против Византинците. Пред борбата со Максенциј, кога Константин имаше голема грижа и се сомневаше во својот успех, му се јави сред бел ден блескав крст на небото, сиот ...
Охрид испиша спортска историја: Илјадници граѓани ги пречекаа европските шампиони на градскиот плоштад Охрид синоќа беше сведок на еден од најемотивните и највеличествените спортски настани во својата понова историја. Илјадници граѓани се собраа на градскиот плоштад за да ги поздрават ракометарите на Градскиот ракометен клуб Охрид, кои со освоената европска титула му донесоа на градот успех што ќе остане запишан со златни букви во охридската ...
Владата, на предлог на Министерството за транспорт, донесе Одлука за ограничување на пловидбата на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата. Од Министерството информираат дека мерката е насочена кон заштита на човечките животи, намалување на ризикот од несреќи и обезбедување непречено користење на езерските води во текот на летната сезона, објави ...
Турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“ стигна до својата голема завршница. По денови исполнети со спортски возбудувања, неизвесни натпревари, навивачка атмосфера и дружење, утревечер ќе бидат познати конечните победници на годинашното издание на традиционалниот турнир. Организаторите истакнуваат дека вистинската вредност на турнирот не се само освоените трофеи и пласмани, туку пријателствата, заедништвото и убавите спомени создадени меѓу ...
Родум од Либан, од татко Верукиј и мајка Ромилија; осумнаесетгодишно момче со прекрасен изглед, со коса црвеножолта. Лекар по занимање. Пострада за Христа за време на царувањето на Нумеријан. Кога храбро ја исповедаше својата вера во Господ Христос пред мачителот, Нумеријан им нареди на двајцата џелати Александар и Астериј со сврдел да му ги дупчат колената, да му провлечат јаже низ издупчените коски и да го обесат за едно дрво. Но, на ...
Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот. Речиси три децении немаше инвестиции во патната инфраструктура, Ние како Влада ги придвижуваме работите и работиме на неколку фронтови, истакна вицепремиерот Александар Николоски во поткастот “ Риштази”. -Македонија ќе има одлични автопатишта, би рекол, најдобри во регионот во следниве години како ќе ги завршуваме проектите. Факт е дека ние изгубивме најмалку 3 децении, мислам, на ...
Управата за заштита на културното наследство нема законски ингеренции за постапување во однос на издавање согласности, забрани или други управни акти поврзани со интервенции на овој објект. Надлежностите на Управата се однесуваат исклучиво на културни добра кои имаат утврден статус на заштита или се во постапка за заштита, согласно важечката законска регулатива. До УЗКН не е покрената постапка за воспоставување заштита на предметниот објект ...
На 31.05.2026 година, педесет дена по Христовото Воскресение, на денот кога го празнуваме слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, во храмот „Св. Троица“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Според типикот на Православната Црква, веднаш по завршувањето на Литургијата беше отслужена Вечерна богослужба со Духовденските ...
Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: ул.„Прилепска“, ул.„Винковачка“, ул.„Будва“, ул. „Радојца Новичиќ“, ул.„Кленоец“ Акцијата ќе се реализира на 04 јуни (четврток) и 05 јуни (петок) ...
Според најновите лабораториски анализи, водата од артерската чешма „Џамија“ на улицата „Даме Груев“ е исправна за пиење. Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година беше забранета употребата на водата за пиење, откако анализите извршени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“ покажаа дека таа не е исправна за употреба. По спроведените контролни испитувања и добиените резултати од последните анализи, утврдено е ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати повик до сите охриѓани и љубители на спортот вечерва заедно да присуствуваат на свечената прослава во чест на ракометните шампиони на градот, освојувачи на титулата во ЕХФ Европскиот Куп. Во своето обраќање, градоначалникот истакнува дека нивната пожртвуваност, талент и борбен дух го прославија Охрид и македонскиот спорт на европската сцена, носејќи историски успех и голема гордост за целиот ...
Успесите на ГРК Охрид на европската сцена продолжуваат да одекнуваат далеку надвор од границите на Македонија, носејќи му на клубот меѓународна препознатливост и медиумско внимание од Европа, па сè до Азија. Историската победа на охридскиот ракометен состав против унгарскиот претставник MOL Tatabánya KC во финалето на Европскиот куп предизвика голем интерес кај европските и светските спортски медиуми. Веста за триумфот на Охрид беше објавена ...
Пред голем број љубители на спортот, полуфиналната вечер на турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“ понуди вистински фудбалски спектакл и атмосфера за паметење. Екипите прикажаа борбена игра, исполнета со неизвесност, атрактивни потези и ефектни голови, а желбата за пласман во финалето беше видлива во секој момент од натпреварите. Трибините беа исполнети до последното место, а поддршката од публиката создаде одлична спортска атмосфера. ...
Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата заради величање на Пресветиот и Животворен Дух, кој е еден од Светата и Живоначална Троица, како спротивставување на учењето на еретиците коишто го отфрлаа Божеството на Светиот Дух и Неговата единосуштност со Бог Отецот и Бог Синот. Светиот Дух е еден со Отецот и Синот во сè, затоа Он и совршува со Нив сè, бидејќи ...
Во изминатите денови на социјалните мрежи, а особено преку Фејсбук страницата „Охрид СОС“, беа пласирани бројни објави поврзани со уривањето на објект на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, при што во јавноста се создаде впечаток дека станува збор за објект под заштита и за незаконско постапување. Според информациите до кои дојдовме, ваквите тврдења не одговараат на фактичката состојба. Иако куќата била изградена во 1927 година, таа никогаш ...
Надлежните институции упатија апел до жителите и деловните субјекти во Стариот град во Охрид да ги почитуваат препораките за правилно одлагање на отпадот, со цел одржување на чиста и уредна животна средина во еден од најпосетуваните делови на градот. Според апелот, отпадот треба да се одлага во соодветни канти, а не во ќеси оставени на јавни површини. Исто така, се препорачува отпадот да се изнесува најдоцна до 06:00 часот наутро, согласно ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (53) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Kражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 16.04.2026 година, при контрола на мерни броила на улицата „Туристичка“ во Струга, стручни лица од ЕВН Македонија подружница Струга, утврдиле дека пријавениот, од својот дом, неовластено извршил приклучување на мерен орман и противправно ...
Вечерва сите патишта водат во СРЦ “Билјанини извори”. Охрид живее за овој момент! Вечерва не е обичен натпревар. Вечерва нашите момци се борат за нашиот град, за нашите бои, за нашата гордост! Сега е моментот кога треба сите како еден да застанеме зад тимот. Нашиот глас, нашето навивање и нашата енергија од трибините се осмиот играч! Нека ечи „Билјанини Извори“!Се гледаме на трибини! Вечерва сите патишта водат во СРЦ “Билјанини ...
Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден, е посветен на настанот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на педесеттиот ден по Воскресението Христово, односно на десеттиот ден по Вознесението Христово. За време на Својот земен живот, Спасителот повеќе пати им говорел на Своите ученици за доаѓањето на Утешителот, Духот на вистината, Којшто ќе го разобличи светот заради гревовите на луѓето, Којшто ќе ги научи апостолите на ...
На 26.05.2026 година во 12.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница во Охрид било донесено малолетно лице од кичевското село Колари кое имало повреди од воздушна пушка. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека малолетникот, во својот дом ја пронашол воздушната пушка сопственост на неговиот татко и при разгледување испукал еден проектил при што се повредил во пределот на ногата. По целосно документирање ...
На 30.05.2026 година во 02.20 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е лице на (19) од Ресен кој претходно, на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ со улицата „7 ноември“, управувајќи патнички автомобил „Фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб. При извршено алкотестирање, полициските службеници кај него утврдиле 1,77 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и ...