Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Ракометна Битола стартува со нов тренер на клупата со желба за враќање на шампионската титула, а за таа цел избран е еден од најдобрите европски тренери Лино Червар. Тој денеска и официјално беше промовиран, а поранешниот тренер на Металург и селектор на Хрватска и на Македонија ја презентираше својата визија и планови за работа. - Чест ми е да работам во Битола. Ова е град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата ...
Искусниот репрезентативец и интернационалец Александар Љафтов ќе го пропушти комплетниот настап на машкиот национален тим во Европската лига 2026, откако заработи сериозна повреда на скочниот зглоб на пријателскиот натпревар со Црна Гора. Деталните лекарски прегледи покажаа дека Љафтов има скинати лигаменти на скочниот зглоб и дека најмалку месец дена ќе мора да паузира. - Голем хендикеп за нас, Љафтов со своето искуство, квалитет и формата ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, изразува загриженост поради најавеното зголемување на надоместоците во платниот промет од страна на неколку банки во земјата оценувајќи дека во моментот не постојат оправдани причини за ваков потег. - Народната банка е непријатно изненадена од одлуката на некои од банките да ги зголемат надоместоците што ги плаќаат граѓаните и компаниите за услугите во платниот промет. Особено загрижува фактот ...
Руската влада денеска соопшти дека забранува извоз на керозин до 30 ноември, со цел да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива. Одлуката е донесена во време на интензивирани украински напади со дронови врз руските рафинерии, што доведе до намалување или стопирање на производството. Русија извезува керозин по железнички пат во Централна Азија, меѓу кои и Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Русија веќе го ограничи извозот ...
Поранешната потпретседателка на Европска комисија, Вера Јурова, во интервју за бриселскиот портал „Еуроњуз“, апелира на нов бран проширување на Европска Унија, посебно со Западен Балкан. Таа истакна дека сретнува голем број луѓе од земјите од Западен Балкан, кои се презаситени од чекањето 20 години за пристапување кон ЕУ. Мора да има некакво движење, посочи Јурова денеска, кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта ја почнува ...
Дваесетина ученици и еден наставник од Основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во скопската општина Кисела Вода побарале лекарска помош по појава на симптоми како гадење, повраќање и дијареја, што отвори дилеми дали станува збор за труење со храна или за вирусна инфекција. Според информации од здравствените установи, околу 15 ученици биле прегледани на Детската клиника. Кај најголем дел од нив била констатирана полесна клиничка слика и по ...
Членот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, Раде Ристовски, кој си ја претепа сопругата доби условна . Ристовски признал вина и судот му определил казна затвор од 1,6 години, а доколку во наредните три направи кривично дело. Од кривичниот суд велат дека Ристовски бил обвинет за нанесување телесна повреда. „„На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи казна затвор во траење од една година и шест месеци, доколку во ...
Дваесетина ученици и еден наставник од Основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во скопската општина Кисела Вода побарале лекарска помош по појава на симптоми како гадење, повраќање и дијареја, што отвори дилеми дали станува збор за труење со храна или за вирусна инфекција. Според информации од здравствените установи, околу 15 ученици биле прегледани на Детската клиника. Кај најголем дел од нив била констатирана полесна клиничка слика и по ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 10,867%, кај ...
Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за решавање на конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел. Според официјалните берзански податоци, фјучерсите за суровата нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваат по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање. Истовремено, забележан е пораст на вредноста ...
Членот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, раде ристовски доби условна казна од три години и е вратен на работа, за делото со претепување на сопругата, дознава ТВ 24. За одбраната на оштетената, во случајов сопругата на ристовски ова е скандалозен обвинителен предлог по кој судот досудил условна казна. Имено на предлог на обвинителството, наместо обвинителен акт поднесен е обвинителен предлог за телесна повреда иако се работи за тешка ...
Драги Ѓоргиев, таткото на тапанарот на групата ДНК, Ѓорги Ѓоргиев, кој трагично загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска преку објава на социјалната мрежа Фејсбук се пожали дека постојано бил ограбуван гробот на неговиот син во Струмица. Како што посочи Ѓоргиев во објавата, во која сподели и видео од безбедносна камера, досега имало 14 кражби. На видеото, како што може да се види, жена приоѓа до гробот, става во најлонска ...
Западен Балкан оваа недела е во фокусот на европската дипломатија, откако претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, започнува повеќедневна турнеја низ регионот, со цел зајакнување на политичкиот дијалог и потврдување на европската перспектива на земјите од регионот. Како што соопшти Европскиот совет, посетата ќе трае од 1 до 5 јуни и ќе опфати средби со државните и владини лидери, како и учество на Самитот ЕУ–Западен Балкан, кој ќе се ...
Централното собрание на ВЛЕН вчера ја одржа својата прва седница по формирањето на партијата, на која беа разгледани актуелните политички случувања, приоритетите за наредниот период и чекорите за понатамошно јакнење на партиската организација. Како што информираат од партијата, на седницата била отворена дискусија и за можната реконструкција на Владата. Во таа насока била направена анализа на работата на носителите на јавни функции, при што ...
ГРК Охрид ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп по доминантна сезона со 11 победи на 12 натпревари. Со триумфот над МОЛ Татабања, клубот стана четвртиот македонски тим со европски трофеј, потврдувајќи ја континуираната доминација на македонскиот ракомет на меѓународната сцена во последните две години. Успехот на ГРК Охрид во сезоната 2025/26 претставува кулминација на стратешкиот развој на клубот кој беше реоснован во 2011 година. Тимот ...
Возачите во Македонија од вторник би можеле да точат значително поевтино гориво, откако Владата ја продолжи мерката за намалени акцизи на нафтените деривати, а дополнително останува во сила и попустот од 2 денари по литар што го обезбедува „ОКТА“. Според владините пресметки, дизелот би можел да поевтини за околу 6,5 денари по литар, а бензините за 1,5 денар. Конечната одлука за новите малопродажни цени треба да ја донесе Регулаторната ...
Помалку од три недели откако Демократска Република Конго официјално го потврди 17-тото избивање на ебола во својата историја, вирусот веќе предизвика сомнителни случаи на три континента. На 31 мај 2026 година, сомнителни случаи се истражуваат во Сардинија, Италија и во два бразилски града. Со над 1.262 пријавени сомнителни и потврдени случаи и најмалку 241 смртен случај, еболата повторно го тестира светот. Првиот познат сомнителен случај од ...
Денес и утре на територија на град Скопје најавена е авионска дезинсекција против комарци. Дезинсекцијата ќе се врши во раните утрински часови, а доколку временските услови не се поволни, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Денес и утре на територија на град Скопје најавена е авионска дезинсекција против комарци. ...
Од денес започнува климатолошкото лето, период кој според метеоролошките стандарди ги опфаќа месеците јуни, јули и август. За разлика од календарското лето, кое започнува со летната долгоденица на 21 јуни, климатолошкото лето секоја година стартува на првиот ден од јуни. Добрата вест е што според актуелните прогнози, Македонија во првите денови од летната сезона нема да се соочи со екстремни горештини какви што веќе зафатија делови од Западна ...
Легендарната британска поп-рок група Duran Duran пристигнува во Скопје. Колешката Марија Латиновска направи ексклузивен разговор за ТВ 24 со еден од најпрепознатливите членови, басистот Џон Тејлор, за повеќедецениската музичка кариера, светските хитови, настапите на големите сцени и енергијата што ја носат и денес. Легендарната британска поп-рок група Duran Duran пристигнува во Скопје. Колешката Марија Латиновска направи ексклузивен разговор ...
Наместо да преземе мерки за намалување на инфлацијата и стабилизирање на цените, зголемување на минималната плата и подобрување на условите за работниците, власта со денови, во недостиг на конкретни решенија, ги напаѓа синдикатите, вели за ТВ 24 потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Иван Пешевски по серијата обвинувања од страна на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски дека одредени членови на ССМ се луксизирале во ...
Политичките партии продолжуваат со меѓусебните обвинувања околу европската интеграција на Македонија и за продолжувањето на преговорите со Европската Унија. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со спротивставени ставови за уставните измени, односите со Бугарија и иднината на евроинтегративниот процес. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со став дека Македонија поради лековерноста и погрешните политики на опозициската СДСМ платила висока цена со промена на Уставното име на ...
Од автомобилски гуми, градежен шут, па сè до пластични столови, маси и стаклена амбалажа фрлена директно од пловни објекти или од брегот.Со отпадот во Охридското Езеро може да се опреми двособен стан алармираат нуркачите и волонтерите кои денеска се впуштија во нова акција за чистење на дното на езерото во потегот кај селото Калишта. Локалните нуркачки клубови при нивните редовни акции за чистење вадат застрашувачки количини отпад од дното на ...
Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на разговорите што ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од два денара по литар што ќе почне да се применува од утре, понеделник, први јуни. -Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали ...
Претседателот на Нова социјалдемократска партија (НСДП), Горан Мисовски, од говорницата на седмиот конгрес на партијата порача дека државата се движи во погрешна насока, критикувајќи ја актуелната власт за економска несигурност, поделби и „заробени институции“, додека ја истакна определбата на НСДП за социјална правда, силни институции и европска иднина. Мисовски потенцираше дека партијата во изминатите 20 години покажала одговорност и ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. Николоски напомена дека предвидените рокови за ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче смета дека дали ќе ги продолжиме преговорите со Европската унија зависи само од власта, која како што вели, тоа очигледно не го сака. Останува на ставот дека внесувањето на Бугарите во Уставот на никаков начин нема да го загрози македонскиот идентитет. - Дали ќе ги продолжиме преговорите зависи од власта, а од власта очигледно не сакаат. Ги плаши граѓаните дека е загрозен јазикот, идентитетот и не знам која ...
Д-р Огнен Ивановски, хирург-уролог на Универзитетската клиника за урологија и научен советник на Медицинскиот факултет во Скопје, преку видео-обраќање апелира за подигнување на свесноста за значењето на органодарителството. Како што информираат од Министерството за здравство, видео-обраќањето на Ивановски е во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“. -Сакам да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да заземе побавен пристап кон преговорите со Иран и покрај загриженоста за економското влијание на конфликтот. Тој рече дека брзањето во преговорите би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор. „Не брзам. Би сакал да биде побрзо, бидејќи знаете што, цените на бензинот ќе се намалат, но ако брзате, нема да добиете добар договор“, рече американскиот претседател ...
Морето кај Истра е полно со медузи, а експертите ги предупредуваат луѓето кои се капат да бидат внимателни. Како што објавија хрватските медиуми, капачите на западниот брег на Истра во последните денови доживеаја непријатно изненадување. Морето е полно со компас медузи, вид познат по своите долги пипала и клетки кои предизвикуваат жежење на кожата и можат да предизвикаат болни изгореници, црвенило и оток на кожата. Според експертите, главна ...