Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Повеќе од 14.500 матуранти денеска го полагаат првиот екстерен испит од годинашната матура. Станува збор за изборен предмет, додека задолжителниот испит по мајчин јазик и литература ќе се полага на 11 и 12 јуни. Годинава, согласно измените на Законот за средното образование, за првпат се спроведуваат три вида матурски испити – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. Кандидатите за државна матура денеска полагаат ...
Матурантите денеска почнуваат со полагање на државната матура. Оние кои завршија гимназиско образование ќе избираат меѓу странски јазик, математика и историја, а на 11 јуни ќе го полагаат вториот екстерен предмет односно мајчин јазик и литература. Матурантите од средните стручни училишта денеска ќе избираат меѓу англиски јазик и математика, а полагањето по македонски јазик за нив е закажано за 12 јуни. Учениците од уметничките училишта ...
Министерството за внатрешни работи информира дека денес, на 6 јуни (сабота) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на ревијална трка. Трката ќе трае од 17:00 до 18:00 часот, во кој период затворени ќе бидат улиците околу Порта Македонија, бул. „Илинден“ и Градскиот парк. Како што соопшти МВР, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе презема мерки за безбедно и непречено одвивање на ...
Дел од корисниците во Бутел, Карпош, Кисела Вода и Шуто Оризари ќе останат без електрична енергија во различни интервали, информираат од ЕВН. Според ЕВН Македонија, денеска (6 јуни 2026) се планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа: - Општина Бутел и Карпош: од 08:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на улиците „Костурска“ и „Тале Христов Слога“, како и објектите Клиника ВФВ и Санте Плус. - Општина Кисела ...
Денеска, 6 јуни 2026, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје најави прекини во водоснабдувањето на неколку локации во градот, поради технички зафати и дефекти. Прекините ќе траат во утринските и дневните часови, зависно од локацијата. Прекин на водоснабдувањето поради дефект во шахта и монтажа на водомер денес од 09:00 часот до завршување на работните активности ќе има на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, спроти Католичката црква (Општина ...
Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат меѓу 8 и 14 степени, а дневните ќе достигнат 26 до 32 степени. На северот од земјата во Куманово и во Тетово утринската температура ќе се движи од утро 10–11 степени, а дневната од 26–30 степени. Во Источниот регион, во Штип и Берово се очекува ...
Иранските фудбалски репрезентативци, кои сè уште чекаат американски визи за Светското првенство, ги предадоа своите пасоши во Амбасадата на САД во Турција, објави денеска челникот на Иранската фудбалска федерација. Претстојното Светско првенство ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, но САД, каде што Иран треба да игра три натпревари од групната фаза, сè уште не издале визи. „Разговарав со ФИФА во четвртокот во врска со американските визи. ...
Македонската женска одбојкарска репрезентација, предводена од новиот селектор Милош Гавриловиќ, подготвена и со доза на умерен оптимизам го очекува денешниот почеток на натпреварите во Европската лига, која од оваа година претставува и прв дел од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2028. „Позитивно расположени влегуваме во ова издание на Европската лига. Свесни сме за квалитетот на противниците со кои ќе се соочиме не ...
Македонската репрезентација во ракомет на плажа ќе настапи на силен меѓународен турнир во Полска, а подготовките се закажани за почетокот на идната недела, објави денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Првиот собир на репрезентацијата е закажан за в понеделник во Охрид и по неколкудневните подготовки, националниот тим ќе отпатува за Плоцк, каде ќе учествува на меѓународен турнир во конкуренција на европски селекции. Прв противник ...
Стартен пораз во Европската лига претрпе синоќа македонската машка одбојкарска репрезентација, откако во Струмица загуби од Холандија со 3-0 во сетови. Холанѓаните ја оправдаа фаворитската улога и беа надмоќни во пресметката со избраниците на селекторот Јошко Миленковски во струмичката сала „Парк“. Воведните два сета се одвиваа по идентично сценарио и до средината од периодот беа резултатски израмнети, кога Холандија со серија поени го доби ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин го одби предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директни преговори за завршување на војната, истакнувајќи оти таква средба „нема цел“ пред да биде финализиран мировниот договор. Тој на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург вчера истакна дека Зеленски вчера му испратил „грубо“ писмо, особено по нападот врз студентскиот дом во Луганск, при што загинаа 21 човек. Путин ...
Воениот советник на иранскиот ајатолах, Мохсен Резаи изјави дека преговорите помеѓу Иран и САД се во застој и оти американскиот претседател Доналд Трамп може да ги откочи. - Преговорите се во застој и господинот Трамп мора да го прекине застојот. Топката е во дворот на Трамп, истакна Резаи интервју за Си-ен-ен. Тој посочи дека евентуален мировен договор помеѓу Техеран и Вашингтон зависи од тоа дали САД ќе ги ослободат 24 милијарди долари ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека со тоа што неговиот руски колега Владимир Путин одбива директни разговори избира продолжување на војната. - За жал, руската страна избира уште војна … Едноставно не сака да ја заврши војната, наведе Зеленски. Украинскиот претседател вчера предложи директни преговори за завршување на војната, а Путин денеска одби средба со Зеленски, истакнувајќи оти таква средба „нема цел“ пред да биде ...
Претседателот на Франција, британскиот премиер и германскиот канцелар в недела во Лондон ќе се сретнат со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти денеска Елисејската палата. На средбата ќе се разговара за поддршката на Украина и за засилување на притисокот врз руските воени напори, како и за постигнување на праведен и траен мир во Украина и на европскиот континент, особено во рамките на Коалицијата на волјата. Емануел Макрон, ...
Европските институциите ќе го разгледуваат Нон Пејперот за аосицијативно членство во Европската Унија, ако документот покаже дека ќе го подобри процесот тоа ќе биде повеќе од добродојдено. Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен и официјално на Самитот ЕУ Западен балкан со одговори за германско франуцскиот - НОН Пејпер како обид за забрување на пристапување на Западен Балкан во ЕУ Урсула Фон Дер Лајен Превод За ...
Проектот за брз автобуски превоз, кој со години беше во застој, повторно е ставен во фокусот на градските власти во Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски потврди дека соработката со Владата и Светската банка е клучна за придвижување на прелиминарната фаза. Овој систем се смета за столб на новата стратегија за урбана мобилност, која има за цел да го намали сообраќајниот метеж и да понуди одржливи алтернативи за движење низ главниот град во ...
Прилеп е повторно град театар. Под мотото храбриот нов театар денеска почнува 60 јубилјено издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ Актери, режисери, вљубеници во театарот од денеска па се до 12 јуни ќе бидат дел од фестивалската атмодфера која ги испилнува улиците на градот. Театарската традиција која со децении е карактеристичба за градот под марковите кули и годинава макеимално е испичитувана од прилепчани. Тие пред камерата ...
Ако досега провизијата за одредена банкарска услуга изнесуваше 90 денари, од први август за истата ќе треба да платите 120 денари по трансакција. Нов бран банкарски поскапувања, на удар пензионерите и кредитокорисниците. Зголемувањето на провизиите веќе го најавија две од најголемите банки во земјава, а со истото, дел од услугите поскапуваат и над 30 отсто. Најновите измени на тарифниците што ги најавија дел од поголемите банки во земјава ...
Јасни пораки, но и стари услови донесе 23-тата конференција на КОСАП што се одржа во Струга. Евроамбасадорот Михалис Рокас уште еднаш ја потврди определбата на Брисел за почеток на преговорите, но децидно потсети дека обврските за уставните измени од 2022 година остануваат на маса. Рокас денеска од Струга повика на меѓусебна доверба и конструктивност во претстојниот период. И додека Брисел инсистира на уставните измени, кај нас се анализираат ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителството, пред судот беа изведени снимки, од кои се нотира времето на пристигнување на полициските службеници пред дискотеката „Пулс“ и активацијата на пиротехниката. Продолжи судскиот процес во кој се обвинети 13 полициски службеници кои постапувале критичната вечер минатата година. Обвинетите се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. ...
Проектот за брз автобуски превоз, кој со години беше во застој, повторно е ставен во фокусот на градските власти во Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски потврди дека соработката со Владата и Светската банка е клучна за придвижување на прелиминарната фаза. Овој систем се смета за столб на новата стратегија за урбана мобилност, која има за цел да го намали сообраќајниот метеж и да понуди одржливи алтернативи за движење низ главниот град во ...
Низа најави и ветувања, но проектот и понатаму само на хартија – Монтажните гаражи во скопскиот клинички центар кои според првичните најави веќе требаше да бидат ставени во функција на граѓаните – засега остануваат само во најава. Од Градот Скопје под чии ингеренции е сега проектот потврдија дека тендерот воопшто не ниту распишан, а нема ниту конкретна информација кога конечно ќе се реши сообраќајниот хаос на клнички. Град Скопје „Како што во ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска порача дека интензивно работат на подобрување на состојбата со отпадот во главниот град, се набавуваат возила, контејнери, се зголемува ефикасноста во работењето на ЈП „Комунална хигиена“, при што очекува од септември состојбата значително да се подобри. -Очекувам дека од септември темата за отпадот повеќе нема да биде третирана во јавноста на начинот на кој беше досега. Навистина е тешко. ...
Предлогот на Франција и Германија е искрен и реален, којшто забележително нуди една опција на што повеќе интегрирање, но исто така забележливо е дека нуди членство кое не би било полноправно, барем не во овој момент, изјави денеска Антонијо Милошоски потпретседателот на Собранието и претседавач со 23. Конференција на КОСАП – Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на земјите учеснички во процесот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски, кој учествува на самитот Европска Унија - Западен Балкан во Тиват, синоќа присуствуваше на вечерата што за учесниците ја организра претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Мицкоски на „Фејсбук“ објави дека пред вечерата имал средба со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина. - Разменивме мислења за актуелните состојби во регионот, како и за регионалната соработка и европската ...
Меѓународниот совет на аеродромите - Европа (ACI Europe) ја објави анализата на воздушниот сообраќај за април 2026 година, во која Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид се рангирани како најбрзорастечки аеродроми што доаѓаат од земја надвор од ЕУ. Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај (-7,6 %), првпат по закрепнувањето од ...
Со претставата „Мачкина глава на Драмски театар од Скопје и со доделувањето на наградите за животно дело, вечер во Прилеп ќе биде отворен јубилениот, 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На јубилејното отворање на Фестивалот, од 19 часот ќе му претходи изложбата „60 години театарска меморија“ што ќе опфати патека на театарот од првите почетоци во 1965 година до денес. - За отворањето на годинашниов, јубилеен 60-ти ...
Министерот за здравство Азир Алиу учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација за Европа, што се одржува во Рига, Летонија. Дводневниот состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа - како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен кадар, стареење на населението и растечки потреби на пациентите, можат ...
По успешните регионални гостувања во Црногорско народно позориште (ЦНП), Црна Гора, и Народно позориште Сараево, Босна и Херцеговина, Македонскиот народен театар денска ќе гостува со претставата „12“ во Казалиште „Марин Држиќ“ во Дубровник, Република Хрватска. Казалиште „Марин Држиќ“ континуирано соработува со бројни театарски институции и ансамбли, носејќи на својата сцена разновидни продукции и современи драмски остварувања наменети за ...
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри пакет помош за Украина и нови санкции против Русија, откако 18 републикански конгресмени им се придружија на демократите при гласањето. Пакетот е усвоен со 226 гласа „за“ и 195 „против“, што претставува прва голема проукраинска мерка изгласана за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, претходно ги повикал членовите на својата ...