Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ и Советот на ССМ, а согласно Законот за јавни собири организира протест со блокада на ден 10.02.2026 година (вторник), кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 9 часот. Протестот ќе се одржи токму пред зградата на Парламентот, односно од две страни на улиците – “11-ти Октомври“ и “Даме Груев”. Оттаму информираат ...
Бројот на жртви од уривањето на станбена зграда во Триполи, северен Либан, се искачи на 13, додека спасувачките екипи продолжуваат да бараат луѓе заробени под урнатините, објавија денеска либанските медиуми. Претходно беше објавено дека најмалку девет лица, меѓу кои жена и дете, загинале кога се урнала зграда во Триполи вчера. Спасувачите пронајдоа девет преживеани во населбата Баб ал-Табане, додека продолжуваат напорите за пребарување и ...
Марева Грабовски Мицотакис доживеа несреќа во саботата додека беше во Италија заедно со својот сопруг и премиер на Грција, Киријакос Мицотакис. Според информациите, сопругата на премиерот ги повредила двете раце и била оперирана во болницата КАТ. Во болницата ја придружувал Киријакос Мицотакис, со кого претходно присуствувала на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано. Операцијата на двете раце ја извршил Емануил ...
Конфликтот во Украина веќе ќе беше завршен доколку Европејците не се спротивставеа на мировните аспирации на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. „Доколку Европејците не ги попречеа напорите на американскиот претседател Трамп, убеден сум дека мирот во Украина ќе беше постигнат за малку повеќе од една година. Од самиот почеток, Европејците ја сметаа оваа војна за своја. Тие ...
НАТО, Европската унија и ОБСЕ стануваат застарени, а светот покажува сè поголем интерес за создавање единствена евроазиска безбедносна архитектура, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Лавров истакна дека сите тие организации стануваат застарени – НАТО, кој според него не ги исполнил ветувањата кон Советскиот Сојуз дека нема да се шири на исток, како и ЕУ, која ја „уништила целокупната соработка со Русија“, а ...
Српската полиција уапси лице осомничено дека заедно со уште едно лице по кое се трага, во вторникот околу 04:52 часот активирале и фрлиле рачна граната во двор на семејна куќа на Дедиње, во Белград, со што предизвикале материјална штета. Тоа д го соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Медиумите во средата објавија дека бомба била фрлена врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, кој во тој момент не бил во Србија. Никој не е повреден ...
Настрана од законски предвидените финансиски средства кои од приредувачите на игри на среќа се слеваат во буџетот на Министерството за млади и спорт, членките на Групацијата Новоматик Македонија преку посебни индивидуални и колективни проекти продолжуваат дополнително да инвестираат во развојот на македонскиот спорт. МА Гаминг ДООЕЛ Скопје, кој е застапник на брендот Адмирал во Македонија пред повеќе од пет месеци донесе одлука да го ...
Поради уличен дефект на цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Св. Кирил и Методиј“ бр. 48, денеска од 8:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата „Димитрие Чуповски“, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар во Општина Центар. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, корисниците ќе бидат без водоснабдување до завршување со санација на дефектот. Поради уличен ...
Западноевропејците сè повеќе ја ценат европската автономија и вредноста на трансатлантските врски и немаат намера да се откажат од нив за да му угодат на Доналд Трамп, покажува анкета, што укажува дека мислењето за Соединетите Американски Држави паднало на најниско ниво во последната деценија откако ЈуГов (YouGov) започна да спроведува вакви анкети. Обидот на американскиот претседател да го преземе Гренланд силно ги сврти Европејците против ...
ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница на Централниот комитет (ЦК), на која ќе се избираат нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата. Претседателот на партијата и премиер Христијан Мицскоски синоќа најави дека во овој мандат ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател, генерален секретар и членови на Извршниот комитет (ИК). Досегашните потпретседатели ќе бидат предложени за членови на ИК на партијата, а ќе има и нови имиња. Во интервју за ...
Заработија кривична пријава двајцата браќа кои се од ромската националност, а кои пред неколку дена јавно се закануваа со убиства и немири доколку полиција се обиде да ги легитимира или да им одземе возило, заради непочитување на законските прописи. Претседателот на независниот синдикат на полицијата, Мартин Еферов, на социјалните мрежи информираше за поднесената кривична пријава. „Поднесена кривична пријава против двете лица од Битола кои се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан во објава на Truth Social, пред клучните избори во април каде што унгарскиот лидер би можел да ја изгуби власта. Орбан е на функција во Унгарија од 2010 година со супер мнозинство, но анкетите покажуваат дека партијата Тиса на Петер Маѓар води во анкетите на јавното мислење и претставува сериозен предизвик за унгарскиот премиер. Трамп има историја на активно ...
Косовската претседателка Вјоса Османи Садриу изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја заслужува следната Нобелова награда за мир и дека таа ќе го номинира за неа. Таа ја даде изјавата како одговор на прашање од списанието „Њузвик“ Годишната Нобелова награда за мир е отворена само за одредени поединци, а рокот за номинирање е на крајот на јануари. Меѓу оние кои имаат право да номинираат кандидати се и шефови на држави, додека ...
Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат од СДСМ. „Помина една недела од објавата на големиот картелски скандал со 5 тони дрога, запленета во соседна Србија која дошла од Македонија. Сè уште нема одговор како 5 тони дрога поминале преку македонската граница? Кој ќе одговара за овој картелски скандал и кој од власта е вмешан? Бидејќи на сите им е јасно, без поддршка на ...
Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли ...
Времето утре облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег, информираше УХМР. Наредните неколку дена следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m² , а во петок ...
Граѓаните на Европската Унија се сè повеќе загрижени за безбедноста поради зголемените геополитички тензии и сакаат Унијата да дејствува обединето и амбициозно, покажува анкетата на Евробарометар објавена денеска. Повеќето граѓани се загрижени за конфликтите во близина на ЕУ (72 проценти), проследени од тероризмот (67 проценти), кибер нападите од земји надвор од ЕУ (66), природните катастрофи влошени од климатските промени (66) и ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска положи цвеќе во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде беше централното чествување по повод 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Порача уште еднаш да се потсетиме на неговиот лик и дело, да го чествуваме, да се сеќаваме и тоа, како што рече, нека ни биде пример како понатаму треба да ја градиме нашата заедничка татковина Македонија. – Денес го одбележуваме денот на ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку објава на социјалните мрежи навести дека денеска одбележуваме 154 години од раѓањето на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, за кој вели дека е еден од визионерите кој ги постави темелите на македонската државотворност. Според Филипче, делата на Делчев се нашиот потсетник дека Македонија се гради со храброст, солидарност и заедништво. „Неговата порака за “светот како поле за културен натпревар ...
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“. Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот. Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот. ...
На состанокот на претставниците на ЕК и министрите од регионот било истакнато и дека биометриската евиденција преку електронскиот систем за влез и излез од земјите од Шенген-зоната, наместо од почетокот од април, се одложува до септември оваа година. Се разгледува можноста транспортните превозници да бидат ставени во истата категорија на работници како пилотите и машиновозачите – порачале претставниците на Европската комисија (ЕК) на ...
Фреската „Страшниот суд“ на Микеланџело, едно од најзначајните дела на ренесансната уметност во Сикстинската капела, ќе биде реставрирана за првпат по 30 години, соопшти Ватикан. Во соопштението се наведува дека новата интервенција ќе овозможи постепено враќање на хроматскиот и луминозниот квалитет што Микеланџело го замислил. Сикстинската капела, позната како место каде што се одржува тајната конклава за избор на папа, годишно ја посетуваат ...
Намалување на приходите во државниот буџет и сериозен притисок врз трговијата – вакви последици предвидуваат економските аналитичари доколку се усвои Законот за заштита од пушење во предложената форма. Се поставува прашањето како овие мерки ќе се одразат врз стабилноста на јавните финансии и дали евентуалниот пад на приходите од акцизи може да резултира со нови давачки за граѓаните. Овие предупредувања доаѓаат во период кога буџетскиот ...
Целосната имплементација на системот за влез/излез (EES) на Европската Унија е одложена од април за септември 2026 година поради страв од сериозен метеж на границите во текот на летната туристичка сезона, потврди Европската комисија. Иако EES почна постепено да се применува од октомври 2025 година, на аеродромите и пристаништата веќе се појавија значителни проблеми, вклучувајќи долги редици, доцнења и пропуштени летови. Патниците од земјите ...
Русија поднесе предлози до Соединетите Американски Држави за отстранување на пречките за целосно подобрување на односите меѓу Москва и Вашингтон, што би отворило перспективи за соработка, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението се укажува дека е важно за време на дијалогот меѓу Русија и САД да се премине на навистина значајни прашања, вклучувајќи го и обновувањето на директниот воздушен сообраќај и враќањето на ...
Неколку земји започнаа нов групен предизвик, т.е. целосно бришење на апликациите за социјални мрежи во текот на февруари, со цел намалување на зависноста од паметните телефони и враќање на контролата врз вниманието, пренесува белгискиот медиум РТБФ (RTBF). Иницијативата доаѓа во период на растечко незадоволство од т.н. хиперповрзаност обележана со неконтролирано скролање, анксиозност, замор од алгоритми и загриженост поради брзиот развој на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе го тужи водителот на доделувањето на Греми наградите, Тревор Ноа, за кого рече дека изнел невистина дека тој и поранешниот американски претседател Бил Клинтон „поминувале време“ на островот на покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин. „Ноа неточно рече за мене дека Доналд Трамп и Бил Клинтон поминувале време на островот на Епстин. Погрешно! Не можам да зборувам во името ...
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вчера изјави дека неговите противници „сè превртеле наопаку“, па сега тврдат дека во скандалот околу откриените пет тони марихуана – стои државата. „Пред неколку дена, луѓе од Управата за криминалистичка полиција пронајдоа пет тони некаква дрога. А сега дали само синот или и синот и таткото знаеле за тоа, тоа е друго прашање, нека утврдат надлежните органи, нема да претпоставам ништо. Ние ја спроведовме ...
Температура до -7 степени утрово е измерена на Попова Шапка. Минусни температури се измерени и во Берово, Маврови Анови, Крушево, Крива Паланка, Тетово и Виница. Највисоката утринска температура утрово од три степени е измерена во Гевгелија. Според податоците од Управата за хидрометеролошки работи, најмногу дожд во последните 24 часа има наврнато во Гевгелија (26 литри на метар квадратен) и во Демир Капија (20 литри на метар квадратен). ...
Силно невреме ја погоди Грција, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата во делови од Тракија, додека обилни снежни врнежи, мраз, невреме и силни дождови предизвикуваат сериозни проблеми низ целата земја. Силно невреме ја погоди Грција, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата во делови од Тракија, додека обилни снежни врнежи, мраз, невреме и силни дождови предизвикуваат сериозни проблеми низ целата земја. Силно невреме ...