Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, ЕВН Македонија денеска ќе врши прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје. Без струја ќе останат: Од 06:00 до 13:00 часот – корисниците од населбата Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц во општина Илинден. Од 09:00 до 13:00 часот – дел од корисниците што се напојуваат од трансформаторската станица Инџиково 2 во општина Гази Баба. Од ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени. Максималната дневна температура ќе достигне меѓу 31 и 38 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 16 ...

Македонскиот шампион Вардар го запиша вториот последователен пораз во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево на гостувањето кај Струга Трим Лум беше поразен со 1:0 во дербито од третото коло. „Црвено-црните“ имаа можност да извлечат бод во самиот финиш, но во петтата минута од судиското продолжение Давид Бабунски не реализираше пенал, испраќајќи ја топката покрај голот. Победничкиот погодок за Струга ТЛ го постигна Христијан ...

Нови сообраќајни гужви вечерва ги затекнаа викендашите кои се враќаат од Охрид кон Скопје. На патниот правец Стража – Гостивар се формирани долги колони возила, а сообраќајот се одвива значително забавено. Според информации од возачи кои во моментов се на оваа делница, за патување од Стража до Гостивар се потребни меѓу еден час и час и половина, во зависност од интензитетот на сообраќајот. На повеќе делови од патот возилата се движат во ...

Македонската полиција, во соработка со обвинителството и безбедносните служби од Косово и Грција, разби меѓународна криминална група која организирала транспорт на марихуана, при што во Солун беа запленети повеќе од 324 килограми марихуана. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека акцијата е резултат на повеќемесечна истрага што ја спровел Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Основното јавно обвинителство за ...

Нов пожар е регистриран над селото Вржале, во околината на Скопје, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поради непристапниот терен, пожарот не може целосно да се локализира со копнени сили, па за утре наутро е планирана и воздушна интервенција. Од ЦУК соопштија дека воздушните сили ќе бидат ангажирани доколку временските услови и состојбата на теренот го дозволат тоа. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, кој се наоѓа на местото на ...

Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден била исклучително тешка, со вкупно 29 регистрирани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Од нив, 22 биле целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и ангажманот на локалните пожарникари, еден пожар е ставен под контрола, а шест и натаму се активни. Кај Македонски Брод, во атарот на селото Драгов Дол, денеска се применува ...

Две постари жени го загубија животот, а две бебиња се здобија со полесни повреди во поплави и свлечишта предизвикани од поројните дождови што ја погодија северозападна Шпанија. Трагедијата се случила во малото село Манзанедо де Валдуеза, во регионот Кастиља и Леон, каде што силните врнежи предизвикале свлечиште и огромен бран вода и кал што се спуштил низ селото. Според регионалните служби за итни случаи, загинатите жени биле на возраст од ...

Украинските сили во текот на ноќта извршија напад со беспилотни летала врз повеќе цели во Московскиот регион, а според руски и украински извори, меѓу погодените објекти е и магацин на најголемиот руски онлајн трговец „Вајлдберис“. Според каналите што известуваат за војната, по нападот избувнал пожар во магацинот на компанијата во селото Коледино, во близина на Москва. Наводно, пожар избувнал и во производствено-логистичкиот комплекс „Северно ...

Во главниот град на Албанија, Тирана, синоќа се одржа 77-ми протест против владата на премиерот Еди Рама, на кој учествуваа и бројни Албанци од дијаспората, испраќајќи пораки за политички промени и поддршка за својата татковина. Една од организаторите, активистката Сидорела Ватникај, порача дека протестите ќе продолжат сè додека Рама не поднесе оставка и не се воспостави нов политички модел во земјата. „Оваа политичка класа нè ограби и нè ...

Сончево време со мала облачност, температурите ќе останат високи. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје ќе преовладува сончево време, а ќе дува слаб ветер од променлив правец. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Сончево време со мала облачност, температурите ќе останат високи. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. ...

Зголемен број возила се регистрира на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни. Поголема фреквенција на возила има и на граничните премини. На ГП Табановце се бележи задржување од околу 30 минути при излез од Македонија, додека најголемо чекање има на ГП ...

Одделението за оперативни работи, во координација со Министерството за внатрешни работи, изврши засилена контрола на 38 пловни објекти на Охридското Езеро. При контролите биле проверувани царинскиот статус на пловилата, како и лицата кои управуваат со нив, согласно одредбите од Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатата регулатива што го регулира увозот, прометот и користењето на пловните објекти. Од Царинарница Битола ...

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 14 август 2026 година, околу 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 39-годишниот Е.К. од Битола. Тој бил затекнат на улицата „Јорго Костовски“, на местото викано „Тепсија“ во Битола, како предизвикува пожар на ...

СДСМ ја критикува Владата за начинот на кој се справува со проблемите поврзани со квалитетот на водата за пиење во повеќе општини, обвинувајќи дека институциите не обезбедуваат доволно информации и официјални анализи за граѓаните. Од опозициската партија посочуваат дека истиот ден кога беше соопштено дека водата во Гостивар повторно е безбедна за пиење, пристигнало предупредување од Демир Капија дека водата од локалниот водовод не е исправна ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ и неговото раководство, како што велат од партијата, поради недостиг на политички идеи и конкретни решенија повторно се обидуваат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните преку ширење дезинформации. Од владејачката партија тврдат дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, додека се наоѓа на одмор на Егејот, преку партиските структури давал насоки за ширење паника на социјалните мрежи во врска со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, по евентуалниот пораз на Иран, САД ќе го прогласат Ормускиот Теснец за „територија на Соединетите Американски Држави“. „Откако ќе завршиме со поразувањето на Иран, кој е сериозно поразен, наскоро ќе го прогласам Ормускиот Теснец за територија на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп со насмевка за време на политички настан во полицискиот центар за обука во Гарден Сити, во сојузната ...

Во текот на засилените сообраќајни контроли спроведени во периодот од 3 до 9 август 2026 година, полициските службеници евидентирале вкупно 1.576 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека контролите биле реализирани на повеќе патни правци низ државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од ...

Големиот пожар што синоќа избувна во областа Локва Рогозница во Хрватска во текот на ноќта се прошири кон Омиш, зафаќајќи го подрачјето над градот и приближувајќи се до централното градско подрачје. Огнената стихија загрози голем број куќи и објекти, поради што дел од жителите и туристите беа евакуирани. Во пожарот изгореа повеќе автомобили и објекти, а причинета е значителна материјална штета. Според информациите од надлежните служби, во ...

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава можност да уживаат во уникатна културно – уметничка програма, карактеристична за градот кој го има фестивалот Бит фест. Вечерва, Симон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, ќе настапи на Антички Театар Хераклеа во Битола. Трпчески е еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот. ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 14.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.252,08 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 6,61 поени, односно за 0,07%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...

Откако надлежните институции соопштија дека водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење, неколку функционери денеска симболично се напија вода директно од јавна чешма во градот. Со овој потег тие сакаа да испратат порака до граѓаните дека водата повторно може безбедно да се користи за пиење и секојдневна употреба. Пред присутните, функционерите испија вода од чешмата, истакнувајќи дека по спроведените анализи и контроли, ...

Во земјава е регистриран втор смртен случај од западнонилска треска, откако на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина 72-годишен маж од Скопје. Информацијата ја соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој информираше дека кај пациентот лабораториски била потврдена инфекција со West Nile вирус, со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис. „Кај пациент на 72-годишна возраст со лабораториски потврдена ...

Водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи повикувајќи се на последните добиени резултати кои потврдуваат дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. На граѓаните им се порачува пред да ја користат водата за пиење, таа добро да истече од чешмите. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Водата во Гостивар е ...

Во паркот Патрик во Општина Аеродром е поставена првата од вкупно пет нови фитнес зони планирани за оваа година. Од Општината најавуваат дека следниот период фитнес зони ќе се постават и во Острово, Ново Лисиче, Тодор Чангов и Долно Лисиче. Продолжуваме да го претвораме Аеродром во уште поактивна и здрава општина! , наведува градоначалникот Дејан Митески во објава на Фејсбук. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Во паркот Патрик во ...

Пет македонски семејства веќе побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираат од Мини стерството за надворешни работи. -Во к оординација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи, наведуваат од Министерството. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш апелира до ...

Деветнаесетгодишна девојка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа пред полноќ на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атарот на село Турново. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 13 август околу 23:30 часот, кога се судриле патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица, и мотоцикл без регистарски ...

На социјалните мрежи деновиве се споделува листа на европски метрополи според чистотата, на која Скопје е втор меѓу градовите со најголем проблем со ѓубрето, веднаш зад Рим. Сепак, не станува збор за официјална студија и не е познато според кои критериуми е направено рангирањето, па листата треба да се гледа како вирален тренд, а не како релевантна оценка. На врвот меѓу најчистите се Луксембург, Виена и Љубљана, додека со Скопје на ...

НАТО борбени авиони соборија беспилотно летало што навлегло во воздушниот простор на Латвија, соопштија латвиските вооружени сили. Инцидентот се случил во североисточниот дел на земјата, во регионот Балви, во близина на границата со Русија. Според информациите на латвиската армија, станува збор за странско беспилотно летало, а по неговото откривање биле активирани процедурите за воздушна одбрана. НАТО авиони од мисијата за заштита на ...

Сè помали се надежите дека под урнатините во Колумбија ќе бидат пронајдени преживеани, повеќе од 72 часа по силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени. Според последните владини податоци, загинале најмалку 273 лица, повеќе од 3.800 се повредени, а 377 сè уште се водат како исчезнати. Во Кали и Переира, кои се меѓу најпогодените градови, спасувачите на дел од локациите веќе преминуваат од потрага по преживеани кон расчистување на ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07