Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо. „Таа ја добива Нобеловата награда за мир за својата неуморна работа во промовирањето на демократските права на народот на Венецуела и за нејзината борба за праведна и мирна транзиција од диктатура кон демократија“, се наведува во соопштението на Комитетот. „Наградата за 2025 година оди кај храбар и ...
Во Салцбург, градот на Моцарт и богатата историја, плановите на автомобилскиот магнат Волфганг Порше предизвикаа вистински бунт. Порше има намера да ископа приватен тунел под ридот Капуцинерберг за директно да го поврзе центарот на градот со неговата вила. Проектот предизвика петиција и обвинувања за фаворизирање на супербогатите, пишува Кориере. Вилата позната како „Пашингер Шлесл“ на ридот Капуцинерберг стана сопственост на австрискиот ...
САД преместуваат до 200 војници кои веќе се стационирани на Блискиот Исток во Израел за координација на операцијата, соопштија американски претставници. Американската војска ќе воспостави таканаречен центар за цивилно-воена координација во Израел, во кој ќе бидат вклучени околу 200 војници. Во него ќе бидат вклучени и сили од арапски и муслимански земји, вклучувајќи ги Египет, Катар и Турција, кои ќе го набљудуваат примирјето и ќе пријавуваат ...
На првиот осуден на куќен затвор во земјава, 79-годишен велешанец, денеска му беше ставена електронска алка на ногата, за да може 3-месечната затворска казна да ја издржува од дома. -Денеска од страна на овластени службеници од Секторот за пробација во Чашка, Велес за прв пат беше поставена опремата за електронски надзор со што започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен затвор. Врз осуденото лице беше поставена алка на глуждот на ...
Шведската активистка Грета Тунберг изјави дека нејзе и на другите притворени активисти од флотилата за Газа им бил одбиен пристап до чиста вода. Тунберг беше меѓу деветте шведски активистки приведени минатата недела откако Глобалната флотила Сумуд, која се обидуваше да достави хуманитарна помош во Појасот Газа, беше пресретната од израелската војска. Приведените активисти се вратија во Шведска. Зборувајќи на прес-конференцијата одржана на ...
Во германскиот град Мајнашаф е во тек голема итна операција по инцидентот во индустриски погон што резултираше со ослободување на облак од гас, соопштија синоќа локалните власти. Четири лица се здобија со полесни повреди, соопштија властите на покраината Баварија. Околу 250 лица од службите за итни случаи беа на местото на настанот во пикот на операцијата, наведе портпаролот на противпожарната бригада, пренесе ДПА. Облакот поминал и над ...
Граѓаните и компаниите од денеска ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и поевтино. Со приклучувањето кон СЕПА им се овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми во кои учествуваат давателите на платежни услуги од уште 40 земји. Гувернерот на Народната банка Трајко Славески вели дека земјава практично станува дел од Единствената област за ...
Цената на златото достигна рекордно високо ниво, поттикната од комбинација на политичка несигурност во САД и очекувања за непосредно намалување на каматните стапки. Застојот во преговорите меѓу двата дома на американскиот Конгрес, што доведе до затворање на владата, ја зголеми побарувачката за безбедни засолништа за капиталот, додека инвеститорите речиси сигурно ќе сметаат на намалување на стапката од страна на Федералните резерви (ФЕД) овој ...
Во периодот на раководење на генералниот директор доц.др. Бурим Љатифи со АД МЕПСО, конечно беше деблокиран долгогодишно закочениот проект за енергетска интерконекција со Албанија, стратешки потфат од огромно значење за енергетската стабилност и регионалната соработка. Дополнително, беше потпишан Меморандум за соработка со косовскиот преносен оператор КОСТТ со што се отвора патот за заедничка прекугранична соработка на проектот за уште една ...
Поевтинуваат сите видови на горива вечерва од полноќ, соопшти Регултаротната комисија за енергетика која ги објави новите цени. ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва ќе изнесува 74 денари, и ќе се продава поевтино за 1,5 денари. За 1,5 денари поевтинува и ЕУРОСУПЕР 98+ кој од утре ќе се продава по цена од 76 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе чини 68,5 денари. Се намалува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 1,5 ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Р., поради основано сомнение за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ согласно чл. 353 ст. 1 од Кривичниот законик. Според пријавата, пријавениот – во својство помошник на министерот за внатрешни работи и раководител на Одделот за дисциплински и судски ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел даде интервју за унгарскиот медиум „Партизан“ во кое, меѓу другото, зборуваше и за конфликтот во Украина. – Во јуни 2021 година, почувствував дека Путин повеќе не го сфаќа сериозно Минскиот договор и затоа сакав нов формат, тогаш заедно со претседателот Макрон, каде што ќе разговараме директно со Путин како Европска Унија, рече Меркел. Но таа тврди дека наишла на отпор. „Некои луѓе не го ...
Белгиските министри за правда и миграција оваа недела ќе патуваат во Косово и Албанија на разговори за можност за растеретување на затворскиот систем на Белгија, јавија локалните медиуми. Се очекува белгиските функционери да разговараат со своите колеги во двете балкански земји за да ја истражат можноста Белгија да префрли затвореници осудени за кривични дела и без престој во ЕУ. Белгија е подготвена да изнајми ќелии или да инвестира во ...
Австрија и Словенија, заедно со Германија и Италија иницираа до Европската комисија промена на процесот на одлучувањето за пристапувањето на земјите кандидатки и тоа со употреба на квалификувано мнозинство за техничките меѓучекори, а едногласност за почетокот и крајот на преговорите. Оваа инцијатива е веќе во Европската комисија, ја поддржуваат 16 земји членки, а како што појаснија денеска во Скопје австриската сојузна министерка за Европа, ...
Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со Институтот Гете, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Универзална Сала и град Скопје имаат чест да ве поканат на затворањето на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината”, кое ќе се одржи во сабота, 4 октомври 2025 година, од 20:00 часот, во Сули Ан, Стара чаршија, Скопје. Проектот „Старата скопска чаршија: визии за иднината“ се заснова на ...
Исплатена нова транша од 1,2 милијарди денари (19,4 милиони евра) од централниот Буџет кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на инвестициските проекти на домашните компании. Оваа финансиска поддршка е обезбедена по поволни услови преку унгарскиот заем, соопшти Министерството за финансии. Со оваа исплата, вкупната сума од 190,5 милиони евра веќе е трансферирана кон домашната економија преку оваа мерка, која има за цел да ...
На 3. октомври во 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Глигоров со тешки повреди на главата, го прживеа нападот. На местото на настанот загина неговиот возач Алекасндар Спировски, а повреден беше и телохранителот на тогашниот претседател Илчо Теовски. Од последиците од експлозијата загина и Христо Христоманов, случаен минувач. Повредени беа и Климе Коробар и Јован ...
Годишниот извештај на Европската комисија за земјите кандидати за членство во Европската унија за 2025 година веројатно ќе биде презентиран на почетокот на ноември, објавија денеска „Вијести“, повикувајќи се на извори од администрацијата во Брисел. „Планирано е за почетокот на ноември, но засега тоа е само приближно време“, изјавија од ЕК за подгоричкиот весник на прашањето кога ќе биде презентиран новиот извештај за Црна Гора и другите земји ...
Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип. Во тек на следна недела се очекува да пристигнат вакцините, по што традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов. Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот производител Абот од Холандија. Потсетуваме дека со бесплатната ...
По дождот, кој се уште врне во пониските делови од дебарскиот поширок регион, забележани се првите снежни врнежи во повисоките населени места, како Лазарополе, Броштица, подрачјето на Горна Жупа, како и во селото Татар Елевци над градот. Сообраќајот во овој дел од државата се одвива непречено, но, се препорачува внимателно возење поради влажни коловози и помали, но, чести одрони, поради што се препорачува внимателно возење. -На патните правци ...
Натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата отколку шалтерите, покажуваат најновите податоци од платежната статистика на Народната банка (НБ) за вториот квартал од 2025 година. -Во споредба со истиот период минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9 отсто по број и за 20,9 проценти по ...
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 октомври 2025. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...
По ефикасниот старт на второто коло од Лигата на шампиони, денеска следуваат нови девет возбудливи дуели. Вечерта ќе ја одбележи дербито во Барселона, каде што каталонскиот гигант ќе го пречека актуелниот европски првак Париз Сен Жермен. И двата тима ќе бидат ослабени – Барселона ќе настапи без Гави, Феран Лопез, Рафиња, Гарсија и Терштеген, додека ПСЖ нема да смета на Дембеле, Квараскелија, Маркињос, Камара и Дуе. Сепак, големиот играчки ...
Цените на нафтата паднаа, при што суровата нафта Брент падна на 67 долари за барел, а американската сурова нафта од Западен Тексас Интермедијар (WTI) падна на околу 63 долари за барел, бидејќи трговците ги одмеруваа изгледите за поголема глобална понуда и потенцијалот за прекин на огнот во Газа Извештаите сугерираат дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) плус би можела да одобри дополнително зголемување на производството од ...
Најмалку девет лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови во јужниот украински пристанишен град Одеса на Црното Море, соопштија денеска властите. Меѓу жртвите е и едно мало девојче, според украинската агенција за цивилна заштита. Спасувачките екипи евакуираа повеќе од 360 лица и над 200 возила од поплавените подрачја. Поројните дождови, кои започнаа вчера, донесоа за седум часа толку дожд колку што градот вообичаено добива за ...
Владата на САД првпат по седум години е блокирана откако демократите и републиканците не се договорија за здравствената заштита. „За“ предлогот на демократите за финансирање на Владата гласаа 47 сенатори, а 53 беа „против“. Додека „за“ републиканскиот предлог доби 55 гласови, пет помалку од потребните 60 за да се избегне блокада на Владата. Најдолгата блокада од пет недели во историјата на САД се случи кон крајот на 2018 и почеток на 2019 ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од12 октомври Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез (EES), кој ќе биде целосно имплементиран до април 2026 година. Овој нов дигитален систем претставува една од најзначајните реформи во областа на граничното управување на ЕУ, заменувајќи го досегашното ставање печати во пасошите со електронска евиденција на биометриски податоци ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Копенхаген, Кралство Данска, заради учество на Седмиот состанок на Европската политичка заедница. Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот кабинет, ќе се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, со којашто ќе претседаваат францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама. На ...
Под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 л/м², а локално и над 50 л/м² дожд, соопшти УХМР. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да ...
Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, а законската рамка е во голема мера во согласност со меѓународните стандарди, иако корупцијата е постојан предизвик. Големите странски компании што работат во Технолошките индустриски развојни зони (ТИРЗ) генерално пријавуваат позитивни инвестициски искуства и одржуваат добри односи со владини претставници, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за инвестициската ...