Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд Скопје му издал упатен акт на осудениот Стевчо Јакимовски за издржување на затворската казна во траење од една година. Од Кривичниот суд информираат дека Јакимовски е упатен на 2 јули 2026 година да се јави во Затворот Скопје за започнување на издржувањето на казната. „Судија за извршување на санкции од Кривичниот суд Скопје, на осудениот С. Ј. му издаде упатен акт за издржување на ...

Мицкоски порача дека мора да бидеме оптимисти и да работиме, истовремено да ги штитиме македонските национални интереси, укажувајќи дека на парламентарни избори граѓаните ќе одлучат кого ќе поддржат – оние што ја уништиле Македонија или новиот концепт што го нуди актуелната Влада, која е со став за националните интереси. – Македонските граѓани мора да знаат дека барањата не се само промена на Уставот и дел од бугарската заедница во ...

Во април годинава издадени се 291 одобрение за градење, што е за 38 проценти помалку во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одбренија за градење, 83, издадени се во Полошкиот регион, по што следуваат Скопскиот, 72, Југозападниот, 32, Источниот, 28, Југоисточниот, 26, Пелагонискиот, 24, Североисточниот, 3. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4. 577. 429. ...

Менувачниците во Македонија и понатаму играат значајна улога на финансискиот пазар, а податоците покажуваат дека секторот и минатата година работел со милионски приходи и позитивни резултати. Според анализата на порталот „Пари“, изработена врз основа на податоците од Бизнис мрежа, вкупно 195 менувачници во текот на 2025 година оствариле приход од 18,7 милиони евра, додека добивката на ниво на сектор достигнала 1,2 милиони евра. Во споредба со ...

Продолжува судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека Пулс во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На последното рочиште, од обвинителството изјавија дека објекти во Кочани воопшто не биле во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување. За општина Кочани не бил ниту предвиден, ниту спроведен надзор, не бил назначен ниту инспектор да изврши редовен или вонреден надзор. Ваквите наоди ги негираше поранешниот ...

СДСМ преку соопштение обвини дека Македонија останува надвор од клучните европски инфраструктурни проекти, оценувајќи дека актуелната влада ја води државата кон изолација наместо кон интеграција. „Од Софија до Атина за шест часа ќе сообраќа брз воз низ Европа, а Скопје го нема на картата. Ваква е изолацијата што ја води Мицкоски и неговата банда“, соопштија од опозициската партија. СДСМ преку соопштение обвини дека Македонија останува надвор ...

Во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ се истакнува дека програмата на СДС и Венко Филипче не дава позитивни резултати, додека сепак тие настојуваат на блиски односи со Бугарија. Партијата ги критикува уставните измени под бугарски диктат и ги заштитува националните интереси, истакнувајќи дека Филипче се маргинализира поради неговиот однос кон соседната држава. Демагошката програма на СДС полна со празни и излитени флоскули, на Венко Филипче не му носи ...

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај во кој се анализирани конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Овие случаи, како што се наведува во соопштението до медиумите, се издвојуваат преку анализа на наодите од црвените знаменца кои ги применува Бирото за јавни набавки, преку ...

Во рамките на меѓународниот симпозиум во организација на Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, одржан во Шангај, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега. За време на средбата беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за предизвиците со кои се соочуваат ...

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа. Според ...

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5 часот и 36 минути, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. -Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од ...

Почнува Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Тие ќе им бидат домаќини на 48 репрезентации, што го прави овој Мундијал најмасовен во историјата. Првиот натпревар ќе се игра на 11 јуни меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка, а финалето е закажано на 19 јули, па ова ќе биде и најдолгото првенство досега. Натпреварувањето во групната фаза ќе вклучува 12 групи. Двете најдобри репрезентации од ...

Македонскиот мјузикл „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски, љубовна приказна напишана од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, на 19 јуни ќе го отвори најновото издание на Битолско културно лето „БитФест“. На прес-конференција во Битола, директорот на ЈОУ Културен информативен центар (КИЦ)-Офицерски дом, Димитар Михајловски, изјави дека за прв пат битолскиот КИЦ во целост ќе го организира и реализира „БитФест“. ...

Семејството на маж кој го загуби едното око во напад со нож упати апел за смиреност, откако инцидентот предизвика бран антимигрантско насилство во Белфаст во текот на ноќта. Маскирани лица палеа возила и ги принудуваа семејствата да ги напуштат своите домови. Апелот беше упатен во средата, кога пред суд се појави државјанин на Судан обвинет за обид за убиство. Во меѓувреме, британскиот премиер Кир Стармер и политичари од Северна Ирска остро ...

Вчера заврши наставата за основците и средношколците во учебната 2025/2026 година, започна летниот распуст кој ќе трае до 31 август. Матурантите наставата ја завршија уште на 15 мај, а почнуваат подготовките за државната матура. Денес, 11 јуни, матурантите што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), додека кандидатите за државна стручна и државна ...

Силен ладен атмосферски фронт од северозапад преку Алпскиот регион предизвика силно невреме најпрвин во Словенија а потоа и во Хрватска. Нервремето предизвика обилни врнежи, локални поројни поплави, силни ветрови, силни громови и грмежи како и локална појава на крупен град. Инаку овој силен ладен атмосферски фронт од северозапад, во Алпскиот регион предизвика да има обилни врнежи од снег каде владееше вистинска снежна бајка како среде зима. ...

Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) усвои резолуција со која од Иран се бара целосна и итна соработка со агенцијата, доставување целосни информации за резервите на збогатен ураниум и овозможување пристап на инспекторите до нуклеарните постројки во земјата. Резолуцијата беше усвоена во седиштето на МААЕ во Виена со поддршка од 21 од вкупно 35 членки на Одборот. Против гласаа Русија, Кина и Нигер, додека ...

Со 62 гласа „против“, 21 „за“ и ниту еден „воздржан“, пратениците ја отфрлија интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Интерпелацијата ја поднесе пратеничката група на СДСМ, поради, како што оценија од опозициската партија, катастрофалните резултати на министерот, намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, коруптивните ...

Собранието, вчера ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи. Вицепремиерот Фетаи поднесе оставка на 1 јуни за што соопшти преку социјалните мрежи. Фетаи во објавата на „Фејсбук“ вели дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. - Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека при околностите во моментот е најправедниот и најдостоинствен чекор. Во текот на овие две години имав чест и ...

Пожар избувна вчера попладне на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино кај Штип. Според првичните информации, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром, при што била зафатена сува трева. Поради засилениот ветер, огнот брзо се проширил на поголема површина, поради што на терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица Штип. Пожарникарите работат на локализирање на пожарот, спречување на неговото ...

Сончевото и топло време ќе се задржи и денеска. Наместа попладне можна е нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Денес утринските температури ќе се движат од 9 до 18, а максималните од 25 до 33 степени. Во Скопје, слично време со услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во ...

Европската перспектива на Македонија повторно во фокусот на разговорите меѓу Скопје и Софија. Додека Македонија инсистира на европски критериуми без билатерални условувања, Софија повторува дека членството мора да биде врз основа на исполнети обврски. Во бугарската престолнина е и министерот Тимчо Муцунски, кој порача дека земјава неправедно е блокирана на патот кон ЕУ. Може ли оваа средба да отвори простор за ново придвижување во односите ...

Тензично во Собранието. До доцна вечерва траеше дебатата за интерпелацијата на министерот за земјоделство. Со 21 глас за и 62 против, не успеа предлогот на опозицијата. Седницата ја одбележаа остри обвинувања меѓу Дафина Стојановска и Љупчо Николовски за тоа како го стекнале богатството. По обвинуваната од говорница, се дообјаснуваа и зад говорница. Министерот за земјоделство ја обвини опозицијата дека се обидува да освои ситни политички ...

Европската перспектива на Македонија повторно во фокусот на разговорите меѓу Скопје и Софија. Додека Македонија инсистира на европски критериуми без билатерални условувања, Софија повторува дека членството мора да биде врз основа на исполнети обврски. Во бугарската престолнина е и министерот Тимчо Муцунски, кој порача дека земјава неправедно е блокирана на патот кон ЕУ. Може ли оваа средба да отвори простор за ново придвижување во односите ...

Во Софија средба на македонската и бугарската претседателка...Ќе донесе ли последниот состанок поместување на позициите на двете држави...Македонската претседателка останува на ставот дека процесот на проширување на Европската Унија мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во реформите да го диктира темпото на пристапниот процес.. Сепак, не добила таков впечаток по средбата со бугарската претседалка Гордана Сиљановсака ...

Дирекцијата за заштита и спасување ги повика поранешните припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици да се вклучат во претстојната сезона на гаснење пожари на отворен простор и шумски пожари. Ангажираните лица ќе бидат повикувани кога ќе има зголемен ризик и потреба од интервенции, а слободните денови ќе се усогласуваат според состојбите на теренот и потребите на персоналот. Дирекцијата за заштита и спасување ги повика ...

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа реагира на постапката за донесување на новиот Предлог-закон за игри на среќа, оценувајќи дека ваква регулатива со големо економско влијание не смее да се усвојува без широка јавна расправа. Наместо тоа, Предлог-законот за игри на среќа е ставен на дневен ред на пленарна седница во прво читање, реагираа од АПИС... Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа реагира на постапката за донесување на ...

10 јуни, основците може да здивнат, заврши учебната 2025/2026 та година. Летниот распуст ќе трае до 31 август. Утре пак матурантите ќе полагаат државна матура – повеќе од 14 500 ученици ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик, македонски, албански, турски или српски... Кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе полагаат на 12 јуни. Денска во училишните доворви на основните училишта беше еуфорично и ...

Вработен во финансиска полиција фалсификувал мој потпис со кој е приложен документ дека наводно барам да се легализираат објекти од цврста градба. Стевче Јакимовски за ТВ 24 - со нови обвинувања откако Апелација ја потврди едногодишната затворска казна поврзана со новите градби во основното училиште Лазо Трповски“. Целта на фалсификатот тврди Јакимовски е да се прикаже дека сум сакал да легализирам дивоизградени објекти кои практично се ...

И покрај најавите дека судот донел времена мерка, состојбата во Камени кукли кај селото Куклица засега останува непроменета. Луѓето кои со години го узурпираат локалитетот и понатаму се таму, а решението сѐ уште не е пристигнато кај адвокатот на Општина Кратово. Градоначалникот на Кратово Тодорче Николовски вели дека од адвокатот добил информација оти судот донел мерки против Стојна Димитровска Бут, но официјалниот документ сѐ уште не е ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09