Цената на златото денеска забележа благ раст на азиските берзи, враќајќи дел од загубите по вчерашниот пад од речиси два проценти. Спот цената на благородниот метал се искачи на околу 4.342 долари за унца, поддржана од намалувањето на приносите на американските државни обврзници. Во фокусот на инвеститорите сега е записникот од јулскиот состанок на Федералните резерви на САД, на кој каматната стапка остана непроменета во опсег од 3,50 до 3,75 ...

Повеќе од 20.000 луѓе во текот на понеделникот ја преминале границата меѓу Русија и Грузија, при што на граничниот премин Верхни Ларс се формирале километарски колони, јавуваат локалните медиуми. Причина за зголемениот метеж се гласините за можна мобилизација по парламентарните избори во Русија, закажани за септември. Според Руската Федерална царинска служба, на преминот Верхни Ларс е регистриран рекорден број патници. На 15 и 16 август ...

Поголемиот број возила што денеска се појавија на Граничниот премин Табановце е резултат на почетокот на примената на новиот механизам за постапување со странски возила за кои системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од денеска, при излез од државата преку Табановце, се постапува со возачи на возила со странски регистарски таблички кај кои системот претходно регистрирал сообраќаен ...

Македонија и Косово продолжуваат со активности за продлабочување на инфраструктурната и економската соработка, со посебен акцент на реализацијата на неколку капитални проекти што треба значително да ја подобрат поврзаноста меѓу двете земји. За ова денеска разговараа заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и министерот за инфраструктура и транспорт на Косово, Димал Баша. На средбата, на која ...

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска, од кои 36 се потврдени, а два се веројатни. Сите случаи се во скопскиот регион, а само еден е од Велес. Досега се регистрирани четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфективни болети во ...

Нов бран поскапувања на храната се очекува во следниот период, а најголем удар може да почувствуваат граѓаните кај основните производи што секојдневно ги купуваат – лебот, тестенините, овошјето, зеленчукот и млечните производи. Според најновата анализа на „Оксфорд економикс“, глобалните цени на храната се очекува да пораснат за 11,8 отсто во текот на годинава, а трендот на раст да продолжи и во 2027 година, кога се прогнозира дополнително ...

Почна првиот уписен рок на студенти во прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип за академската 2026/2027 година. Уписот трае до 21 август, а кандидатите имаат можност да изберат една од 47 акредитирани студиски програми на 12 факултети и три академии. За новата академска година на УГД се предвидени вкупно 3.341 слободно место. Од нив, 1.629 се наменети за редовни студенти, додека останатите места се за вонредни студенти и ...

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против вработен во банка во Гевгелија, кој од сметки на двајца корисници присвоил околу 5 милиони денари и над 63 илјади евра – соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицијата 52-годишниот гевгеличанец е осомничен за кривично дело „проневера во службата“ и во периодот од 07.11.2025 до 03.03.2026 како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 ...

Двајца турски државјани заработија кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. -Пријавените турски државјани, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно им ја пресметале вредноста на златото како стопена ...

Летниот период МОН и општините го искористија за реконструирање на основните училишта, со крајна цел воведување на едносменска настава, која е зацртана во програмата на оваа влада, соопшти министерката за образование Весна Јаневска при посетата на училиштето „Александар Македонски“ во Општина Аеродром -МОН во моментов врши адаптација, доградба и реновирање во 6 училишта, а сме подготвени да го спроведеме проектот уште во 15 други училишта. ...

Чешка го поддржува членството на Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно за земјава што поскоро да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. На пленарната средба во Вила „Охрид“ Мацинка нагласи дека членството на Македонија во ...

Од утре до 30 август, на повеќе локации низ Општина Карпош ќе се одржи годинашното издание на „Карпошово културно лето“, со десет фестивалски дена исполнети со музика, филм, изложби, детска програма, фолклор и современи културни содржини. Годинава, како што информираат од Општина Карпош, културните настани ќе се одржуваат на повеќе локации – од плоштадот „Делфина“ во Влае и платото на „Млечен“, преку Карпош 3 и Бардовци, до Кинотека, дворот ...

СДСМ обвини дека пациентите со малигни заболувања повторно се соочуваат со чекање и дополнителни трошоци поради нефункционирањето на единствениот државен ПЕТ-систем за дијагностика. Од опозициската партија велат дека објаснувањето на министерот за здравство Сашо Клековски, дека проблемот не е во самиот апарат туку во циклотронот кој обезбедува суровини за работа, не е оправдување, туку показател за, како што оценуваат, лошо планирање и ...

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека СДСМ се обидува да ја избегне политичката одговорност за состојбата во Гостивар, иако, според нив, партијата заедно со градоначалникот Арбен Таравари и Лимани ја дели локалната власт и одговорноста за состојбите во општината. На денешната прес-конференција, пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека СДСМ во изминатиот период не побарала одговорност од локалната власт, ниту ја ...

Општина Центар ја пушти во употреба својата официјална мобилна апликација, преку која граѓаните на едно место ќе имаат пристап до најважните информации и електронски услуги. Апликацијата веќе е достапна за корисниците на iOS, а во следните неколку дена треба да биде достапна и за Android. Преку неа може да се пристапи до ГИС Порталот, е-Урбанизам, е-Дозволи, „Мој Буџет“, општинските документи и други услуги, како и да се пријави проблем или ...

Вкупно 115 ученици од скопските средни училишта утрово заминаа за Охрид, каде ќе учествуваат на бесплатен наставно-научен едукативен камп организиран од Град Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира дека учениците ќе учествуваат во научно-истражувачки работилници, предавања, тимски проекти, културни и креативни активности, како и спорт и рекреација. Дел од програмата е посветен и на развивање лидерски, комуникациски и презентациски ...

Обединетите Арапски Емирати ги суспендираа сите трговски, комерцијални и финансиски трансакции со Иран. Властите во Абу Даби соопштија дека одлуката е донесена поради регионалната ескалација која, според нив, ги загрозува регионалниот и меѓународниот мир и безбедност. Иран, пак, ги отфрли како неосновани обвинувањата на ОАЕ дека Техеран стои зад неодамнешниот ракетен напад врз Емиратите. Односите дополнително се влошуваат во услови на ...

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во планинските предели се очекува зголемување на облачноста, при што локално ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени Целзиусови, додека дневните ќе достигнат од 30 до 38 степени. Во Скопје ќе биде ...

Рускиот дипломат Родион Мирошник го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се потсмева на чувствата на милиони Украинци и на сеќавањето на сопствениот дедо кој се борел против нацистите. Реакцијата следува по одлуката останките на Евгениј Коновалец, еден од историските лидери на Организацијата на украинските националисти, да бидат повторно погребани во Украина. Мирошник тврди дека Зеленски создава, како што рече, „пантеон“ на ...

Најмалку девет лица загинаа, а шестмина се повредени во голем пожар што рано утрово избувна во хотел во центарот на Калкута, главниот град на индиската сојузна држава Западен Бенгал. Огнот избувнал околу 1 часот и 45 минути, а на местото интервенирале пет противпожарни возила и полициски екипи. Густиот чад за кратко време ја исполнил целата зграда, поради што пожарникарите тешко стигнувале до луѓето кои останале заробени на повисоките катови. ...

Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни. Според информациите на Центарот за управување со кризи до 7:30 часот утрово, еден пожар е ставен под контрола, а 33 се целосно изгаснати. Активни жаришта има на подрачјето на општините Студеничани, Македонски Брод и Прилеп. Во Студеничани огнот се шири на потегот од селото Моране кон Вртекица и Рамни Габер, каде што е ...

Контролата врз Ормускиот теснец станува едно од клучните прашања во конфликтот со Иран, а најновите податоци покажуваат дека Техеран губи дел од влијанието врз овој стратешки поморски пат. Според компанијата „Кплер“, повеќе од 80 проценти од бродовите во последните две недели минувале по оманската рута, спротивно на барањата на Иран и со ветена заштита од американската морнарица. Американските власти тврдат дека транспортот на нафта преку ...

Македонската православна црква и православните верници денес го одбележуваат големиот христијански празник Преображение Господово, посветен на Христовото Преображение на Таворската гора. Според народната традиција, на овој ден за првпат се јаде грозје, откако претходно ќе биде благословено од свештеник. Во многу краеви на Македонија, домаќинките подготвуваат и наутлија – обреден леб замесен со маја од наут, кој се смета за симбол на здравје, ...

Барселона го реализираше најголемиот трансфер ова лето, откако официјално го ангажираше шпанскиот репрезентативец Родри од Манчестер Сити. Каталонскиот клуб за неговиот потпис ќе плати 60 милиони евра, а договорот предвидува и дополнителни 16,5 милиони евра преку бонуси. Триесетгодишниот играч за врска потпиша четиригодишен договор, според кој ќе заработува 15 милиони евра по сезона. Во Барселона ќе настапува со својот омилен број 16. Родри ...

Пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, денеска повторно се активираше, а огнената линија се протега на околу 20 километри. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека пожарот се проширил од течението на Црна Река до врвот Маргаро. На терен интервенираат прилепските пожарникари, тимови на ДЗС составени од доброволци од Битола, како и доброволци од Кочани и ...

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека денеска системите за воздушна одбрана откриле ракетна закана, што е прв ваков случај од мај годинава. Од Министерството наведоа дека експлозиите што се слушнале се резултат на дејствувањето на системите за воздушна одбрана, кои реагирале на заканата. Во Дубаи се огласија сирени за воздушен напад, а Министерството за внатрешни работи ги повика граѓаните веднаш да побараат ...

Работник се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите, несреќата се случила на 17 август околу 17:50 часот, кога патничко возило „Опел Корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.С. од селото Слатино, излетало од коловозот и удрило во 67-годишниот И.Љ. од Тетово. Во моментот на ...

Голем пожар се закани на манастирскиот комплекс во тетовското село Туденце, а во недостиг од доволен број противпожарни екипи, во неговото гаснење се вклучија доброволци од Скопје, Гостивар и Тетово. Според Дирекцијата за заштита и спасување, нивната интервенција била клучна за пожарот да не се прошири до самиот манастирски комплекс. Критична состојба имаше и во мариовското село Чаниште, каде огнената стихија зафати повеќе од 20 куќи и ...

Уште еден пациент со лабораториски потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска почина на Универзитетската клиника за инфективни болести, со што бројот на жртви од оваа болест во Македонија се искачи на четири. Директорот на Клиниката, Фадил Цана, информираше дека станува збор за 76-годишен пациент кој бил хоспитализиран 27 дена. И покрај лекувањето, поради тешката невроинвазивна форма на болеста и сериозните придружни заболувања, ...

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје минатата недела собрале и транспортирале 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот. Во истиот период биле отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад е расчистено во Општина Чаир, каде што екипите подигнале 130 кубни метри отпад од диви депонии. ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Платина

49319.25