Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Германското Министерство за надворешни работи ги повика германските граѓани на Блискиот Исток да преземат мерки на претпазливост со оглед на потенцијалниот ризик од американски напад врз Иран, кој би можел да има последици и за Израел и за другите земји во регионот, пренесе ДПА. На Германците во Израел им се препорачува да се подготват за неодреден престој на местото каде што се наоѓаат, во случај воздушниот простор да биде затворен поради ...
Состојбата со приватните превозници во јавниот градски превоз е стабилизирана и проблемите кои се појавиле во изминатиот период се надминати. Застојот на дел од автобуските линии бил предизвикан од технички проблеми со АВЛ опремата, односно ГПС валидаторите во автобусите, поради што одреден број возила не можеа навремено да бидат ставени во функција. Овој проблем е целосно решен и скопјани повторно ќе можат безбедно, редовно и навремено да го ...
Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, во прво читање, поднесен од пратеничкта група на СДСМ, како и предлогот на координаторот на оваа пратеничка група Оливер Спасовски за одржување јавна расправа и обид за постигнување договор меѓу трите засегнати страни за зголемување на минималната плата. Со предложениот закон се бараше ...
Ново зголемување и усогласување на минималната плата, за кое ќе биде одлучено на владина седница кон крајот на март, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешниот состанок на Владинот совет за економска политика. Во воведното обраќање, Мицотакис е осврна на важноста да се продолжи со динамиката на економски раст и стабилно да остане над европскиот просек, но и да продолжат, како што рече, „многу позитивните резултати на ...
Јавното обвинителство денеска преку соопштение ја информира јавноста дека како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води исклучиво од законските основи. -Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, ...
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул вчера изјави дека е отворен во принцип за разговори со Москва за одржлив мир во Украина, но ја исклучи можноста за правење отстапки кон Русија. „Украина, секако, мора прва да проговори. Но, ние сме подготвени и да разговараме“, рече Вадефул на форумот „Кафе Киев“ организиран од Фондацијата Конрад Аденауер во Берлин. „Но, ние нема да пристигнеме во Москва и да направиме дополнителни ...
Уште околу 30 политички затвореници беа ослободени денеска од затворот „Родео 1“ во предградијата на Каракас, согласно законот за амнестија кој беше објавен во четвртокот под притисок на САД по притворањето на претседателот Николас Мадуро на 3 јануари. – Слободни сме, слободни сме! – викале затворениците со избричени глави и бели маици, пречекани од нивните многубројни блиски кои со недели кампуваа пред затворот, пренесе БТА. Невладината ...
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР. Груби се товари за злоупотреба на службената ...
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус шест до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до минус два, а максималната ќе достигне до 11 степени. Следува период на стабилно време, освен во вторник кога ...
Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби утрово е приведен на граничниот премин Блаце. – Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ, соопшти Министерството за внатрешни работи. Груби е осомничен за ...
За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се прославува на 12 април. Тоа е пост со повеќе имиња – повеќеимен пост. Се нарекува: Велигденски пост – затоа што завршува на Велигден и значи подготовка за празникот. Воскресенски пост – заради празникот на Христовото воскресение. Пасхален пост – бидејќи е пост пред Пасха, како што се нарекува ...
Поради силна зимска бура денеска ширум североистокот на САД се затворени училишта, прекинат е јавниот превоз и откажани се илјадници авионски летови, а жителите на тоа подрачје се предупредени на обилни снегови, силни ветрови и опасни услови за патување, соопштија локалните власти. Поштенската служба на САД соопшти дека бурата на североистокот на земјата, од Вашингтон до Нова Англија, може да ја забави обработката, транспортот и доставата на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за ограничен воен удар врз Иран за да изврши притисок врз Техеран да ги прифати барањата на Вашингтон во врска со нуклеарниот договор, но нагласи дека сè уште претпочита дипломатско решение, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори. Според извори запознаени со ова прашање, потенцијалниот почетен удар би бил насочен кон неколку воени или владини објекти и би можел да биде извршен во ...
Поранешниот јужнокорејски претседател, Јун Сук-јеол, денеска јавно се извини за предизвикувањето болка и страдањето на својот народ, објави јужнокорејската агенција Јонхап. Јун вчера беше осуден на доживотен затвор за неговиот обид да воведе воена состојба во земјата во декември 2024 година. „Длабоко жалам. Се извинувам што ви предизвикав голем очај и страдање со моите штети“, наведе Јун во соопштението. Окружниот суд во Сеул вчера го осуди ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави радикален потег кој со децении го бранува јавното мислење – објавување на сите тајни досиеја поврзани со вонземски живот и неидентификувани летечки објекти (НЛО). Преку својата платформа „Трут Сошал“, тој објави дека ќе им наложи на федералните оддели и агенции да ги лоцираат и јавно да ги објават сите записи за кои постои огромен интерес кај американските граѓани. Трамп прецизираше дека наредбата ...
Соопштение на Левица: Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, како пратеник јасно потенцираше дека етички и правно е невозможно да се повикуваме на владеење на правото, а истовремено да носиме закони со кои се уредува „правниот статус“ на бесправно изградени објекти. Таа тогаш со право укажа дека не може да се утврди легитимитет на нешто што е изградено спротивно на законот и дека ваквите решенија претставуваат директен удар врз ...
Британските истражители продолжуваат со претресот во поранешната резиденција на Ендрју Маунтбатен-Виндзор во Беркшир откако поранешниот принц беше ослободен по апсењето под сомнение за злоупотреба на службената должност. Ендрју беше приведен вчераутро по обвиненијата што произлегоа од објавувањето на документи поврзани со педофилот и финансиер Џефри Епстин. Ова е првпат во модерната историја да биде уапсен истакнат член на британското кралско ...
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен утрово во неговиот привремен дом на имотот Сандрингам под сомнение за злоупотреба на службена должност, соопшти полицијата во Темза Вали. Најмалку шест необележани возила со осум полицајци во цивилна облека кои носеле службени лаптопи биле видени како влегуваат во имотот Вуд Фарм околу 8 часот наутро на денот кога Ендру наполнил 66 години. Форензички екипи исто така биле на местото на настанот, објавува ...
Од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата, да даваат опипливи резултати во клучните области, а во исто време ЕУ и нејзините држави членки мора ги исполнат своите обврски, целосно да ја поддржат земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман, за да ѝ помогнат да напредува во исполнувањето на сопствените обврски – нагласува ...
Силен земјотрес е регистриран во југозападниот дел на Грција, поточно во регионот на Пелопонез. Според првичните информации, потресот предизвикал вознемиреност кај локалното население, но засега нема извештаи за посериозни штети. Според податоците од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) и грчките институти: Јачина: Епицентар: Длабочина: Регионот на Грција е познат по својата сеизмичка активност, па локалните служби се во состојба ...
Бизнис-клубот „Европа“, како советодавно тело на Стопанската комора на Македонија, во Виница го организираше форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“. На панелот насловен „Единствениот пазар на ЕУ: колку е подготвена македонската економија?“ учествуваше и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. Посочувајќи ја фармацијата како една од најрегулираните индустрии во светот, во која ...
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) вчера вечерта на свеченост во Националната опера и балет одбележа 80 години постоење и ја додели годишната награда за истражувачко новинарство Наградата ја поделија новинарите на „Код“, Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и Ирена Мулачка од „Фокус“ за нивните стории за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Наградата за животно дело ја добија новинарот Ристо Тасев од Струмица и ...
Според најавата од УХМР, денеска се очекува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во претпладневните часови. ЈП „Паркови и зеленило“ ги информира граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата, со цел да се избегнат несакани последици од паѓање на гранки или цели дрвја. „Доколку забележите паднато дрво, граѓаните можат да пријават во ЦУК на тел. 112, или на дежурните телефони објавени на веб-страницата на претпријатието“, ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц негодуваше поради овациите што ги доби американскиот државен секретар Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција, велејќи дека неговиот настап всушност е политиката на Доналд Трамп во „попријателски пакет“, пишува dpa. „Не бев во салата, а дури и да бев, тешко дека ќе станев“, рече Мерц во политичкиот подкаст Machtwechsel. Мерц таму забележа дека говорот на Рубио не бил толку конфронтациски како оној ...
Британскиот премиер Кир Стармер во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп ја повтори својата поддршка за неговиот мировен план за Газа, пренесува ДПА. Разговорот доаѓа во време кога шефицата на британската дипломатија, Ивет Купер, треба да ги собере на едно место палестинските и израелските претставници во обид да се постигне напредок во мировниот план на американскиот лидер за Газа. Даунинг стрит соопшти дека Стармер и ...
Полицијата вчера доби пријава за повреден скијач на Попова Шапка, кај местото познато како „Церипашина“. – Екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој, според пријавеното, бил повреден од снежна лавина додека скијал. По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. ...
Од 6 часот утрово, таксистите во Атина започнаа тридневен штрајк, организиран од нивниот синдикат, додека пак во цела Грција ќе штрајкуваат утре и задутре, со што земјата ќе биде без такси превоз. Преку штрајкот, таксистите уште еднаш ги повторуваат нивните барања, а главното е пролонгирање на законската обврска сите такси возила во Атина и Солун постепено да се заменат со целосно електрични, што се спроведува од почетокот на годинава, како и ...
Сојузот на синдикати денеска ја реализираше последната од најавените три блокади на таргетирани институции. Пред Владата денеска побараа да предложи измени на Законот за минимална плата со кои ќе се зголеми минималната плата на 600 евра и сите останати плати за 100 евра. Од ССМ оставаат простор за договор до крајот на февруари, а доколку не дојде до договор, во првата половина од март, најавуваат генерален штрајк и работнички протест. – Ако ...
Протестот ќе се одржи пред зградата на Владата на булеварите „Илинден“ и „Свети Климент Охридски“ Денеска со почеток во 11 часот во централното градско подрачје ќе има посебен сообраќаен режим поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Протестот ќе се одржи пред зградата на Владата на булеварите „Илинден“ и „Свети Климент Охридски“. Од Министерството за внатрешни работи велат дека доколку има потреба, за време на ...
Најтешко е погодена улицата „Прилепска“ во Кичево, каде што во некои објекти водата оставила траги и до два метра височина на ѕидовите. По новото излевање на Зајаска Река во Кичево, предизвикано од поројните дождови, повеќе од 60 семејства повторно се соочија со губење на домот – вторпат во изминатиот месец. Додека трае санацијата на штетите, околу 250 луѓе од 63 домаќинства се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“, ...