Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Осум концерти во четири фестивалски вечери ќе понуди програмата на годинашниот 25. Оффест (OFFest), кој ќе се одржува од денеска до 6 јуни. Организаторот, Скопски џез фестивал, најави богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на континентот Африка. Директорот Оливер Белопета на прес-конференцијата во пресрет на фестивалот, соопшти дека се држеле до стандардната концепција и сите изведувачи доаѓаат со специјални проекти. Иако ...
Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан: „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности за стратешка употреба на спортот во унапредување на националните и дипломатските интереси“, ќе биде одржан денеска во Скопје во организација на Олимпискиот комитет на Северна Македонија. Целта на оваа конференција е да се поддржи поширока стратешка дискусија за растечката улога на спортската дипломатија во унапредувањето на ...
Боливиските власти во главниот град Ла Паз вчера прогласија здравствена и хуманитарна вонредна состојба поради недостиг предизвикан од неколкунеделните блокади на патиштата низ оваа јужноамериканска земја, јавува ДПА. Целта на мерката е обезбедување на снабдувањето на болниците со медицински кислород, лекови, храна и други основни средства, се наведува во административна одлука цитирана од весникот „Ла Разон“. Мерката, првично воведена на 90 ...
По жестоките критики во изминатиот период администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од плановите за формирање на контроверзниот фонд за компензација за наводните жртви на правосудниот систем, јавува ДПА. „Не продолжуваме со фондот“, им рече вчера вршителот на должноста државен обвинител Тод Бланш на американските конгресмени. Трамп се соочи со остри критики во врска со фондот за компензација, вклучително и од ...
Полска сака од 1 септември да им забрани на учениците помлади од 16 години да користат мобилни телефони во училиштата, а планира и воведување построги правила за проверка на возраста при пристап до порнографски содржини на интернет, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск. Земјите како Холандија, Јужна Кореја и Италија веќе ја забранија употребата на паметни телефони во училиштата поради загриженост дека тие негативно влијаат врз ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат три комисии и тоа Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисија за финансирање и буџет и Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе го разгледува Предлог на закон за изменување на Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни ...
Државната комисија за спречување на корупцијата, во соработка со ИПА Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, денеска на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето во земјава. На настанот ќе бидат презентирани резултатите од дигиталната кампања за промоција на транспарентно и регулирано лобирање; клучните наоди од одржаните тркалезни маси со институции, локална самоуправа, ...
Мотивот за почнување со работа на изработка на македонскиот етимолошки речник потекна од Словенија. Пред пет години од тамошната Академија на науките стигна предлог да ни изработат етимолошки речник на Македонскиот јазик , како помош во аргументацијата со Бугарија за потеклото и посебноста на македонскиот јазик, изјави во вечерашната 24 Анализа професорот Гоце Цветановски од Институтот за македонски јазик, кој е автор на воопшто првиот том од ...
Нашата позиција е јасна - остануваме цврсто определени кон европскиот пат, не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа на другите, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес, бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите, и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио ...
Проширувањето е наша заедничка цел, а иднината на Северна Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија, порача попладнево претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. - Вашата Влада покажа посветеност и сакам да ги пофалам континуираните напори што ги вложувате. Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската ...
Фетаи стана од министерското столче по прозивките на опозиционерите оти не се појавувал на работа – премиерот Мицкоски пак бараше одговори од новинарите како пак тие знаеле за тоа . Ова дополнително го отвори и така актуелното прашање околу реконструкцијата на владата како и прашањето дали можеби Мицкоски планира да ја продолжи на друг начин соработка со Фетаи но и каква ќе биде во втората половина од месецов распределбата на владините ресори ...
Државните институции ни ја потврдија листата на фирмите кај кои се утврдени неправилности, отстапувања меѓу декларираниот и вистинскиот состав кај одредени млечни производи е точна. Но, официјална потврда од АХВ се уште нема. Директорот Оливер Миланов, не ги откри имињата со став дека Агенцијата би се соочила со прекршочни и кривични тужби. Миланов, за Тв 24 само потврди дека редовните контроли ќе продолжат и се преземат соодветните неопходни ...
Ниту една од клучните енергетски институции засега не се подготвува за евентуална промена на моделот на тарифирање на потрошената струја, откако пред еден месец претседателот на Регулаторна Ацо Ристов најави можни измени на блоковскиот модел, а пред пет дена таквата можност ја потврди и премиерот Христијан Мицкоски. Од Министерството за енергетика велат дека цените и тарифните модели не се во нивна надлежност, туку во надлежност на ...
90 000 невработени лица а дури 10 000 слободни работни места се регистрирани во државава за првото тримесечје годинава, покажуваат новите анализи на државниот завод за статистика. Според податоците добиени од истражувањето, најголем проблем со вработување имаат компаниите со 10 до 49 вработени. Најголем број слободни работни места, 2 346, има во групата на работници во услужни дејности и продажба. Потоа следуваат преработувачката индустрија, ...
За 5 месеци системот „Безбеден град“ уловил над 100 000 возачи кои сториле прекршок на македонските патишта. Наместо намалување Safe city секој нареден месец од неговата примени бележи зголемување на сообраќајните прекршоци. Најголем број од нив се однесуваат на возење со поголема брзина од дозволеното. МВР - Во периодот од 02 февруари до 31 мај 2026 година, од страна на системот „Безбеден град“, регистрирани се вкупно 101 834 прекршоци, од ...
Владата го усвои Предлог - Законот за пушење кој ќе донесе нови, поригорозни правила за пушачите. Иако првично беше најавен како исклучително строг, финалната верзија претрпе одредени отстапки под притисок на јавноста и бизнис секторот.Наместо првичната идеја за тераси отворени од три страни, донесено е решение да бидат отворени од две страни. Ова правило ќе почне да важи за една година од сега.Владата се откажа и од првичната замисла целосно ...
Повеќе од 40 милиони евра се обезбедени преку оперативниот план за вработување за 2026 година за поддршка на вработувањето, претприемаштвото и развојот на човечкиот капитал. Со планот се очекува да бидат опфатени над 10.000 граѓани. Посебен фокус е ставен на младите. - Со овој план инвестираме директно во луѓето. Обезбедуваме конкретна поддршка за младите што сакаат да почнат сопствен бизнис, за компаниите што отвораат нови работни места, за ...
Не може ниедна компанија да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална - категоричен е министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Најавува контроли кај компаниите, а доколку се утврди дека навистина се нудат работни места со плата под минималната, најавува санкции. На денешната прес-конференција, на која заедно со директорот на Агенцијата за вработување го презентира оперативниот план за вработување за 2026 ...
Министерството за финансии денеска соопшти дека во целост е исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Денеска, извршена е исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главнината и 11,6 милиони евра за камата), со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската за оваа еврообврзница. Средствата за сервисирање на оваа обврска, како што информира Министерството за финансии, се обезбедени ...
Повеќе лица се приведени од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција како дел од акција која произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата, за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица и други лица кои го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел стекнување ...
Јавното обвинителство на Република Македонија презентира нова комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026 - 2028 година и акциски план за нејзина имплементација. Според државниот јавен обвинител Ненад Савески, еден збор од овој стратешки документ што треба да го опише пристапот на кој ќе инсистираат е „проактивна“ комуникација на Јавното обвинителство со јавноста, која нема да чека да се постават прашања, па да се даде ...
Суштината на процесот на интеграција во Европската Унија е исполнување на Копенхашките критериуми и европеризација во сите сфери во општеството. Без оглед дали се работи за мали или големи држави, Западен Балкан, како и целиот Балкан, отсекогаш историски, културно и логично ѝ припаѓал на Европа и треба да го најде своето место внатре - смета претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. - Се согласувам дека таканаречениот Западен Балкан не смее ...
Со 7,5 милиони евра помош од глобалните здруженија за заштита на животната средина ќе се заштитува Дримскиот басен од предизвиците со загадувањето. Тоа беше соопштено на 10. Дримска конференција што денеска се одржа во Струга. Конференцијата е дел од Меморандумот за разбирање за заедничко управување на Дримскиотт басен потпишан во 2011 година меѓу Македонија, Грција, Косово, Црна Гора и Албанија. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски ...
Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Чајле, се кандидатите кои денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги предложи за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието. Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски информира дека на конкурсот биле пријавени 10 ...
Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини истакана дека по потпишувањето на меморандумот за економска соработка за време на неговата посета на Скопје минатата година, забележана е нова динамика во билатералните економски односи. - По потпишувањето на меморандумот за соработка во делот на економијата за време на мојата посета на Скопје минатата година, се појави нова динамика во економските односи. На почетокот на оваа година имаше состанок ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информира дека наместо посакуваното подобрување, тапкање во место со индиции на очигледни влошени состојби во нашата држава препозна Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) во Извештајот за 2026 година – Индекс за Глобални права. „Најлошите држави во светот за работниците”, во кој повторно ја рангираше Македонија на 4-тото место во рангот на земјите со систематско прекршување на правата на ...
Потреба од работници има – но не и таму каде што платите се највисоки. И покрај тоа што во Македонија има над 10.000 слободни работни места, најдобро платените позиции речиси и да не се достапни. Најновите статистички податоци откриваат дека најголема побарувачка за работници има во услужниот сектор и продажбата, додека најголемите плати остануваат резервирани за мал број професии. Државниот завод за статистика (ДЗС) ги објави најновите ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од претстојната средба со високиот европски претставник и дали можеби постои можност за поместување на ставовите на Владата во однос на уставните измени кои се услов за продолжување на преговорите со ЕУ, Мицкоски беше дециден дека како ...
Македонија во следниве неколку недели ќе ја прошири својата мрежа на воздушни врски со воведување на пет нови авиолинии кон европски дестинации. Ние сме единствена држава што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, нагласувајќи дека земјата продолжува активно да го развива авионскиот сообраќај и покрај предизвиците со кои во моментов се соочува глобалната ...