Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп спроведува активности за процена на лојалноста на сојузниците во НАТО пред да одлучи дали ќе ги намали воените ресурси што ги обезбедува за алијансата. Како што објави „Блумберг“, Белата куќа испратила до земјите членки на НАТО документ со прашања, чија цел е да се утврди колкава е нивната поддршка за политиката на Трамп. Во прашалникот се опфатени теми за кои постојат несогласувања ...
Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјата се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска - 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во Скопскиот Регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болети во Скопје. Кај три починати лица биле ...
Град Скопје ги известува граѓаните дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци, додека од 23 до 26 август ќе се реализира терестична дезинсекција на подрачјето на градот. Како што стои во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден. - Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов преку видео изјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова или некое друго село. -Пожарот којшто во понеделник попладне изби во атарот на прилепското село Чаниште во прилепскиот дел од Мариово, сѐ уште е активен, но во овој момент не го загрозува селото Чаниште, ниту пак загрозува друго село, затоа што ...
НАТО е подготвен да одговори на секоја закана и секогаш ќе стори сè што е потребно за да ги заштити своите членки, изјави денеска портпаролот на НАТО, по извештаите дека Иран размислува да нападне американски воени цели во Европа. „Нашите капацитети за одвраќање и одбрана се силни и ефикасни, како што беше демонстрирано оваа година кога воздушната одбрана на НАТО пресретна четири балистички ракети што летаа кон Турција од Иран“, додаде ...
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против вработен во банка во Гевгелија, кој од сметки на двајца корисници присвоил околу 5 милиони денари и над 63 илјади евра - соопшти Министерството за внатрешни работи. -ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во ...
Најмалку девет лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава избувна во хотел во Калкута, во североисточниот дел на Индија, соопшти претставник на противпожарната служба. Претставник на противпожарните служби соопшти дека шест мажи, две жени и едно дете биле спасени од запалениот хотел и пренесени во болница. Најмалку девет лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава избувна во хотел во Калкута, во североисточниот ...
Министерството за одбрана на САД им наложи на 30 американски универзитети да ги преразгледаат партнерствата со претежно кинески универзитети и институции за воена обука. Универзитетите ќе го изгубат своето финансирање во следните две недели ако не ја завршат таа ревизија и не ги прекинат сите аранжмани што се сметаат за проблематични. Пентагон соопшти изјави дека целта на истражувањето финансирано од буџетот е да се заштити од кражба и ...
Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски размени и финансиски трансакции со Иран се суспендирани до понатамошно известување. Тоа го соопшти Министерството за надворешни работи на таа држава. Одлуката е донесена во услови на ескалација во регионот, што „го поткопува регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на ОАЕ. Обединетите Арапски Емирати ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредени стоки од Канада, додека се финализираат документите за договорот меѓу двете земји. Царините требаше да стапат во сила во 00:01 часот по источноамериканско време, но Трамп соопшти дека нивната примена се одложува до крајот на 21 август, пренесе„ Си-Ен-Ен“. Трамп наведе дека бил постигнат договор меѓу САД и Канада, но оти се уште престои финализацијата ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре во официјална посета на земјава ќе престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Во рамки на посетата, денеска во Охрид ќе се одржат билатерална средба меѓу министрите Муцунски и Мацинка, како и пленарна средба меѓу официјалните делегации на двете министерства. По билатералната и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините,речните долини и клисурите, ...
Детскиот џагор од први септември во подрачното училиште во с. Дллни Блаван – о. Карбинци најверојатно повеќе нема да го има. Училиштето ќе биде опфатено со оптимизација, според градоначалникот Паунов, нешто за кое што родителите изминатиов период постојано алармираа. Родителите денес доцна попладне присуствуваа на Седница на совет на општина Карбинци и гласно порачаа дека се против затворање на училиштето. Тие сметаат дека правото на ...
Договорот на државната компанија ЕСМ со косовската државна енергетска корпорација КЕК носи големи предизвици, особено во логистиката. Предвидените 74 милиони евра за набвка на јаглен може и неколкукратно да се зголемат поради проблематичен транспорт - вели во интервју Дејан Димовски, експерт од здружението инженери. Договорот на државната компанија ЕСМ со косовската државна енергетска корпорација КЕК носи големи предизвици, особено во ...
Четврти смртен случај од западнонилска треска е регистриран во Македонија. Починатиот пациент е на 76 годишна возраст и на Инфективната клиника се лекувал 27 дена. Директорот на инфективната клиника, Фадил Цана објасни дека човекот имал и други заболувања кои дополнително ја влошиле неговата здравствена состојба па смртта настанала по тешка форма на воспаление на мозокот. Во моментов, доктор Цана информираше дека на Инфективна има 20 пациенти ...
Обвинителството ќе бара продолжување на притворот на тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар. Директорката на гостиварското комунално претпријатие – Арта Асани и раководителите Леон Уредини и Вадедин Дервиши од 21ј ули се во затворот во Скопје. Обвинителството ги товари за тешки дела против животната средина и природата, за што казната е од четири до максимални 20 години затвор. ЈОРСМ „По истекот на првичните 30 дена, ОЈО ...
Борба за манастирскиот комплекс во тетовско Туденце. Во недостиг од противпожарни екипи, пожарот го гаселе доброволци од Скопје, Гостивар и Тетово. Според Дирекцијата за заштита и спасување, нивната помош била клучна пожарот да не напредува до самиот манастир. Критична била состојбата и во мариовско Чаниште, каде што биле опожарени повеќе од 20 куќи и плевни. Четворица жители побарале медицинска помош поради вдишување чад, постои сомнеж дека ...
Црвените линии се историјата, јазикот и идентитетот и земјата нема намера да отстапи од нив порача и денеска шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски нагласувајќи дека не е праведно преговорите за евроинтеграциите да заглавуваат на идентитетските обележја. Иако Муцунски вели има во континуитет постојан дијалог со сите засегнати страни во процесот на проширувањето, а владата ги користела сите позиции кои и стојат на располагање сепак посочи ...
Политички судир меѓу владејачката партија и опозицијата по објавувањето снимка од експлозија на бомба во дворот на вработен во полицијата. Додека опозицијата отвора сомнежи за милионски тендери и сокривање информации од страна на МВР, власта ги отфрла обвинувањата како лажни вести и шпекулации. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, го повика Јавното обвинителство да истражи безбедносен инцидент што се случил во населбата ...
И сточарите и земјоделците од Пелагонија и Југозападот бараат итна и директна средба со премиерот Мицкоски за да се изнајде решение кои ќе спречи, како што велат, целосен колапс на домашното производство. По состанокот синоќа во Могила тие одлучија да пробаат уште еднаш преку дијалог да го решат проблемот .Меѓу клучните барања се комплетна исплата на сите задоцнети субвенции за житни култури од есенската сеидба 2024 година, итна распределба ...
Македонската Aрмија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна кредибилност и висока интероперабилност со сојузничките сили - порача претседателката и врховна командантка Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на Армијата во Охрид. Во обраќањето таа потсети на историскиот развој на Армијата, од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ во 1943 година до членството на земјата во НАТО, ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот на отворен простор регистрирани се вкупно 12 пожари, од кои пет се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати. -Во моментов се активни пет пожари - Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општини Јегуновце и Сарај: с. ...
Хрватската писателка, колумнистка и новинарка Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст по долга и тешка борба со карцином, објавено е на нејзината официјална страница на Фејсбук. Во објавата се наведува дека Рудан „заминала на подрачје без сигнал“. Веста за нејзината смрт за порталот „Шоубаз“ ја потврдија и извори блиски до писателката. Ведрана Рудан, родена на 29 октомври 1949 година во Опатија, беше една од најчитаните, но и ...
Даночни прекршувања во висина од 92.000 евра откриле инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) за време на ненајавените контроли спроведени на туристички бродови и катамарани што организираат целодневни или попладневни крстарења на грчкиот остров Санторини, при што биле изречени казни во вкупен износ од 43.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Операцијата била под името „Ќе те носам на крстарење 2026“ (според ...
Вечер ќе биде спроведена 13. дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман, соопшти денеска, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. - Активностите продолжуваат и во наредните денови. Издадов налози на 20 август да се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, да се изврши авионска дезинсекција, додека од 23 до 26 август да се ...
Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја) - соопшти Центарот за управување со кризи. Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата ...
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн трговија, во близина на Москва, при што избувнал пожар, соопшти гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов. Воробјов наведе дека дронови оштетиле и други објекти, меѓу кои куќи, станбени згради, продавници и електроцентрали. Според досегашните информации, најмалку три лица се повредени. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека ...
Канада се подготвува за нов бран од 50 проценти американски царини што треба да стапат на сила в среда, бидејќи преговарачите од двете земји се уште се далеку од постигнување трговски договор. Новите царини ќе бидат насочени кон канадски увоз вреден речиси 20 милијарди долари, или околу 5,2 проценти од вкупниот американски увоз од земјата до 2025 година. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатиот месец се повика на член 338 од Законот за ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...