Од потешкото дело - проневера во службата, во полесното - злоупотреба на службената положба. Скопското јавно обвинителство вчера го смени правниот курс во истрагата за „Државна лотарија“ и поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и уште седуммина. Додека поранешниот вицепремиер беше во бегство, Обвинителството го гонеше за проневера во службата, но по завршувањето на истрагата сите осуммина ги обвини за злоупотреба на службената положба ...
Артан Груби на 24 август ќе седне на обвинителна клупа, но се соочува со значително поблага казна.. Осомничен беше за проневера, а доби обвинение за злоупотреба на службената положба. Додека обвинителството ја водеше истрагата, според законот за кривична постапка, му се закануваше затвор од четири до максимални 20 години. Со обвинението кое вчера го доби Груби, за злоупотреба на службената положба, највисоката казна која може да јаодреди ...
Истрагата доведе до докази за друго дело, велат од ОЈО Скопје Обвинетието е поднесено вчeра, а судењето за случајот „Државна лотарија“ почнува за десет дена Истрага за кривичното дело „Проневера во службата“, а од вчера обвинение по друга одредба од Кривичниот законик (КЗ) – „Злоупотреба на службената положба и овластување“. Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, еден од осумтемина обвинети во случајот „Државна лотарија“, се гони по член од ...
Поранешниот вицепремиер Артан Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од Обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка. – Истрагата доведе до докази за друго дело. Јавниот обвинител не е обврзан со правната квалификација на ...
Соопштение на Левица: ДПМНЕ со години го претвораше Артан Груби во рекламно лице на сопствената борба против криминалот. Прес-конференции, милионски афери, крупни риби, спектакуларни ветувања за одговорност и триумфални соопштенија дека правда ќе има. Во февруари отидоа дотаму што прогласија дека судскиот процес веќе почнува, иако обвинение тогаш немаше. После такво чукање во гради, резултатот што го произведоа институциите е толку ...

