Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Американскиот Сенат синоќа одобри резолуција за воените овластувања на претседателот на САД, со која практично би бил ставен крај на војната со Иран освен ако претседателот Доналд Трамп не добие одобрение од Конгресот на САД. Резолуцијата беше усвоена со 50 гласа „за“ и 47 „против“, при што четворица републиканци гласаа заедно со демократите во поддршка на мерката. Резултатот претставува победа за законодавците кои сметаат дека Конгресот, а ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг наводно за време на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг минатата недела изјавил дека Владимир Путин еден ден можеби ќе зажали за инвазијата врз Украина. Новите трендови на бојното поле сугерираат дека Си е во право, што отвора нова можност за дипломатијата на Трамп да ја заврши војната, но со поинаков пристап од оној што го проба досега, пишува CNN . Путин се надеваше дека 2026 ...
Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 21 километар од градот Малатија во источниот дел на земјата. Според првичните информации, засега нема извештаи за повредени лица или за поголема материјална штета. Очевидци на страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар навеле ...
Силни врнежи дожд со поплави неделава ја погодија Кина, при што животот го загубиле најмалку 12 лица, а десетици илјади се принудени на евакуација, јавуват кинеските државни медиуми. Телевизијата „Си-Си-Ти-Ви“ објави дека пет лица загинале, а 11 се водат како исчезнати во округот Шимен во провинцијата Хунан, каде врнежите не престануваат, а спасувачките служби интензивно работат на терен во отежнати временски услови. До синоќа во реонот биле ...
Американски државјанин, кој бил изложен на вирусот ебола додека работел со медицинска мисионерска група во Демократска Република Конго (ДРК), е позитивен на тестот за опасната болест. По појавата на првите симптоми во текот на изминатиот викенд, тој е итно евакуиран во Германија за специјализирано лекување, потврдија од американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC). Хуманитарната организација „Серж“ потврди дека станува збор ...
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Администрацијата на Трамп веќе некое време го избегнува прашањето дали ќе започне воени напади врз Куба. Се чини дека е сè посклона да го стори тоа. Ова е значајна ескалација од пред неколку месеци, кога официјалните лица беа фокусирани првенствено на користење економски и дипломатски притисок за притисок врз комунистичкиот режим во Хавана. Американски функционер и лице запознаено со дискусиите на администрацијата за Куба изјавија дека ...
Напаѓачот од округот Мерсин, Југоисточна Турција, кој вчера отвори оган во ресторан и уби шест лица, меѓу кои и неговата поранешна сопруга, се самоубил кога станало јасно дека ќе биде фатен од полицијата, јави информативниот сајт „Хаберлер“. Напаѓачот (37) прво отворил оган во месарница и ресторан во локалниот град Тарсус, каде што работел пред една година. При пукањето ги убил сопственикот на локалот, како и еден вработен, и ранил неколку ...
На граѓаните им е доста од обвинителства под политичка команда на политичките партии СДС и ДУИ. Случајот „Мазут“ е доказ дека СДС и ДУИ со години го користат правосудниот систем за свој личен штит и заштита на криминалот и личните партиските интереси. Случајот Мазут е доказ дека тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Катерина Коларевиќ, моминско ...
Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски. Одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој министрите, вицепремиерите и членовите на Владата не би можеленда имаат двојни државјанства. Зошто? Затоа што тогаш пола Влада на Мицкоски ќе требаше да си замине, се вели во соопштението до СДСМ. Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во ...
Владејачкото мнозинство не ја поддржа потребата од измени на Законот за влада – министрите да имаат само македонско државјанство. За измените на законот предложен од СДСМ гласаа само 20 опозицики пратеници. СДСМ предложи измени на Законот за Влада за тој да биде компатибилен со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ – пратениците да имаат само македонско државјанство. Законското решение го образложи координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер ...
Следни неработни денови за сите граѓани во Република Северна Македонија е 25 мај – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела) и 29 мај (петок) – Духовден (петок пред Духовден) (Продолжен викенд). Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1 јануари ...
Цените на нафтата утрово повторно пораснаа, поттикнати од растечките тензии меѓу САД и Иран, како и од стравувањата за нарушување на глобалното снабдување со енергенси. Цената на суровата нафта од типот Brent Crude се зголеми за околу 1,5 проценти и достигна 110 долари за барел, додека американската West Texas Intermediate (WTI) порасна за 1,8 проценти, на околу 107 долари за барел. Растот на цените следува по предупредувањето на ...
Куба ќе го искористи правото на самоодбрана во случај на воен напад од страна на Соединети Американски Држави- соопшти кубанското Министерство за надворешни работи. Заменик-министерот за надворешни работи, Карлос Фернандес де Косио, преку платформата „Икс“ оцени дека „антикубанската кампања“, која според него има цел да оправда евентуален воен напад врз Куба, се засилува со „сè поапсурдни обвинувања“. „САД се агресорот. Куба е земјата што е ...
Соединетите Американски Држави, во сенка на војната со Иран, спроведуваат еден од најзначајните пресврти во својата надворешна политика во последните децении, повлекувајќи се од голем број меѓународни организации и институции, посочува Хина. По повлекувањето од Светска здравствена организација на почетокот од неговиот втор мандат, претседателот ДоналдТрамп потпиша одлуки за повлекување на САД од вкупно 66 меѓународни организации и тела, меѓу ...
Во Соединетите Американски Држави под здравствен надзор се 41 лице поради сомнеж дека можеби биле изложени на хантавирус, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Станува збор за лица за кои постои ризик од заразување поради контакт со случаи поврзани со појава на вирусот на крузер. На сите 41 лице им е наложено да останат дома и да избегнуваат контакт со други луѓе во текот на 42-дневен период на следење, што е ...
Со 250 евра ќе биде казнет секој родител на дете кое се однесува насилно во училиштето, но и ако тој родител не сака да соработува со училиштето или со другите институции. Ова денеска го потврди министерката за образование, Весна Јаневска. – Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците и мислам дека во овој момент се во Собрание , за да ги до оформат тие предлози и веќе е донесена таа одлука, тие измени ќе се направат и останува ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши дводневната посета на Кина посветена на надминување на отворените прашања меѓу двете најголеми светски економии, пренесува Си-ен-ен. Претседателскиот авион „Ер форс уан“ полета од меѓународниот аеродром во Пекинг по официјалната церемонија за испраќање на Трамп. Пред да влезе во авионот, Трамп ја крена раката стегната во тупаница поздравувајќи ги присутните на аеродромот што мавтаа со ...
Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарски прашања по однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјава поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија, Весислава Петрова Чамова, која го ...
Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4 %, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7 %), други видови домаќинства со деца (5,6 %) и самохрани возрасни лица со деца (3,0 %) – покажуваат податоците на Евростат. Преостанатите 76,6 % од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5 % од сите домаќинства), парови (24,1 %) и други домаќинства (15,1 %). Помеѓу 2016 и ...
Француските обвинители денеска побараа седумгодишна затворска казна за поранешниот претседател Никола Саркози, кој поднесе жалба на првостепената пресуда за примање нелегални прилози за претседателската кампања од покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи. Саркози (71) е обвинет дека склучил таен договор со Гадафи пред претседателските избори во 2007 година за либискиот лидер да му помогне во финансирањето на неговата кампања. За возврат, ...
Најновото истражување на Европска комисија за патувања покажува рекордно ниво на интерес за патувања, при што дури 82 проценти од Европејците планираат летен одмор оваа година. Сепак, за патниците кои планираат патувања надвор од Европа, особено кон Азија, следува непријатно изненадување. Консултантската компанија Тенео предупредува на значително зголемување на цените на авионските билети. Според анализата, просечните економски тарифи на ...
Пентагон го запре распоредувањето на повеќе од четири илјади американски војници во Европа, потег што изненади дел од воените претставници, пренесе ДПА. Весникот „Вол стрит журнал“ објави дека таквата одлука била соопштена на состанок на претставници на американската армија со претставници на Европската команда на американската војска (EUCOM). Станува збор за војници што требаше да бидат распоредени во Полска во рамки на планирана ...
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје, и во следните денови ...
Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...
Летонската премиерка Евика Силина денеска соопшти дека поднесува оставка откако инцидентот со украинскиот дрон ја потресе нејзината влада. „Поднесувам оставка, но не се откажувам“, рече Силина во телевизиско обраќање до јавноста. Британските медиуми пренесуваат дека оваа политичарка од десниот центар се повлекува од функцијата само неколку месеци пред редовните парламентарни избори закажани за октомври. Летонскиот претседател Едгарс Ринкевич, ...
Јубилејното 70. издание на музичкиот натпревар за песна на Евровизија почна вчера вечерта во Виена. Австрискиот главен град е украсен со срца и слоганот „Обединети во музиката“ за седмицата кога пејачи од 35 земји ќе се натпреваруваат за музичката круна на Стариот Континент. Оваа година, пет земји – Шпанија, Ирска, Холандија, Словенија и Исланд – го бојкотираат натпреварот во знак на протест против учеството на Израел. Сепак, израелскиот ...
Регулаторна комисија за енергетика соопшти дека потрошувачката на бензини во 2025 година е зголемена за 8,34 проценти во споредба со 2024 година, покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на институцијата. Раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот за 5,17 проценти, екстра лесното масло за 2,23 проценти и течниот нафтен гас – ТНГ за 3,55 проценти. Од друга страна, пад е забележан кај млазното гориво за 53,29 проценти, ...
Цените на нафтата повторно пораснаа на светските пазари, откако се намалија надежите за брз договор меѓу САД и Иран и за повторно стабилизирање на сообраќајот низ Ормускиот Теснец. Брент нафта денеска се искачи за околу 2 проценти, над 106 долари за барел, додека американската WTI нафта ја надмина границата од 100 долари. Главната причина за новиот раст се кревките преговори меѓу Вашингтон и Техеран. Американскиот претседател Доналд Трамп го ...
Работна група на Обединетите нации предупреди дека светот ќе се соочи со масовен глад доколку Ормуската Теснина набргу не биде отворена за сообраќај. Извршниот директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (УНОПС), Мореира да Силва, изјави дека една третина од светските резерви на ѓубрива, вклучително амонијак, сулфур и уреа, се транспортираат низ Ормуската Теснина. Се проценува дека речиси 45 милиони луѓе би можеле да умрат од глад ...