Оливера Милетовиќ, водителка на телевизијата „Информер“ и долгогодишна пријателка на семејството Вучиќ, зборуваше за кукавичкиот напад врз Ангелина Вучиќ, мајката на Александар Вучиќ, и ги откри деталите од разговорот што го водела со неа по денешниот грозоморен инцидент. Имено, Оливера Милетовиќ зборуваше за тоа како Ангелина Вучиќ го издржала овој настан, но и што ѝ направиле блокадите. – Ангелина беше на гласачкото ливче и се враќаше ...

Изминативе денови во повеќе земји низ Европа се одвиваат масовни протести поради високите цени на основните производи, лошите услови во образованието, високите цени на кириите…, а во Франција, Албанија, Италија и Португалија, истите ескалираа и дојде до судир помеѓу дел од учесниците на протестите и полицијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Европа на улица поради скапиот живот Посебно во Албанија и Франција беше направена и значителна штета на јавни ...

Вишиот суд во Белград му одреди 30-дневен притвор на сопственикот на „Алта банка“ АД Белград, Давор Мацура, како и на уште двајца раководители на банката. Притворот е определен поради опасност од бегство, влијание врз сведоците и повторување на делото. Во Србија продолжил и распитот на високите полициски раководители Марко Кричак и Бошко Секуловиќ. Во меѓувреме, полемики и незадоволство предизвикало објавувањето список со 49 лица помилувани ...

Литванскиот претседател Гитанас Науседа предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин продолжува со провокации и тестирање на границите на НАТО, со што, според него, го зголемува ризикот од активирање на членот 5 за колективна одбрана. „Не мислам дека Русија во моментов е подготвена за воени операции од големи размери. Руските ресурси се ангажирани на бојното поле во Украина, каде што Русија не постигнува успех“, изјави Науседа во ...

Добивај вести на Viber Кина потврди дека се водат разговори за организирање заедничка средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг. Доколку се реализира, тоа би била историска средба на тројцата лидери, во период на сериозни геополитички тензии и војни во повеќе делови од светот, објави денеска Асошиејтед прес. Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повторно упати остри обвинувања против американскиот изборен систем, тврдејќи дека изборите во земјата биле во голема мера наместени и посочувајќи на спорното броење на гласовите во трката за градоначалник на Лос Анџелес. „Нашите избори се толку наместени што не можете ниту да замислите“, рече Трамп за време на своето обраќање пред новинарите, според порталот „Клеш репорт“. ...

Додека во Париз, Франција, деновиве се водеа буквални улични војни, се ограбуваа продавници и се палеа автомобили и јавни објекти, дел од жителите на градот, но и туристи, се однесуваа како ништо да не се случува околу нив. Па така на социјалните мрежи низ светот стана хит снимка од пар како мирно си пие вино и си пуши цигари, додека во позадина гори контињер, на друго девојка си џогира помеѓу протестантите, на трето туристи со куфери си го ...

Најмалку 53 лица загинаа во рускиот воздушен напад врз центар за хуманитарна помош и подземно засолниште во Комишуваха, во украинската Запорошка област, на 2 ноември. Спасувачите на 6 ноември петти ден ги пребаруваат урнатините, додека десетици жители сѐ уште се водат како исчезнати. Портпаролката на украинската служба за вонредни ситуации во регионот, Јулија Баришева, потврди дека се извлечени 53 тела. Според неа, околу 50 луѓе остануваат на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп претрпе еден од најтешките политички порази во својата кариера. Републиканците ја загубија контролата врз двата дома на Конгресот на изборите на 3 ноември, додека демократите, исто така, победија во државите кои со децении беа упоришта на републиканците. Иако на Трамп му остануваат нешто повеќе од две години од мандатот, резултатите од изборите веќе покренаа прашања за неговото политичко наследство, ...

Рускиот провоен Телеграм канал „Воени Осведомител“ објави видео за кое тврди дека прикажува украински напад од страна на копнени роботски системи врз руски позиции во близина на Лиман. Каналот тврди дека во нападот учествувале 28 роботи од украинскиот Трет армиски корпус. Според неговите тврдења, по 18 роботи носеле по два противтенковски лансери АТ-4, два биле опремени со автоматски лансери на гранати Мк 19, а осум биле наменети за ...

Главниот град на Франција, Париз, беше најпогоден од насилните протестите изминативе денови во земјава. Онаа што започна како протест за подобро образование и високите трошоци за живот во повеќе градови во Франција, се претвори во буквални улични војни помеѓу дел од учесниците на протестите и полицијата, а беа ограбени илјадници продавници, супермаркети… Штетите се проценуваат на стотици милиони евра. Беа запалени и бројни автомобили, ...

Левичарското движење Diem25 го загуби пристапот до својата банкарска сметка. „Минатата недела, во својата ’бескрајна мудрост‘, нашата банка одлучи да ни ја блокира сметката“, објави Јанис Варуфакис на Инстаграм во вторникот. Поранешниот грчки министер за финансии и професор по економија го основаше „Движењето за демократија во Европа 2025“ (Diem25) во Берлин пред десет години. Ова паневропско, левичарско движење опфаќа политички партии во ...

Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги денеска изјави дека следната недела во Париз ќе учествува на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7), на кој ќе бидат разменети мислења за начините за зачувување на стабилноста на Блискиот Исток и давањето поддршка на Украина. Мотеги, кој в недела ќе отпатува од Јапонија за да присуствува на состанокот на Г7, чиј почеток е предвиден за следниот ден, ...

Шест возрасни лица загинаа во пожар што рано утринава зафати станбен објект во населбата Сансет парк во Бруклин. Пожарот на 58. улица се проширил и на соседен објект, а повеќе жители и пожарникари биле повредени. Четири лица биле прогласени за мртви на местото, а уште две починале при транспорт кон болница. Пожарникарите спасиле жители заробени зад заштитни решетки, додека делумно урнатите внатрешни скали ја отежнувале интервенцијата. На ...

Неколку бранови руски балистички ракети го погодија Киев ноќта на 6-7 ноември, само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз инфраструктурата.Според властите, најмалку шест лица во градот Киев се повредени, заедно со уште едно лице во околната Киевска област.Меѓу повредените во градот Киев е и 14-годишно девојче, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Двајца од ...

Активисти упаднаа во градилиштето на центарот за податоци на Мајкрософт што се гради во Амстердам, додека реакцијата на социјалните и еколошките штети од бумот на вештачката интелигенција се шири низ цела Европа. Демонстрантите од Гиф Тегенгас, холандска група за директна акција, се судрија со полицијата додека упаѓаа во градилиштето во Вестпорт, Амстердам, каде што некои членови се качија на кран, запалија ракети и врзаа балони со хелиум за ...

Руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта меѓу 6 и 7 ноември, при што биле оштетени станбени објекти, детска градинка и Северниот мост. Според последните информации, повредени се пет лица, меѓу кои и 14-годишно дете. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека остатоци од ракети погодиле петкатна станбена зграда во западниот дел на градот, а била оштетена и фасадата на уште една зграда. ...

Дваесет и шестгодишниот Исак Валдез починал откако од верски причини одбил медицински третман што вклучувал трансфузија на крв. Само 23 дена по неговата смрт, верската заедница на Јеховините сведоци објавила значително ублажување на долгогодишните правила за употреба на крв во медицината. Трагедијата се случила во август, кога Исак доживеал епилептичен напад во библиотека, паднал и силно ја удрил главата, при што добил крвавење во мозокот. ...

Иранските државни медиуми објавија снимки за кои тврдат дека ги прикажуваат подземните тунели на морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во јужниот дел на земјата. Во ходниците може да се видат камиони со лансери и ракетни тенкови. Ирански извори наведуваат дека во комплексот се чуваат противбродски ракети и моторни чамци. Видеото го прикажува и Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на иранскиот врховен лидер во ИРГК, како го ...

Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да „ги фрли Киев и целата земја во затемнување“, по големиот напад во текот на ноќта врз енергетската инфраструктура во главниот град и мостот над реката Днепар. Украинскиот претседател рече дека подготовките на Москва за мировните преговори следната недела вклучуваат погодување на милионски град со балистички ракети. Преговарачите од Русија, Украина и САД треба да се сретнат во вторник и ...

Три радиодифузери низ Европа добија безбедносни закани поставени бомби на повеќе летови оваа недела. Во Ирска, седиштето на националниот радиодифузер во Даблин беше евакуирано поради закана за бомба, а преносите во живо беа заменети со претходно снимени програми. Британскиот радиодифузер SKYсоопшти дека и тој добил „безбедносна закана“. И Нова ТВ, приватен радиодифузер во Бугарија добил е-пошта со закана за бомба, а испраќачот тврдел дека ...

Бројот на случаи на мали сипаници во Соединетите Американски Држави (САД) годинава надминал 5.000, а заболени лица се регистрирани во 45 сојузни држави, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Досега се потврдени вкупно осум смртни случаи поврзани со малите сипаници. Од нив, шест се регистрирани во Пенсилванија, еден во Њујорк и еден во Висконсин, пренесува „Еј-Би-Си њуз“. Во Пенсилванија починал невакциниран жител на ...

Француските синдикати, организациите на младите и движењето „Жолти елеци“ повторно повикуваат на масовни протести ширум земјата во сабота, што е четврти последователен викенд на протести во Франција. Порано во текот на неделата беа организирани блокади и протестни акции, како и општ штрајк во четвртокот, во кој учествуваа повеќе од половина милион луѓе, според податоците на Министерството за внатрешни работи. Синдикатот CGT процени дека во ...

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денес дека е цел на сајбер криминалци кои ги шират неговите лични информации на „темната мрежа“, скриен дел од интернетот, поради поддршката на Италија за Киев. Тој ги обвини проруските хакери за нападот. „Веќе неколку дена, сајбер криминалците ги шират моите лични податоци на темната мрежа и се обидуваат да добијат дополнителни информации, со што ме изложуваат на нови закани и ...

Додека Велика Британија сè повеќе зборува за подготвеност за вонредни ситуации, жените кои со години складираат залихи објаснуваат зошто таквата подготовка не е претерување, туку разумен начин за заштита на своите семејства. Дејли меил пишува дека британската влада ги повикала граѓаните да бидат подготвени за можноста од национална криза. Домаќинствата се советуваат да обезбедат залиха од храна и вода најмалку три дена и да имаат пари при ...

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди крајбрежјето на Јапонија, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. — реклама — — реклама — Потресот бил регистриран во близина на островот Хоншу, на околу 90 километри од населбата Мито. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 32 километри. — реклама — — реклама — Засега нема информации дали има повредени лица или материјална штета. ...

Венецуелски државјанин бил уапсен во близина на Белата куќа откако полицајците го пронашле во украдено возило со три огнени оружја и купишта муниција. „Кога се соочија со осомничениот, тој рекол дека слушнал гласови во главата кои му кажуваат да дојде во Вашингтон и да го убие претседателот Трамп“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешна безбедност на САД. Осомничениот, идентификуван како Рони Јордрикс Гуанипа Кринос, бил ...

Снежна бура го затрупа Осло, главниот град на Норвешка. Според податоците на норвешката метеоролошка служба Јр.но, висината на снегот во Осло е 43 сантиметри, а снегот се уште паѓа. Дневната температура денеска во градот изнесува -10 степени Целзиусови. Аеродромот во Осло соопшти дека обилните снежни врнежи во областа Осло предизвикуваат одложувања и откажувања на јавниот превоз до и од аеродромот во Осло. Mega snow day in Oslo today. Stay ...

Бугарскиот амбасадор во Србија, Ангел Ангелов, положи цвеќе во Белград во спомен на бугарските војници загинати во Првата светска војна. Бугарскиот конзул во Ниш, Димитар Иванов, положи цвеќе во месноста Ледена Стена во спомен на бугарските воени лица загинати во Втората светска војна, јавува БТА. По повод Архангелската задушница, наречена и Машка задушница, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и дипломати од бугарската мисија во Белград ...

Пет украински региони останаа без електрична енергија по новиот бран масовни руски напади врз енергетската инфраструктура, соопшти украинското Министерство за енергетика. Без струја останаа делови од регионите Дњепропетровск, Доњецк, Киев, Житомир и Харков, каде што, според украинските власти, се оштетени преносните и дистрибутивните електроенергетски мрежи. Засега не е соопштено колку домаќинства се погодени од прекините во снабдувањето. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Калај

46.54

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76