Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Централното собрание на Влен денеска ја одржа првата седница по формирањето на партијата, а една од темите била и најавената реконструкција на Владата, соопштија од партијата. Оттаму велат дека се разговарало и за актуелните политички случувања, приоритетите за наредниот период, како и за натамошното јакнење на партиската организација. „Една од темите на дискусија беше и реконструкцијата на владата. Во таа насока беше отворена дебата за ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата изјави дека „не е задоволен“ од преговорите со Иран за договор за завршување на војната и дека не го интересира ефектот на конфликтот врз среднорочните избори, бидејќи победи на прелиминарните избори во вторник. „Тие многу сакаат да постигнат договор. Досега не стигнале до таму“, рече Трамп за Иран за време на состанокот на кабинетот во Белата куќа. „Не сме задоволни од тоа, но ќе бидеме. Ќе ...
Земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во среда, 27 мај 2026 година, во 09:51 часот, во Хрватска. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 45,3766 и географска должина 16,3396. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 9 километри под ...
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед. – Дозволете ми Вам, лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот празник Курбан бајрам, со желба да го ...
Само еден од двајца анкетирани планираат да одат на одмор годинава, осум од десет одбираат поекономични типови одмор (викендички, изнајмени соби), додека пак мнозинството ја одбираат континентална Грција, за да ги избегнат трошоците за траекти, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Институт за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина. Од анкетираните, 50 ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на аеродромот во Охрид го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на земјата. – Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Претходната недела малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемија за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за ...
„Кроација ерлајнс“ ги продолжува намалувањата на фреквенциите на своите летови од Загреб до Скопјe и до Сараево, објави специјализираниот сајт „Екс ју авијација“. – Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе опслужува во просек по седум летови неделно до Скопјe, што е намалување од девет неделно во јуни минатата година, додека Сараево ќе има просечно девет до десет летови неделно, во споредба со единаесет минатата година. Превозникот ги намалува ...
Aдминистрацијата на претседателот Доналд Трамп им забранила на клучни американски здравствени службеници задолжени за заразни болести директна комуникација со претставници на Светската задравствена организација (СЗО). Како што објави „Си-Ен-Ен“, со тоа практично им е оневозможено учество во дел од глобалните дискусии за епидемии. Според директивата на која се повикува американската телевизија, на вработени во Националниот институт за алергии ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера ја потврди својата намера да се повлече од претседателската функција, најавувајќи дека по овој потег земјата ќе се соочи со изборен процес. Шефот на српската држава, за време на својата официјална посета на Кина, појасни дека по неговото заминување овластувањата привремено ќе ги преземе претседателот на Собранието, согласно уставните процедури. „Јас не го скратувам мандатот, како што јавноста ...
Портпаролката на француската влада, Мод Брежон, денеска соопшти за седум смртни случаи, меѓу кои пет предизвикани од давење, кои се поврзани со топлотниот бран што ја зафати Франција во последните неколку дена. – Она што можам да ви го кажам денеска е дека се случија седум смртни случаи кои се директно или индиректно поврзани со топлото време – изјави Брежон за каналот ТФ1 (TF1), додавајќи дека ситуацијата дополнително ќе се прецизира по ...
Демократската партија на Албанија синоќа го одржа својот 9-ти Конгрес, на кој Мендух Тачи беше реизбран за лидер на партијата. На Конгресот беа избрани и членови на Централното собрание, а беше усвоена и политичка резолуција, со која се потврдуваат ставовите на партијата за рамноправност, застапеност и интересите на Албанците во Македонија. ДПА вели дека партијата ќе продолжи со својот политички и организациски ангажман во наредниот период: ...
Соопштение на СДСМ Ние секоjдневно прашуваме, повеќе од месец дена зошто се уште не се испратени документите за екстрадиција на Груевски? Месец дена нема одговор. Поминаа две недели откако Петер Маѓар е веќе нов премиер на Унгарија. Што се случува до документите? Кога ќе бидат испратени? Повеќе од еден месец молк и избегнување одговори, јавноста конечно заслужува конечно да дознае: Дали Христијан Мицкоски и Игор Филков ги испратија ...
Откако Министерството за финансии ја одзеде лиценцата на финансиското друштво и затвори 40 филијали, од Влен порачуваат дека институциите мора да ги штитат семејствата од должничко ропство. Владејачката партија Влен ја поздравува одлуката на Министерството за финансии да му ја одземе лиценцата за работа на финансиското друштво „Креди Јес“, што резултираше со затворање на нивните 40 филијали поради констатирани законски прекршувања. Во ...
Цените на нафтата на светските пазари денеска се пониски за речиси шест отсто, па меѓународниот референтен Брент (Brent) се движеше околу 98 долари по барел, а американската сурова нафта ВТИ (WTI) на ниво од 91 долар по барел. До падот дојде откако се зголеми оптимизмот дека САД и Иран наскоро би можеле да постигнат договор за ставање крај на конфликтот и повторно отворање на Ормуската теснина, пренесува Трејдинг економикс (Trading ...
Во Франција продолжува топлотниот бран кој главно го засегна западниот дел на земјата и парискиот регион. Издаден е портокалов код за опасно топло време за 8 департмани. Вчера 18 департмани во Западна Франција и во областа на Париз беа под жолт код за високи температури. Метеоролозите предупредуваа чера дека температурите би можеле да достигнат 35 Целзиусови степени во Бретања, а 36 и 37 Целзиусови степени во јужниот дел на земјата. Поради ...
Во Лондон денеска е регистриран најтоплиот мајски ден во историјата, откако на аеродромот Хитроу беше измерена температура од 33,5 степени Целзиусови. Со ова е надминат претходниот рекорд од 32,8 степени Целзиусови, што беше највисоката температура измерена во мај, пренесува Скај њуз. Највисоката дневна температура е забележана откако во текот на претходната ноќ беше измерена и највисоката мајска ноќна температура во земјата во изминатите ...
Бразилскиот фудбалер Нејмар повторно се повреди, но најавите се дека ќе биде подготвен за подготовките за Светското првенство. Неговиот клуб потврди дека во средата Нејмар добил мала повреда на листот од ногата. Повредата се случила на неделниот натпревар кога Сантос загуби дома од Коритиба (0:3). Фудбалерот е под терапија во клупскиот центар и неговата состојба ќе ја следи и лекар на бразилскиот тим. Последниот натпревар за Бразил, Нејмар го ...
Британската полиција покрена истрага против Ендру Маунтбатен-Виндзор по наводи за сексуални престапи, откако жена пријавила дека била одведена во неговиот дом за да има интимни односи со него. Помошникот началник на полицијата во Темза Вали, Оливер Рајт, изјавил дека истрагата продолжува и дека станува збор за сложен случај кој бара анализа на голем број информации добиени од јавноста и други извори. Ендру Маунтбатен-Виндзор, брат на Чарлс ...
Во шведскиот град Хелсингборг започнаа дводневни разговори на министрите за надворешни работи на НАТО. Намерата е да се подготви самитот на НАТО на почетокот на јули во Анкара, но во услови на војната против Иран и планираното делумно повлекување на американските трупи од Европа, дневниот ред би можел да биде нарушен. На почетокот на средбата САД не беа претставени на највисоко ниво, но шефот на дипломатијата Марко Рубио веќе непосредно пред ...
„Додека криминална група ВМРО ја поддржува својата сестринска партија СНС и својот „брат“ автократ Вучиќ, додека Мицкоски и Стоилковиќ организираат митинзи за него во Куманово. Јас како професор и како човек ќе кажам само едно: Секогаш ја поддржувам младоста и иднината! Студентите победуваат! “; напиша Венко Филипче на Твитер. „Додека криминална група ВМРО ја поддржува својата сестринска партија СНС и својот „брат“ автократ Вучиќ, додека ...
Голема трагедија се случила ноќеска на скопската Обиколница. Во тешка сообраќајна несреќа загинале тројца млади и таткото на едниот од нив, откако во нивната лента се престроил камион и го собрал возилото. Сообраќајот беше нормализиран на патот дури шест часа после трагедијата. Според видео материјал од настанот возилото во кое биле тројцата млади и таткото на едниот од нив, се запалило целосно и било пеплосано. Според неофицијални ...
Во рок од една недела Владата се очекува да го претстави решението со кое правосудниот испит ќе може да се полага и на албански јазик. Ова го најави заменик-премиерот Беким Сали, кој рече дека консултациите се во завршна фаза и дека не станува збор само за правосудниот испит, туку и за поширок пакет поврзан со слични прашања. „Сме во завршна фаза на консултации со експерти и верувам дека многу скоро, можеби… сега не сакам да се фаќате за ...
Нова финансиска поддршка од Европската комисија пристигна за земјите од Западен Балкан, при што Македонија доби 65,7 милиони евра, Албанија 49 милиони евра, а Црна Гора 44,2 милиони евра во рамки на Инструментот за реформи и раст, познат како План за раст за Западен Балкан. Средствата се исплатени откако Европската комисија оценила дека трите земји спровеле клучни реформи во области како конкурентност, иновации, образование и дигитализација. ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, изјави дека Македонија продолжува со отворање нови авиолинии и покрај глобалната криза во авиоиндустријата, иако не бил постигнат договор со „Рајанер“. Тој истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати услови кои, според него, би биле на штета на другите превозници и државните интереси. „Даваме субвенција од 9 евра за секој странски ...
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека неговата земја во минатото била „Северна Кореја на Европа“, но денес се движи по патот кон Европската Унија. Говорејќи на Азиската лидерска конференција во Сеул, Рама посочи дека Албанија покажува дека демократски институции можат да се изградат и покрај тешкото историско минато и долгогодишната изолација. „Албанија беше Северна Кореја на Европа, а денес оди по поинаков пат – пат на градење ...
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предложи Украина да добие статус на „придружена членка“ на Европска Унија како преоден чекор кон полноправно членство, што според него би можело да помогне во постигнување договор за завршување на војната. Според предлогот, украинските претставници би можеле да учествуваат на самитите и министерските состаноци на Европска Унија, но без право на глас. Фридрих Мерц смета дека таквиот модел би можел да ги ...
Дисциплинската комисијата на ФФМ донесе одлука да се поведе дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот. Комисијата во куќата на фудбалот уште одлучи ФК Вардар да се казни со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар, како и со уште една парична казна од ...