Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Владата планира самостојно да ги реализира долгонајавуваните хидроенергетски проекти „Чебрен“ и „Галиште“, со вкупна инвестиција од околу 1,5 милијарди евра. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека во тек е изработка на физибилити студија, по неуспешните обиди во изминатите три децении, кога пропаднаа дури 14 тендерски постапки за изградба на двата енергетски капацитети. Според најавите, проектите треба значително да го ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот С.Б. и ја прифати понудената гаранција, со што му е укината мерката притвор што претходно му беше определена. Од Судот информираат дека Советот постапувал по жалба против решението на судија на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое, по предлог на надлежен јавен обвинител, на осомничениот му бил определен притвор во траење од 30 дена. Прифатената ...
Конгресот на СДСМ беше претставен како нов почеток, со големи зборови, со нова енергија и ребрендирана политичка понуда под слоганот „Твоја држава, твоја шанса“. Но, реалната перцепција што го отсликува конгресот е поинаква – празни флоскули, политичко дежа ву и уште еден популистички обид старите политики да се претстават како нова иднина, велат од ЗНАМ. Според партијата, таканаречените „6 столба“ претставени во рамки на новата платформа, ...
Дел од жителите на општина Центар денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја од 8:30 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ѓорѓи Скрижевски“. Од надлежните служби апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности до повторното воспоставување на електричната енергија. Поврзани вести: ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не започнува нов воен конфликт со Иран, посочувајќи дека таков потег би можел да ја доведе во прашање американската поддршка за Израел. Во интервју за американски медиум, Трамп открил дека лично му упатил порака на Нетанјаху да биде внимателен во носењето одлуки кои би можеле дополнително да ја дестабилизираат ситуацијата на Блискиот ...
Американски воен хеликоптер „Апачи“ се урнал во близина на Ормутскиот теснец, а двајцата членови на екипажот биле спасени. Причината за падот сè уште не е позната и истрагата е во тек, објави „Њујорк тајмс“. Според изворите, не е јасно дали хеликоптерот бил погоден од ирански оган, претрпел механички дефект или имал друг проблем. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп јавно не објави информации за инцидентот, а Централната ...
Најмалку 14 лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во серија израелски воздушни напади врз јужен Либан. Според либанското Министерство за здравство, меѓу жртвите има жена и дете, а нападнати биле повеќе од 15 локации. И покрај неодамнешниот прекин на нападите меѓу Израел и Иран, Техеран предупреди дека повторно ќе реагира доколку Израел продолжи со воените операции во Либан. Од почетокот на новата војна меѓу Израел и Хезболах во март ...
Четири лица загинаа, а околу 15 се повредени во руските воздушни напади врз Харковската област во источна Украина. Нападите се случуваат по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Лондон, каде со лидерите на Велика Британија, Франција и Германија разговараше за понатамошната поддршка за Украина. Според податоците на Обединетите нации, од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година загинале најмалку 15.850 цивили, а ...
Франција и Германија се откажаа од заедничкиот проект за развој на европски борбен авион од новата генерација, вреден околу 100 милијарди евра. Според извори од Берлин, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц заклучиле дека компаниите вклучени во проектот не можат да постигнат договор за неговата иднина. Проектот беше започнат во 2017 година со цел до 2040 година да ги замени француските авиони „Рафал“ и ...
Од полноќ на сила стапија новите цени на горивата, при што бензините поевтинуваат, а дизелот бележи зголемување на цената. Според последната одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 е намалена за два денари и сега изнесува 86 денари за литар. За ист износ поевтинува и ЕУРОСУПЕР БС-98, кој од денеска се продава по цена од 88 денари за литар. Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 1,50 денари по литар, па новата цена изнесува 87 денари. ...
Општина Кратово реагираше по информациите во јавноста дека на локалитетот „Камени кукли“ кај селото Куклица незаконски се наплаќа влез од посетителите, посочувајќи дека со години е спречена да управува со ова природно богатство. Од Општината соопштија дека локалитетот, кој е прогласен за споменик на природата, подолг период е под бесправна контрола на Здружението „Извор“ од Кратово, предводено од Милош Димитровски и Стојна Димитровска Боотх. ...
До четврток времето во Македонија ќе се задржи претежно топло и летно, со дневни температури кои на повеќе места ќе достигнуваат од 26 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје максималната температура ќе се искачува до околу 32 степени. Во утринските и претпладневните часови ќе преовладува сончево и стабилно време со мала до умерена облачност. Сепак, во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност, која локално ќе донесе пороен ...
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, утре во Софија ќе оствари средба со бугарската потпретседателка Илијана Јотова, во рамки на посетата поврзана со Самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Средбата ја потврди самата Сиљановска-Давкова, посочувајќи дека очекува разговорите да бидат насочени кон сите отворени и важни прашања меѓу двете земји. Таа оцени дека средбата претставува продолжение на претходниот ...
Репрезентацијата на Македонија до 20 години претрпе пораз од 2:0 од селекцијата на Соединетите Американски Држави до 20 години во контролен натпревар одигран во Бугарија. Избраниците на селекторот Александар Таневски одиграа солиден и корисен тест против квалитетен противник, кој послужи како добра проверка на формата и дополнително уигрување на екипата во овој подготвителен период. Македонската селекција во најголем дел од натпреварот ...
Силен земјотрес со магнитуда од околу 6 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба во понеделник, соопштија меѓународните сеизмолошки служби. Според податоците на Германскиот геофизички истражувачки центар, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Во меѓувреме, Геолошкиот институт на САД ја процени јачината на потресот на 6,1 степен, при што епицентарот бил лоциран на околу 104 километри западно-северозападно од ...
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин на Меѓународниот аеродром Скопје денеска во 11:30 часот го лишиле од слобода 26-годишниот Р.З. од Тетово, осомничен за разбојништво. Според информациите од полицијата, тој се сомничи дека во текот на ноќта извршил разбојништво во спортска обложувалница во Тетово. Случајот бил пријавен во 02:00 часот во СВР Тетово од 38-годишен вработен во објектот, кој навел дека непознато лице со ...
Работната група за реформи во изборното законодавство ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од институциите, политичките партии, граѓанските организации и другите релевантни чинители. Од Министерството за правда информираат дека процесот на подготовка на измените на Изборниот законик продолжува со активно учество на сите засегнати страни, со цел унапредување на изборниот ...
По повеќе од 30 години, Македонија повторно ќе добие средно полициско училиште. Владата донесе одлука за формирање на Средно училиште при Министерството за внатрешни работи, кое ќе започне со работа од учебната 2026/2027 година. Новата образовна институција ќе биде наменета за подготовка и стручно оспособување на идни полициски службеници, преку наставни програми усогласени со современите стандарди и потребите на безбедносниот сектор. Од ...
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера попладне околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во близина на селото Нова Брезница. Според информациите, 36-годишниот В.М. од Скопје, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле ...
Палестинското здружение на затвореници соопшти дека Израел во последниот период нагло го зголемил бројот на апсења на палестински жени на окупираниот Западен Брег. Според нивните податоци, вкупно 95 жени се наоѓаат во израелски затвори. Во денешното соопштение, пренесено од „Ал Џезира“, се наведува дека израелските сили уапсиле уште три жени од различни локации – Хобар, северозападно од Рамала, градот Џенин и бегалскиот камп Аин во Наблус. ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 08.06.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.690,34 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 6,53 поени, односно за 0,07%. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите ...
Ден по убедливата победа на изборите за претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги најави првите потези на неговиот нов мандат. Иако дел од фокусот е насочен кон тренерските и играчките планови, вклучително и засилувања и новиот стручен штаб, главната порака од Перез се однесува на најголемиот клупски ривал – Барселона. Според најавите, Реал Мадрид подготвува обемно досие од околу 500 страници кое ќе биде доставено до Европската ...
Жителите на населбата „Стрелиште“ во Битола по повеќе од две децении ќе добијат нови и современи спортски терени, откако Општина Битола започнува реализација на значаен инфраструктурен проект за реконструкција и модернизација на постојните игралишта. Во рамките на проектот ќе е изградено ракометно игралиште со димензии 40 на 20 метри, како и кошаркарско игралиште со димензии 30 на 15 метри. Предвидена е и мини атлетска патека во рамките на ...
Владата подготвува потрошувачко портфолио кое треба да биде усогласено со „ЕВН Хоум“ и државната компанија ЕСМ, со цел да се обезбеди пониска цена на електричната енергија за граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека заеднички состанок со компаниите ќе се одржи оваа или следната недела. Според него, подготовките се во завршна фаза за на крајот на годината да биде распишан соодветен оглас, а веќе од следната година граѓаните би ...
Судијката Снежана Марковска, која му изрече 12 години затворска казна на Васил Јованов за смртта на Фросина Кулакова, донесе ослободителна пресуда за неговиот татко, Зоран Јованов. Според образложението на Судот, дејствијата што му се ставаа на товар на обвинетиот не ги исполнуваат законските елементи на кривичното дело загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 298 од Кривичниот законик. Судот оценил дека кривичната одговорност не ...
Делницата од Извор до Врбјани на автопатот Кичево–Охрид се очекува да биде пуштена во сообраќај на Денот на независноста – 8 Септември, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите. Според владините проекции, целиот автопат Кичево–Охрид треба да биде целосно завршен и ставен во употреба во првиот квартал од 2027 година. За довршување на проектот се обезбедени 175 милиони евра преку заем од домашни банки. Мицкоски истакна дека ...
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој се онесвести за време на пријателскиот натпревар против Украина, се чувствува добро и наскоро ќе ја напушти болницата, соопшти лекарот на данската репрезентација, Мортен Боесен. „Разговарав со Кристијан утрово и тој е добро. Со своето семејство е и е во добро расположение. Се очекува наскоро да биде отпуштен и да се врати дома. Се грижиме за играчите и стручниот штаб и сме во постојан контакт со нив“, ...
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, изјави дека „на разнишаниот ционистички режим му остануваат само неколку дена“, во услови на зголемени тензии меѓу Иран и Израел. Неговата изјава доаѓа по најновата размена на напади меѓу двете земји. Иран лансираше повеќе ракетни напади кон северниот дел на Израел, како одговор на израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут. Во меѓувреме, израелската армија изврши напади врз ...
Почина политичкиот аналитичар и поранешен дипломат Арсим Зеколи. Веста за неговата смрт ја соопшти неговото семејство преку објава на социјалните мрежи. Зеколи почина утрово, на 8 јуни 2026 година, на 60-годишна возраст. „Со длабока болка и голема тага ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966–2026)“, стои во семејното соопштение. Семејството ...
Володимир Зеленски побара дополнително ракетно вооружување за системите за противвоздушна одбрана на Украина за време на средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Лондон. Како што објави Зеленски на платформата Икс, двајцата лидери разговарале и за заштитата на украинската енергетска инфраструктура, како и за подготовките на земјата за претстојната зима. На состанокот во Даунинг стрит присуствуваа и францускиот претседател Емануел Макрон ...