Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Растот на инфлацијата не запира. Државните статистичари измерија зголемување за 4,8 отсто на трошоците на живот во месец мај во споредба со изстиот месец лани. Податоците од најновиот извештај покажуваат дека во анализираниот период најмногу се зголемиле трошоците за транспорт на граѓаните и тоа за 11 отсто, веднаш зад нив се зголемените трошоци за набавка на пијалаци 9,8 отсто, алкохолните 9,3 а безалкохолните 4,7 отсто. Пресметките на ...
Меѓународниот монетарен фонд даде позитивна оцена за спроведувањето на монетарната политика и за состојбите во финансискиот систем. Директорите на ММФ истакнуваат дека домашната економија се соочува со неповолни влијанија од светскиот енергетски шок, што претставува ризик за забавување на економскиот раст, истовремено зголемувајќи ги инфлациските притисоци, што наметнува натамошно внимателно водење на монетарната политика. Извршниот одбор на ...
Плата без работа, незаконски додатоци и сомнителни набавки – ревизорските наоди за работата на Институтот за јавно здравје се на маса пред антикорупционерите..... Претседателот на државната комисија за спречување корупција - Адем Чучуљ за ТВ24 вели дека предмет на анализа ќе биде и прославата на која се потрошиле вртоглави суми на пари од буџетот, но и набавката на кабел од 15.000 евра за кој нема податок каде се наоѓа и дали воопшто бил ...
Сѐ поголем број деветтоодделенци се одлучуваат за упис во стручните училишта, препознавајќи ги можностите за побрзо вработување и практична примена на знаењата. Најголем интерес има за струките кои се барани на пазарот на труд, особено во областа на информатиката, машинството, електротехниката и здравствената дејност. Од училиштата велат дека ваквиот тренд покажува усогласување на образовниот систем со потребите на компаниите и економијата... ...
На социјалните мрежи и на дел од порталите се појавија неколку видео материјали на кои се гледа како жена нелегално бара да наплати влезница на туристи за посета на локалитетот „Куклица“ во Кратовско, кој е еден од најпознатите природни феномени во Македонија прогласен за споменик на културата. ТВ 24 поразговара со Марио Станојковски кој е еден од мештаните и видно револтиран што ова се случува во неговиот град... На социјалните мрежи и на ...
Полицијата спроведе засилени сообраќајни контроли во Скопје и Куманово, при што изрече вкупно 396 казнени мерки за прекршување на сообраќајните правила. Во регионот на Скопје, за време на шестчасовна операција, изречени се 326 казни , од кои 92 се за возење мотоцикл без заштитен шлем. Евидентирано е и кривично дело за „невнимателно возење“, а едно возило е запленето поради сомневања за технички неправилности. Полицијата спроведе засилени ...
Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“, и скопската иницијатива на СДСМ е новата етапа во дејствувања на опозицијата. Портпаролката Богдана Кузевска - вели дека усвоената платформа на вчерашниот конгрес е визијата на партијата за модерна, праведна и европска држава. Скопската иницијатива пак што ја предлага СДСМ е во насока на донесување нов актикорупциски закон, кој ќе се темели на ветинг на функционерите Богданка Кузевска ...
Објекти во Кочани воопшто не биле во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување – ова беше посочено во материјалните докази кои ги приложи Обвинителството на денешното рочиште за случајот Пулс. За Општина Кочани не бил ниту предвиден, ниту спроведен надзор, не бил назначен ниту инспектор да изврши редовен или вонреден надзор, посочи Обвинителството. Ваквите наоди ги негираше поранешниот директор на ДЗС Шабан Салиу кој тврдеше ...
Адвокатите на 30-то обвинетиот во случајот Пулс, Миле Ампов, Ванчо Шехтански и Стефан Ристовски, вложиле поднесок до Кривичниот суд во Скопје, со кој бараат Основното јавно обвинителство да им даде информација за тоа зошто до сега останал непознат фактот дека објектот Пулс, каде што се случи стравичниот пожар, немал приклучок и броило од ЕВН и во тој случај да го објасни начинот на кој работел објектот во делот дали имало електрично броило од ...
Прашањето за статусот на македонското малцинство и понатаму останува чувствителна тема во односите меѓу Бугарија и Македонија, со различни толкувања околу идентитетот, правата и историските аспекти. И додека Европската Слободна Алијанса повикува европските институции и меѓународните организации да продолжат со мониторинг и да обезбедат почитување на европските стандарди за човекови права и демократија, во меѓувреме, едногласно е прифатен ...
Од денеска ќе почне да се процесуира договореното содржано во ном пејперот на Макрон и Мерц информираша на брифингот со новинарите премиерот Мицкоски , а вели не се исклучува можноста и за проширување на ЕУ во пакет со земјите од Западен Балкан .Повеќе детали поради сензитивноста на разговцорите не сакаше да открие но принципите и позициите на владата остануваат не променети .Самитот во Тиват го оцени како еден од најсуштински до сега . ...
На 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Гистав Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја ...
На денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за користење на енергија од обновливи извори и за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање. Воведно образложение по првиот предлог закон, даде претставникот на Владата, заменик министерот Мирослав Лабудовиќ. - Предлог законот за користење на енергија од обновливи извори воспоставува современа и сеопфатна рамка за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во денешната објава на неговата мрежа „Тру соушал“ ги повика Иран и Израел веднаш да ги прекинат обновените меѓусебни напади - пренесе ДПА. „Израел и Иран мора веднаш да престанат да пукаат. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, наведе тој во објавата. Неговото барање доаѓа откако Иран синоќа го нападна Израел, а Израел утрово возврати. Ова исто така следува по телефонското интервју за „Фајненшел тајмс“ ...
Иран ги прекинува нападите врз Израел откако даде „болен одговор“ за израелските напади врз Либан, соопшти денеска иранската војска на националното радио, пренесе ДПА. Одлуката следи откако во текот на ноќта и утрово Израел и Иран изведоа повеќекратни напади што претставуваше најсериозната ескалација откако во април стапи на сила прекинот на огнот во војната меѓу САД и Израел против Иран. Иран синоќа лансираше ракети кон Израел, како одговор ...
Во едно од своите најобемни политички обраќања, папата Лав XIV го предупреди шпанскиот Парламент дека ескалацијата на конфликтите, продлабочувањето на поларизацијата и широко распространетото непочитување на човековите права го турнаа светот во длабока криза. Папата Лав, кој неодамна зазеде посилна позиција против правецот што го водат светските лидери, цврсто го повтори своето противење на зголемените воени трошоци на Европа, повикувајќи ги ...
Новиот претседател на Советот за македонски јазик ќе биде познат утре за кога е закажана следната седница на Владата. Ова денеска го изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на брифинг со новинарите, на кој присуствуваше и директорката на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик - Менче Андреева. Љутков не ги коментира причините за оставката на претходната претседателка на Советот, но нагласи дека кадровското решение ќе биде ...
Стапката на инфлација во мај изнесува 4,8 отсто споредено со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Индексот на цените на мало во истиот период бележи зголемување од 5.6 отсто. На месечна основа, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај изнесува 0.6 отсто, а најголемото зголемување е кај транспортот и храната. „Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која во просек се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати за 0,46 проценти во однос на претходната одлука. Согласно одлуката, од 9 јуни во 00:01 часот бензините ќе поевтинат за два денари по литар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе поскапат за 1,5 денари по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ...
ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека не ги признава реформските резултати на државата и дека единствено ги истакнува уставните измени како услов за напредок на европскиот пат. Од владејачката партија посочуваат дека во изминатиот период Македонија добила позитивни оценки од претставници на Европската унија и од европските институции за спроведувањето на реформската агенда. Во ...
На годишното собрание на „European Free Alliance“ едногласно се изгласа декларација, со која се бара од Бугарија, формално да се извини за сите злосторства кои ги има нанесено врз македонското малцинство, за време на комунистичкото владеење. Ова на својот фејсбук профил го објави македонска национална политичка организација во Република Бугарија „ОМО Илинден“. На годишното собрание на „European Free Alliance“ едногласно се изгласа ...
Ново рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска се одржува во судницата во Идризово, каде што продолжува судскиот процес со изведување на материјалните докази предложени од Обвинителството. На претходното рочиште беа презентирани документи поврзани со инспекциските надзори што општинските инспектори ги спроведувале пред избувнувањето на пожарот. Меѓу доказите беа вклучени извештаи за нивната работа, овластувања на ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение најави почеток на нова фаза од своето политичко дејствување, претставувајќи ја програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“, која, според партијата, претставува визија за модерна, праведна и европска држава. Од СДСМ соопштија дека новата платформа се темели на вредностите на социјалдемократијата, подобрувањето на животниот стандард, борбата против корупцијата и продолжувањето на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид). На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата браќа на возраст од 43 и 44 години, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат неколку комисии, меѓу кои Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија. Комисијата за европски прашања ќе го разгледува Предлог-законот за високи раководители во прво читање. Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска, во законодавниот дом ќе го презентира извештајот за неговата двегодишна работа. Како што соопштуваат од собраниската прес-служба, презентацијата е закажана за 10 часот во салата „Борис Трајковски“. Според агендата, Гаши најпрво ќе го презентира двегодишниот извештај за неговата работа, по што ќе следува видео-презентација и негово обраќање. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска, во ...
На Школка во Градскиот парк во Скопје денеска во 18.30 часот концерт ќе одржат Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери на Обединетото Кралство и Воениот оркестар на АРМ. Концертот се одржува во рамките на одбележувањето на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети. Концертот го организираат Британската амбасада во соработка со македонската Армија. На Школка во Градскиот парк во Скопје денеска во 18.30 часот концерт ќе одржат ...
Вредноста на доларот во однос на кошничката валути значително се зголеми минатата недела, бидејќи добрите податоци од американскиот пазар на трудот ги поддржаа очекувањата дека Федералните резерви ќе ги зголемат каматните стапки до крајот на годината. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, порасна за 1,3 проценти минатата недела, на 100,07 поени. Во исто време, еврото падна ...
Израел изврши напади врз воени цели во западен и централен Иран, објави Ројтерс, во нова ескалација на тензиите меѓу двете земји. Според израелските власти, нападите претставуваат одговор на претходни ирански напади врз Израел, кои, како што се наведува, биле поврзани со израелски операции во Либан во последните денови. Иранската Револуционерна гарда соопшти дека Израел користел балистички ракети во нападите, додека засега не е познато кои ...
Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени откако силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Филипините, соопштија локалните власти, пренесува Ројтерс. Земјотресот го погоди островот Минданао, а поради опасноста од големи морски бранови, властите на Филипините и соседна Индонезија издадоа предупредување за цунами. Германскиот центар за геолошки науки (ГФЗ) објави дека епицентарот на ...