Американската војска била подготвена да започне масовни воздушни напади врз Иран, но претседателот Доналд Трамп во последен момент ја запрел операцијата, објави NBC News повикувајќи се на извори од Пентагон. Според информациите, борбените сили веќе добиле наредба за дејствување и биле на само три часа од почетокот на нападите. Трамп соопшти дека ја откажал акцијата поради напредок во дипломатските разговори и постигнување согласност околу ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и значително посвежо, со повремени врнежи од дожд, а локално и со појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На одделни места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, а долж Повардарието повремено и силен северен ветер со брзина над 60 километри на час. Утринските температури ќе се движат ...

Контролор на ЈСП бил физички нападнат додека извршувал работни задачи во автобус на подрачјето на Бит Пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, на 10 јуни 2026 година во 10:30 часот во СВР Скопје, Н.Н. (49) од Скопје пријавил дека бил нападнат од 50-годишната Д.Ц., откако претходно утврдил дека таа немала платено билет за јавен превоз. Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде ...

Репрезентацијата на Мексико со победа го отвори Светското првенство 2026, совладувајќи ја Јужна Африка со 2-0 во натпреварот од првото коло во групата А, одигран на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. Избраниците на селекторот Хавиер Агире ја оправдаа фаворитската улога и стигнаа до заслужени три бода, искористувајќи ги грешките на противничката одбрана. Првиот гол беше постигнат уште во деветтата минута. По недоразбирање во ...

Собранието вечерва со 59 гласа „за“ и девет „против“ го поддржа Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, со кој се предвидуваат построги правила за работењето на приредувачите на игри на среќа и засилени мерки за заштита на граѓаните. Информацијата на Фејсбук ја објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, посочувајќи дека законот носи значајни измени во регулирањето на секторот. Според предложените решенија, казината и ...

Полициски службеници од СВР Куманово привеле 45-годишен маж и 17-годишник од селото Романовце, кумановско, поради сомнение дека физички нападнале 25-годишен жител на истото село. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, приведувањето било извршено на 11 јуни 2026 година во 01:27 часот. Инцидентот се случил во селото Романовце, при што, според првичните информации, бил употребен нож. Во пресметката повреди добиле осомничениот ...

Објавена е програмата за годинашното издание на Ohrid Wine Festival Vol. 5, кое од 25 до 27 јуни ќе се одржи на Кеј Македонија, пред хотел Палас во Охрид. Петтото издание на фестивалот носи три вечери со музичка програма, винска и гастро понуда и содржини што ќе го раздвижат кејот во еден од најпосетените периоди од летото. Во пресрет на фестивалот, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати повик до охриѓани, туристите, посетителите и ...

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во изминативе денови остварил работни посети во Швајцарија и Холандија, кои, како што истакнува, биле значајни за размена на искуства, стекнување нови знаења и воспоставување контакти за идни развојни проекти на општината. Во рамки на посетата на Општина Ешалан во Швајцарија, Проданоски остварил средба со градоначалникот Серж Борник, претставници на локални институции, политички чинители и ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.06.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.750,60 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 34,48 поени, односно за 0,35%. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите ...

Државниот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека останува на ставот да не коментира изјави на политичари, но оцени дека нема ништо спорно во телефонската комуникација што ја имал со премиерот и дека таа не ја загрозува самостојноста и независноста на Јавното обвинителство. Одговарајќи на новинарски прашања по седница на Советот на јавните обвинители, Савески се осврна на реакциите во јавноста што следуваа по телефонскиот разговор со ...

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира спортистите и граѓаните кои практикуваат рекреативен спорт дека се заменети и повторно се ставени во функција сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во Типската населба. Со ова, спортските клубови и рекреативците ќе имаат можност непречено да ги користат терените и во вечерните часови, што ќе придонесе за подобри услови за одржување на тренинзите и спортските активности. Од јавното претпријатие ...

Од легендарниот стадион „Астека“ во Мексико Сити вечерва започнува новото Светско првенство, на кое учествуваат 48 репрезентации од целиот свет. Во првиот натпревар домаќинот Мексико ќе се соочи со Јужна Африка, а директниот пренос ќе започне во 21:00 часот на каналот Арена спорт МК 1 со коментар на македонски јазик. Претходно, од 20:00 часот, ќе се одржи свеченото отворање на турнирот. Со овој натпревар започнува 39-дневната битка за ...

Сомалискиот судија Омар Артан ќе ја дели правдата на Суперкупот на УЕФА во 2026 година, кој ќе се одигра на 12 август во Салцбург, меѓу победникот на Лигата на шампионите УЕФА Лига на шампиони и победникот на Лигата на Европа УЕФА Лига Европа. Артан, кој има 34 години, е на меѓународната листа на ФИФА од 2018 година и во 2025 година беше прогласен за судија на годината на Африканската фудбалска конфедерација (CAF). Одлуката за неговото ...

Слабости во системските контроли, недоволна размена на податоци меѓу институциите и пропусти во проверките довеле до исплата на социјални права без целосно исполнување на законските услови, покажува ревизијата на Државен завод за ревизија. Според ревизорскиот извештај, само во текот на 2024 година биле утврдени најмалку 235 корисници кои истовремено користеле пензија и права од социјална заштита, при што биле исплатени околу 14,5 милиони ...

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули треба да се јави во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари за издржување на затворската казна. Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека судија за извршување санкции му издал упатен акт за издржување на правосилно изречената казна затвор во траење од една година. „На осудениот С.Ј. му е издаден упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и е упатен да се ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека салата „Расадник“, која ја нарече свој најдраг проект, од денес повторно е гордост на градот, откако беше официјално пуштена во употреба по целосното реновирање. На свеченото отворање присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. Во објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски истакна ...

Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство, период кој не беше лесен ниту едноставен за систем во кој проблемите не можат да се решат преку ноќ, истакна министерот за здравство Азир Алиу во видео обраќање по повод една година од неговото назначување. Тој нагласи дека здравството претставува еден од најсложените и најчувствителните системи во државата, каде секоја слабост директно ја чувствуваат ...

Во Општина Кисела Вода денеска официјално ќе биде пуштена во употреба реконструираната спортска сала „Расадник“. Обновата на салата започна во периодот кога градоначалник на општината беше Орце Ѓорѓиевски, кој во моментов ја извршува функцијата градоначалник на Скопје. Владата во 2024 година даде согласност за реализација на проектот за реконструкција на оваа спортска сала, која со години важи за едно од препознатливите спортски обележја на ...

Фудбалскиот клуб ГФК Тиквеш 1930 официјално го назначи Оливер Богатинов за нов шеф на стручниот штаб. Од клубот соопштија дека е постигнат договор за двегодишна соработка со тренер кој поседува богато искуство и професионален пристап стекнат во конкурентни фудбалски средини. „Ова не е одлука донесена за краткорочен успех, туку чекор кој целосно се вклопува во нашата долгорочна визија – развој на млади играчи, модерен фудбал и создавање ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска спровела „тајна мисија“ со цел да им помогне на нафтените танкери и комерцијалните бродови безбедно да поминат низ Ормускиот Теснец. Во објава на платформата Truth Social, Трамп наведе дека операцијата ја наредил минатиот месец и тврди дека овозможила транзит на повеќе од 100 милиони барели нафта кон светските пазари, без да открие дополнителни детали. Според податоци на ...

Топлото време ќе се задржи и во текот на денешниот ден, но метеоролозите најавуваат промена на временските услови во наредните часови. Според информациите од Управа за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а локално времето ќе биде нестабилно со поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. На одделни места процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за пообилен дожд од над 15 литри на ...

Генералното собрание на Заедница на единиците на локалната самоуправа денеска ќе одржи седница на која ќе се разговара за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, како и за активностите на организацијата насочени кон унапредување на локалната самоуправа. На втората седница на Генералното собрание ќе бидат разгледани и извештаите за работењето на ЗЕЛС, како и досегашните активности поврзани со застапувањето на интересите на ...

Пожар избувна попладнево на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино кај Штип. Според првичните информации, постои сомневање дека огнот бил предизвикан од удар на гром, при што се запалила сува трева. Поради силниот ветер, пожарот брзо се проширил на поголема површина, поради што на терен интервенираат екипи од Територијалната противпожарна единица Штип. Пожарникарите работат на негово локализирање, спречување на понатамошно ширење ...

Собранието вечерва не ја усвои интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. За интерпелацијата гласаа 21 пратеник, 62 беа против, додека воздржани немаше. Иницијативата беше поднесена од пратениците на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кои го обвинија министерот за слаби резултати во земјоделството, намалени субвенции, неисполнети ветувања, пад на откупните цени, блокирани ...

На вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на општинските комитети, а истовремено беа избрани и тројца нови членови на Извршниот комитет на партијата. За нови членови на Извршниот комитет се избрани Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев. Од партијата посочуваат дека Лефков е пратеник во Собранието кој доаѓа од Кочани и претходно бил дел од Извршниот комитет, при што се ...

Општина Аеродром и советничката група на СДСМ влегоа во јавна расправа околу постапката за отуѓување на градежно земјиште на атрактивна локација во општината. Додека опозицијата обвинува за распродажба на јавен имот, локалната власт тврди дека станува збор за законска и транспарентна постапка во интерес на развојот на општината. Од ОО на СДСМ во Аеродром, советникот Марко Даниловски обвини дека општината продава градежно земјиште по цена од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави можност за нови воени акции против Иран, откако беше замолен да ја појасни својата претходна изјава дека Техеран „ќе мора да ја плати цената“. „Ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба. На прашањето дали тоа подразбира продолжување на бомбардирањата, американскиот претседател одговори потврдно, додавајќи дека САД имаат право да преземат такви ...

Министерството за финансии изврши трансфер од 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Како што информираат од Министерството за финансии, трансферот бил реализиран на крајот од минатиот месец, а со тоа вкупниот износ пласиран во домашната економија за инвестиции од страна на компаниите достигнува 14,1 милијарда денари, односно околу 230 милиони евра. ...

Македонските тенисери го загубија првиот дуел во Кишињев во рамки на Третата Европска група од Дејвис купот откако загубија со 2-1 од домаќинот Молдавија. Мечевите почнаа одлично за македонскиот тим со водство по победата со пресврт на Калин Ивановски против Иља Снитари со 2-1 во сетови (46 63 61). Тенисерот од Молдавија поведе, а во следните два сета Ивановски му препушти само четири гема. Во вториот меч Олег Приходко го доби првиот сет во ...

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска со особена чест и задоволство им ги додели признанијата и паричните награди на првенците на генерација од општинските основни училишта на територијата на општината. Тој во објава на Фејсбук истакна дека станува збор за млади луѓе кои со својот труд, посветеност, дисциплина и љубов кон знаењето покажале дека успехот не доаѓа случајно, туку е резултат на континуирана работа и ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97