Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски едногласно усвоената Резолуција „Заштита на македонското малцинство во Албанија и заштита на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ“, од страна на Генералното собрание на Европската слободна алијанса го оценува како голем историски ден за Македонците од сите региони, не само во Албанија, додавајќи ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на ...
Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински" го одбележува 60 јубилеј. Во пресрет на фестивалот ТВ 24 разговара со актерот Марко Трајковиќ од Кумановскиот театар „Трајко Прокопиев". Во интервјуто се зборува за неговите први фестивалски настапи, за магијата на играњето пред различна публика, за промените низ кои минува современиот театар и за предизвиците со кои се соочуваат актерите денес... Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински" го ...
Лондон денеска е дипломатската адреса на Украина – Зеленски на маса со Стармер, Макрон и Мерц. Фокус на разговорите во Даунинг стрит е координација на поддршката за Украина и зајакнување на притисокот врз руските воени напори Паралелно од средбата - од Киев нови информации за инцидент во близина на Чернобил. Зеленски на социјалната платформа X објави дека Русија повторно ја гаѓала нуклеарната централа , при што во еден дел избил пожар, кој е ...
Државата не смее повторно да остане во чекалната на Европската Унија, Владата дека нема јасен план за отворање на кластерите во преговорите порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 32 конгрес на партијата каде беше промовирана нова партиска платформа како и програмски определби, со пораки за европска иднина, економски развој и политичка одговорност. Конгресот се одржа под мотото „Твоја држава, твоја шанса“ Во фокусот на партиските ...
По користењето на лажното боледување имаше обврска да се јави на работа на 30 мај, до денес, тој не е појавен на своето работно место вели поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски. Тој прашува дали на овој начин Мицкоски и Лукровски се закон над законите. Повикувајќи се на Законот за работни односи тој побара реакција од Трудовиот инспекторат, оценувајќи дека станува збор за неправилност која, според него, оди на штета на граѓаните на ...
Телевизија 24 упати прашање до судот во однос на жалбата на поранешниот директор на Царина Стефан Богоев за доделениот 30 дневен притвор, од судот одговорија дека по однос на жалбата на осомничениот С.Б., известуваме дека во петокот истата е доставена до Обвинителството и Јавниот обвинител се уште нема дадено мислење. По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до Кривичниот совет на одлучување. ...
Социјалдемократијата не е изборен украс, ниту збор што добро звучи во кампања, туку идеја која постои за да ги заштити послабите, да обезбеди еднакви шанси и да создаде држава во која трудот е поважен од привилегиите, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на партискиот конгрес... Филипче оцени дека конгресот претставува повеќе од формален партиски собир и е потврда дека партијата е подготвена да носи одлуки кои ќе ја обликуваат ...
Повеќе од милион луѓе се собраа денеска на главниот плоштад во Мадрид за да присуствуваат на миса што ја служеше поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти. Денешната миса се совпадна со католичкиот празник Corpus Domini, на кој поворки граѓани, предводени од свештеник кој ја носи Евхаристијата, минуваат низ градовите и местата. Папата дојде во Шпанија вчера, ќе биде во посета една недела со намера да ја истакне ...
Се помасовни се протестите во Албанија против изградбата на луксузен ресорт во „Зврнец" и островот Сазан. Во Тирана синоќа на главниот плоштад се одржа седмиот по ред протест, на кој четири часа учесниците го изразуваа своето противење за проектот, порачувајќи дека „Албанија не е на продажба". Учесниците меѓу кои и културни работници дури и новинари, побараа оставка на владата, укинување на статусот и законската рамка поврзани со стратешките ...
Кина објави дека почнала „специјална поморска операција“ источно од Тајван, дополнително заострувајќи го својот одговор на неодамнешниот договор меѓу Јапонија и Филипините. Тие две земји, имено, планираат да започнат преговори за поморските граници во таа област и подлабоко да ги поврзат своите одбранбени сили, јави Блумберг. Кинеското Министерство за транспорт организираше „специјална операција за спроведување на поморскиот сообраќај“ , јави ...
СДСМ денеска го одржува 32. конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата... Конгресот се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Потоа ќе почне работниот дел, во кој делегатите ќе работат во групи ...
Македонската Дејвис куп репрезентација од среда до сабота ја очекуваат мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот. Според новиот формат на натпреварување по поразот од Кипар на почетокот од годината нашите тенисери имаат нова шанса за пласман во Втората Светска група, а на натпреварувањето во Кишињев, Молдавија ќе настапат осум репрезентации кои ќе бидат поделени во две групи по четири. - Со исклучок на Република Ирска, другите ривали ...
Најмалку 12 лица се повредени во пукање на фестивалот Олд Вест Енд во Толедо, Охајо. Инцидентот се случил синоќа, околу 23 часот по локално време, кога полицијата им помагала на посетителите да се разотидат по завршувањето на настанот. Според полицискиот извештај, десет лица се здобиле со прострелни рани, а уште две се повредени додека бегале од местото на настанот. Возраста на повредените се движи од 16 до 51 година. Двајца од повредените ...
Општина Центар информира дека вечер, со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена во Парк на Франкофонијата ќе се одржи концертот „We Will Rock You“, во рамки на Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година. Станува збор за уникатен музички настан со 120 минути програма и изведба на 29 композиции на најпознатите светски рок класици. Секој хит ќе биде интерпретиран од различен ученички бенд, со свежа енергија, нови гласови и ...
На дел од делегацијата на иранската репрезентација, вклучувајќи ги и членовите на тренерскиот штаб, им беа одбиени американски визи пред Светското првенство, објави АФП, повикувајќи се на иранската амбасада во Турција. На 3 јуни, иранскиот амбасадор во Турција објави дека играчите на репрезентацијата добиле визи. Американскиот амбасадор во Турција денес објави дека играчите и помошниот персонал добиле визи. Сепак, иранската амбасада изјави: ...
Администрацијата на САД ќе се обиде да ги користи иранските средства за земјите од Персискиот Залив за обнова и надомест на штетата предизвикана од Иран во воениот конфликт, изјави извор запознат со тоа прашање, додека Техеран продолжува со напади со дронови по бранот напади врз Кувајт и Бахреин. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, побара од своите помошници да ја проценат штетата што Иран досега им ја предизвикал на американските ...
Грчките власти уапсија 37-годишен Палестинец на Крит, осомничен за врски со палестинската група Хамас и планирање терористички активности, вклучително и можни напади врз израелски цели, јавија грчки медиуми повикувајќи се на безбедносни извори. Апсењето е извршено во заедничка операција на грчката разузнавачка служба EYP и Дирекцијата за борба против специјални насилни кривични дела (DAEEB), по информациите добиени од службите пред десет ...
Мнозинство британски граѓани не сакаат да ги поништат правилата за Брегзит, покажува новото истражување спроведено од организацијата „Britain Unbound“ во соработка со YouGov. Според тоа истражување, околу 60 отсто од испитаниците изјавиле дека не би биле подготвени да се откажат од дел од законодавниот суверенитет заради поблиска економска соработка со ЕУ. Околу 27 отсто од анкетираните изјавиле дека би прифатиле таква размена, додека 14 ...
Граѓаните на Ерменија денеска гласаат на избори за нов состав на парламентот, а гласањето се смета за важен тест за поддршката на премиерот, Никол Пашињан, и неговата политика на зближување со Западот и нормализација на односите со Азербејџан по конфликтот околу Нагорно-Карабах. Според предизборните анкети, владејачката партија на Пашињан „Граѓански договор“ води со поддршка од до 32 проценти од гласачите, додека проруската опозициска партија ...
Британскиот премиер Кир Стармер ќе одржи денеска средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на Даунинг стрит 10 за да разговараат за континуирана поддршка за Украина, јави ДПА. Средбата доаѓа два дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли во петокот понудата на Зеленски за разговори за да се најде излез од војната во Украина. Путин рече дека ...
Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, трети во изминатите 16 месеци, откако парламентарните партии не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател на државата, кој го избираат пратениците во парламентот. Предвремените избори одразуваат долгорочна политичка и институционална криза во која движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти се надева на уште една победа. Нови предвремени избори беа распишани откако ...
Солзи, без револт и траорни сведоштва за животот по кобниот 16 март. Семејставата на загинатите деца во Пулс бесни на обвинетите, адвокатите и институциите од пред судот ги прашаа дали знаат колку чинат празните соби на нивните деца, или пак свадбите кои никогаш нема да се одржат или пак гласовите кои никогаш нема да им ги чујат. Револтот доаѓа откако во судница одбраната реагираше на обилноста на доказите кои според нив не докажувале ништо ...
Солзи, без револт и траорни сведоштва за животот по кобниот 16 март. Семејставата на загинатите деца во Пулс бесни на обвинетите, адвокатите и институциите од пред судот ги прашаа дали знаат колку чинат празните соби на нивните деца, или пак свадбите кои никогаш нема да се одржат или пак гласовите кои никогаш нема да им ги чујат. Револтот доаѓа откако во судница одбраната реагираше на обилноста на доказите кои според нив не докажувале ништо ...
Два документи со исто лого -"Твоја држава, твоја шанса" денеска Венко Филипче ќе промовира пред делегатите на Конгресот на СДСМ, од кои на крајот би требало да произлезе еден документ. ТВ 24 дојде до двата документи кои поминаа на ЦО на СДСМ и за кои денеска делегатите на Конгресот ќе дебатираат поделени во групи, под медијаторство на дел од раководството. Иако стратегијата на Филипче изминатиов период се темели на итни уставни измени и ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 23 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и топло со мала до ...
Претседателот на Франција, британскиот премиер и германскиот канцелар в недела во Лондон ќе се сретнат со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти денеска Елисејската палата. На средбата ќе се разговара за поддршката на Украина и за засилување на притисокот врз руските воени напори, како и за постигнување праведен и траен мир во Украина и на европскиот континент, особено во рамките на коалицијата на волјата. Емануел Макрон, Кир ...
За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај – не забораваме. Ова е пораката која од Кочани, на новиот марш за ангелите, ја упатија родителите на загинатите и повредените деца во дискотеката на смртта „Пулс“. 45-тиот марш се одржа по вчерашното рочиште, каде полицајците кои кобната ноќ беа во „Пулс“ тврдеа дека се обвинети затоа што спасувале деца. Дел од родителите им порачаа дека се највиновни за смртта на 63 млади ...
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, победи на денешните квалификации за шестата етапа од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Монако. Антонели извози најбрз круг со време од 1:12.051 минута. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор (+0.043 секунди), додека возачот на Ферари, Луис Хамилтон, заврши трет (+0.228 секунди). Четвртото место му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер (+0.300). Возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, ...
Речиси 500 случаи на инфекција со вирусот ебола досега се потврдени во Централна Африка, додека расте загриженоста за потенцијалните размери на епидемијата на хеморагична треска, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во дневниот извештај, СЗО евидентираше 452 потврдени случаи, вклучувајќи 82 смртни случаи во Демократска Република Конго, каде што епидемијата беше прогласена пред три недели. Во соседна Уганда се пријавени 19 ...