Одделот за владина ефикасност (DOGE) на американскиот претседател Доналд Трамп е распуштен осум месеци пред истекот на неговиот мандат, со што заврши иницијативата започната со голема помпа како симбол на ветувањето на Трамп за намалување на големината на владата, но за која критичарите велат дека донела малку мерливи заштеди. „Тоа не постои“, изјави за „Ројтерс“ на почетокот на месецов директорот на Канцеларијата за управување со персоналот ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година на 20 најдобри студенти коишто своето образование ќе го продолжат на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, со седиште во Солун, Грција. Стипендиите се резултат на заедничката активност и соработка на Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и Сити колеџ, ...

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, информираат од ЦУК. „Битолски регион: Излевање на реката Шемница кај с. Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река Преспански регион: Излевање на реки во с. Царев Двор и ...

Рускиот парламент изгласа зголемување на даноците за лицата означени како „странски агенти“, статус што се користи за прогон на дисидентите, јави ДПА. Во иднина, тие ќе мора да плаќаат највисока даночна стапка од 30 отсто, наместо просечната од 13 отсто до 22 отсто. „Оние кои ја предадоа нашата земја, не треба да добиваат даночни олеснувања“, напиша претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, на апликацијата Телеграм. Терминот ...

EPA/ANDERS WIKLUND SWEDEN OUT Шведскиот генерал Михаел Класон предупреди дека Русија наскоро ќе се обиде да ја тестира колективната одбрана на НАТО според Член 5 и рече дека Европа мора да се подготви да употреби сила за да ја одврати Москва. Тој го кажа ова во интервју за Политико. „Сигурен сум и убеден дека во секој момент би биле подготвени да го тестираат Член 5 од НАТО во балтичките држави или во некој друг дел од Европа“, рече Класон. ...

„Овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија“, порача премиерот од Тирана, Албанија каде што ќе учествува на Самитот за Планот за раст насловен како „Нашиот пат кон ЕУ“ Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка – порача премиерот Христијан Мицкоски по ...

Германската амбасадорка во Македонија, Петра Дрекслер вели дека е погрешен впечатокот што се остава во домашната јавност дека Македонија издвојува повеќе од Германија за правосудството. Ова таа го изјави во контекст на пораките на премиерот Христијан Мицкоски и барањето на македонското правосудство за поголем буџет и финансиска независност. „Впечатокот што изминативе денови можеби се појави кај некого во државата е дека Германија инвестира во ...

Нееднаквоста меѓу луѓето ширум светот продолжи да расте, при што богатите стануваат побогати, додека 3,8 милијарди луѓе се сиромашни, соопшти невладината организација за развој Оксфам. Богатството на милијардерите во земјите од Г20 се зголеми за 2,2 трилиони долари во изминатата година, соопшти Оксфам во анализа објавена во четврток пред самитот на Г20 оваа недела. Според организацијата, оваа сума би била доволна за да се извлечат 3,8 ...

Во судир на брз и патнички воз утрово во јужниот дел на Чешка повредени се 45 луѓе, од кои пет се здобиле со тешки повреди. – Во болница се примени пет потешко повредени лица, изјави портпаролката на болницата во Чешке Будејовице. Сè уште е непозната причината за судирот помеѓу двата патнички воза на пругата Чешке Будејовице – Плзен. Железничкиот сообраќај е во прекин, а на местото на несреќата има осум спасувачки екипи. – Таа пруга не е ...

Главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден и денеска се води предистражна постапка против лица вработени во УЈП, а на некој начин се поврзани со предметот по случајот со пожарот во дискотеката во Кочани. – Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица вработени во Управата за јавни приходи. Денеска се приведени околу десетина лица и во моментов се вршат претреси на лицата ...

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата „Тему“. -Пратките кои граѓаните ги порачуваат од „Тему“ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и ...

Го поздравуваме новиот предлог за прекин на огнот во Украина. Европската Унија и Грција отсекогаш го поддржуваа секој напор за прекин на непријателствата за да се отвори прозорец за мир. Се подразбира дека секој план мора да биде прифатен од Украина, посочи шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, при пристигнувањето на Советот за надворешни работи на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Грција ...

Акциите повторно паднаа во вторник, бидејќи технолошките акции продолжија да паѓаат поради загриженоста за вреднувањето на акциите поврзани со вештачката интелигенција, а биткоинот накратко падна под 90.000 долари, знак за намалено преземање ризик од страна на инвеститорите. Индустрискиот просек Дау Џонс падна за 498,50 поени, или 1,07%, на 46.091,74. S&P 500 изгуби 0,83% и го заврши денот на 6.617,32. Тоа беше четвртата последователна ...

Со ексклузивен мастерклас посветен на уметноста на сицилијанското слаткарство, што ќе биде предводен од познатиот слаткар маестро Лило Дефраја, денеска во Скопје почнува 10. издание на Неделата на иатлијанската кујна, во организација на Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со Италијанската Трговска Агенција. Фокусот ќе биде ставен на сицилијанските слатки кои се автентичен симбол на вековните традиции, но и едни од водечките ...

Штета на грчкиот државен здравствен фонд во висина од околу 12 милиони евра нанеле 32 лекари и 62 аптеки преку незаконско препишување рецепти, а изречени се казни од 98.500 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за обезбедување здравствени услуги (ЕОПИИ), односно грчкиот државен здравствен фонд соопштија дека на одржаниот состанок, меѓи другото, Управата за фармација ги презентирала резултатите од контролните ...

Во иднина, земјите-членки на Европската унија би имале три дена во мир и шест часа во вонредни ситуации за да дозволат минување на воени сили и опрема на други европски земји низ нивната територија, што е дел од одредбите на новиот предлог на Европската комисија за воспоставување на таканаречениот „Воен Шенген“, чија цел е значително да се забрза воената мобилност во рамките на Унијата. „Денес, за да се премести воена опрема и трупи, на ...

Ерата на евтини, неоданочени нарачки од странство завршува. Собранието ги изгласа измените на Законот за данокот на додадена вредност, со кои се укинува даночното ослободување за пратките со мала вредност. Ова значи дека граѓаните отсега ќе плаќаат 18% ДДВ и за нарачките до 22 евра кои пристигнуваат од популарните онлајн платформи како „Тему“, „Шеин“ и „Али Експрес“. Со 59 гласа „за“ и 12 „против“, пратениците дадоа зелено светло за мерката ...

Едно лице загина, а цела станбена област е претворена во пепел по силниот ноќен пожар што го зафати јапонскиот град Оита. Телото пронајдено утрово сè уште се идентификува, но полицијата проверува дали станува збор за 76-годишниот маж кој се води како исчезнат. Повеќе од 170 домови се уништени или тешко оштетени во огнената стихија што избувна во пристанишниот дел Саганосеки и за кратко време се прошири низ густо населениот кварт. Пожарот гори ...

УХМР предупредува дека денеска наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), особено во текот на ноќта. Локално ќе има услови за невреме со силен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток ...

ПРЕКУ ИСКРЕНИ СВЕДОШТВА И ИНСПИРАТИВНИ РАЗГОВОРИ, ЕКСПЕРТИ, РОДИТЕЛИ И ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ ИСПРАТИЈА ЕДИНСТВЕНА ПОРАКА: ГРИЖАТА ЗА ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИТЕ БЕБИЊА НЕ Е САМО МЕДИЦИНСКИ ПРОЦЕС – ТОА Е ЖИВОТНА МИСИЈА ИСПОЛНЕТА СО ХРАБРОСТ, НАДЕЖ И СО БЕЗРЕЗЕРВНА ЉУБОВ. Втората конференција „Големите приказни на малите херои“ организирана под покровителство на Бекутан, уште еднаш ја потврди долгогодишната посветеност на брендот на најмалите, најкревки и ...

Регулаторната комисија за енергетика вчера ги објави новите малопродажни цени на горивата, кои стапуваат на сила од полноќ. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапеа за 1 денар по литар. Цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 0,5 денари по литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остана непроменета. Мазутот М-1 НС, пак, поевтини за 0,806 денари по килограм и се продава по 35,621 денари за килограм. ...

Прво, уставните измени – деблокада на ЕУ, отстранување на 20% – воведување на албанскиот јазик во Уставот и одлуките што се носат со Бадентеровиот принцип да бидат вклучени и во Уставниот суд. Претседателот на дел од Алијанса за Албанците Зијадин Села постави три главни услови за да биде дел од Владата – уставните измени и деблокада на процесот на интеграција во ЕУ, замена на формулацијата „20%“ со „албански јазик“ во Уставот и Уставниот суд ...

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени започнува утре. Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Судот апелира до медиумите за достоинствено известување без ...

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека жичницата на Водно нема да биде во функција поради невреме. Најавата од УХМР е дека во текот на денот во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. „Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на ...

Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен македонски државјанин, по кој бил распишана меѓународна потерница за фалсификување пари, пренесува Еуроњуз. -Македонскиот државјанин Н.С. (36) е уапсен од полицијата во Тирана, во рамки на операцијата со кодно име „Операција 73“, со цел да биде екстрадиран во Северна Македонија, објави полицијата. Според извештаите, 36-годишникот бил прогласен за баран и од страна на ДВП Драч, за кривично ...

Дијабетесот останува една од најбрзорастечките хронични болести на 21 век, покажува Единаесеттото издание на IDF Diabetes Atlas (2025). Според податоците, во 2024 година глобално со дијабетес живееле околу 589 милиони возрасни лица, што претставува 11,1 проценти од светската популација на возраст од 20 до 79 години. Во Македонија со дијабетес живеат околу 141 илјада лица, што е 8,9 проценти од возрасните, односно, приближно секој единаесетти ...

Воениот претставник на Белгија во САД, бригадниот генерал Барт Вербист поднесе оставка на функцијата откако објави текст во кој, меѓу другото, оцени дека политиката на американскиот претседател Доналд Трамп создава „хаосот и непредвидливост“, тврди белгискиот весник „Морген“. Според изданието, Вербист поднел оставка на функцијата на почетокот на оваа недела откако ја „загубил довербата“ на Пентагон и му бил даден рок да ги напушти САД за ...

Евтините пакетчиња од Тему, Шеин и Али Експрес наскоро би можеле значително да поскапат за европските потрошувачи, бидејќи Европската унија започна постапка за промена на царинските правила која целосно ќе го укине сегашното ослободување од давачки за пратки до 150 евра. Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницираше измени на Регулативата за царини, со кои би се елиминирало долгогодишното правило што им дозволува награници да ...

Луис, кој живее на Бахамите, се изјасни за виновен за инсајдерско тргување во 2024 година и беше казнет со пет милиони долари, но поштеден од издржување затворска казна поради неговата поодмината возраст. Официјален претставник на Белата куќа изјави дека Трамп го одобрил помилувањето кое Луис го побара за да може да добие медицински третман и да ги посети своите внуци и правнуци во САД. Луис е основач на компанијата „ENIC“, која поседува ...

Oдговорното користење на дигиталниот простор е клучно за поттикнување здрави навики и позитивни онлајн-искуства – истакна Мукаетов на конференцијата за безбеден дигитален простор. Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, учествуваше на конференцијата „Content Positive 2025 – подобар онлајн“, настан посветен на унапредување на дигиталната безбедност, организиран од „А1 Македонија“, кој на едно место обедини ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
62%
1025
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
39%
1026
weather icon

Загреб

17ᴼ / 14ᴼ
2.06
48%
1025
weather icon

Софија

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
61%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.52
52%
1024
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
1025
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.47
56%
1024
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
26%
1023
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
39%
1024
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.68
45%
1025
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
42%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Бакар

11.80

Цинк

3.28

Иридиум

221848.72

Злато

166049.28

Алуминиум

3.35

Родиум

368126.05

Сребро

2704.52

Рутениум

45750.51

Паладиум

52823.68

Калај

51.64

Кобалт

66.14

Платина

69606.37