Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Новиот шеф на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Мохсен Резаи, ги предупреди соседните земји да не се приклучуваат кон американските напори за економска изолација на Иран. Тој се закани дека Техеран би можел да ги нападне алтернативните рути за транспорт на нафта надвор од Персискиот Залив доколку земјите од регионот се вклучат во, како што го нарече, американскиот „економски рат“. Резаи порача дека Иран досега напаѓал ...
Рускиот претседател Владимир Путин најави нов одговор на украинските напади врз економската инфраструктура во Русија, порачавајќи дека Москва ќе ги гаѓа „најчувствителните сектори“ на украинската економија. Изјавата следува по новиот бран украински напади со беспилотни летала врз руски рафинерии, индустриски капацитети и логистички центри, додека паралелно продолжуваат и масовните руски воздушни напади врз украинска територија. Путин изјави ...
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, не го криеше разочарувањето по поразот од Хал со 2:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ одиграа блед натпревар, а новајлијата Хал заслужено стигна до историска победа, прва против Манчестер Јунајтед во Премиер лигата. Фернандеш истакна дека неговиот тим ги повторил истите грешки од минатата сезона, особено на гостинските натпревари. „Истата грешка што ја ...
Големиот пожар што вчера околу пладне се прошири кон Струмица и месноста Софилар е ставен под контрола, информира командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Под контрола е огнената линија на потегот од селата Водоча и Баница до Софилар, додека активно останува само едно тешко пристапно место кај Водоча. Во интервенцијата учествувале струмичките пожарникари, екипи од околните градови, како и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и ...
Земјотрес со магнитуда од 5,9 степени рано утрово го погоди источниот дел на Јапонија, а силно се почувствува и во Токио. Најмалку 37 лица се повредени, главно полесно, додека властите соопштија дека нема опасност од цунами. Според Јапонската метеоролошка агенција, епицентарот бил во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од околу 70 километри. Американскиот геолошки институт (USGS) ја процени магнитудата на 5,8 степени. Најмногу ...
Вкупно 149 лица останаа заробени на вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако силно невреме го уништи патот што води до туристичката маршрута. Според локалните власти, меѓу заглавените има 117 туристи, кои ќе бидат евакуирани со хеликоптери. Останатите 32 лица се возачи и засега ќе останат на местото. Планирано е туристите и нивните водичи со хеликоптери да бидат пренесени до селото Есо, од каде со автобуси ќе продолжат кон ...
Сончево и многу топло време ќе преовладува денеска, со мала до умерена локална облачност и максимални температури од 32 до 40 степени. Попладне на места ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално е можно и невреме со силен ветер и град. Во Скопје ќе биде сончево и топло со температура до 37 степени, а попладне во делови од котлината е можен краткотраен пороен дожд со грмежи. Според УХМР, во текот на новата седмица ...
Прилеп добива нова уметничка и урбана димензија преку поддршката на 18-тата Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен, со посебен фокус на создавање монументални скулптури. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека станува збор за значаен проект за градот, бидејќи по повеќе од четири децении во Прилеп повторно организирано се создаваат скулптури од ваков обем. „Прилеп го градиме со инфраструктура, а го оживуваме со ...
Единицата за брзо распоредување синоќа во Битола одбележа 25 години од формирањето, со свеченост пред Офицерскиот дом посветена на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека ЕБР денес е еден од најважните оперативни сегменти на македонската полиција и еден од столбовите на безбедносниот систем. Тој нагласи дека припадниците на единицата се ангажираат во ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 85.262.209 денари, од кои 68.435.474 денари беа реализирани на официјалниот и редовниот пазар, 3.259.235 денари преку јавна понуда на обврзници, а 13.567.500 денари преку блок-трансакција. Ликвидноста во акционерскиот сегмент ја водеа Алкалоид ...
Во Велес синоќа избувнал пожар во семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“, при што огнот ја зафатил дневната соба. Од Територијалната противпожарна единица Велес информираат дека дојавата била примена во 19:08 часот, по што веднаш била испратена екипа со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. По пристигнувањето на местото, пожарникарите затекнале развиен пожар во дневната соба. Благодарение на брзата интервенција, огнот бил ...
Нов пожар избувна во близина на Струмица, додека надлежните институции продолжуваат со борбата против повеќе активни огнени жаришта низ Македонија. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека големиот мариовски пожар е ставен под контрола и дека останува активен само кракот кон селото Бонче. Во прилепскиот регион и понатаму се активни пожари во атарите на селата Мажучиште, Коњари и Бонче. За пожарот кај ...
По девет месеци, Обвинителството ја заврши фазата на изведување докази во судскиот предмет „Пулс“, кој се однесува на трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Во овој период биле сослушани сведоци и презентирани материјални и вербални докази поврзани со случајот. Еден од клучните докази во постапката е вештачењето на објектот, изготвено од седум експерти од Градежниот факултет, ангажирани по барање на Обвинителството. Според наодите од ...
При полициска акција во Кичево биле уапсени две лица, откако при претрес во нивниот дом и деловна просторија била пронајдена дрога. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 14:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево ги лишиле од слобода А.Љ. (28) и Л.Љ. (31), двајцата од Кичево. При претресот, кој бил извршен по судска наредба, полицијата пронашла и одзела марихуана, дигитални ...
Од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ до 20 август 2026 година, во Македонија се евидентирани вкупно 310.865 сообраќајни прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од регистрираните прекршоци се однесуваат на управување со возила со поголема брзина од дозволената. Според податоците на МВР, од 2 февруари до 20 август биле забележани 301.835 случаи на пречекорување на дозволената брзина. Значаен ...
Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено по суви коловози, но со зголемен интензитет надвор од градските средини, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). На граничниот премин Табановце, за влез и за излез од државата, патниците чекаат од околу 40 минути до еден час. Слична е состојбата и на граничниот премин Богородица, каде возилата што ја напуштаат државата се задржуваат од 40 минути до еден час. На ...
ВМРО-ДПМНЕ го обвини Обвинителството дека предметот за модуларните болници со години бил држен во фиока, а сега завршува без утврдена одговорност за поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Од партијата потсетуваат дека предметот бил оформен на 10 септември 2021 година, два дена по пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица. Според ВМРО-ДПМНЕ, одговорноста на Филипче треба да се разгледува и преку начинот на кој ...
СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ја започнува предизборната кампања без резултати во клучните области и затоа, според партијата, повторно отвора теми за меѓуетнички поделби и тензии. Од СДСМ ваквата политичка стратегија ја нарекуваат „операција Талог“ и тврдат дека нејзината цел е мобилизирање на тврдото гласачко тело преку национални и идентитетски прашања. Партијата наведува дека власта нема доволно резултати во економијата, ...
Ирска ја потресе тешка сообраќајна несреќа во која загинаа петмина тинејџери, а случајот отвори голема дебата за опасните трендови на ТикТок и другите социјални мрежи. Младите се движеле со БМВ во спротивна насока на автопатот М9 кога се судриле со автомобил во кој патувале три сестри и седумгодишно дете, кои биле тешко повредени. Полицијата верува дека тинејџерите претходно провалувале во куќи и автомобили и дека со опасното возење се ...
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, изврши увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти во Прилеп. Проданоски истакна дека градот се наоѓа во сериозен инвестициски циклус, со проекти чија вкупна вредност во последните една до две години надминува 12 милиони евра. „На улицата ‘Кузман Јосифоски’ се реализираше ...
Во Македонија досега се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се лабораториски потврдени, а според досегашните информации има и 4 починати лица како последица на инфекцијата. Здравствените власти веќе мапирале 34 ризични области, од кои 13 се оценети како високо ризични, а за првпат случаи се регистрирани и во скопските општини Центар и Чаир. Дополнителен сигнал за присуството на вирусот е и првиот потврден случај кај ...
Тетовските противпожарни екипи во текот на целата ноќ се бореа со пожарот кај селото Церово во Општина Желино, обидувајќи се да го спречат неговото натамошно ширење. Екипите на ТППЕ Тетово биле распоредени на критичните точки околу селото и директно интервенирале на огнената линија. На терен биле и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, и командантот на тетовската противпожарна единица, Авни Ахмети, кои ја координирале ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.217,39 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 13,73 поени, односно за 0,15%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Компанијата „Агриа“ од Велес денеска го реализираше првиот извоз на свинско месо од Македонија во Албанија, со што најголемиот македонски производител на свинско месо започна со пласман на своите производи на странски пазар. Како што информираат од компанијата, во Албанија се извезени првите седум тони свинско месо. „Ги извезовме првите седум тони свинско месо на пазарите во Албанија. Ова е прв извоз на свинско месо од Македонија во оваа ...
Градежната компанија СТЕНТОН ГРАДБА започна со реализација на нов индустриски проект во индустриската зона Опаленик, Општина Крушево, изградба на нов магацински објект за потребите на фабриката за обработка на тутун СЕКЕ. Станува збор за нова инвестиција со која продолжува развојот и проширувањето на индустрискиот комплекс на СЕКЕ, а проектот е предвидено да се реализира во две фази. Во првата фаза ќе се изврши целосно инфраструктурно и ...
Директорот на МЕПСО, Бурим Љатифи, денеска во Трафостаницата Охрид ја пречека вршителката на должност амбасадор на САД во Северна Македонија, Никол Варнс, при што го презентираше напредокот на проектот за енергетско поврзување на Северна Македонија со Албанија. Љатифи истакна дека поврзувањето преку 400 kV далекуводот Битола–Елбасан претставува значаен чекор за зголемување на енергетската сигурност, проширување на прекуграничната размена на ...
Тридневните интензивни трговски преговори меѓу САД и Канада завршија без договор. Американската администрација најави воведување царини од 50 отсто за одредени канадски производи, чија вредност се проценува на околу 20 милијарди долари. Новите давачки треба да стапат во сила веднаш по полноќ во сабота по локално време. Од администрацијата на Доналд Трамп велат дека Отава барала поголеми царински олеснувања од оние што Вашингтон бил подготвен ...
ТикТок се согласи да плати 400 милиони долари за спогодба со американските власти поради обвинувања дека собирал лични податоци од деца. Американското Министерство за правда ја тужеше платформата во 2024 година, тврдејќи дека им дозволувала на деца помлади од 13 години да отвораат профили без согласност од родителите. Според обвинението, со тоа бил прекршен американскиот закон за заштита на приватноста на децата. Спогодбата не предвидува ...
Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се повредени во руски напад со дронови врз трговски центар во Криви Рих, соопштија украинските власти. Меѓу повредените има 23 деца, а 29 лица се здобиле со тешки повреди. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот врз неговиот роден град бил изведен во два брана. Вториот удар следувал околу половина час по првиот, кога спасувачките и полициските екипи веќе биле на местото на нападот. Според ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и максимални температури од 35 до 41 степен. Попладне, претежно во планинските региони, ќе има услови за пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со температура до 40 степени. Од недела температурите постепено ќе опаѓаат, а во попладневните часови ќе има локална ...