Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ – Биљана Ангелова и Дарко Данев. Тие се кандидираа на огласот за ректор на Универзитетот, за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029. Проф. д-р Биљана Ангелова, која е во трка за втор мандат за ректор, е кадар од ...

Пратеничката група на СДСМ ќе ја напушти работата во работната група за Изборниот закон, но ќе продолжи да дејствува со сите демократски механизми, изјави лидерот на партијата, Венко Филипче на денешната прес конференција. Тој на прес конференцијата појасни дека одлуката се однесува исклучиво на учеството во оваа работна група и е поврзана со, како што рече, начинот на кој се носи новиот Закон за влада. Според него, укинувањето на техничката ...

Руските лекари дијагностицирале нова форма на белодробна состојба, позната како „пуканки“ болест, која не се препознава само по карактеристичното пукање при дишење, туку и по поширок спектар на симптоми, како отежнато дишење, сува кашлица и нарушувања на спиењето. Првиот случај бил забележан на 19 март 2025 година, а според медицинските експерти, оваа состојба најчесто се поврзува со употреба на електронски цигари (вејпинг). Доцентката ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американската администрација има индикации дека врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е жив, но дека постојат многу отворени прашања во врска со неговата вистинска улога на власт во Иран. Во интервју за „Фокс њуз“, Рубио рече дека клучните прашања се поврзани со тоа дали Хамнеи навистина има политички авторитет и донесува одлуки во земјата, сенаведува во соопштенијата на ...

Американско-израелската војна со Иран ги фрли милиони Иранци во сиромаштија и ги остави без работа. Последиците се чувствуваат во речиси сите економски сектори, а меѓу многуте новоневработени се работници во рафинерии и текстилната индустрија, возачи на камиони, стјуардеси и новинари. Иранската економија се бореше дури и пред да избувне конфликтот. Националниот доход по глава на жител падна од околу 8.000 долари во 2012 година на 5.000 долари ...

Фудбалерот на Барселона, Фермин, изјави по вчерашната победа над Хетафе дека неговиот тим има голема предност пред Реал Мадрид во борбата за титулата во Шпанија, но истакна дека до крајот има уште натпревари. „Знаеме дека имаме голема предност, но, сепак, сè уште има натпревари. Звучи како клише, но вистина е. Мора да го играме ова до крај пред да станеме шампиони“, рече Фермин. Барселона е на прагот на втора последователна титула во ...

– Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на „Водовод и канализација“. Секторот за санитарна контрола, во периодот од 20 до 24 април 2026, спровел редовен мониторинг и земал 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Резултатите од испитувањата покажуваат дека сите анализирани примероци се во согласност со Правилникот за ...

Дојави за бомби изутринава повторно биле испратени до неколку гимназии во Загреб, по што се спроведуваат нови евакуации на основни и средни училишта во западниот дел од градот. Дојавите за поставени бомби биле испратени и на адреси на медиуми. Хрватска минатата недела се соочи со серија лажни дојави за бомби, поради што наставата во многу училишта низ земјата беше прекината. Освен училишта, закани добиле и градинки, како и некои трговски ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ...

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц порачал дека меѓусебното почитување меѓу земјите-членки и земјите-кандидати е основа на нашата соработка во Европската Унија. Запрашан за европскиот пат на нашата држава, Вајц во интервју за „Euronews Bulgaria“, истакнал дека само заедно, особено во овие геополитички времиња, само заедно како европски народи, можеме да го браниме нашиот европски начин на живот и нашите европски ...

Две лица се застрелани во бистро во Раунхајм во близина на аеродромот во Франкфурт, соопшти денеска германската полиција. Според првичните полициски наоди, вооружено лице влегло во бистрото околу 3:45 часот наутро по локално време и ги застрелало двете лица, кои веднаш починале. Полицијата соопшти дека напаѓачот избегал од местото на настанот и оти во тек е потрага. Областа околу бистрото е опширно оградена. Голем контингент на полицијата го ...

Претставници на висока владина делегација од Црна Гора предводена од министерот за здравство д-р Војислав Шимун, Бранко Крвавац, главен советник на претседателот на Владата на Црна Гора и Александар Богавац, директор на ЗУ „Апотеке Црна Гора Монтефарм“ остварија официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, со фокус на зајакнување на соработката. Во рамките на посетата, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО г. Живко ...

Во најновиот извештај на германскиот Федерален завод за статистика се наведува дека неколку години по завршувањето на пандемијата Ковид-19 една четвртина од вработените сè уште делумно или целосно работат дома. Пред пандемијата 13 отсто од вработените делумно работеле од дома. Најголем процент на вработени кои работата од далечина се во ИТ секторот, а најмалку се во угостителството и градежништвото. Исто така е забележано дека колку што е ...

Во рамки на постапка за организиран илегален увоз и дистрибуција на медицински средства што се користат при естетски зафати, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полицијата спроведува обемна и координирана акција на повеќе локации низ државата. Од Обвинителството информираат дека акцијата ја реализира Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, при што се вршат интензивни претреси и се обезбедуваат лица за кои ...

Посети на министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис на земјите од Западен Балкан во следниот период, како и министерска средба во Атина до крајот на годината, според портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу, се планираните активности на Грција за зајакнување на европската перспектива на регионот. На брифингот со новинарите во Министерството за надворешни работи на Грција, портпаролката се осврна на усвојувањето на Делфи декларацијата ...

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер беше регистриран кусо пред 6.30 часот утрово по локално време во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, а засега не се пријавени некакви проблеми. Според Геодинамичкиот институт, епицентарот бил во морската област седум километри југозападно од крајбрежниот град Гудура и на длабочина од 5 километри. Заменикот префект на областа Јанис Андрулакис за државната телевизија ЕРТ рече дека ...

Цените на нафтата денеска повторно бележат раст, трет ден последователно, во услови на кревко примирје на војната против Иран. Северноморската „Брент“ нафта за испорака во јуни поскапе за повеќе од еден процент во однос на вчера и достигна 103,23 долари за барел (159 литри). Американскиот претседател, Доналд Трамп, го засили притисокот врз Иран и, според медиумски извештаи, му дава на Техеран уште неколку дена да достави прифатлив предлог за ...

Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за Владата, со кој се предвидува забрана за двојно државјанство за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата, со итна примена. Од партијата наведуваат дека со овој предлог се поставува принцип на еднаквост, односно исти правила да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок. СДСМ истовремено ги критикува најавените измени на Законот за ...

Туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјата, кој предупредува дека евентуалната примена на ...

Турскиот парламент усвои закон со кој им се забранува пристап до социјални медиуми на деца помлади од 15 години, во обид да се засили заштитата на малолетниците во дигиталниот простор. Согласно новите законски одредби, децата под 15-годишна возраст нема да можат да отвораат профили на социјалните мрежи, додека дигиталните платформи ќе бидат обврзани да воведат ефикасни системи за проверка на возраста на корисниците. Платформите ќе бидат ...

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи ја појасни суштината на предложените измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување која во Собранието ја поднесе пратеничката група на Левица, а денес е на дневен ред на собраниска седница, се вели во партиското соопштение. Апасиев посочува дека во важечкиот закон постои како што вели „нешто идиотско, што се вика максимална основица за плаќање ...

– Покачувањето на цените на горивата, последица на конфликтот на Блискиот Исток, довело до значителен пораст на бројот патници во јавниот превоз во повеќе француски градови. Истражување спроведено од страна на француските медиуми покажува дека граѓаните се почесто ги оставаат автомобилите и се префрлаат на превоз со автобус и трамвај за да ги избегнат високите трошоци за гориво. Трендот е особено изразен во градовите што нудат бесплатен јавен ...

Цените на горивата и на мазивата во Европската Унија во март нагло пораснаа за 12,9 отсто на годишно ниво, при што е забележан особено силен раст на цената на дизелот од речиси 20 отсто, објави вчера Евростат. Најголемо поскапување е забележано во Германија, каде што цените се зголемија за 19,8 отсто, по што следуваат Романија со 19,6 отсто, Холандија со 18,8 отсто, Летонија со 18,5 отсто и Австрија со 17,2 отсто. Наспроти ова, Унгарија и ...

„Нарушувањата во глобалното снабдување со нафта предизвикани од војната во Иран ја зголемија цената на авионските летови на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што најверојатно ќе доведе до повисоки цени на авиобилетите, соопшти невладината организација Европска федерација за транспорт и животна средина (ТЕ)“, информираа белгиските медиуми. Според анализа на организацијата, зголемувањето на цените на авионското гориво довело до раст на ...

По долго боледување, почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Дувњак својата новинарска кариера ја започнала во 1988 година во Македонската радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година била дел од редакцијата на „Нова Македонија“, по што следува долгогодишниот ангажман во „Утрински весник“, каде работела ...

EPA/SAMUEL CORUM / POOL Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека извлекувањето на иранските резерви на ураниум ќе биде „долг и тежок процес“, по американските напади врз објекти од нуклеарната програма на Иран. „Операцијата ‘Полноќен чекан’, спроведена во јуни минатата година, доведе до целосно и конечно уништување на нуклеарните капацитети на Иран. Токму поради тоа, ископувањето на нуклеарниот прав ќе биде долг и тежок процес“, ...

Австралиската актерка Ребел Вилсон денеска се појави пред судот во Сиднеј поради тужба за клевета од страна на актерката Шарлот Мекинес, главната актерка во дебитантскиот филм „Дебитантката“ („The Deb“). Тужбата се однесува на наводни клевети поврзани со објави на социјалните мрежи. Со ваквата тужба, Мекинес тврди дека Вилсон во објави на Инстаграм лажно изјавила дека таа приватно ѝ се доверила дека била сексуално вознемирувана од еден од ...

Резултатите од парламентарните избори во Бугарија, одржани на 19 април, предизвикаа еден вид политички пресврт во седиштето на Европската Унија. Убедливата победа на партијата „Прогресивна Бугарија“, предводена од поранешниот претседател Румен Радев, би можела да ги редефинира односите на Балканот, но и да создаде проблеми за Брисел што ги надминуваат претходните спорови со Будимпешта. Според официјалните податоци, партијата на Румен Радев ...

Како што пренесуваат бугарските медиуми, тамошниот европратеник Петар Волгин учествувал во дебатите со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET). Европратениците дискутирале за процесот на проширување на ЕУ како геополитички инструмент и механизам поврзан со безбедноста на унијата – дали земјите од Западен Балкан и Украина ќе станат дел од ЕУ… „За мојата политичка група, ...

Времето утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне, утре и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Калај

46.54