Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Патниците кои планираат да влезат во Европската Унија повторно би можеле да се соочат со подолготрајни задржувања на границите, бидејќи вчера истече периодот на флексибилна примена на Европскиот систем за влез и излез (ЕЕС). ЕЕС предвидува електронска регистрација на државјаните на земји што не се членки на ЕУ и собирање биометриски податоци, вклучително и отпечатоци од прсти. Системот го замени класичното удирање печати во пасошите при влез ...
Полските разузнавачки служби привеле шест лица под сомнение дека набавувале компоненти за производство на оружје и муниција, кои потоа биле испраќани во Русија, соопштија локалните власти. Меѓу приведените се 37-годишна руска државјанка и петмина полски државјани на возраст од 25 до 52 години, информираше министерот задолжен за координација на разузнавачките служби, Томаш Сјемонијак. Според полските медиуми, акцијата ја спровела Агенцијата за ...
Осум лица загинаа, а едно лице е тешко повредено во вооружен напад што се случил во три села во западниот дел на централна Турција. Напаѓачот сè уште не е пронајден, а турската полиција трага по осомничен кој, според сведоштва, избегал од местото на настанот со црвен автомобил. Од канцеларијата на гувернерот на областа Афјонкарахисар информирале дека нападот се случил во раните вечерни часови во рурално подрачје во близина на истоимениот ...
Водач на култ во Кенија е осуден на 200 години затвор затоа што ги терал следбениците да ги изгладнуваат децата до смрт за да го сретнат Исус, објави „Би-би-си“. Пол Макензи, самопрогласен проповедник и водач на култот, е прогласен за виновен за смртта на 191 човек, од кои речиси сите биле деца. Макензи доби две затворски казни од по 100 години – една за убиство, а другата за кривични дела поврзани со изгладнувањето на жртвите. Казните ќе се ...
Италијанската влада предлага нова даночна мерка со која би се оданочувале богатите инвеститори што го менуваат даночното живеалиште и ја напуштаат земјата. Според предлогот за буџетот за 2027 година, лицата кои ќе ја напуштат италијанската даночна јурисдикција би можеле да платат данок од 26 проценти на добивката остварена од зголемувањето на вредноста на нивниот имот, дури и ако средствата сè уште не се продадени. Мерката, позната како ...
Вештачката интелигенција го менува пазарот, довербата останува клучна Како вештачката интелигенција ќе го промени начинот на кој потрошувачите ги пронаоѓаат производите? Што ќе направи еден бренд да биде избран наместо конкуренцијата? И како компаниите од Балканот можат да стигнат до купувачи надвор од своите граници? Овие прашања сè повеќе ја обликуваат иднината на е-трговијата, во време кога технологијата ги менува навиките на купување, а ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе одлучи дали САД ќе продолжат со воените напади врз Иран, со цел да спречат обновување на иранската нуклеарна програма. По состанокот со советниците за национална безбедност, Трамп изјави дека Вашингтон веќе ги постигнал своите цели во Иран, но не ја исклучи можноста за нови воени операции. „Повеќе би сакал да не го уништувам остатокот од земјата, ако е можно, но можеби ќе морам. ...
Затвореник кој успеал да избега за време на посета на лекар во германскиот град Есен ги отклучил оковите на нозете со помош на клуч што може да се купи на интернет за помалку од 10 евра, објави денеска германскиот весник „Шпигел“. Министерот за правда на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, Бенјамин Лимбах, на доверлив состанок го информирал Одборот за правда на покраинскиот парламент дека оковите немале единствена, посебна брава, ...
Шпанија нема да дозволи нејзините политики да се одлучуваат во странски престолнини, изјави премиерот Педро Санчез, нагласувајќи дека европските земји мора да ја зајакнат својата политичка, економска и технолошка независност за да ги заштитат сопствените интереси во услови на се поизразени геополитички конфронтации. „Шпанија се управува од Шпанија, а не од Вашингтон, Тел Авив, Москва или Буенос Аирес“, нагласи Санчез на меѓународниот форум ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони побара Европската Унија да воспостави единствен и координиран пристап во преговорите за завршување на војната во Украина, оценувајќи дека сегашниот начин на настап ја намалува веродостојноста на европската дипломатија. Во писмо испратено до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Мелони предупредува дека одржувањето состаноци во различни формати, без јасно утврдено претставување на Унијата, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека сè поголемото политичко влијание на милијардерот Илон Маск претставува опасност за помалите држави. Истовремено, изрази надеж дека победата на демократите на изборите за американскиот Конгрес ќе донесе поголема воена помош за Украина и ќе го принуди рускиот претседател Владимир Путин на преговори. Зеленски во интервју со германскиот сатиричар Јан Бемерман за емисијата „Магазин Ројал“ ...
Стотици британски војници и борбени авиони на Кралските воздухопловни сили (РАФ) ќе учествуваат во голема мултинационална воена вежба во Полска за подготовка за потенцијален мир во Украина, соопшти Министерството за одбрана во Лондон. Обединетото Кралство и Франција заеднички ќе раководат со вежбата „Коалиција“ во која се вклучени 2.800 воени сили од 11 нации, со цел да се обезбеди подготвеност на НАТО силите за да ѝ пружат безбедносни ...
Разговараше: Љубица Ангелкова На нашата трета средба, по Прага и две Виени, веќе се познававме доволно добро за разговорот да го почнам со шега. Му предложив на Patrick Aoun дека Longines би можел да почне да го мери и времето меѓу нашите средби. За компанија што постои од 1832 година, тоа веројатно не би било особено сложена задача. Јас, во секој случај, пристигнав со предлог. Пристојно е и новинарот понекогаш да понуди решение за проблем ...
По хакерските напади врз системите за контрола на ладењето во италијанските супермаркети и другите компании од прехранбената индустрија владата денеска ќе одржи итен состанок на кој ќе присуствуваат и претставници на Националната агенција за кибербезбедност и разузнавачките служби. Напади се пријавени во шест продавници на Сицилија, како и во една компанија од угостителскиот сектор во Тоскана и кај производител на замрзната храна во ...
Алис Вајдел копретседателка на АФД водечката опозициска партија во Германија за The Economist Значи, партијата што ја ко-водиш, Алтернатива за Германија, е на високо ниво. Ти беше на врвот на двата неодамнешни покраински избори, Саксонија-Анхалт и Мекленбург-Западна Померанија. АФД е најголемата опозициска група во Бундестагот. Постојано сте на врвот на анкетите на национално ниво. И мислам дека твојот успех, твојот подем, одразува длабока ...
Соединетите Американски Држави се блиску до склучување трговски договор со Канада – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за телевизијата „Фокс њуз“. – Канада е прекрасна земја, наскоро ќе склучиме договор со неа. Ќе постигнеме одличен договор – рече Трамп. Трамп и канадскиот премиер Марк Карни уште во неделата потврдија дека разговарале за новиот трговски рамковен договор, за кој американскиот претседател истакна ...
Седумгодишно девојче од Босна и Херцеговина и 18-годишен ученик од Лион утрово загинаа во тешка автобуска несреќа што се случила во близина на францускиот град Бур-ан-Брес. Автобусот со 49 патници излетал од патот и удрил во дрвја, пренесуваат босанските медиуми. Во несреќата четворица патници се тешко повредени, од кои двајца се во животна опасност, а уште 25 се здобиле со полесни повреди. Меѓу патниците имало и 15 деца. Multiple Fatalities ...
Новоизбраниот потпретседател на САД, Џ. Д. Венс, во изминатите две недели бил активно вклучен во индиректни дипломатски контакти со Иран, насочени кон постигнување ново примирје и продолжување на нуклеарните преговори, објави „Аксиос“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Според информациите, Венс речиси секојдневно комуницирал со катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, началникот на Генералштабот на ...
Демократската социјалистка Нитја Раман е избрана за нова градоначалничка на Лос Анџелес. Победата на 45-годишната Раман ги шокираше политичките набљудувачи во Калифорнија откако влезе во трката како кандидатка со мали шанси против актуелната градоначалничка Карен Бас, која претходно служеше во Конгресот и никогаш не изгубила избори за политичка функција. Раман често ја споредувааат со градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани. И двајцата се ...
Доналд Трамп потпиша извршна наредба за која вели дека ќе им забрани на идните претседатели да прават промени во Овалната соба во Белата куќа, што тој ја реновираше. Извршната наредба ја прогласува официјалната канцеларија на претседателот за национален споменик. „Ја правиме национален споменик и нема да биде дозволено никој да ја допира, уништува и урива, со цел да изгради нешто во малку поинаква форма“, изјави Трамп. Не е јасно дали оваа ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека резултатите од меѓуизборите во САД ќе имаат позитивни последици за американскиот народ и за поширокиот регион околу Турција, а истовремено изрази подготвеност во блиска иднина да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, објави Си-Ен-Ен Турк. – Се надевам дека резултатите од изборите ќе бидат од корист за американскиот народ. Исто така, се надевам дека тие ќе имаат позитивни ...
Мнозинството израелски пратеници го поддржаа поранешниот шеф на војската Гади Ајзенкот да добие мандат за формирање влада, додека продолжуваат консултациите со претседателот Исак Херцог. Вкупно 67 од 120-те членови на Кнесетот го поддржаа лидерот на центристичката партија Јашар да започне коалициски разговори, што ги вклучи и пратениците од проарапската Заедничка листа. Сепак, тоа не гарантира дека Ајзенкот, најголемиот ривал на премиерот ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, разговарал со специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, во пресрет на трилатералната средба на претставници на Украина, САД и на Русија што треба да се одржи во Абу Даби за помалку од една недела. Зеленски на својот Фејсбук-профил објави дека разговорот траел час и половина и дека детално биле разгледани подготовките за средбата на ниво на преговарачки тимови. ...
Трамп веќе најави дека сака да преговара за завршување на војната на трилатерална средба со Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, без Украина и Европа на преговарачката маса. Ако во новиот светски поредок таквото однесување се смета за лидерство на големите сили, Европејците мора да се разбудат. Ова би можело да биде нашата последна шанса да го избереме суверенитетот наместо потчинувањето. Јошка Фишер Поранешен Министер за надворешни ...
Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења е отповикан во парламентот и ставен во домашен притвор откако пропаѓањето на банка остави голем дел од населението без пристап до нивните сметки. Пења беше уапсен вчера, неколку минути откако пратениците, вклучително и од неговата партија, едногласно гласаа за негово отстранување од функцијата по пропаѓањето на банката „Уено“, која има врски со неговите приватни бизнис интереси. Тој понуди да се ...
По победата на меѓуизборите и освојувањето на мнозинството во двата дома на Американскиот конгрес, Демократската партија подготвува сеопфатен и жесток бран истраги насочен против администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Според излезните анкети, дури 70 проценти од граѓаните сметаат дека Конгресот досега правел премалку за надзор и контрола врз извршната власт. Лидерите на демократите, предводени од Чак Шумер и Хаким Џефрис, порачаа ...
Во обид да ги спаси животите на 548 затвореници осудени на смрт во Калифорнија, гувернерот Гевин Њусом од Калифорнија остави неодговорено едно прашање: Што се случува кога следната личност во Калифорнија ќе биде осудена на смрт? Откако Њусом објави во четврток дека издава масовни ублажувања на казни за затворениците осудени на смрт, некои обвинители ветија дека ќе продолжат да бараат смртна казна во нови случаи во кои веруваат дека ...
Бројот на загинати во рускиот напад врз пункт за поделба на хуманитарна помош во украинската област Запорожје се искачи на 53. Новиот биланс во петокот го соопшти вршителот на должноста регионален гувернер, додека потрагата по настрадани продолжува веќе петти ден. Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините на подземното засолниште во училиште во селото Комишуваха, кое било користено како пункт за хуманитарна помош. Украинската служба за ...
Тој наведе дека некои анкети покажале оти голем број гласачи на Трамп од 2024 година се лути и планирале да гласаат за демократите. Анкетите покажале дека републиканците повторно ќе ја добијат довербата ако ја завршат војната во Иран, ако се фокусираат на трошоците за живот и инфлацијата, ако ја стават Америка на прво место и ако се промени ставот на САД кон Израел Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс реагира на поразот на републиканците ...
Со критиките за војната со Иран, според анализата, Венс прави видлив чекор на дистанцирање од претседателот, обидувајќи се истовремено да ја задржи поддршката на движењето МАГА Ваквите обиди на американскиот потпретседател, според тамошните медиуми, се толкуваат како обид на Венс да се дистанцира од актуелната администрација и да се подготви за претседателската трка во 2028 година Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс почнува да се ...