Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.236,21 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 18,82 поени, односно за 0,20%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...

Шестгодишно дете се здоби со тешки повреди во несреќа што вчераутро се случила на улицата „Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово. Како што информираат од СВР Тетово, во 09:50 часот од Ургентниот центар во Тетово било пријавено дека кај нив е донесено малолетно дете со сериозни повреди. Поради тешката здравствена состојба, детето било итно пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По извршените проверки, полицијата утврдила дека ...

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека започнало целосното уредување на пешачката зона, на потегот од Лисиче до Влае. -Кејот е едно од најпосетените и најомилените места на скопјани. Тука се спортува, се рекреира, се создаваат пријателства и се минуваат драгоцени семејни моменти. Затоа, неговото уредување не е само обврска, туку наша одговорност кон секој граѓанин – соопшти Ѓорѓиевски. Тој додаде дека се заменуваат уништените ...

Цените на нафтата на светските пазари забележаа пад по двонеделниот раст, бидејќи трговците реализираа дел од профитите и го насочија вниманието кон најавените нови американски санкции врз Иран. Цената на суровата нафта „Брент“ во Лондон се спушти на околу 93,20 долари за барел, што претставува намалување од 1,19 долари во однос на претходното затворање. На американскиот пазар, цената на нафтата падна за 1,47 долари и изнесуваше 85,59 долари ...

Регулаторната комисија за енергетика со денешната одлуки изврши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, и новите цени по литар се 93 односно 95 денари. Цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 ден/лит и од полноќ литар ќе се продава за 101,50 денари.. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека СДСМ нема да биде алиби за Мицкоски за предвремени избори, посочувајќи дека премиерот има двотретинско мнозинство и може сам да донесе одлука за распишување избори. – Ние за избори сме спремни. Утре да се случуваат, за утре сме спремни за изборите, и со тимот и со програмата, со мастер-планот за Македонија и договорот со граѓаните којшто ќе го презентирам во текот на септември“, рече Филипче ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска седна во обвинителна клупа, но по барање на одбраната се одложи главната расправа во судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој покрај Груби се обвинети осум лица. Обвинетиот поранешен директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, сè уште е во бегство и за него Обвинителството бара да му биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 дена. Според обвинителниот предлог ...

Четириесет и двегодишен маж од битолското село Новаци загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Меџитлија – Старавина. Според полицијата, тој управувал мопед со битолски регистарски ознаки кога изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди мажот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Екипа на СВР Битола извршила увид на местото на несреќата. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ...

Двата македонски аеродроми од јануари до јули опслужиле 2.414.892 патници, што е за 535.697 повеќе во споредба со истиот период минатата година, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Во овој период биле реализирани 16.280 летови, односно 1.295 повеќе од 2025 година. Според партијата, рекордни резултати се забележани во јули, кога скопскиот аеродром опслужил 408.925 патници, што е раст од 29,5 проценти, а охридскиот 52.544 патници, или раст од 41,2 проценти. ...

Откако минатата недела градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски најави уривање на дивоградба, односно узурпација на јавен простор во Скопје Север, сопственикот во текот на викендот самиот ја вратил локацијата во првобитна состојба. Општинските инспектори утрово излегле на терен и констатирале дека узурпацијата е отстранета и дека државниот имот не е оштетен. Костовски порача дека не е важно дали надвладеал разумот или стравот од соочување ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“. Во периодот од 17 до 21 август биле земени по 206 примероци за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа. Примероците биле земени од вкупно 47 мерни места на територијата на главниот град. Од претпријатието информираат дека сите анализирани примероци ги исполнуваат пропишаните барања за ...

Копретседателката на Алтернатива за Германија, Алис Вајдел, изјави дека доколку АфД влезе во сојузната влада ќе бара Германија да излезе од еврозоната и од Шенгенскиот простор. Таа најави затворање на националните граници, построга миграциска политика, повеќе депортации и намалување на бројот на доделени државјанства. Вајдел оцени дека на Германија ѝ било подобро пред воведувањето на еврото и тврди дека заедничката европска валута ја ...

Силно невреме со обилни врнежи и силен ветер ја погоди Полска, а пожарникарите од полноќ интервенирале повеќе од 4.000 пати низ земјата. Најчесто се отстранувале паднати дрвја, се обезбедувале оштетени покриви и се испумпувала вода од поплавени улици, објекти и подруми. Околу 19.400 домаќинства останале без електрична енергија, а поради опасните временски услови превентивно биле евакуирани и 12 извиднички кампови. Поради силниот ветер ...

Кинотеката на Македонија во септември подготвува разновидна програма со македонски и балкански филмови, светски класици, неми филмови и посебни програмски целини. Месецот започнува со „Сведок“ на Митко Панов, драма која ги отвора темите за воените злосторства, вината, правдата и политичката меморија. На програмата се и американски класици со Хамфри Богарт, Френк Синатра и Џон Вејн. Посебен дел од септемвриската понуда ќе бидат „Деновите на ...

Необичен грабеж се случил во белградска населба, каде што засега непознат крадец провалил во приватна куќа и однел сеф со околу 400.000 евра во готово и голема количина златен накит. Сопственикот на 21 август се вратил во домот, ја затекнал вратата провалена и веднаш ја известил полицијата. Според првичните информации, се претпоставува дека грабежот бил добро испланиран и дека крадецот знаел дека сопственикот неколку дена нема да биде дома, ...

Во голем напад со беспилотни летала во текот на ноќта биле погодени повеќе локации во Русија, меѓу кои и логистички центри на интернет продавачот „Озон“. Во Краснодар, по пад на остатоци од дрон врз приватен центар за деца, загинале две деца, а повредени се уште девет лица, меѓу кои седум деца, соопшти гувернерот Венијамин Кондратјев. Остатоци од беспилотните летала паднале и врз станбени згради и објекти во изградба, а на повеќе места ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Канада дека сака да ги ужива придобивките како да е сојузна држава на САД, без формално да биде дел од земјата, во своите први јавни коментари откако пропаднаа преговорите за царините меѓу Вашингтон и Отава. „Тие, исто така, им наплаќаа на нашите одлични земјоделци, со години, огромни царини. Нема повеќе“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Неговата изјава следува по одлуката на САД да воведат ...

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови на повеќе места се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови и за невреме проследено со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во одделни делови од ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да започне судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште седум лица. Предметот ќе го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. Доколку рочиштето не биде одложено, постапката ќе започне со воведните зборови на јавниот обвинител, кој ќе ги образложи обвиненијата. Потоа обвинетите ќе се изјаснат дали се чувствуваат ...

По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен, пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Проданоски упати благодарност до сите институции, пожарникари, војници, полицајци, доброволци, мештани и граѓани кои во изминатите денови беа директно вклучени во справувањето со огнената стихија. „Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани ...

Случајот со млечните производи што деновиве е во фокусот на јавноста во Косово има допирна точка и со македонскиот пазар. Два од брендовите што се појавуваат во официјалните наоди на косовските институции, Land и My Cow, биле присутни во продажната и дистрибутивната понуда во Македонија. На веб-страницата на Kipper е наведено млеко Land со 3,2 проценти млечна маст во пакување од еден литар, заедно со повеќе други производи од истиот бренд. ...

Голем шумски пожар попладнево избувна во борова шума во атарот на селото Црник, Општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Огнената стихија зафатила голема површина, а во гаснењето се вклучиле пожарникари, вработени во шумските претпријатија и доброволци. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, информира дека во моментот кога била добиена пријавата за пожарот кај Црник, дел од расположливите сили од Пехчево и Берово веќе ...

Еурофарм Пелистер со победа го започна настапот во Регионалната ракометна лига, откако пред својата публика во Битола го совлада српскиот шампион Партизан со 35:31. Битолчани уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо, а капитенот Филип Кузмановски беше незапирлив во нападот. Домашниот тим постепено ја градеше предноста и на полувреме замина со убедливи 20:13. Во вториот дел Еурофарм Пелистер во неколку наврати имаше и осум голови ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека пожарот во реонот на делчевското село Бигла е ставен под делумна контрола, но истовремено избувнал нов голем шумски пожар во општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Во своето видео-обраќање Ангелов истакна дека денешната состојба со пожарите е исклучително сериозна, со повеќе од 20 пожари на отворен простор низ државата. „Пожарот што изби кај ...

Голем шумски пожар избувна денеска во близина на делчевското село Бигла, откако жител палел гуми во својот двор, но изгубил контрола врз огнот, кој се проширил кон блиската борова шума. Информацијата ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, веднаш по пријавата биле ангажирани сите расположливи противпожарни сили од Делчево, а била побарана помош и од противпожарните единици од соседните ...

Четириесет и петгодишен жител на Гостивар доби кривична пријава поради сомнение дека сторил кривични дела „силување во обид“ и „телесна повреда“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против И.Т. (45) од Гостивар. Според информациите, на 15 август во семејниот дом, осомничениот се обидел со сила да ја принуди својата 35-годишна ...

Вооружен разбојник ограбил спортска обложувалница на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Разбојништвото било пријавено ноќеска во 00:36 часот во СВР Скопје. Според пријавата, машко лице, заканувајќи се со пиштол, од вработената одзело пари од дневниот промет на обложувалницата, по што избегало од местото на настанот. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно ...

Рано утрово вистинска драма се одвивала над селото Бонче, каде што голем пожар со огромна брзина се движел по падината, загрозувајќи го селото. Огнените јазици достигнувале височина од три до четири метри, но благодарение на навремената реакција на доброволните пожарникари од Битола и Кочани, огнот бил спречен да се прошири кон куќите. На терен бил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој им се заблагодари на ...

СДСМ побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски по одлуката на Јавното обвинителство во предметот поврзан со модуларната болница во Тетово, оценувајќи дека со тоа се потврдило оти нема основа за обвинувањата што со години биле насочувани кон претседателот на партијата и поранешен министер за здравство, Венко Филипче. Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски пет години воделе политичка кампања против Филипче, ...

Македонија добива 28 нови директни авиодестинации од двата меѓународни аеродроми во земјата – Скопје и Охрид, со што дополнително се проширува авиосообраќајната мрежа кон повеќе европски градови. Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, новите авиолинии треба да овозможат полесно патување за граѓаните, но и подобар пристап до земјата за странските туристи и деловните посетители. Од Меѓународниот аеродром Скопје се воведени директни летови до ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Бакар

12.58