Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Цените на нафтата паднаа за дури 10% во вторник, пред да ги намалат загубите, бидејќи инвеститорите ги разгледуваа коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за тековниот конфликт на Блискиот Исток и протокот на нафта низ критичниот Ормутски теснец. Цената на суровата нафта Брент падна за околу 4,3% на 94,62 долари за барел во понеделник до 23:45 часот по источно време. Американската сурова нафта падна за 3,8% на околу 91 долар за ...
Германија привремено го повлекла персоналот на својата амбасада во Багдад, поради зголемени безбедносни ризици кои произлегуваат од конфликтот на Блискиот исток, соопшти портпаролот на германското Министерство за надворешни работи. Персоналот на германската амбасада во Багдад сега е привремено преместен од Ирак поради заканата“, рече портпаролот, пренесувајќи денес Ројтерс. Портпаролот додаде дека безбедноста на персоналот на амбасадата во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран започнала откако Техеран почнал да работи на нов објект за производство на материјали за нуклеарно оружје. Трамп рече дека новиот објект требало да ги замени постројките што САД ги бомбардирале минатата година. – Но тие почнаа да работат на друг објект – поинаков објект, различен тип објект, заштитен со гранит – изјави тој. Според Трамп, Техеран се обидувал да ја искористи ...
Цените на нафтата паднаа за дури 10% во вторник, пред да ги намалат загубите, бидејќи инвеститорите ги разгледуваа коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за тековниот конфликт на Блискиот Исток и протокот на нафта низ критичниот Ормутски теснец. Цената на суровата нафта Брент падна за околу 4,3% на 94,62 долари за барел во понеделник до 23:45 часот по источно време. Американската сурова нафта падна за 3,8% на околу 91 долар за ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од ноќеска на полноќ. Според одлуката, цената на евродизелот ќе изнесува 85.50 денари што е зголемување за 14,50 денари. Процентуално, тоа значи дека цената на дизелот ќе се зголеми за 20% бидејќи денес (09 март) таа изнесува 71 денар за литар. Сето ова е последица на војната во Иран и Блискиот исток како и затворањето на Ормутскиот теснец што ...
Донесена е нова одлука за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт во државата. Дизелот поскапува за 14,5, а бензинот за 5 денари. Според новиот ценовник, дизел горивото (ЕУРОДИЗЕЛ БС) ќе се продава по цена од 85,50 денари за литар, додека цената на најкористениот моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 е утврдена на 79,50 денари за литар. Цената на пооктанскиот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 81,50 денари за литар. ...
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, соопштувајќи дека, според сите извршени анализи, водата во главниот град е безбедна и соодветна за консумација. Во извештајот се наведува дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 2 до 6 март 2026 година земал 184 примероци за физичко-хемиска анализа и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во западните делови ќе има слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпадне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер ...
Триесет и двајца цивили се повредени во ирански напад со дронови врз островот Ситра, јужно од главниот град на Бахреин, Манама, соопшти Министерството за здравство на земјата, пренесе ДПА. Сите повредени се државјани на Бахреин, прецизира Министерството во изјава пренесена од државната новинска агенција. Меѓу повредените има и деца, а четворица се во тешка состојба. Министерството за внатрешни работи на Бахреин претходно објави на платформата ...
Најголемите аеродромски центри во Обединетите Арапски Емирати, Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) и „Ал Мактум“ (DWC), од денеска се целосно парализирани. Властите ги прекинаа сите операции на неодредено време како директна последица на воената ескалација во регионот и иранските ракетни напади. „Аеродромите во Дубаи потврдуваат дека сите летови на Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) и Дубаи Ворлд Централ, Ал Мактум Интернешнл (DWC) се ...
Министерот за енергетика на Катар, Саад ал-Каби, предупреди дека сите производители на енергија од Заливот би можеле да го прекинат извозот во рок од неколку недели ако конфликтот во Иран продолжи, цената на нафтата ќе достигне 150 долари за барел (моментално 89 долари за барел во Европа). Предупредувањето доаѓа откако Катар веќе го запре производството на течен природен гас (LNG) поради иранските напади врз земјите од Заливот, што дојде како ...
На 06, 03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) од Скопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја 24-годишната ќерка. Според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што ...
Претседателот на Кипар, Никос Христодулидис, изјави дека земјата ќе поднесе барање за членство во НАТО. Тој посочи дека неодамнешните напади на Иран врз Кипар биле насочени исклучиво кон британските воени бази што се наоѓаат на островот. Христодулидис појасни дека постоела одредена вознемиреност поради изјава на британскиот министер за одбрана во врска со британските бази на Кипар, што предизвикало загриженост кај кипарската страна.Како што ...
НАТО ја зголеми својата противракетна одбрана откако беше пресретната ракета од Иран насочена кон Турција, соопшти во четвртокот военото седиште на алијансата. Според соопштението од НАТО, зголеменото ниво на готовност ќе остане на сила сè додека не се намали заканата од „континуираните, неселективни напади на Иран низ регионот“, изјави полковникот Мартин О’Донел, портпарол на Врховната команда на сојузничките сили во Европа. О’Донел во ...
Mинистерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, изјави дека секое таргетирање на Кипар претставува закана за цела Европа, додавајќи дека поморската база Суда не се наоѓа во непосредна опасност од ирански напади. Говорејќи за грчкото воено присуство на Кипар, Герапетритис во интервју за телевизијата SKAI истакна дека мисијата на фрегатите Kimon и Psaras, како и на ловците F‑16 Viper, претставува „историска одговорност“, ...
Уставните измени се барање за кое не може да се преговара. Ако нема исполнување на овие критериуми и услови, нема да има напредок на патот кон пристапувањето. Имам многу јасна комуникација со Владата на С. Македонија дека ова барање мора да биде исполнето и дека не подлежи на преговори – изјави европратеникот и известувач за С. Македонија – Томас Вајц во интервју за БГНЕС. За минатогодишниот извештај за земјава кој беше проследен со многу ...
На крајот на месец Март, Македонија преминува од зимско кон летно сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот. Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка. Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во октомври, кога часовниците повторно се враќаат еден час наназад. ...
Патувачка фотоизложба посветена на балканскиот рис, по седум претходни поставки низ државата, денеска ќе биде отворена за скопската публика во културниот простор „Лабораториум“. Настанот е во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД). Изложбата има цел да го доближи балканскиот рис до јавноста и да ја подигне свеста за зачувување на овој критично загрозен подвид. На посетителите ќе им бидат претставени дел од најефектните кадри, дел ...
Белата куќа синоќа објави дека Шпанија се согласила да соработува со американската војска откако претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ја прекине трговијата, но Шпанија го негираше постоењето на таков договор. Трамп пред два дена се закани дека ќе ја прекине трговијата со Мадрид поради неговото противење на нападите на САД и Израел врз Иран. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит,синоќа на оваа тема рече дека ѝ било кажано дека ...
Не се очекува ескалацијата на конфликтот во Иран да предизвика масовна миграција кон Европа, соопшти Европската комисија. Комесарот за миграција на ЕУ, Магнус Брунер, по разговорите со шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, истакна дека Турција „ја затворила граници кон Иран“. Брунер пред три дена изјави дека сè уште не се забележани значајни движења на надворешните граници на Иран, но оти се следи ситуацијата и се контактира со ...
Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на американскиот претседател Доналд Трамп во конфликтот со Иран. Резолуцијата со која се бараше прекин на сите непријателства кон Иран, што не беше одобрена од Конгресот, ја предложи демократскиот сенатор Тим Кејн. „Против“ неговата иницијатива се изјаснија 53 сенатори, а 47 беа „за“. Единствен демократ кој гласаше против е сенаторот од Пенсилванија, Џон Фетермен, а за ...
Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот на 31-годишната жена, која заедно со своето 6-годишно дете падна од балкон во Карпош, кој се сомничи за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста. Мерката краткотраен притвор, како што посочуваат од Обвинителството, е за обезбедување докази во однос ...
По повод 8 март – Меѓународниот ден на жената ќе се одржи традиционалниот марш за женски права што ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“. Маршот ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, во знак на протест и отпор кон фактичкото и фигуративното бришење на жените во нашето општество. -Жената постои на маргините на заедницата, како и на маргините на историјата, под континуиран ризик да биде избришана, заборавена, убиена. ...
Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, објави медиумот Iran International. Според истиот извор, изборот бил спроведен под силен притисок од Исламска револуционерна гарда. Моџтаба Хамнеи го наследува својот татко, Али Хамнеи, кој загина во израелски воздушен напад извршен во саботата. Новиот врховен лидер е вториот најстар син на поранешниот ирански лидер. Во младоста учествувал во Иранско-ирачката ...
Интернетот во Иран е целосно исклучен повеќе од 84 часа, според податоците на меѓународната служба за следење на интернетот NetBlocks. „Податоците од мрежата покажуваат дека Иран е исклучен од интернетот повеќе од 84 часа“, соопшти NetBlocks на X, предупредувајќи дека „пристапот до отворен интернет е спас во времиња на криза, а прекинот на интернетот покажува непочитување на правото на јавноста да остане информирана и да се ангажира во ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски на скопскиот аеродром го пречека генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој е во официјална посета на земјава. – Чест ми е да му посакам добредојде на Генералниот секретар на НАТО, Mark Rutte. Во време на сериозни безбедносни предизвици од особено значење е заеднички да придонесуваме за безбедноста, мирот и стабилноста, напиша Мисајловски на Фејсбук. Од скопскиот аеродром Руте заедо со својата ...
Историчари на уметност во „Рајкс-музејот“ во Амстердам, Холандија, открија досега непозната слика од холандскиот мајстор на сликарството, Рембрант, објави германски „Ди цајт“ и други медиуми. Музејот денеска соопшти дека, благодарение на најсовремената технологија за скенирање и стилската анализа, истражувачите успеале да ја потврдат автентичноста на сликата од 1633 година. Испитувањата траеле две години. Истражувачите притоа откриле дека ...
Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, изјави дека воените напади на претседателот Доналд Трамп врз Иран биле „драстично лоша грешка“. Во емисијата „The Weeknight“ на MS NOW, Бренан ги спореди нападите со американската инвазија на Ирак во 2003 година, за која тврди дека предизвикала децении хаос. Споредба со инвазијата на Ирак „Мислам дека ова е втор пат во овој век САД да направат катастрофална грешка со влегувањето во конфликт на Блискиот ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во интервју за Фокс њуз објавено вчера, рече дека „во совршен свет“ САД би го поздравиле лидерот во Техеран кој е подготвен да соработува со Вашингтон. Но, главната цел на Трамп, рече тој, е да се осигура дека Иран никогаш нема да се здобие со нуклеарно оружје, без оглед на тоа кој е на власт. „Што и да се случи со режимот во една или друга форма, тоа е споредно со примарната цел на претседателот тука, а ...
Државјанин на Грузија вчера бил приведен на атинскиот аеродром пред да ја напушти Грција, откако претходно бил следен во изминатите најмалку 20 дена и постои сомнение дека ја фотографирал и следел воената база во Суда, на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Грчките медиуми пишуваат дека се истражува дали грузискиот државјанин шпионирал и имал контакти со Иран, се проверува дигиталниот материјал што го поседува и ...