Инфлацијата силно удира по џебот на граѓаните. Цените растат од месец во месец, а се помалку производи можат да се купат со истата плата. Храната, сметките и секојдневните трошоци стануваат товар што многу семејства едвај го издржуваат. Животот станува неподносливо скап, а платите не го следат растот на цените, регираат граѓаните Последните податоци на Државниот завод за статистика, говорат дека трошоците за живот во мај се зголемени за 4,8 ...

Дел од поранешните текстилни работници во штипската телстилна компанија “Европа фешн” денеска излегоа на протест за да алармираат за безизлезната ситуација во која се наоѓаат. Имено и после една година откако прекинал нивнот работен стаж, тие се уште не можат да си ги добијат заработените плати и придонеси. Бараат од институциите под итно да излезат на терен и да ја потврдат фактичката состојба. Управителите на фирмата се бугарски државјани, ...

Мицкоски не знае што да очекува од утрешната средбата меѓу Сиљановска и Јотова во Софија. Чуда не ветуваме, затоа што не сме чудотворци – порача премиерот во пресрет на тет-а-тет разговорот меѓу претседателките на Македонија и Бугарија, кој треба да се случи во рамки на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Мицкоски изјави дека како човек очекува добрососедски односи со сите соседи, но како премиер ќе стори сè што е во ...

Доброволно или на сила, узурпаторите ќе мораат да ја напуштат Куклица. Судот донесе времена мерка со која Стојна Димитровска Бут и нејзиниот тактко Милош Димитровски ќе мораат да се оддалечат од локалитетот Камени Кукли и да го предадат во владение на надлежните институции. Ако одбијат, полицијата насилно ќе ги исфрли од кругот на објектот. Градоначалникот на Кратово Тодорче Николовски тврди дека по повеќегодишни судски постапки и кривични ...

Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура. Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека законот произлегува од потребата да се обезбеди посеопфатна и поефикасна заштита на здравјето, особено на децата и младите. Тука е, додаде, и обврската за усогласување со европското законодавство. ...

Денеска, во Собранието се одржа работилница на тема „Градење на доверба во управување со јавниот долг на Република Северна Македонија преку зголемена транспарентност и отчетност“. Настанот е во организација на Канцеларијата на Светска банка во нашата држава, а учествуваа членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Комисијата за финансирање и буџет, се вели во соопштението од Собранието кое МИА го објавува ...

Преку усвоениот Ребаланс на Буџетот, на денешната седница на Советот на Град Скопје биле обезбедени 50 милиони денари за изградба на нова противпожарна станица за потребите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Новата станица, како што информираат од прес-службата на Град Скопје, ќе биде лоцирана во Општина Аеродром, во близина на Центарот за јавно здравје, и претставува значајна инвестиција во безбедноста на граѓаните и ...

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот С.Б. со што се укинува мерката притвор што му беше претходно определена. Како што соопштуваат од Основниот кривичен суд, Советот постапувал по жалба со понудена гаранција на осомничениот, изјавена против решение на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му беше ...

Универзитетски професори, судии, адвокати, претставници на правосудните институции на денешната јавна расправа на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците го поздравија Предлог-законот за парнична постапка и изнесоа свои забелешки, ставови и предлози за доусовршување на предложеното законско решение. Предлог законот, кој според стручната фела, е еден од најзначајните реформски закони во областа на правосудството, носи современи ...

Дивиот пешачки премин кај Бит пазар и натаму останува отворен, а пешаци се уште ја преминуваат улицата на сопствен ризик. Пред само четири дена автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале коловозот. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски допрва ќе одлучува што ќе се преземе откако граѓани протестираа кога сакаше да го затвори нелегалниот премин. На денешнат седница Ѓорѓиевски рече дека не ретерира од решавање на проблемот но дека финалната ...

Полицијата го известила обвинителството, но и другите институции за нелегалното наплпаќање на влез во локалитетот Камени Кукли од страна на здружението Извор – велат од МВР откако вчера случајот излезе и во медиумите – но и претходно за истите лица имало кривични пријави, а бил покренат и обвинителен акт, но и покрај тоа продолжиле со незаконското наплаќање. Полицијата го известила обвинителството, но и другите институции за нелегалното ...

Со денешниот ребаланс на буџетот на Град Скопје за 2026 година, се обезбедуваат средства за клучни капитални проекти во главниот град. Како дел од подготовките за преземање на престижната титула „Европска престолнина на културата“ во 2028 година, целосно ќе бидат обновени култното кино „Милениум“, библиотеката „Браќа Миладиновци“ и Планетариумот во МКЦ. Предлог-измените на буџетот, поднесени од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, се наоѓаат на ...

Европските берзански индекси денеска претежно бележат пад, додека цените на нафтата се намалија откако Иран и Израел се согласија да ги прекинат меѓусебните напади. Развојот на настаните ги зголеми очекувањата дека би можело да дојде до продолжување на мировните разговори на Блискиот Исток. На европските пазари, германскиот индекс DAX ослабе за 0,17 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,41 процент, а рускиот MOEX за 0,54 проценти. Исклучок беше ...

Државата, која досега директно од буџетот ги исплаќаше обврските кон американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д, сега ќе ги финансира со кредит од четири македонски банки. Одлуката била донесена на седница на Владата на 2 јуни. Кредитот ќе изнесува 140 милиони евра, со рок на користење 30 месеци, грејс период од три години и отплата во следните 12 години. Министерката за финансии Гордана ...

Од полноќ стапија во сила нови малопродажни цени на горивата, при што бензините поевтинија за два денари по литар, додека цената на дизелот се зголеми за 1,50 денари по литар. Според новата одлука, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 86 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88 денари за литар. Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 87 денари за литар, што претставува поскапување во однос на досегашната цена. Од полноќ стапија ...

Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер ја погоди во понеделникот западна Куба, потресувајќи ги зградите во Хавана и околината. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри западно од главниот град, според американскиот Геолошки завод. Најновиот земјотрес беше почувствуван и во Флорида, САД. Националната метеоролошка служба во Мајами доби неколку пријави за потреси во југозападниот дел од државата. Земјотрес со јачина од 6,1 степени по ...

До четврток времето претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. За денеска се најавува минималта температура од 8 до 19 степени и максимална од 26 до 34 степени. Во Скопје, слично време со утринска температура до 15 степени и дневна до 33 степени. Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и ...

Во Софија утре треба да се реализира средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и бугарска потпретседателка Илијана Јотова. Сиљановска-Давкова очекува на средбата да се разговара за сите отворени и суштински прашања. – Тоа е природно продолжение на нашата средба во Ереван – едно пријатно женско говорење. Мислам дека треба да го продолжиме тоа и затоа во текот на разговорот со вас ја споменав неопходноста од мерки за градење ...

Ослободиделна пресуда за Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на булеварот Партизански одреди во Скопје. Судот донесе одлука дека единствен виновен за трагедијата е Васил Јованов, иако сообраќајната несреќа се случи со возило во сопственост на неговиот татко. „Кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал ...

На социјалните мрежи и на дел од порталите се појавија неколку видео материјали на кои се гледа како жена нелегално бара да наплати влезница на туристи за посета на локалитетот „Куклица“ во Кратовско, кој е еден од најпознатите природни феномени во Македонија прогласен за споменик на културата. ТВ 24 поразговара со Марио Станојковски кој е еден од мештаните и видно револтиран што ова се случува во неговиот град... На социјалните мрежи и на ...

Во Македонија има стари возила со голема моќност и млади возачи кои не можат да ги контролираат тие возила, вели универзитетската професорка Верица Данчевска. Бројот на загинати на македонските патишта е далеку поголем од европскиот просек. Дали патиштата низ земјава ги усполнуваат стандардите кои ги има во државите од Европската Унија... Во Македонија има стари возила со голема моќност и млади возачи кои не можат да ги контролираат тие ...

Зборникот на браќата Миладиновци слави 165 години од излегувањето од печат. Оваа бесценета книга содржи дури 660 народни песни и умотворби, кои станаа темел на македонската култура и писменост. Одбележувањето се случи во со Спомен-собата „Т’га за југ“ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Најмладите најзаинтересирани да дојдат во допир со книгата која е своевиден темел на македонската културна, јазична и книжевна меморија. ...

Силен земјотрес на Филипини..Потрес со јачина од 7.8 степени регистриран на југот на земјата...Најтешко погоден е градот генерал Сантос – дом на повеќе од 700 илјади жители..Над 30 лица починаа, дваесетина се водат како исчезнати додека преку 100 се повредени...Се стравува дека бројот на жртви може да порасне а речиси половина од загинатите починале по лизгање на земјиштето на југот на земјата....Уништени се десетина стамбени објекти, во ...

На 60-годишна возраст утрово почина политичкиот аналитичар и поранешен дипломат Арсим Зеколи. Зеколи беше поранешен амбасадор на Македонија при ОБСЕ во Виена и еден од најпрепознатливите политички коментатори во јавниот простор. Во дипломатската кариера беше постојан претставник на земјата во Организацијата за безбедност и соработка во Европа, а ОБСЕ во својата архива го бележи и неговото проштално обраќање како шеф на постојаната мисија на ...

Марјан Даскаловски претседателот на ОО СДСМ во Струмица поднесе оставка и кандидат на СДСМ за градоначалник на Струмица, кој изгуби на локалните избори си поднел оставка . Според информациите на ТВ 24 оставката на претседателит на партијата му ја врачил на вчерашниот Конгрес на СДСМ. На местото на Даскаловски според истите информации во ОО СДСМ Струмица до избор на нов претседател, ќе биде Лазар Манев актуелен советник во оваа општина. ...

Растот на инфлацијата не запира. Државните статистичари измерија зголемување за 4,8 отсто на трошоците на живот во месец мај во споредба со изстиот месец лани. Податоците од најновиот извештај покажуваат дека во анализираниот период најмногу се зголемиле трошоците за транспорт на граѓаните и тоа за 11 отсто, веднаш зад нив се зголемените трошоци за набавка на пијалаци 9,8 отсто, алкохолните 9,3 а безалкохолните 4,7 отсто. Пресметките на ...

Меѓународниот монетарен фонд даде позитивна оцена за спроведувањето на монетарната политика и за состојбите во финансискиот систем. Директорите на ММФ истакнуваат дека домашната економија се соочува со неповолни влијанија од светскиот енергетски шок, што претставува ризик за забавување на економскиот раст, истовремено зголемувајќи ги инфлациските притисоци, што наметнува натамошно внимателно водење на монетарната политика. Извршниот одбор на ...

Плата без работа, незаконски додатоци и сомнителни набавки – ревизорските наоди за работата на Институтот за јавно здравје се на маса пред антикорупционерите..... Претседателот на државната комисија за спречување корупција - Адем Чучуљ за ТВ24 вели дека предмет на анализа ќе биде и прославата на која се потрошиле вртоглави суми на пари од буџетот, но и набавката на кабел од 15.000 евра за кој нема податок каде се наоѓа и дали воопшто бил ...

Сѐ поголем број деветтоодделенци се одлучуваат за упис во стручните училишта, препознавајќи ги можностите за побрзо вработување и практична примена на знаењата. Најголем интерес има за струките кои се барани на пазарот на труд, особено во областа на информатиката, машинството, електротехниката и здравствената дејност. Од училиштата велат дека ваквиот тренд покажува усогласување на образовниот систем со потребите на компаниите и економијата... ...

На социјалните мрежи и на дел од порталите се појавија неколку видео материјали на кои се гледа како жена нелегално бара да наплати влезница на туристи за посета на локалитетот „Куклица“ во Кратовско, кој е еден од најпознатите природни феномени во Македонија прогласен за споменик на културата. ТВ 24 поразговара со Марио Станојковски кој е еден од мештаните и видно револтиран што ова се случува во неговиот град... На социјалните мрежи и на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Алуминиум

3.54