Народната банка ги објави официјалните податоци за девизните резерви. Според јавно достапните податоци, на крајот на јуни, девизните резерви биле на ниво од 4.936 милиони евра. Најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност или 73,8 проценти, по што следуваат монетарното злато со 15,8 проценти и валутите и депозитите со 10,4 проценти. Народната банка ги објави официјалните податоци за девизните резерви. Според јавно достапните ...

Цените на нафтата скокнаа за речиси три проценти откако САД започнаа нови напади врз Иран по објавата дека Техеран нападна три брода во Ормуската Теснина. Цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, рано утрово скокна за 2,6 проценти на 76,09 долари за барел, додека цената на американската референтна сурова нафта исто така се зголеми за 2,6 проценти на 72,25 долари за барел, објавија американските медиуми и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека меморандумот за разбирање потпишан со Иран за крај на конфликтот е „завршен“. „Многу интересно прашање за мене. Мислам дека е завршено“, рече Трамп на маргините на самитот на НАТО во турскиот главен град Анкара, кога беше прашан дали меморандумот за разбирање е мртов. „Не сакам повеќе да се занимавам со нив. Тие се ѓубре“, додаде тој. Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ...

Судијката Даниела Димовска е избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје на денешната седница на Судскиот совет. Одлуката е донесена по спроведена постапка по јавен оглас, на кој апликации доставиле двајца кандидати – Даниела Димовска, судија и вршител на должност претседател на Основниот кривичен суд Скопје, и Ивица Стефановски, судија во истиот суд. Претседателот на Комисијата за избор, Ивица Николовски, информираше дека двете ...

Mотото „Посилна Европа – Посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа која живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во ...

АЛКАЛОИД АД Скопје го доби сребрениот медал SILVER | TOP 15 % за 2026 година доделен од EcoVadis, со освоени 94 перцентили. Со ова признаниеАЛКАЛОИД се позиционира меѓу најдобрите 15 % од сите компании оценети на глобалната платформа EcoVadis во последните 12 месеци. Сребрениот медал претставува значаен напредок во однос на минатогодишниот бронзен медал BRONZE | TOP 35% и е уште една јасна потврда за долгогодишната посветеност на АЛКАЛОИД на ...

Бројот на загинатите во двата силни земјотреси што пред две седмици ја потресоа Венецуела се искачи на 3.535 лица, покажуваат синоќа објавените официјални податоци. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа низа послаби последователни потреси. Меѓу најтешко погодените е крајбрежната сојузна држава Ла Гуаира, а илјадници лица се уште се водат како исчезнати. ...

Земјите членки на НАТО ќе инвестираат околу 40 милијарди долари во наредните пет години во своите капацитети за одбрана од дронови, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој рече дека неколку сојузници во НАТО се обврзале да соработуваат во набавката, складирањето, транспортот и управувањето со резервите на критични одбранбени материјали. Според него, на самитот во Анкара земјите од Северноатлантската алијанса имаат намера ...

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека европската безбедност не може да се сведе на Европската Унија (ЕУ) и дека бара поширок пристап, нагласувајќи ја централната улога на Турција во безбедносната архитектура на континентот, јави Анадолија. Зборувајќи на настанот насловен како „Европската безбедност по самитот во Анкара: Зајакнување на соработката меѓу сојузниците на НАТО низ Европа“, организиран во Анкара од ...

Репрезентацијата на Англија успеа да се пласира во четврфтиналето на Мундијалот откако ноќеска го совлада Мексико, еден од домаќините со 3:2. На тој начин Англичаните се изборија за европско четвртфинале против Норвешка. Англија поведе со 2:0 со двата „брзи“ гола на Џуд Белингем, кој погоди во 36.минута и во 38.минута. Сепак неизвесноста ја врати Жулиан Куинонеш со голот во 42.минута кога намали на 1:2. Од 54.минута Англичаните играа со играч ...

Времето кога Европа можеше да ја препушти својата одбрана и безбедност на Америка е завршено, оценија генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во заеднички авторски текст за весникот „Економист“. Тие признаа дека Европа во рамките на Северноатлантскиот сојуз долго време била премногу потпрена на воените капацитети на Вашингтон, но нагласија дека суровата реалност и опасностите на ...

Турските власти приведоа повеќе од 100 луѓе кои учествуваа во анти-НАТО демонстрациите што завчера ги организираше Комунистичката партија на Турција (ТКП), во пресрет на самитот на лидерите на НАТО закажан за утре и задутре во Анкара. Турција утре и задутре во Анкара ќе биде домаќин на лидерите на 32-та сојузници на НАТО, како и на официјални претставници од партнерските земји. Властите ги заострија безбедносните мерки ширум Анкара во ...

Пратеничката група на Левица поднесе 47 амандмани кон Ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кои бараме суштинска прераспределба на јавните средства кон области што директно го засегаат животот на граѓаните – безбедност, инфраструктура, животна средина, земјоделие, домување, социјална заштита, образование, култура, спорт и институционална отчетност. Ребалансот што го предлага ДПМНЕ е финансиски неодговорен и политички разголен документ. ...

Мицкоски го најави денешното поскапување на горивата, ама не најави никакви мерки со кои ќе ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар. Исто како што кажа дека има пазари и компании кои работат со „повисоки маржи”, но рече дека „имињата засега нема да ги открие”. Тоа се тие се двајца Мицкоски – едниот признава дека има проблем, другиот со лаги и манипулации се обидува да дефокусира од проблемот. Додека граѓаните живеат крпен живот, од ден во ...

Апасиев повторно го погази зборот, алчни само за пари Левица го блокираат Изборниот законик. Левица и Димитар Апасиев докажаа дека нивните зборови не вредат ништо кога ќе дојде време да се преземе одговорност. Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, квази левичарите денес тој договор го поништуваат, се вели во соопштението ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси со пообилен пороен дожд, над 15 литри на квадратен метар, грмежи, ветер со брзина над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме проследено со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до ...

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина точно таму каде што застанаа, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин. „Подготвени сме да ги продолжиме преговорите точно таму каде што застанаа. Меѓутоа, за тоа е потребна политичка волја не само од Киев, туку и од неговите западни спонзори, кои се главните корисници од кризата“, изјави Галузин. Дипломатот го критикуваше и ставот на шефот на ...

Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични. Тие доаѓаат од партијата која зема најголем дел од колачот и на платеното политично рекламирање, со двоцифрени проценти, и партија со најдебела каса, најимотна, не само во регионот, туку и во Европа. Фактите ги демантираат во целост. Левица во работната група пред сѐ бараше промена на изборниот модел во една изборна единица и како најразумно решение, бараше целосно укинување на парите за ...

Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека изразува резерви за 21-от пакет санкции од страна на Европската Унија против Русија, одговарајќи на пратеничко прашање за тоа дали е подготвен да го блокира следниот европски пакет санкции, јави БТА. „Што се однесува до тоа дали сум подготвен да изразам резерви за 21-от пакет – не дека сум подготвен, ќе го направам тоа. Едноставно и јасно. Бидејќи ги штитам и поддржувам бугарските национални ...

Турција подготвува опсежно обезбедување за претстојниот самит на НАТО со распоредување на десетици илјади полицајци, ставајќи ја противвоздушната одбрана во висок степен на подготвеност, забранувајќи ги јавните собири и воведувајќи спорни ограничувања на слободата на изразување и здружување. Лидерите на 32 држави-членки ќе се соберат на 7 и 8 јули во главниот град на Турција, Анкара, вклучувајќи го и претседателот на САД, Доналд Трамп, чии ...

Две малолетнички, поврзани со врсничкото насилство во општина Аеродром, како и нивните родители биле повикани во полициска станица, каде е извршен разговор со нив, по што ќе следуваат и соодветни кривични пријави, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Во СВР Скопје вчера во 19:30 часот 31-годишна жена пријавила дека на 30 јуни околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички ...

Една недела по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела, бројот на жртви се зголеми на најмалку 2.295, додека 11.267 лица се повредени, изјави вчера претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез. Повеќе од 26 илјади припадници на службите за итни случаи и над 17 илјади волонтери се распоредени во погодените области. Потрагата по преживеани е се уште во тек, иако веќе бледнеат надежите за пронаоѓање на повеќе преживеани под ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис порача дека сите кои стојат зад смртоносниот напад во Солун ќе бидат откриени и ќе одговараат пред правдата. Неговата реакција следува по смртта на 72-годишната Вагија Нестора, која почина од тешките изгореници здобиени во намерно подметнат пожар врз објект поврзан со функционери на владејачката партија Нова демократија. Нестора, мајка на партиската кандидатка Афродити Нестора, била хоспитализирана во ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд од над 15 литри на квадратен метар, грмежи, засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со ...

Со посредство на Катар и Пакистан е постигнат напредок во индиректните преговори меѓу САД и Иран, соопштија посредниците по новата рунда разговори одржана во главниот град на Катар, Доха. Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари, изјави дека е постигнат „позитивен напредок“ во прашањата поврзани со рамковниот договор што беше постигнат пред две недели за ставање крај на војната во Иран. Разговорите биле ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата година пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестициите на неговото семејство, што покажува дека сега поголемиот дел од својот приход го остварува од дигиталниот имот што имал корист од неговите политики, објавуваат британските медиуми. Финансиските извештаи за 2025 година поднесени до американската Канцеларија за владина етика откриваат дека неговите компании добиле речиси ...

Голем дел од Соединетите Американски Држави и Канада се под удар на силен топлотен бран, кој во текот на неделата ќе донесе екстремно високи температури, висока влажност и тропски ноќи. Американската Национална метеоролошка служба издаде предупредувања за околу 120 милиони жители, непосредно пред празникот Ден на независноста – 4 јули. Метеоролозите предупредуваат дека најтешко ќе бидат погодени источниот и централниот дел на САД. До четврток ...

Американскиот претседател Доналд Трамп претрпе пораз во Врховниот суд на САД во врска со спорот околу правото на државјанство по раѓање, откако судот пресуди дека децата родени во земјата ќе продолжат автоматски да добиваат државјанство, објави ДПА. Трамп направи обид да го укине правото на државјанство по раѓање на децата на луѓе кои се во САД само привремено или без потребната дозвола. Критичарите тврдат дека 14-тиот амандман на Уставот на ...

– Топлотниот бран што ја зафати Европа е само „генерална проба“, а најлошото допрва претстои, предупреди денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, цитиран од ДПА. „Летата што претстојат ќе бидат потешки“, прогнозира Клуге во соопштението. Тој предупреди дека Европа се затоплува повеќе од два пати побрзо од глобалниот просек и дека топлотните бранови повеќе не се исклучок, туку ...

СДС и Левица уште еднаш покажаа дека кога треба да избираат меѓу државниот и партискиот интерес, секогаш го избираат партискиот. Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Со месеци учествуваа во изработката на Изборниот законик, даваа предлози, а ВМРО-ДПМНЕ ги прифати речиси сите нивни забелешки. Единственото барање на кое инсистиравме беше македонската дијаспора да добие ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
80%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
70%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.97
70%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35