Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија“ в година. Според одлуката, двете полуфиналиња во градот на брегот на Црното Море ќе е одржат на 11. и 13 мај, а финалето ќе биде на 15 мај. Ова е објавено денеска на заедничка прес-конференција на Бугарската национална телевизија (БНТ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ). На почетокот на јуни, БНТ објави дека Софија, Пловдив, Варна и Бургас ја продолжуваат трката за домаќин на натпреварот „Евросонг“. ...
Спасени се куќите во селата Богомила во Чашка и Лознани во Палагонија, ќаде во изминатите 24 часа се водела битка со пожари. Низ целата земја активни беа над 40 пожари, од кои повеќето се изгаснати, но остануваат активни уште шест. Како што вели Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, тие не загрозуваат населени места ниту пак может да зафатат квалитетна шума, иако вчерашниот ден бил еден од најтешките во сезоната ...
Северна Македонија повторно се најде на второто место на европската „црна листа“, овојпат по количество отпад, обвинува СДСМ во соопштение. „Покрај тоа што сме ‘трета економија во Европа’, покрај тоа што сме ‘први по туризам’, покрај тоа што сме ‘лидери во авиосообраќајот’ и покрај тоа што аеродромот е ‘најбрзорастечки’, и покрај тоа што платите најбрзо ни ‘растеле’…, повторно сме втори на европската црна листа. Овојпат по ѓубре“, наведува ...
Црна Гора и Украина активно договараат датум за посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако таа беше откажана лани во последен момент. „За тоа активно се дискутира. Украинската страна останува заинтересирана за реализација. Утврдувањето на конкретниот датум моментално е на дневен ред“, соопшти Амбасадата на Украина за подгорички „Дан“. Зеленски беше во Белград минатата недела. Неговото пристигнување во Подгорица беше ...
Левица бара одговорност за институциите кои, како што велат од партијата, дале уверувања дека водата во Гостивар е безбедна, иако подоцна се утврдило дека водоснабдителниот систем бил контаминиран. Од Левица посочуваат дека на 29 јуни Центарот за јавно здравје Тетово издал стручно мислење според кое водата ги исполнува законските и стручните услови. Според партијата, во тој период веќе биле поставени спорните пумпи и загадена вода влегувала ...
Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост беше спроведен вчера и во петок (14 август), со почеток во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), во август за државна матура се пријавени 1328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура. Пријавените кандидати вчера го полагаа тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски ...
Долговите на Американците на кредитни картички достигнаа 1,26 билиони долари во вториот квартал од годината, приближувајќи се до рекордните 1,28 билиони долари регистрирани на крајот од минатата година, покажаа податоците од Федералните резерви на Њујорк. Долгот се зголемил за 21 милијарда долари за три месеци, а економистите го припишуваат растот на високата потрошувачка и зголемувањето на цените на храната, горивото и другите основни ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје во вчерашниот извештај од мониторингот на водата објави дека Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа на градот, од кои четири од бунарскиот потег Нерези – Лепенец и истите покажале дека водата е исправна за конзумирање. Мониторингот, според претпријатието, се спроведува согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, а примероците ...
Европската Унија подготвува измени во правилата за проширување поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето клучни одлуки во блокот, објави весникот „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Иако сите земји членки јавно ја поддржуваат политиката на проширување, во клучните престолнини, меѓу кои се Франција, Германија и Холандија, постои изразен отпор кон идејата ...
Утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата Утре и во петок времето наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе општини и населени места во главниот град. Според информациите, епидемијата е прогласена на подрачјето на општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден и Кисела Вода, односно во населбата Пржино, како и во Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Во изминатиот викенд починал 83-годишен пациент кај кого бил ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата администрација од овој момент ги признава препораките на златниот ...
Најмалку 164 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините. Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека предвремените парламентарни избори се најдоброто решение за земјата, оценувајќи дека е потребно да се промени политичката клима и да не се дозволи состојбата дополнително да се влошува. Гостувајќи во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Ахмети рече дека предвремени избори најверојатно нема да има оваа година, туку следната, но посочи дека неговата партија е подготвена за избори во секое време. „Треба да се ...
Колумбиската влада прогласи „национална катастрофа“ по силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени, кој погоди повеќе департмани во земјата и однесе повеќе од 70 животи. Одлуката е донесена поради големината на последиците од земјотресот, чиј епицентар бил во департманот Чоко. Вонредниот одбор за управување со катастрофи, предводен од новиот колумбиски претседател Абелардо де ла Есприела, го прогласи статусот со цел да се забрза ...
Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува сериозна загриженост поради директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов преку коментари на неговата колумна објавена на порталот „Независен.мк“ и на неговата официјална Фејсбук-страница. ЗНМ упати ургенција до МВР, со барање случајот да биде детално проверен. Особено загрижува фактот што дел од коментарите ...
Гренландските власти упатија остро предупредување до американската нафтена компанија „Гренланд енерџи“, поврзана со претседателот на САД, Доналд Трамп, откако таа донела опрема за истражувачко дупчење на копно без потребните владини одобренија. Според пишувањето на весникот „Телеграф“, Одделот за индустрија и минерали на Гренланд соопшти дека машините минатиот месец биле истоварени на источниот брег на островот, каде што е планирано ...
Во текот на оваа година над 240 лица низ цела Европа се заразиле со Западнонилскиот вирус, јавува ДПА. Според неделниот извештај објавен пред два дена од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), вкупно 241 случај на човечки инфекции се пријавени од почетокот на сезоната на пренос заклучно до средата. ECDC соопшти дека 139 случаи се пријавени во Италија и 61 во Грција. Во Шпанија се регистрирани 17 инфекции, 13 се ...
Папата Лав Четиринаесетти вчера повика да се „направи простор“ за дипломатија во конфликтот меѓу Русија и Украина, со цел да се запре насилството и страдањето на цивилните жртви. За време на молитвата Ангел Господов, папата од балконот на својата резиденција на плоштадот Свети Петар во Ватикан рече дека „хуманитарното право мора да се почитува во овој конфликт“, пренесува италијанската новинска агенција АНСА. „Тие продолжуваат да додаваат ...
Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературите ќе опаднат за неколку степени. Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат ...
Од полноќ возачите ќе плаќаат значително пониски цени за гориво, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Најголемо намалување има кај дизелот, чија цена се намалува за 8 денари за литар. Од 11 август од 00:01 часот, максималната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 91,50 денари за литар. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ...
Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 23 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 65, а од почетокот на оваа вирусна сезона починаа вкупно шест лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 54 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем ...
Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред. Во Бад Дојч-Алтенбург, населено место во близина на Виена, вчера попладне температурата достигна 41,2°C во 15:40 часот, соопшти „Геосфера Аустрија“ (GeoSphere Austria). Според податоците на „Геосфера“, во историјата на метеоролошките мерења во Австрија никогаш досега немало три последователни дена со температури од 40°C или повеќе. Во понеделникот на 3 август во Виена беа измерени ...
Американската телевизија Си-Ен-Ен во анализа оценува дека војната со Иран би можела да стане грешката што ќе го одбележи претседателскиот мандат на Доналд Трамп, предупредувајќи дека американскиот лидер е заглавен во конфликт што не може лесно ниту да го добие, ниту да се повлече од него. Во анализата се наведува дека Трамп досега избегнал масовна ескалација на судирот, но дека сѐ уште се наоѓа пред три тешки избори – да ја продолжи сегашната ...
Нова.рс Масовната миграција на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската Сеута се помалку се смета за спонтана мигрантска криза, а се повеќе и повеќе за хибридна операција зад која стојат сериозни политички и геостратешки интереси. Шпанските аналитичари предупредуваат дека САД, Израел и Мароко, чии односи значително се зајакнаа во последните години, би можеле да имаат најголема корист од новата ситуација. Помеѓу 50.000 и 70.000 луѓе ...
Дел од шпанските аналитичари сметаат дека масовниот прилив на мигранти во Сеута има бројни обележја на хибридна операција и не може да се објасни исклучиво со активностите на криумчарските мрежи, јави Хина. Според официјалната верзија на шпанската и мароканската влада, меѓу 40.000 и 60.000 Мароканци, претежно млади луѓе, но и семејства со мали деца, препливале или пеш ја преминале границата кон Сеута, поттикнати од криумчарски мрежи. Сепак, ...
Американскиот Стејт департмент го извести Конгресот дека планира да затвори пет дипломатски мисии во странство, вчера соопштија извори. Во известувањето испратено кон крајот на минатата недела до одредени конгресни комисии, беше наведено дека САД планираат да затворат канцеларии во Сент Џорџ (Гренада), Нагоја (Јапонија), Медан (Индонезија), Дуала (Камерун) и во Винипег (Канада), објавија британските медиуми, повикувајќи се на изворите кои ...
Претседателот на венецуелскиот парламент Хорхе Родригез пред два дена објави дека бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија земјата во јуни се искачи на 6.125 луѓе, пренесува „Ројтерс“. Според податоците што Родригез ги објави на „Телеграм“, речиси 61.000 луѓе биле згрижени во болниците, а досега биле отстранети само 16,5 отсто од урнатините предизвикани од земјотресите. Вршителката на должноста претседателка, Делси Родригез, ...
Американската војска потроши голем дел од своите глобални залихи на ракети со долг дострел и висока прецизност за време на петмесечната војна со Иран, според три лица запознаени со податоците, што предизвика загриженост за подготвеноста на војската за идни конфликти, објави на својот сајт агенцијата Ројтерс. Тие ракети се првенствено копнени ракети на американската армија, познати како Армиски тактички ракетни системи (ATACMS) и Ракети за ...