Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Грчките власти утрово ја продолжија операцијата против криминална организација која примала нелегални субвенции од европските земјоделски фондови при што вчера беа уапсени 20 лица во четири различни области на Крит, од кои двајца се сметководители и тројца одговорни лица во Центрите за поднесување пријави. Нанесена штета се проценува на повеќе од три милиони евра, преку поднесување на лажни пријави врз основа на што добивале средства во форма ...
Според астролошки толкувања, наредниот период за три хороскопски знаци – Бик, Лав и Скорпија – може да донесе значајни животни промени и трансформации. Се верува дека овие промени ќе дојдат постепено, но со силно влијание врз личниот и професионалниот живот. Кај Биковите се најавуваат пресвртни моменти поврзани со работа или приватниот живот. Можно е да се појават ситуации кои ќе ги натераат да излезат од зоната на удобност и да направат ...
Во периодот по 40-тата година кај жените доаѓа до хормонални промени, побавен метаболизам и поголема склоност кон воспалителни процеси, поради што изборот на појадок станува особено важен за здравјето и енергијата во текот на денот. Нутриционистката и фитнес инструкторка Тери Татеосијан предупредува дека дел од популарните појадоци, иако изгледаат здраво, всушност можат да предизвикаат нагли скокови на шеќерот во крвта и хормонален дисбаланс. ...
Климатските промени и сè поголемото уништување на природните живеалишта може да доведат до зголемено присуство на отровни змии во близина на населени места ширум светот, предупредуваат научници во нова студија објавена во списанието PLOS Neglected Tropical Diseases. Истражувањето, поддржано од Светската здравствена организација (СЗО), укажува дека порастот на температурите, честите суши и ширењето на урбаните зони ги принудуваат многу видови ...
Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и Уганда се шири побрзо од очекуваното и дека моменталните напори за справување со кризата не се доволни. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека претпоставениот број на смртни случаи веќе достигнал околу 220 лица, нагласувајќи дека ситуацијата бара итна и засилена реакција од меѓународната заедница. Тој ...
Словачка ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но смета дека не треба да има забрзани процедури за Украина, изјави словачкиот претседател Петер Пелегрини. Тој оцени дека државите од Западен Балкан кои подолго време спроведуваат реформи треба да имаат приоритет во процесот на проширување на ЕУ. Според него, Украина не треба да добива предност во однос на тие земји. Пелегрини истакна дека секој чекор кон ...
Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски е роден во 1949 година во Скопје и зад себе остави долга и богата професионална кариера во новинарството, дипломатијата и државните институции. Новинарската кариера ја започнал во Скопје, по што работел во агенцијата ТАНЈУГ како дописник од Австралија и Јужниот Пацифик, каде што активно ја следел и известувал за македонската дијаспора. ...
Авиокомпанијата „Кроација ерлајнс“ продолжува со намалување на бројот на летови на релациите Загреб–Скопје и Загреб–Сараево, објави специјализираниот портал „Екс-ју авијација“. Според објавените податоци, во текот на јуни ќе има просечно по седум летови неделно кон Скопје, што претставува намалување во однос на истиот период минатата година. Кон Сараево, пак, се планирани околу девет до десет летови неделно. Промените доаѓаат во услови на ...
Во Португалија, државната агенција за железници и патишта побара од двајца овчари да платат околу 25.000 евра отштета, откако регионален воз минатата година усмрти 89 овци, пренесува ДПА. Како што се наведува, државниот оператор на железничката и патната мрежа го оправдува барањето за вкупно 26.400 евра со штетата што била предизвикана на возот, како и со значителни доцнења во железничкиот сообраќај. Несреќата се случила на 28 декември ...
Њујорк Никс избори пласман во големото НБА финале за првпат по 1999 година, откако убедливо го совладаа Кливленд Кавалирс со 130:93 во четвртиот натпревар од финалето на Источната конференција и ја добија серијата со максимални 4-0. Тимот од Њујорк доминираше во текот на целиот меч, а придонес во победата дадоа речиси сите кошаркари кои добија минутажа. Најефикасен беше Џејлен Брансон со 15 поени, додека Карл-Ентони Таунс натпреварот го ...
ФК Вардар официјално потврди дека ги продолжува договорите со македонските репрезентативци Дарко Велковски и Бобан Николов, двајца од најважните фудбалери во актуелниот шампионски состав. Дарко Велковски стави потпис на нов договор со важност до 30 јуни 2027 година, со што неговата соработка со „црвено-црните“ е продолжена за уште една сезона. Во меѓувреме, Бобан Николов се обврза на долгорочна верност кон клубот и потпиша нов договор до 30 ...
Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска делови од скопските општини Бутел и Центар ќе останат без електрична енергија, соопштија од ЕВН Македонија. Во општина Бутел, прекин во снабдувањето со струја ќе има од 08:30 до 11:30 часот за корисниците од делови на улиците „Мара Маждуречка“ и „Ферид Бајрами“. Во општина Центар, пак, без електрична енергија од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од објектите на улицата ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати обвинувања кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој и неговата партија дејствуваат „во служба на бугарската агенда“ и соработуваат со лица кои, според нив, го негираат македонскиот идентитет. Во соопштението се наведува дека Филипче, преку Рубин Земон, бил во контакт и соработка со Виктор Стојанов, за кого ВМРО-ДПМНЕ тврди дека јавно изнесува ставови со кои се негира македонскиот јазик, ...
СДСМ денеска реагираше со соопштение во кое се наведува дека остануваат уште пет дена до 1 јуни, рокот до кој, како што претходно изјавил, премиерот Христијан Мицкоски треба да ја исполни Реформската агенда и обврските поврзани со европскиот интегративен процес. Од СДСМ оценуваат дека станува збор за уште едно неисполнето ветување и, како што велат, погрешни најави поврзани со реформите. Во реакцијата се наведува дека не може, како што се ...
Американската војска соопшти дека извела напади врз цели во јужен Иран, насочени кон локации за лансирање ракети и пловни објекти кои, според Вашингтон, се обидувале да постават мини во регионот. Операцијата била изведена и покрај важечкиот прекин на огнот меѓу двете страни. Од Централна команда на САД наведоа дека нападите биле преземени во рамки на самоодбрана и со цел заштита на американските сили од потенцијални закани. Портпарол на ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови постои можност за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат синоптичарите. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 9 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 24 и 32 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува претежно сончево и топло време со мала до умерена ...
Падерборн обезбеди пласман во Бундес-лигата за следната сезона, откако во драматичен двомеч го елиминираше Волфсбург во баражот за место во германската елита. По ремито без голови на првиот натпревар, реваншот донесе многу возбудувања. Падерборн пред своите навивачи славеше со 2-1 по продолженија и избори враќање во најсилната германска лига. Волфсбург одлично го отвори натпреварот и поведе уште во третата минута преку Пејчиновиќ. Сепак, ...
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во телефонски разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио најавил дека Москва ќе започне напади врз, како што ги нарекува, „центрите за донесување одлуки“ во Киев. Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Лавров ги повикал САД да преземат мерки за евакуација на својот дипломатски персонал од украинската престолнина, објави Киев Индепендент. Разговорот ...
Удобноста за време на летот е желба на секој патник, но кај нискобуџетните авиокомпании изборот на добро седиште често изгледа како вистински предизвик. Сепак, аргентинската стјуардеса Барби Бак откри неколку трикови кои можат да помогнат патувањето да биде значително попријатно. Таа објаснува дека авиокомпаниите најчесто им доделуваат помалку атрактивни седишта на патниците кои не плаќаат дополнително за избор на место. Вообичаено станува ...
Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за претстојниот пријателски натпревар против Босна и Херцеговина. Фудбалерите предводени од Гоце Седлоски го одработија првиот тренинг. Репрезентативците истакнуваат дека иако станува збор за пријателски меч, пристапот и мотивацијата секогаш се на највисоко ниво кога се настапува за националниот дрес. „Кога доаѓаме во репрезентацијата на Македонија, не постојат пријателски ...
Општина Центар попладнево соопшти дека нејзините инспекциски служби заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи излегле на терен по инцидентот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде што на градилиште настанало свлечиште на земја. При тоа биле оштетени делови од околната инфраструктура, како и паркирано возило во непосредна близина. Од Општината информираат дека по извршениот увид било ...
Раководството на Милан донесе одлука за големи промени по разочарувачкиот крај на сезоната, при што клубот се разделува со тренерот Масимилијано Алегри, како и со неколку клучни луѓе во спортскиот сектор. Покрај Алегри, си заминуваат и извршниот директор Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре и техничкиот директор Џефри Монкада. Од клубот соопштија дека и покрај добриот дел од сезоната и борбата за Скудето, падот во финишот бил клучен ...
Четворица турски државјани се лишени од слобода во Скопје поради сомнение дека учествувале во инцидент во кој бил нападнат 20-годишен доставувач. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, ноќеска околу 01:30 часот полициски службеници од СВР Скопје ги привеле О.А. (21), А.Ф.Е. (21), Т.А.Б. (22) и А.И.О. (24), сите државјани на Турција. Приведувањето следувало по пријава добиена на 24 мај околу 19:55 часот дека на подрачјето ...
Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, го објави списокот од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство, а презентацијата беше организирана на несекојдневен начин. Наместо имињата да ги соопштат селекторот или федерацијата, во објавата учествуваа Фелипе VI и Летиција Ортиз, додека списокот беше прочитан од граѓани од различни делови на земјата. Настанот во Мадрид го водеше Хесус Навас, член на генерацијата која во 2010 ...
Премиерот Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе биде домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија. Според најавата од Владата, Мицкоски и членовите на владината делегација во 10 часот ќе го пречекаат Пленковиќ на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. По официјалниот пречек, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата премиери, по што во хотелот „Инекс Олгица“ е ...
МВР извести дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, деветмина управувале возило без возачка дозвола (тројца во прилепско и по еден во Желино, Гостивар, кичевско, Куманово, Скопје и Делчево), двајца под дејство на алкохол (Гевгелија и Скопје) и тројца со активна забрана за управување (Кичево, Куманово и Велес). По целосно ...
Дванаесет возрасни лица и две деца се повредени откако трамвај излета од шините на улица во Белград, објавуваат српските медиуми. Единаесет од повредените се пренесени во Ургентниот центар, едно лице во Клиничката болница Звездара, додека две деца се пренесени во болницата Тиршова, според Одделот за итни случаи. Според досегашните информации, тројца од повредените се здобиле со сериозни повреди, вклучувајќи контузии и скршеници. Како што веќе ...
Мајка со две малолетни деца била нападната од две кучиња од расата ротвајлер во кичевското село Другово, додека шетале. Настанот се случил во петокот, 22 мај. Жената во објава на социјалните мрежи навела дека кучињата ненадејно почнале агресивно да лаат и да се приближуваат, по што таа го кренала помалото дете во раце и се обидела да го заштити и поголемото дете. Во нападот, според нејзиното сведоштво, едното куче го повлекло детето, кое ...
Изгаснат е пожар што синоќа избувна во објект на поранешна текстилна фабрика во Радовиш, информираат од радовишката Противпожарна единица. Во пожарот беа зафатени производствен погон, магацински простор и дел од машините. Според радовишките пожарникари во магацинот имало запаливи материјали поради што истиот брзо се проширил, но со брза и навремена реакција на пожарникарите, пожарот е ставен под контрола и е целосно изгаснат. – И покрај ...
Тешка несреќа се случи денес во Белград, кога трамвај излета од шините и удри во зграда. Во несреќата има повредени, но засега не се познати повеќе детали. Според првите информации од местото на настанот, трамвајот излетал од шините под сè уште неразјаснети околности, по што удрил во зграда до патот, пренесуваат тамошните медиуми. Силниот судир предизвикал голема материјална штета на трамвајот, но и на фасадата на зградата во која удрил. ...