Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Во среда, американската војска соопшти дека извршила напад врз брод во источниот Тихи Океан, при што се пријавени двајца загинати , објавија Ројтерс и Фокс њуз. Јужната команда на САД во X изјави дека разузнавачките служби потврдиле дека бродот „бил вмешан во трговија со дрога“. Нема извештаи за преживеани од ударот. Ниту еден американски војник не е повреден , додаде командата. Јужната команда, исто така, објави кратко видео на кое се гледа ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание. – Мерката е определена заради постоење на основите ...
Повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежисе најавуваат за денес. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m²), елекстични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната од 21 до 29 степени. Во делови од Скопската котлина ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, ...
Со концерт во Националната опера и балет синоќа свечено беше отворено јубилејното 25. издание на „Оффест“, фестивалот на музиката од светот, кој до 6 јуни ќе донесе осум концерти и филмска проекција во Скопје. Фестивалската програма започна со настапот на Ласана Диабате, виртуоз на балафон и дел од проектот „Гитарски разговори“ (Guitari Baro), кој ги обединува музичарите Гаусоу Кујате, Керфала Диабате и Ласана Диабате. Иако останатите двајца ...
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денес ги усвои извештаите за напредокот за четирите земји од Западен Балкан и за Украина и Молдавија. Целиот Европски парламент ќе гласа за усвоените извештаи на една од следните пленарни седници. Во извештајот за напредокот на Босна и Херцеговина се изразува жалење за оставката на високиот претставник Кристијан Шмит и се нагласува дека таквата оставка не смее да се поврзува со укинување ...
Раководството на Институтот за јавно здравје алармира за низа неправилности во работењето на институцијата, откриени по внатрешните контроли и ревизорските проверки. Според директорката д-р Марија Андоновска, биле утврдени случаи на вработени кои со години не се појавувале на работните места, а редовно примале плата и биле евидентирани како присутни. Како што посочи таа на прес-конференција, дел од вработените биле внесувани во системот за ...
Претседателот на Европскиот совет Кошта ги повтори условите - уставни измени, влез на Бугарите во Уставот. Премиерот Христијан Мицкоски не попушта. Дали се бара од Бугарија подобра преговарачка рамка, како што ветуваше ВМРО-ДПМНЕ... Дебата на Иво Ранѓеловиќ - политички аналитичар и Зоран Димитровски - заменик-министер за надворешни работи. Претседателот на Европскиот совет Кошта ги повтори условите - уставни измени, влез на Бугарите во ...
Со 43 гласа „за“ и 17 „против“, усвоен извештајот за Македонија во Комитетот за надворешни работи ( АФЕТ) во Европскиот Парламент. Европратениците порачаа- напредокот во реформите е недоволен, постои силна политичка поларизација, предупредија на малигно странско мешање и кампањи за дезинформации. Усвоени беа 11 компромисни амандмани – со се уште непозната содржина за јавноста и два амандмани на бугарските европратеници кои бараат резултати од ...
Клубот ФК Шкендија е казнет со 30.000 евра и исклучување од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/27 поради одбивање да ги прими медалите на свечената церемонија, како и поради деградирачки и непочитувачки однос кон официјалните лица и противничката екипа, ова е една од одлуките на Дисциплинската комисија на ФФМ, кои беа денеска изречени. Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се казнува и со ...
Најновите податоци на државниот Институт за статистика на Албанија покажуваат дека населението на земјата на 1 јануари регистрирани се 2,33 милиони жители, што е за повеќе од 28.000 жители помалку за само една година. Албанија влезе во нова фаза на демографска криза. Додека стапката на наталитетот продолжува да бидат повисока од стапката на морталитет, емиграцијата продолжува да ја празни земјата со стапки што не можат да се компензираат со ...
Педесет и две годишен пациент кој чекал на националната листа за трансплантација од 2021 година доби ново срце од донор, а 23 годишник нов бубрег, информира денеска Министерството за здравство. Двајцата пациенти се во стабилна состојба. -Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. ...
Ребалансот на буџетот е пред финална фаза, соопшти министеркатаљ за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Според неа буџетскиот дефицит нема да биде повисок од ланскиот, но можно е да го надмине првичното очекување за годинава кое беше проектиранпо на 3,5 отсто. Состојбата ќе била подобра вели министерката но намалувањето на акцизата имало влијание врз минусот во државната каса. Гордана Димитриеска Кочоска министерка за финансии: „Може да има ...
Со годишен извештај за редовни и вонредни инспекци, постапувањето и работата на општината и на градежните инспектори-со изведување на материални докази од Обвинителството продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Одбраната вели дека имаат проблем да ја разберат презентацијата на доакзите. Адвокатот Петре Шилегов вели дека со вакво обвинение не може да се дојде до правда и правична пресуда. Петре Шилегов-адвокат: „Разгледуваме ...
Не оделе на работа со години, а добивале плата.....На колеги им давале пари за да ги отчукуваат со картички во системот за евиденција. Архиварка земала плата од 98.000 денари, бидејќи и се пресметувала и приправност иако не била во таа категорија..... На вработени им се давале плус договори на дело во висина од 44.000 до 88.000 денари за додатоци – како на пример, чистење двор. Актуелната директорка на Институтот за јавно здравје, Марија ...
10 пратеници, 10 министри, 10 судии, 10 обвинители,10 актуелни градоначалнмици и 10 поранешни градоначалници с епод лупа на Антикорупциската комисија која ќе го испитува потеклото на имот. За ваквите постапки кои ги работи ДКСК велат дека најчесто како иницијативи ги доставуваат до Финансиска полиција или Обвинителство. За крајниот исход, велат од ДКСК, ќе треба да се почека од постапките на останатите надлежни институции. Адем Чучуљ – ...
Искрениот однос со Антонио Кошта не значи дека се согласуваме со неговите ставови .- Вака премиерот Мицкоски ја оцени вчерашната средба со претседателот на европскиот совет Антонио Кошта кој беше во посета на Скопје на која беа забеторнирани позициите и на двете страни откако Кошта порача дека земјата знае што треба да испорача а пак премиерот Мицкоски и вчера но и денеска ги повтори истите позиции дека како што рече владата нема луксуз за ...
Се огласи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција по приведувањата на неколкумината , меѓу кои и Поранешниот директор на Царинската управа и поранешен градоначалник на Карпош Стефан Богоев, Обвинителствот постапи по кривична пријава според која Богоев заедно со поранешен помошник директор и уште две физички и едно правно лице се сомничат дека во период од јули 2023 до март 2024 година местеле тендер за чистење на ...
Ќе се реотвори ли истрагата за набавките на Мазут или ќе остане запрена ќе се знае за еден месец. Државниот обивините Ненад Савески на брифинг со новинарите кажа дека приговорот на ЕСМ се разгледува и предметот е во рацете на обвинителот Јован Цветановски од Вишото Јавно обвинителство кој беше суспендиран од претходниот државен обвинител Коцевски Доколку Вишото обвинителство го прифати приговорот - предметот ќе се врати кај истата ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран се откажал од својата програма за нуклеарно вооружување. Тој во поткаст на „Њујорк пост“ изјави дека веќе е постигнат договор за нуклеарното оружје на Иран. - Не можеме да им дозволиме нуклеарно оружје. Тие веќе се согласија да немаат. Тоа беше голема работа - посочи Трамп. Тој негира дека Иран има предност во судирот. - Иран нема морнарица. Нема воздухопловни сили. Имаат многу малку ...
Авион на израелската компанија „Изрер“, што требаше да слета во главниот град на Словенија, Љубљана е пренасочен кон Загреб, откако словенечките власти не одобрија слетување. „Изрер“ тврди дека одлуката на Словенија е политички мотивирана и е во спротивност со авионските договори и законите на Европска Унија. Засега не е познато дали инцидентот е поврзан со политичките околности или други причини, а словенечките власти сè уште не го ...
Црногорската полиција денеска им забрани влез во земјата на 90 луѓе, кои со чартер-лет допатувале од Белград во Тиват, поради сомнеж за субверзивно дејствување пред Самитот на Европска Унија, што утре и в петок ќе се одржи во Тиват. Според црногорскиот весник „Вијести“ меѓу патниците во авионот имало регистрирани „лица од интерес за безбедноста“ и сите тие ќе бидат вратени од Тиват во Белград со првиот лет. Патниците не сакале да одговорат на ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Стефан Богоев во својство на службено лице - поранешен директор на Царинската управа, С. М. поранешен помошник-директор во Царинската управа, Д. Г., овластено лице во правно лице, А. С., вработено лице во правно лице, и против едно правно лице поради постоење основи за злоупотреба на јавна набавка, за ...
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска престојува во посета на Брисел, каде што се одржува седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, тело за соработка на македонските општини со локалните власти на земјите од ЕУ, каде што ќе има и свое обраќање. Како што посочува Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, на овој форум присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавениот, како што посочуваат од МВР, во својство на градоначалник на Општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со претставници на Француската бизнис-конфедерација, на која разговарале за можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, привлекување нови инвестиции и развој на партнерства во области со висок потенцијал за раст. Муцунски, како што објави на социјалните мрежи, на средбата се осврнал на приоритетите на Владата во делот на ...
Прв регистриран лобист, покрај трите лоби-организации и петте застапници на лоби-организации кои претходно биле регистрирани, бил забележан веднаш по завршувањето на тринеделната кампања, спроведена од Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“. Главна цел на кампањата е да се подигне свеста за лобирањето, бидејќи, како што истакна на денешната прес-конференција ...
Реформата на јавната администрација е препознаена како еден од клучните успеси на државата, се наведува во денешното соопштение на Министерството за јавна администрација по однос на изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на синоќешната прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски. - Изјавата на претседателот на Европскиот совет, Кошта, со што се поздравува напредокот на Република Македонија во спроведувањето на ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот - целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс“. Во судницата беа ...
Од денеска до 6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Како што информираат од кинотеката, во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа предложи воведување дополнителни царини од 10 или 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ, со цел, како што велат, да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија. Предлогот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) е дел од најновата истрага за нефер трговски практики, според Член 301, која беше објавена ...