По хакерските напади врз системите за контрола на ладењето во италијанските супермаркети и другите компании од прехранбената индустрија владата денеска ќе одржи итен состанок на кој ќе присуствуваат и претставници на Националната агенција за кибербезбедност и разузнавачките служби. Напади се пријавени во шест продавници на Сицилија, како и во една компанија од угостителскиот сектор во Тоскана и кај производител на замрзната храна во ...

Серија координирани хакерски напади врз системите за ладење во супермаркети низ Европа предизвика сериозна загриженост кај експертите за кибербезбедност, кои предупредуваат дека следни цели би можеле да бидат болници, складишта и други важни инфраструктурни објекти. Нападите се случиле на 2 и 3 ноември, кога хакерите добиле пристап до системите за управување со фрижидери и замрзнувачи, менувајќи ја нивната температура или активирајќи го ...

Според американските безбедносни агенции, хакери ги искористуваат слабостите во електронските системи за контрола на температурата во супермаркетите и ладилниците, особено кај уредите што немаат безбедносни ажурирања или се директно поврзани на интернет. Во заедничко соопштение, Федералното истражно биро (ФБИ) и неколку други американски агенции предупредуваат дека напаѓачите можат да ја менуваат температурата на уредите, предизвикувајќи ...