Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Утре во домот на културата во Вевчани КУД ,,ДРИМКОЛ” од Вевчани ќе го реализира својот годишен концерт кој традиционално се одржува секоја година. Темата на концертот годинава е северното игроорно подрачје во Македонија и концертот носи наслов: ,,Од Скопска Црна Гора до Блатија”. На програмата ќе бидат презентирани песна и ора од овие предели, а на сцената ќе настапат 125 уметници на Дримкол. На концертот како гости ќе учествуваат и ...
Еден од седумдесетте. Се спомнува во Посланието на светиот Апостол Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во Филипопол, а животот го заврши маченички. Според откровение од Ангел Божји ја состави многупоучната книга „Пастир“. Ерма беше богат човек, но заради гревовите на своите синови западна во крајна сиромаштија. Еднаш на молитва му се јави човек во бела облека и со стап во рацете и му рече ...
На 10 јуни во културниот ценатр „25 мај“ во Валандово се одржа 16. Републичка пензионерска ревија на песна, музика и игра. Многу успешен организатор на ревијата беше Сојузот на пензионерите на Р. Македонија а одличен домаќин беа учесниците -пензионери од ЗП Валандово. Тоа бепе празник за очите од прикажаното фолклорно богатство, традиција од повеќе етноси што живеат во Македонија, што траеше неколку часови на задоволство на присутните. ...
Од 15 до 18 јуни, Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот младински кошаркарски турнир „OHRID HOOPS 2026“, кој годинава ќе собере 11 екипи од пет држави – Македонија, Албанија, Грција, Турција и Црна Гора. Турнирот, во организација на КК „Колибри“- Охрид и со поддршка на Општина Охрид, ќе се одржи во категориите U11, U13 и U15, а младите кошаркари ќе имаат можност да ги покажат своите способности и талент во четиридневна спортска програма ...
Почитувани верници, МПЦ – ОА, Дебарско-кичевската епархија ве поканува на заедничко молитвено торжество по повод празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, нашиот духовен застапник, чиј спомен торжествено се празнува секоја година. По тој повод, на 14.06.2026 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во манастирот посветен на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба, на која ќе ...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:30 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Јордан Мијалков“, а со послаб притисок ќе биде високата зона на градот и селата Лескоец и Горно Лакочереј . Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата. Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:30 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Јордан Мијалков“, а ...
Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење, Исакиј, пустиник од некаде на Исток, ја остави пустината и дојде во Цариград за да ги храбри правоверните и да ги изобличува еретиците. Токму во тоа време царот Валент тргна на север со војска против Готите коишто од Дунав се спуштаа кон Тракија. Исакиј излезе пред царот и му рече: „Цару, ...
Правилното одлагање на пакувањето од картон од страна на правните субјекти коишто произведуваат големи количини од овој тип на отпад е од круцијално значење. Кога картонските кутии не се пакуваат коректно и се фрлаат во својата оригинална форма, контејнерите се полнат многу побрзо од што треба, најчесто се преполнуваат и вишокот отпад се расфрла околу нив, самиот процес на собирање на материјалот за рециклирање се усложнува, а нашите служби ...
На 11.06.2026 година, во просториите на Дебарско-кичевската Митрополија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со Архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка. Во придружба на Архиепископот Михаил, меѓу останатите, беа и протопрезвитер-ставрофор Јован (Џон) Паркер, декан на Православната семинарија „Св. Тихон“, во Пенсилванија и протопрезвитер-ставрофор Јосија (Џосаја) ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, во периодот од 2017 до 2025 година, во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор не утврдил правни и физички лица кои се сопственици, корисници или носители на право на ...
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден ...
Во времето на царот Максимијан, во Кесарија Палестинска стоеја еден ден пред преторијата мнозина врзани христијани. Оваа благочестива девица Теодосија им пристапи и ги фалеше и ги храбреше за маченичката смрт. Кога ја слушнаа што зборува, војниците ја одведоа и нејзе пред судијата. Разјарен судијата нареди и ѝ обесија камен на вратот, па ја фрлија во морските длабочини. Но Ангелите Божји ја изнесоа жива на брегот. Кога повторно му се јави на ...
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес донесе повеќе кадровски одлуки. Се случуваат кадровските освежувања откако во февруари годинава, Извршниот Комитет донесе одлука за распишување на огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење ...
Успешно заврши манифестацијата „Детски Прличеви беседи“ што годинава се одржаа по трет пат во организација на ЗГ „Охрид Култ 366“, а под покровителство на Општина Охрид. Ученици од повеќе македонски градови преку поетски творби, есеи, рецитаторски и ораторски настапи покажаа дека младите генерации достојно ја продолжуваат традицијата на Прличев. Спомен куќата на Григор Прличев“ деновиве беше исполнета со талентирани деца, поезија, прекрасни ...
Охрид ќе биде центар на виното и добрата забава во рамки на петтото издание на Ohrid Wine Festival, кое ќе се одржи од 25-ти до 27-ми јуни. Во текот на трите фестивалски вечери посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата музичка програма и одлична фестивалска атмосфера. Фестивалот започнува на 25-ти јуни со настапите на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија. На 26-ти јуни на сцената ќе настапат Брос и Марама, Ѓоко Ѓорчев ...
Во младоста се одрече од светот и се оддалечи на монашки подвиг. Блескајќи со добродетелта како сонце, беше забележан од црковните старешини и воздигнат на архијерејскиот престол во Халкидон. Како архијереј беше особено милостив кон бедните и многу се грижеше за сираците, вдовиците и сиромашните. Кога злочестивиот Лав Ерменин стана против иконите, стана и овој свети Никита во одбрана на иконите, разобличувајќи го царот и објаснувајќи му го ...
Утре, среда 10 јуни со почеток од 19 часот ќе се организира хуманитарен концерт „Со љубов и музика за Елена“ на летната тераса кај хотелот „Палас“ со влез по симболична цена од 100 денари. Охриѓани многупати ја покажале својата голема хуманост до сега на дело па тоа можат да го покажат уште еднаш за нашата Елена. Утре, среда 10 јуни со почеток од 19 часот ќе се организира хуманитарен концерт „Со љубов и музика за Елена“ на летната ...
Охрид сè почесто станува дестинација на избор за гости кои патуваат со приватни летала, што е уште еден показател за растечкиот интерес за градот кај туристите со повисока платежна моќ. Во период од само три дена, на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид слетаа два приватни авиони и еден приватен хеликоптер со ВИП патници. Првиот приватен авион и приватниот хеликоптер пристигнаа во неделата, на 7 јуни, кога на охридскиот аеродром слетаа ...
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЕДИНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ единаесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 16.06.2026 година (вторник) со почеток ...
На 08.06.2026 во 18:45 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода лице на (23) од струшкото село Велешта. Тој се сомничи дека претходно во селото Долна Белица физички го нападнал лице на (34) од истото село во што се вклучиле уште две лица од селото Велешта. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава На 08.06.2026 во 18:45 часот, полициски службеници од ОВР Струга го ...
На 08.06.2026 во ОВР Струга е извршен службен разговор со лице на (40) од едно струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син. Тој, на 09.06.2026 во 00:03 часот во ОВР Струга, пријавил дека неговата сопруга лице на (41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во ...
На 08.06.2026 во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за лице на (44) од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на ...
На 08.06.2026 во 16:25 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (31) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на булевар „Туристичка“ во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 08.06.2026 во 16:25 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, ...
ОХРИД – Сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот „Туристичка“ во центарот на Охрид, при што според првичните неофицијални информации, во незгодата учествувале мотоцикл управуван од странски државјанин и патничко моторно возило. Според засега достапните информации, во несреќата нема повредени лица, а причинета е материјална штета на возилата. Поради сообраќајката, сообраќајот на овој фреквентен булевар се одвиваше отежнато, при ...
Голем успех за ПОУ „Дедо Лазор Циркоски“ од село Враништа – Струга постигна ученичката Михаела Милеска, која на годинешниот државен натпревар по физика го освои првото место и се закити со титулата државен првак. Под менторство на наставничката Христина Пејоска Тренески, Михаела оствари извонреден резултат, освојувајќи максимални 100 поени и на регионалниот и на државниот натпревар. Со ваквиот успех таа покажа исклучително знаење и целосна ...
Школата за византиска музика „Калистрат Зографски“ на 19 јуни ќе го одржи својот традиционален завршен концерт во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со почеток во 20 часот. Пред публиката ќе настапат детскиот состав под раководство на протопсалт Теофан Санџакоски и диригент Ана Тихонова, женскиот состав под раководство на Теофан Санџакоски, како и машкиот хор предводен од хороначалникот и протопсалт д-р Димитри Кумбароски. ...
Роден е кон крајот на 17 век во Малорусија. Служеше како војник во армијата на Петар I и учествуваше во руско-турската војна. Беше заробен од татарите, и предаден на Турците. Турците се обидуваа затворениците да ги преобратат во муслиманската вера, и оние кои се противеа беа многу мачени. Но, при сето тоа младиот Јован не потклекна, туку остана цврст во својата вера. Некој турски бег го купи за да му биде роб, го постави да живее во штала, ...
Денеска на Булевар „Св. Наум Охридски“ во близина на охридската населба Рача се случи сообраќајна несреќа во која учествувале патнички возила. Според првичните неофицијални информации, во несреќата нема повредени лица, а причинета е материјална штета на возилата. На местото на настанот интервенираше полицијата, која изврши увид и ги утврдува причините и околностите под кои дошло до сообраќајката. Поради несреќата, сообраќајот на овој дел од ...
Прекрасни младенци, бебе, одличен поглед, преубав прстен и модерно видео во најромантичното запросување во Македонија. Запросувањето се случува во Охрид каде младенците живеат и работат. Бебенцето еден ден преку видеото ќе дознае дека било сведок на големата љубов која завршила со запросување. View this post on Instagram A post shared by BiGhma.Aku (@blagojapancevski) Прекрасни младенци, бебе, одличен поглед, преубав прстен и модерно ...
По невремето и поројниот дожд кој го зафати Охридско- струшкиот регион остана без електрично напојување. Електричната енергија беше прекината нешто пред 17 часот со што сеуште овој регион и окплината немаат струја. Се очекува ЕВН да го реши проблемот и испадот кој е настанат во невремето кое беше проследено и со електрични празнења. По невремето и поројниот дожд кој го зафати Охридско- струшкиот регион остана без електрично напојување. ...