Техеран останува зацврсто при своите ставови околу нуклеарната програма и регионалните интереси, велејќи дека т.н. „црвени линии“ остануваат непроменети. Меѓу нив се правото на збогатување ураниум, задржување на веќе збогатените количини, како и стратешката улога во контролата на Ормутскиот теснец, заедно со барањето за целосно укинување на меѓународните санкции. Претседателот на парламентарниот Комитет за национална безбедност и надворешна ...

Норвешка официјално се приклучува кон француското проширено нуклеарно одвраќање, објави францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со норвешкиот премиер Јонас Гар Стере во Париз. Макрон го оцени ова како историски чекор кој суштински ќе ја промени европската безбедносна архитектура, потенцирајќи дека Осло е географски и стратешки клучен партнер за одбраната на континентот. Со овој потег, Франција првпат по 65 години го отвора својот ...

Силна бура проследена со силни ветрови и обилни дождови го погоди поголемиот дел од Словенија денеска попладне, предизвикувајќи значителна материјална штета. Според информациите од словенечката новинска агенција СТА, силниот ветер однел покриви од станбени и деловни згради и соборил дрвја низ целата земја. Според Информативниот центар на Управата за заштита и спасување на Република Словенија, најтешка ситуација е забележана во пошироката ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во повеќе делови од државата се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 9 до 18 степени, додека дневната ќе достигне од 23 до 32 степени. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер со ...

Владата го одби предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за организирање на референдум за ЕУ интреграцијата. „Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело“, порачаа од Владата како одговор на барањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање референдум за членство во Европската Унија. Укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ и отворањето на ...

Ми требаше една година да ги убедам европските лидери зошто треба да се случи ставањето на Бугарите во Уставот. Ова прашање го поставив уште во 2021 та година – изјави бугарскиот премиер Румен Радев по средбата со францускиот пресетдател Макрон во Париз. Радев е во посета на Париз и Брисел во предворје на посетата на Антонио Кошта на Македонија. Ми требаше една година да ги убедам европските лидери зошто треба да се случи ставањето на ...

Белата куќа денеска соопшти, дека наводите на иранската државна телевизија за првиот неофицијален рамковен меморандум за разбирање помеѓу Иран и САД за завршување на војната, „не се точни“ и оти се „целосна фабрикација“. Иранската државна телевизија денеска објави дека Техеран добил нацрт на првиот неофицијален рамковен меморандум за разбирање помеѓу Иран и САД за завршување на војната. Во документот, како што јави иранската телевизија, Иран ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно со сончеви ...

Во „Јавна соба“ во Скопје утревечер од 20.30 часот концерт ќе одржи познатиот индонезиски музичар Маншур Ангклунг, за кој влезот за посетители е слободен. Како што соопшти Амбасадата на Индонезија во Софија, Маншур Прадитја, познат како Маншур Ангклунг (1994, Бандунг, Индонезија) е традиционален музичар, уметник и солист, пионер на анклунг, кој ги комбинира звуците на овој традиционален индонезиски инструмент со електронска музика, под ...

Под наслов „Секогаш на врвот“, денеска во Скопје беше промовирана биографска книга посветена на македонската одбојкарска легенда Владимир Богоевски, во авторство на доајенот на спортското новинарство Златко Калински. Делото ја содржи комплетната спортска генеза на Богоевски, од неговите почетоци, богатата кариера, најголемите професионални успеси, неговиот ангажман како спортски работник и спортски директор на Македонскиот Олимписки комитет. ...

Резултатите од годишната анкета „Безбедност 2026“ покажуваат дека мнозинството Швајцарци сакаат интензивирање на соработката со земјите од НАТО и со европските соседи, а исто така е голем бројот на граѓани кои ја преиспитуваат традиционалната швајцарска неутралност. Според анкетата 86 проценти од испитаниците се песимисти за ситуацијата во светот, што е за пет отсто повеќе од минатата година. Дури 83 проценти оцениле дека Швајцарија мора или ...

Презадолжена земја, откако за две години власта го зголеми долгот за преку две милијарди евра. Новиот кредит од 260 милиони евра кој вчера помина во Собрание и денеска предизвика партиски препукувања. Според лидерот на СДСМ Венко Филипче, Владата зема нови заеми без јасно образложение каде ќе завршат парите. Тој ја обвини министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска дека избегнува јавна дебата за новите задолжувања и трошењето на ...

Предметот за надзорот на Коридорите 8 и 10 тапка во место поради непостапување на МВР во предистрагата која трае цели две години – обвинуваат од Левица од каде сомнежот го насочуваат кон фирмата за надзор „Електра Солушнс“, која во јавноста стана позната по тоа што од компанија за производство на долен веш, доби договор вреден околу 8 милиони евра за надзор на стратешки инфраструктурен проект. Левица сега алармира за промена во сопственичката ...

Венко Филипче бара од Мицкоски како премиер да распише референдум на кој граѓаните би се изјасниле за евроинтегративните процеси наместо како што вели да ги држи во заложништво и да одлучува во нивно име . На само неколку дена пред најавената посета на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Скопје Филипче го прашува Мицкоски што ќе му каже на високиот европски претставник , и дали и нему ќе му ги изнесе цврстите ставови на ...

Македонија и натаму старее. Негативниот прираст во првото тромосечје од годинава е забележано во 66 општини - покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика ДЗС: Во првите три месеци од годинава се родени 3.380 деца, што претставува пад од 4,1 проценти во споредба со истиот период минатата година. Истовремено, бројот на починати лица изнесува 5.342, односно е намален за еден процент во однос на првиот квартал лани. Меѓу ...

Случајот во Кисела Вода со смртен исход и четворица повредени како и во Општина Центар се два контрасти за она што ни се случува во реалноста, вели деканот на Градежниот Факултет. Појаснува дека е дадено и прифатено од општина Центар и од инвеститорот градежната јама да се врати во првобитната состојба. Проблем според деканот е и тоа што во законската регулатива не постои задолжение за проект за заштита на градежни јами и токму од тука ...

На штотуку асфалтирана улица во Охрид, пропадна камион. Се работи за сообраќаен инцидент кој се случил на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид. Асфалтирањето на улицата со површина од 4 800 м2, заврши минатиот месец а вкупната цена на проектот изнесувала повеќе од 130 илјади евра. „По повеќе од 6 месеци хаотични и неспособно водени работи на улицата „Аџи Мустафа“, денес камион пропадна среде патот. Наместо безбедна и функционална улица, граѓаните ...

Министерството за здравство се уште не го доставило извештајот со неправилностите во кардихируршките операции утврдени од домашни и странски експерти до обвинителството. И по речиси две недели откако министерот Алиу јавно го презентираше и најави дека ќе биде предаден за понатамошно постапување, ниту обвинителството ниту антикорупциската комисија го немаат добиено. Од министерството за здравство велат дека се уште се комплетира ...

МВР се уште не ги доставиле видеоснимките од надзорните камери од претседателскиот кабинет клучни во истрагата за шпионската афера во Вила Водно, потврдија од ОЈО ГОКК за Телевизија 24. Повторуваат дека истрагата ја отвориле кон крајот на минатата година поради анонимна кривична пријава потпишана од „група вработени во МВР“, во која се тврди дека постојат сомнежи за копирање, користење и праќање на податоци од претседателскиот кабинет кај ...

Oколу 40% од пациентите со дијабетес не се во можност да извршат регуларни и навремени прегледи за состојбата. Сојузот на дијабетичари реагира со итно барање до Министерството за здравство и Фондот - да се зголемат термините и да се подобри достапноста до специјалистички прегледи. Предупредуваат дека во голем број општини во државата постои дефицит на доктори специјалисти – поради што голем број пациенти се принудени да патуваат во други ...

Според Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, Македонија е добро рангирана. Овој индекс обезбедува компаративен преглед на состојбите и капацитетите за иновации и конкурентност во регионот. Се анализирале Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Македонија. Центарот за истражување и креирање политики, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер истакна дека скопскиот регион е најдобро рангиран од сите останати македонски ...

Нема поместување во позицијата на македонија кон уставните измени. И покрај поддршката од официјален Загреб, во ЕУ доволно е една членка да го блокира процесот на преговори за да има застој – вели Александар Кржаловски директор на МЦМС, анализирајќи ги пораките од Охрид што ги испратија премиерите на Хрватска и на Македонија, Пленковиќ и Мицкоски. Нема поместување во позицијата на македонија кон уставните измени. И покрај поддршката од ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни ...

Италијанското Министерство за здравство издаде највисоко ниво на предупредување за жештини за четири големи градови, додека бран од топло време ја зафаќа земјата, со температури кои на многу места надминуваат 30 Целзиусови степени. Највисокиот степен на предупредување е прогласен за четврток за Рим, Фиренца, Болоња и Торино, што значи дека дури и здравите луѓе би можеле да се соочат со негативни физички последици од невообичаено раната ...

Иранската државна телевизија соопшти дека Техеран добил нацрт на првична, неофицијална рамка за меморандум за разбирање со САД за прекин на конфликтот меѓу двете земји. Согласно рамката, Иран во рок од еден месец ќе ја обнови комерцијалната пловидба низ Ормуската Теснина до нивото од пред војната, додека САД ќе ги повлечат своите воени сили од регионот околу Иран и ќе ја укинат поморската блокада. Државната телевизија јави дека рамката, која ...

Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на најавите за укинување на роамингот на ЕУ со Западен Балкан, вели дека тоа не зависи од нас, туку од ЕУ, а оптимистичко сценарио тоа да се случи би можело да биде 1 јануари 2027 година. - Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани. Тоа сепак зависи од Европската Унија, рокот не зависи од нас, но би значело оптимистичко ...

Запленивме половина милион евра кеш, 25 илјади парчиња лекови и медицински инструменти, во тек е истрага за заплена на 80 килограми марихуана по информација на царинското разузнавање, а веќе неколку месеци во тек е и опсежна истрага за акцизна стока која досега било незамисливо некој воопшто да работи на ова, рече директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, во гостувањето на Топ тема на Телма телевизија, информира прес-службата на ...

Mинистерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска потпишаа Меморандум за соработка за развој на културата, туризмот и културно-туристичката понуда во главниот град. Градоначалникот Ѓорѓиевски на Фејсбук објави дека овој документ е важен чекор кон посилно позиционирање на Скопје како отворен, гостопримлив, културно жив и автентичен европски град. Со соработката се предвидува поголема видливост на ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) започнува консултативен процес за предлог националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, со акциски план за нејзино спроведување. Националната стратегија 2026-2030, како што информираа денеска од ДКСК, претставува клучен стратешки документ за превенција на корупцијата и зајакнување на институционалниот интегритет, подготвен преку широк консултативен ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15